Улогата на државата не е да го замени приватниот сектор, туку да создаде услови во кои претприемништвото, знаењето и капиталот ќе можат да создаваат нова вредност и во таа насока Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно ја развива економската дипломатија како практична алатка за поддршка на македонските компании – порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во воведното обраќање денеска ...

Македонската индустрија продолжува да ги губи работниците. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во мај 2026 година бројот на вработени во индустријата е намален за 2,6 проценти во споредба со истиот месец лани, а најголемиот удар го трпи рударството, каде што бројот на работници е намален за 7,3 проценти. Статистиката покажува дека негативниот тренд продолжува во најголемиот индустриски сектор – преработувачката ...

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денеска уште еднаш порача дека бизнисот бара отворање на границите, натамошна борба против корупцијата и сивата економија, гасификација, поддршка на извозот, како и континуитет на правните прописи. Како што истакна Азески во обраќањето на форумот што го организира Комората, регионот мора многу повеќе да соработува и да ги почитува европските вредности. – Го имам прошетано цел Балкан, нема ...

Општина Центар започна градежни активности за уредување нова мини пјацета на улица „Коле Неделковски“ во Дебар Маало, како дел од проектот за создавање јавни простори за одмор, дружење и рекреација на жителите. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во населбата се предвидени три слични мали плоштади, а веќе се гради на две локации. Покрај улица „Коле Неделковски“, се уредува мини пјацета на улица „8 Март“, а се планира слично ...

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, попладнево итно е опериран во Клиничката болница „Систина“, јави вчера 24инфо. Според првичните информации, станува збор за оперативен зафат поврзан со карцином. Повеќе детали за неговата здравствена состојба засега не се соопштуваат. Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, попладнево итно е опериран во Клиничката болница „Систина“, јави вчера 24инфо. ...

Кралската свадба е пред почеток. Мислам, свадбата на американските кралски семејства, Тејлор Свифт и Тревис Келс. Ако гласините се точни (што се чини дека е така, според извештајот на Њујорк Тајмс), суперѕвездите ќе се венчаат вечерва во Медисон Сквер Гарден во Њујорк . Засега не знаеме многу со сигурност за свадбата на Тејлор и Тревис (освен фактот дека двојката нема да прифаќа подароци). Но, како доживотен обожавател на Тејлор и посветена ...

Лос Анџелес – По повеќе од две десетлетија емитување, криминалистичката серија „Нејви“ (NCIS) останува една од најгледаните во светот, а името на Марк Хармон е синоним за нејзиниот успех. Затоа веста за неговото враќање во приказната одекна кај милиони обожаватели. Глумецот ќе го повтори ликот што ја одбележа неговата кариера – истражителот Лерој Џетро Гибс, но овојпат во серија што претходи на оригиналот – „Нејви: Почетоци“ (NCIS: Origins). ...

Нашата визија е јасна – да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење, држава во која институциите ќе бидат сервис на стопанството, држава која ќе биде препознаена по иновациите, по квалитетот на своите производи, по чесното работење и по конкурентната економија, држава која ќе биде доволно силна да ги издржи кризите и доволно мудра да ги препознае можностите што тие ги носат. Убеден сум дека имаме знаење, ...

Кападокија, историски позната и како „земјата на убавите коњи“, од денеска па сѐ до 5 јули ќе биде домаќин на Вториот фестивал на коњи и коњаничка култура, настан кој ги спојува традицијата, културата, гастрономијата и природните пејзажи на овој регион во Турција. Фестивалот ќе се одржи во фестивалскиот простор во Ѓореме и ќе понуди богата програма посветена на коњаничкото наследство, што со векови е дел од идентитетот на Кападокија. Во текот ...

Заради зајакување на транспаретноста и градење на цврсти релации со јавноста и со сите засегнати страни, од денес е достапен новиот портал за животна средина на ТИТАН Усје https://envi-platform.usje.mk/mk/. На платформата ќе бидат достапни податоците од работењето на компанијата, информации за активности поврзани со животната средина и други релевантни материјали. Дополнително, за да се овозможи подетален увид во работењето на компанијата, на ...

Левица бараше една изборна единица и укинување на парите за рекламирање – за „скромните“ ДПМНЕ тоа беше апсолутно неприфатливо, велат од партијата во соопштение до медиумите. „Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични. Тие доаѓаат од партијата која зема најголем дел од колачот и на платеното политично рекламирање, со двоцифрени проценти, и партија со најдебела каса, најимотна, не само во регионот, туку и во Европа. Фактите ги ...

По објавувањето на студискиот албум „Зачаран круг“, македонскиот кантавтор, мултиинструменталист и продуцент Иван Кукиќ, заедно со својот бенд Sound Therapy, го претставува видеоспотот за насловната песна од албумот. Музиката ја потпишуваат Иван Кукиќ и Стефан Илиќ, кој воедно е и автор на текстот, додека аранжманот е дело на Кукиќ. Песната е создадена во студиото на Кукиќ во Струмица, каде што настанува и најголемиот дел од неговото авторско ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го нарече континуираниот „едностран“ став на САД кон НАТО „апсурден“ – помалку од една недела пред самитот на алијансата во Анкара. „Тие не беа таму за нас!!!“, напиша Трамп на Truth Social, додавајќи дека односот на Вашингтон со НАТО „не е реципрочен“. Објавувањето вклучуваше табела со трошоците за одбрана на земјите-членки, што покажува дека САД инвестираат неспоредливо повеќе од другите. Изјавата доаѓа ...

Во вторникот, се одржа последниот час од бесплатните обуки за дигитална писменост и економска инволвираност, кои беа реализирани како дел од проектот од годишната Програма за еднакви можности меѓу жените и мажите на Општина Карпош. Обуките, активно ги следеа 25 лица од три категории, вклучувајќи ги постарите жители на Карпош, лица во социјален ризик, како и граѓани од маргинализираните групи. Предавањата беа распоредени во текот на 12 недели ...

Во текот на јуни, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје отстранија 6.165 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Расчистени се повеќе обемни диви депонии лоцирани во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Бутел. Во општината Гази Баба е интервенирано на улицата Перо Наков и во населбата Ченто, при што се подигнати 65 кубни метри отпад, додека во општината Ѓорче Петров се подигнати 75 кубни метри отпад од диви ...

Преку програмата на Европскиот механизам за цивилна заштита и оваа година во Грција ќе бидат распоредени пожарникари од различни земји, кои во текот на летниот период, доколку е потребно, ќе им помагаат на нивните грчки колеги во справувањето со пожарите, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција соопштија дека од 16 јули до 15 септември, вкупно 245 пожарникари од Франција, Молдавија, ...

Еден човек се самозапали пред седиштето на Обединетите нации во Њујорк синоќа. Според извештаите на локалните медиуми и снимките од социјалните мрежи, тој поставил знаме поврзано со тибетската влада во егзил на тротоарот на крстосницата на „Источна 43-та улица“ и Првата авенија кратко претходно, околу 19 часот по локално време. A man set himself on fire outside the UN headquarters in New York. pic.twitter.com/4eIe7EEsdT — Open Source Intel ...

Ефикасноста на монетарната политика е тесно поврзана со развиеноста на финансиските пазари, поради што реформите коишто континуирано ги спроведува Народната банка претставуваат важна основа за зачувување на стабилноста и поттикнување одржлив развој на финансискиот систем, пишува вицегувернерот Игор Величковски во своето обраќање во билтенот на Македонската банкарска асоцијација (МБА), во коешто се осврнува на клучните активности што ги ...

Речиси половина милион евра изнесува проценетата штета од кражбите по македонските пруги од страна на надворешни лица во текот на минатата година, објави Јавното претпријатие за железничка инфраструктура во извештајот за работењето во текот на 2025 година. „Во работењето на ЈП ЖРСМ – Скопје за периодот од 01.01 – 31.12.2025 правната служба евидентира кражби по пријави при што е настаната штета во вредност од 28,67 милиони денари, или 446.197 ...

Екс-премиерот и актуелен претседател на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски смета дека Македонија губи многу финансиски средства поради закочениот европски пат. „Многу бледо помина во македонскиот информативен простор дека Хрватска досега од ЕУ добила 21 милијарди евра нето, а Црна Гора веќе е вклучена во новиот буџет на ЕУ со 3.2 милијарди евра како нова членка. По оваа логика нашата Македонија губи околу 8 милијарди евра“, тврди ...

Пиењето кафе во одредено време од денот, а не мора веднаш по будењето, може значително да влијае на вашето ниво на енергија и целокупното здравје. Најдобро време за пиење кафе е средината на утрото и раното попладне, кога енергијата природно се намалува. Одложувањето на вашата прва шолја или пиењето кафе по ручекот помага да се зголемат ефектите на кофеинот и да се одржи вашата енергија постабилна во текот на денот, но многумина советуваат да ...

Бројот на жртви во масовниот руски напад врз Киев во ноќта меѓу 1 и 2 јули се зголеми на 30, објави денеска Украинската државна служба за вонредни ситуации. „Пронајдени се уште три тела. Бројот на жртви се искачи на 30“, се наведува во извештајот објавен од Укринформ. Во текот на ноќта меѓу средата и четвртокот руските сили извршија масивен напад врз украинскиот главен град при што беа повредени речиси 100 луѓе и беа погодени неколку делови ...

За да го прослави шестиот настап на Кристијано Роналдо на Светското првенство, Најк претстави специјално издание на Mercurial Superfly. Моделот е посветен на наследството на португалската фудбалска ѕвезда и беше претставен само неколку часа откако Роналдо стана првиот играч во историјата што постигнал гол на шест различни Светски првенства со два гола против Узбекистан – во 2006, 2010, 2014, 2018, 2022 и 2026 година. Специјалното издание се ...

Турција чека речиси 40 години за да влезе во Европската Унија, додека Украина, од друга страна, доби статус на кандидат за неколку месеци по почетокот на руската инвазија. Зад ваквиот контраст, европското проширување осцилира меѓу политичките барања, институционалната блокада и стратешките императиви, оцени белгискиот јавен сервис РТБФ. Дали Турција, Украина или Молдавија некогаш ќе се приклучат на ЕУ? За Турција, тоа прашање е на ум кај сите ...

Без електрична енергија денеска ќе останат дел од општините Илинден и Ѓорче Петров. Од ЕВН Македонија информираат дека во периодот од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Текија, Дељадровци и Миладиновци во општина Илинден, а во периодот од 09:30 до 14:30 часот, дел од корисниците од улицата Ѓуро Салај и улиците Алекса Демниевски, улица 19, Даутица како и објектот на основното училиште во општина Ѓорче Петров. Без ...

Новите набљудувања од вселенскиот телескоп Џејмс Веб би можеле да понудат клучни сознанија за тоа како една џиновска егзопланета ја преживеала насилната смрт на својата матична ѕвезда и завршила во блиска орбита околу нејзините остатоци. Наодите исто така служат како навестување за судбината што би можела да ги снајде најголемите планети во нашиот Сончев систем, како што се гасните џинови Јупитер и Сатурн, кога Сонцето ќе умре за околу пет ...

Монако– Властите на MONEGASE идентификуваа осомничен за бомбашкиот напад во кој сериозно беа повредени санкциониран украински мултимилионер и уште две лица. Францускиот весник Le Figaro и телевизијата BFMTV објавија дека истражителите веруваат дека осомничениот, кој бил снимен на надзорните камери како носи црна рибарска капа, всушност е жена која се обидела да се маскира како маж. Канцеларијата на државниот обвинител на Монако објави дека е ...

Торонто – Ппртугалија ја победи Хрватска со 2-1 во 1/16 финалето на Светското првенство. Иван Перишиќ ѝ донесе водство на Хрватска во 53-тата минута. Кристијано Роналдо израмни од пенал во 68-мата минута, а Гонсало Рамос го постигна голот за Португалија во четвртата минута од судиското продолжение. Португалија ќе игра против Шпанија во осминафиналето, која ја победи Австрија во четврток вечерта. Драматичната елиминација на Хрватска особено го ...

Ванкувер– Фудбалерите на Швајцарија успеаја да се пласираат во осминафиналето на Светското првенство откако утрово ја совладаа селекцијата на Алжир со 2:0. На тој начин од програмата на натпревари за 2.јули го комплетираа списокот на од три европски репрезентации што ги продолжуваат натпреварите. Раниот гол на Бри Емболо во 10.минута на Швајцарија и донесе стабилност во играта и натпреварот, а победата беше потврдена со голот на Дан Ндоје во ...

Мадрид – Шпанија и Франција се подготвуваат за нов бран екстремни жештини кој во наредните денови би можел да донесе температури до 44 степени Целзиусови, додека прелиминарните податоци покажуваат дека во текот на јуни во овие две земји како последица на високите температури починале повеќе од 2.000 луѓе. Истовремено, здравствените власти во Германија проценуваат дека од почетокот на годината до крајот на јуни жештините придонеле за смртта на ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
3.99
22%
1011
weather icon

Белград

35ᴼ / 35ᴼ
1.96
41%
1012
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
3.27
39%
1015
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
3.85
25%
1012
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
0.45
32%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.34
65%
1016
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.81
40%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.67
20%
1010
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.42
28%
1011
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
3.13
43%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
3.13
37%
1014
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 27ᴼ
3.92
50%
1009
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Кобалт

56.29

Злато

137126.15

Бакар

13.54

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Алуминиум

3.27

Калај

56.77

Паладиум

43435.66

Платина

55652.94

Сребро

2005.37