Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Едни од најангажираните музички уметници кај нас, одново и одново ја освојуваат публиката со својот глас и страст кон музиката. Имено, „Либеро бенд”, вчеравечер на јавноста и го претставија своето ново музичко парче, односно песната која го носи насловот „Лани”. Новиот музички сингл, со сосема ист текст, доби две верзии – емотивна и поенергична верзија. И двете верзии од песната се прекрасни и вредат да им се восхитувате. Како комплетен автор ...
Како што дознава музичкиот портал Музика24, градоначалникот Орце Ѓоргиевски заедно со својот неуморен тим, кој и досега ги креираше стандардите на она што значи добра и квалитетна организација на културно лето, оваа година ќе оди и чекор подалеку. Музика24 ѕирна зад сцената и додека интензивно траат подготовките, ексклузивно дозна дека четиридневната музичка забава, овојпат ќе биде преточена во четири фестивали! Имено, наместо како досега, ...
Неодамна познатите македонски артисти Пајак и Два Бона ја промовираа својата најнова „Алиби“ и видеоспотот за истата. Под етикатата и логото на IDJ Videos тие заедно го промовираат видео спотот кој што за само два дена од неговото излегување на YouTube го имаат погледнато околу 140 илјади фанови. Песната е дело на Пајак, Два Бона и веќе проверениот и секогаш оргинален Иван Јованов – Ивајо кој и го реализираше и миксаше аудио делот, додека пак ...
На 13-ти јули 2024 година, со почеток од 20 часот, во срцето на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, ќе се одржи спектакуларен настан за одбележувањето еден век од постоењето на Прилепска Пиварница. Основана во 1924 година, Прилепска Пиварница е камен-темелник на заедницата, произведувајќи најквалитетни пијалаци што го отелотворуваат нашето богато наследство. Овој значаен јубилеј заслужува голема прослава и затоа ве покануваме да ни ...
Големиот музички хепенинг на 23-то издание на „Битола Отворен Град“ е посветен на македонската музика. „Архангел“ култниот македонски бенд предводен од легендарниот Ристо Вртев на главната фестивалска вечер на 28 јуни (петок) на Ракометното игралиште во Битола. На концертот ќе настапат и македонскиот рок бенд со најмногу хитови „Ареа“, како и битолскиот продуцент и DJ Ile the Hair со една авторска урбана вечер на македонска музика. Влезниците ...
Пол Мекартни ги објави датумите за своите следни концерти во Велика Британија и Франција. Настапите се закажани по двегодишна „европска“ пауза – во 2022 година поранешниот член на „Битлс“ учествуваше на фестивалот „Гластонбери“, а сега ја продолжува турнејата „Got Back“, којашто почна претходно истата 2022 година во САД со 16 настапи. Оваа година за Мекартни ќе заврши во Манчестер и Лондон, со настапи на 14-ти, 15-ти, 18-ти и 19-ти декември. ...
Секој примерок тежок 140 грама од „Мун Мјузик“, кој ќе излезе на 4 октомври, ќе биде направен од девет пластични шишиња извадени од отпад. Но и останатите медиуми ќе бидат обележани со префиксот „еко“ – албумот уште од сега може да се нарача во четири физички формати, сите јасно означени како „прво издание“, и тоа Еко ЦД, Стандардно Еко ЛП, како и тн. „Еко ноутбук“ издание и на ЦД-то и на плочата во комплет со книга во тврд повез. Таа е ...
Toj ни доаѓа од Мелбурн, Австралија и има само 15 години. За него допрва ќе се слуша. Петар Дамчески е младо момче македонче кое што годинава реши својот годишен одмор да го помине во Македонија, а при тоа да созаде нова македонска музика и да сними кавери за познати македонски народни песни. Моментално во Австралија е ученик во 10-ти клас, односно по македонски, тој е втора година во средно училиште. „Со музика се занимавам од најрана ...
„Никогаш доста“, „Збогум најмила“, „Една љубов имам“, „Цветај расцветај“, „Ден по ден“… само дел од хитовите кои ја одбележаа 30-годишната музичка кариера на Ѓоко Танески. Токму овој голем јубилеј е повод за неговиот солистички концерт насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“ закажан на 20-ти јули во Античкиот театар во родниот Охрид. Го нарекуваат човек глас, пејач со глас како од Бога даден за опејување на можеби најубавите балади… глас кој ги ...
Големиот музички хепенинг на 23-то издание на БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД е посветен на македонската музика. „Архангел“ култниот македонски бенд предводен од легендарниот Ристо Вртев на главната фестивалска вечер на 28 јуни (петок) на Ракометното игралиште во Битола. На концертот ќе настапат и македонскиот рок бенд со најмногу хитови „Ареа“ како и битолскиот продуцент и DJ Ile the Hair со една авторска урбана вечер на македонска музика. Влезниците за ...
Пред само неколку дена познатиот македонски чаирски романтичар Владо Јаневски, на својот YouTube канал ја промовираше својата најнова балада „Прекрасен ден”, песна која веруваме ќе остане и ќе биде еден од летните македонски хитови кои ќе се слушаат ова лето 2024-то низ плажите, кафулињата, ноќните клубови, забавите, дискотеките… ширум Македонија. „Прекрасен ден” која е комплетно дело на Владо Јаневски, е снимена во студиото на Дарко ...
Пред само еден ден, Камерен Оркестар ⋮IWConnect го најави доаѓањето на Schiller – иконата на германската електронска музика – на The Stars Symphony, којшто оваа година се одржува за првпат на градскиот стадион во Битола. Schiller, или како што е уште познат Christopher von Deylen, е синоним за иновативноста во светот на електронската музика. Неговите композиции ја освежуваат електронската сцена, и создаваат целосно ново музичко искуство. Во ...
Приказната под наслов „Јас сум Тим“ (Avicii: I’m Tim) ќе го раскаже животот и последните денови на познатиот ди-џеј. Тим Берглинг е роден во Шведска и првиот светски успех го постигна со песната „Levels“ од 2011 година. Се надоврзаа и хитовите „Lonely Together“, „Wake Me Up“, „Waiting For Love“ итн. Документарецот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Трибека“ во Њујорк. На интернет-страницата на филмскиот фестивал има и опис за ...
„Ќе преживеам“ е насловот на новата, дуетска песна на Александар Тарабунов и Димитар Андоновски. Станува збор за брза песна која претендира да стане вистински летен хит. Дуетот доаѓа како резултат на долгогодишна соработка и пријателство и всушност значи остварување на нивните дамнешни планови, но е и најава за она што ќе следува од нив во периодот кој доаѓа. „Песната се создаде спонтано додека лежев на плажа. Добив идеја за еден дел, потоа ...
Јоце Панов, еден од нашите најпознати изведувачи, кој секој викенд ги полни клубовите низ нашата земја сними дует со Дарко Филиповиќ, кој се прослави во првата сезона на Ѕвездите на Гранд, кога освои четврто место во суперфиналето, а потоа за кратко време постигна голем успех. Песната се вика “Lice u lice”. Музиката и текстот се на Блаже Темелков, аранжманот е на Алек Алексов. Песната се снимаше во студиото на Алексов во Белград. Спотот на ...
Во новото издание на „Нешто конкретно” разговараме за тоа што значи титулата во денешно време, ако порано се знаело што значи да се биде татко, столб на семејството, ако се знаело дека кога тато одмара не смее да се писне дома, дека тато не чисти по дома и оти како ќе каже тато така мора да биде, дали денеска правилата останале исти или сепак нешто се сменило? На гости ни дојдоа млади и некои помлади татковци кои што ќе зборуваат за своите ...
“Ја пееше и промовираше Северна, а сега Северна за тебе не постои”, “Да ја сакаше толку многу Македонија, немаше да живееш во друга држава”, “Лицемерна си”, се само дел од коментарите на македонската јавност, откако естрадниот магазин „Бекстејџ”, го објави интервјуто, односно изјавата на нашата Тијана Дапчевиќ каде што вели: “Мојата земја отсекогаш и засекогаш ќе биде само Македонија, Р.Македонија. Редовно се случувало да ме најават како ...
Откако неодамна во медиумите и на социјалните мрежи се појавија гласини за нејзината бременост, Лејди Гага реши да проговори. Имено, пејачката за време на викендот се појавила заедно со партнерот Михале Полански на пробата на свадбата на нејзината сестра, а ден подоцна и на свадбата. Лејди Гага за свадбената проба на нејзината сестра носеше тесен црн фустан каде што беше нагласен нејзиниот стомак, поради што многумина се посомневаа дека е ...
Двете балкански ѕвезди Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Јоксимовиќ ги здружија силите и напорно работеа на песната „Више од срече“, која денеска ја здогледа светлината на денот. Овој проект не се случи преку ноќ. Жељко и Цеца со месеци внимателно го подготвуваа секој детаљ за да се погрижат песната да биде совршена. Тие вложија многу труд и енергија, од компонирање музика и пишување текстови до студиско снимање и продукција. И двајцата ...
Легендарната кантри пејачка и хуманитарка пишува нови песни кои одат заедно со некои од нејзините минати хитови и е ко-автор на сценска приказна инспирирана од нејзиниот живот – сценска претстава за која се надева дека ќе ја види светлината на денот во 2026 година, пишува Гардијан. „Напишав многу авторски песни за шоуто и ги вклучив сите ваши омилени. Ќе се смеете, ќе плачете, ќе плескате, ќе си ги клоцате нозете. Тоа навистина е Grand Ol’ ...
На 11-ти јуни со почеток во 20 часот во Македонскиот народен театар, „Танец“ ќе го одржи концертот „Седенка се збира“. Концертот е посветен на 100-годишнината од раѓањето на Ѓорѓи Димчевски, еден од легендарните македонски музичари од сферата на народната музика. Во „Танец“ се вработил во 1954 и тука останал до крајот на својот работен век во 1978, кога се пензионирал. 25 години бил раководител на оркестарот, солист на виолина и тамбура, ...
Сара Мејс премиерно го објави својот најнов музички проект „Хероина“. Станува збор за безвременскa порака, која ја носи самиот текст на песната, која е мотивирачка, охрабрувачка и ветува позитивни реакции, особено од женскиот пол. Автор на текстот и на музиката е Сара Мејс, а за аранжманот се погрижи Роберт Билбилов. За песната е подготвен и видео запис, кој ќе биде објавен наскоро и во него главната улога ќе ја имаат силни, жени – вистински ...
Стојне Николова е една од ретките за која може да се каже дека е комплетна пејачка, кога е во прашање овој вид на уметност. Пејачка која зад себе освен авторски песни, има и преработки на традиционални македонски песни. Во својата кариера ниже хит по хит, а вчеравечер ја оправда довербата на публиката и го објави своето најново музичко парче кое го носи насловот „Лоша”. Песна за која сними модерен, провокативен, но и прилично скап видео ...
Денес точно на пладне, познатите и популарни „Суперхикс“ во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во присуство на своите пријатели, соработници, фанови, како и на седмата сила – новинарите, го промовираа својот најнов стусидки албум насловен „Сила и нервоза”. На промоцијата меѓудругите присуствуваше и градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски на кого момците од бендот кои веќе 30 години успешно опстојуваат на македонската ...
„Љубав преко мреже” е насловот на новата песна на момците од Браво бенд, која е само продолжение на приказната што почнаа да ја испишуваат со претходната нумера „Катаклизма”. Авторскиот тим и на двете песни е ист, односно музиката ја потпишува фронтменот на Тропико бенд Сале (Александар Цветковиќ), текстот е на Драган Брајовиќ – Браја, додека аранжманот е на Јован Лазаревиќ – Тукс. Песната излегува во исто време со спот, за кој кадрите се ...
На 18-ти октомври во Скопје, со почеток од 21 часот, на сцената во Македонска филхармонија ќе настапи еден од најуникатните и најизразени виолинисти на неговата генерација, светски познатиот Ара Маликиан. Уметничкиот стил на свирење на виолина, неговото богато музичко искуство, како и иновативниот пристап, станаа посебен бренд на светската музичка сцена. Концертот на Ара Маликиан во Македонска филхармонија, ќе ја одведе публиката низ различни ...
После распродавањето на првиот концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ по повод 20 години од издавањето на aлбумот ,,Трета мајка”, закажуваме и втор концерт за сите оние кои не успеаја да набават влезници, и тоа на 2ри јуни, во Македонска филхармонија со почеток од 20:30 часот. На 1ви и 2ри јуни, македонската публика ќе има ексклузивна шанса после навистина долго време, во интимна атмосфера како онаа на Македонска филхармонија да ужива ...
Легендарниот Жељко Бебебк во рамки на својата јубилејна турнеја по повод 50 години кариера ќе одржи концерт во Битола. Концертот ќе се одржи на 17-ти Јули на Ракометно Игралиште. Жељко Бебек со неговиот бенд во живо ќе ги отпее безвременските хитови како „Sanjao sam noćas da te nemam”, “Selma”, “Ima neka tajna veza”, „Doživjeti stotu“, „Oprosti mi što te volim”, „Laku noć, svirači“ па се до актуелните песни од последниот албум на Бебек. ...
После успешно продадените концерти низ Македонија и регионот, неверојатно квалитетните и легендарните „Црвена јабука” доаѓаат во Охрид, каде што ќе одржат ексклузивен концерт под отворено небо, на 9 август, на најубавата локација за оваа пригода, а тоа е Античкиот театар во Охрид. После којзнае колку време Жера со својот бенд се враќа во Охрид, а охриѓани и сите оние кои ќе бидат присутни, на 9 август ќе се движат со рокенрол звуците на “Ima ...
Пред неколку дена пејачка Тамара Волческа го промовираше своето ново музичко парче, односно сингл кој го носи насловот „Херој”, а за кој сними и видео запис. Истиот е снимен на неколку локации, а направен е под режисерската палка на Ивона Јо, која е нејзина најголема поддршка. Во видео записот ја гледаме Тамара во едно ново руво, односно различна од се она што досега сме навикнале од неа. „Херој” е брза и енергична песна која ја враќа надежта ...