Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Кinoteka.mk ФДУ Скопје / FAD Shkup / DSF Üsküp Бунраку е јапонски професионален куклен театар. Развиен главно во текот на 17 и 18 век, тој претставува една од четирите форми на јапонскиот класичен театар, покрај кабуки, но и кјоген. Терминот „бунраку“ потекнува од „Бунраку-за“, името на единствениот комерцијален театар за бунраку што опстанал до денес.. Бунраку е познат и како „нингјо џорури“, назив што упатува на неговото потекло и ...
Њујорк – Претседателот на судиската комисија на ФИФА Пјерлуиџи Колина оцени дека одлуката за поништување на голот на Германија против Парагвај била исправна и во согласност на правилата. Поништениот гол на Германија предизвика многу дилеми и коментари. Во објаснувањето тој надополнува дека напаѓач, кој не е заинтересиран за игра со топката и намерно има движење, кое ги попречува играчите од одбраната доколку и минимално ги попречува да се ...
Основното јавно обвинителство Штип поведе истражна постапка против 38-годишна доцентка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, осомничена за кривичното дело примање поткуп, а до судот достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за вршење работни активности на факултетот. Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничената, жителка на Кочани, како лице кое врши работи од јавен интерес, директно за себе ...
Повеќе пријави за поплавени подруми, дворови, магацински простории, подвозници и кружни текови, како и за заглавени возила, се евидентирани попладнево по невремето што го зафати подрачјето на Скопје. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 биле примени повеќе пријави од граѓани за последиците од обилните врнежи. Според досега пристигнатите пријави, најпогодени се ...
Семејството, роднините, пријателите и колегите од естрадата денес за последен пат се простија од поп-ѕвездата Владо Јаневски, препознатлив како врвен текстописец на своите хитови, од почетоците во „Ластовица“ и „Куку леле“, до успешната соло кариера која му донесе статус на ѕвезда со песни кои ги одбележа сите генерации. Неверица, болка и тага денес се измешаа на последното испраќање на гробиштата во Бутел во Скопје. Јаневски почина ...
Поп-ѕвездата Владо Јаневски, кој почина завчера во Скопје, на 65 години, во 2025 година објави албум на хрватски јазик, „Најубавите љубовни песни“, под етикетата на „Менарт“. Тие се простија од пејачот и композитор со следната објава на ФБ. „Во „Менарт“, со тага се збогуваме со Владо Јаневски, еден од најпрепознатливите гласови на македонската популарна музика. Владо почина во Скопје на 28 јуни 2026 година на 65-годишна возраст, по кратко ...
И ова лето надлежните институции од Македонија и Србија ќе ја спроведат кампањата „Вози одморен“. На граничниот премин Табановце денеска ја промовираа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и потпретседателот на владата и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во присуство на претставници на надлежните институции, македонскиот Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и српската Агенција за безбедност на ...
Возачите кои транзитираат низ Македонија ќе бидат опфатени во системот „Безбеден град“, казни ќе има и за странските државјани, целта е да се почитуваат сообраќајните правила и да се спасат човечки живот, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кој заедно со неговиот српски колега Ивица Дачиќ ја промовираа кампањата „Вози одморен“ на Граничниот премин Табановце. Министерот Тошковски апелираше до сите што ...
Силниот дожд попладнево во Скопје, кој траеше подолго време, ги наполни скопските улици со вода, а атмосферската канализација ретко каде можеше да ја собере сета вода. Според објавите на социјалните мрежи, Кисела Вода има најмногу поплавени улици, а за тоа граѓаните го информираат и градоначалникот на Скопје, кој пред да седне на функцијата беше градоначалник токму на Кисела Вода. Под постот на Фејсбук, во кој градоначалникот Ѓорѓиевски ...
Министерството за правда на САД и 17 држави постигнаа спогодби со три големи производители на јајца за да ги прекинат обвинувањата дека нелегално ги фиксирале цените со години, вклучително и кога цените достигнаа рекордни нивоа минатата година. Федералната влада и државите ги обвинија „Кал-Мејн Фудс“, „Версова“ и „Хикманс Ејџ Ранч“ за вклучување во шема помеѓу јуни 2022 и март 2025 година за „вештачки зголемување на дневните цени на јајцата“. ...
Изборниот законик вака како што е предложен не е ниту европски, ниту демократски, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конферениција. Според него, сегашното предложено законско решение, особено во делот на гласањето на дијаспората по електронски пат, отвора сериозни сомнежи за регуларноста и легитимноста на изборниот процес. „Денеска, премиерот го слушнавме сите, рече би прифатил измени во поднесениот предлог за ...
Собраниска архива веќе прима 3.500 амандмани на Изборниот законик поднесени од Левица. Според нејзиниот лидер, Димитар Апасиев, Левица е единствената партија што е оштетена со останувањето во сила на актуелниот Изборен законик поради процентот за државно финансирање на политички партии за избори. „Онаму каде што се запна е електронското гласање за коешто СДСМ не попушта. Инаку, сиот овој процес којшто СДСМ од почетокот го бојкотираше, а ...
Просечната месечна нето плата исплатена по вработен кај правни лица во Хрватска за април оваа година изнесуваше 1.552 евра, што е номинално за 7,9 проценти повисока од претходната година, а реално, или кога ќе се земе предвид инфлацијата, за два проценти, објави во среда Централниот завод за статистика. Меѓутоа, во споредба со март оваа година, просечната нето плата е номинално за 0,2 проценти пониска, а реално за 1,8 проценти. Највисоката ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски пред малку информираше дека Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен. „Поради силното невреме кое во текот на денешниот ден го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција“, истакна Ѓорѓиевски. Тој посочи дека се во ...
Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, информираше дека Владата ја донела одлуката за пренос на сопственоста на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на Општината Чаир, со што се отстранува последната административна пречка за реализација на третата фаза од проектот за плошадот. Според Меџити, со оваа одлука се создадени сите предуслови за отворање на постапката за јавна набавка и започнување на градежните работи за заокружување на еден од ...
„Мајкрософт“ се подготвува да објави нова рунда отпуштања како дел од своите напори за контрола на трошоците, според извори запознаени со работењето на компанијата. Се очекува отпуштањата да влијаат на илјадници работни места, вклучувајќи ги одделите за продажба и консултантски услуги и одделот за видео игри Xbox, објавува Business Insider. Се очекува новиот бран отпуштања да биде помал од минатогодишниот. Овој пат, отпуштањата ќе влијаат на ...
Екстремната топлина и суша предизвикуваат проблеми за земјоделците низ цела Европа. Покрај тоа, вештачкото ѓубриво стана поскапо во последните години. Денес, азотното ѓубриво е 70 проценти поскапо отколку пред две години. Европската унија се согласи на план за помош на земјоделците. Во мај оваа година, имаше ново зголемување на цената на вештачкото ѓубриво од 30 до 40 проценти, поради кризата околу Иран и дополнителните европски царини за ...
Финализирано е уредувањето на коритото на реката Мала Рада во Драчево, кое опфати изградба на пешачка патека и потпорни ѕидови, како и реконструкција на речното корито. Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, изрази задоволство од промоцијата на еден ваков проект, кој е реализиран со поддршка на Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање. Како што истакна Стаменкоска-Трајкоска, ...
За исполнетите обврски од реформската агенда Министерството за образование и наука добива 19,2 милиони евра од Европската Унија – информира попладнево министерката Весна Јаневска на „Фејсбук“. – Кон преземените обврски преку реформската агенда пристапивме одговорно и работевме посветено. Така и ќе продолжиме. Резултатот е евидентен и јас сум задоволна од досегашната исполнетост на поставените цели за што сакам да им се заблагодарам на Владата ...
Силно невреме со дожд, ветар и град, попладнево го зафати главниот град, а улиците се поплавени со вода. Автомобилите се движат споро, а небото е затворено од сите страни. Се смрачи, сред ден. Најавата за локални невремиња имаше од УХМР, а прогнозата вели дека одредени делови ќе бидат под интензивни дождови, град, електрични празнења. Попладнево слично невреме имаше и во Светиниколско, Кичево, Велес, Штип, Полошкиот регион, Демир Хисар и ...
Авиокомпаниите и аеродромите побараа новиот систем за биометриска гранична проверка на ЕУ да биде суспендиран за време на периодот на шпицот на летните празници, велејќи дека некои летови заминуваат полуполни, а патниците се мачат во редици до пет часа. Во писмо до Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, авиокомпаниите и аеродромите побараа опција за суспендирање на проверките во рамките на системот поради страв дека ...
Работењето на „Лидл“ во Македонија ќе значи мапирање на државата, подобрување на бизнис климата, но и нови искуства во малопродажбата. Најголем бенефит од инвестицијата на „Лидл“ ќе имаат домашните земјоделци, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на поставувањето камен темелник на новиот маркет на „Лидл“ во Струмица. Додаде дека доаѓањето на „Лидл“ значи многу за државата и за целиот регион. – Тоа многу ...
Трпезата е најстариот јазик на заедништвото. Преку храната се пренесуваат традициите, се чуваат спомените и се поврзуваат различни култури и генерации. Турската кујна е еден од најдобрите примери за тоа. Таа е богатство создавано низ вековите, кое денес е значаен дел од културниот идентитет на Туркије и едно од најавтентичните искуства за милионите туристи што секоја година ја посетуваат земјата, а секое јадење носи дел од приказната за ...
Во мај САД објавија нова политика за Западен Балкан: отсега нивните одлуки треба да бидат водени од потребата да се стремиме кон „директен поврат“ за американските компании. Ова ја заменува целта за „изградба на институции без крај“, што беше суштината на меѓународната политика од Дејтонскиот мировен договор за Босна и Херцеговина (БиХ) во 1995 година. Но, оваа објава само го одразуваше она што веќе се случува во регионот под втората ...
Општина Чаир распиша Јавен повик за доделување финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективни станбени објекти на територијата на општината, со цел подобрување на пристапноста, безбедноста и квалитетот на животот на граѓаните. Право на учество имаат заедниците на сопственици, овластените претставници избрани од сопствениците, како и другите правни форми на организирање, согласно Законот за домување. Јавниот повик, условите, ...
Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич, во присуство на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје. За време на обраќањето пред присутните припадници на Армијата генералот Гринкевич го истакна нашето членство во најмоќниот сојуз во историјата. Нашиот придонес во спроведување на ...
Во моментот имаме 168 пациенти што чекаат за бубрег, 37 пациенти што чекаат за срце, 12 за црн дроб и 23 за рожници. Затоа новото законско решение за органодарителство е голем исчекор кон здравствениот систем во државата. Ова го истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција посветена на трансплантацијата. Алиу истакна дека се заокружува еден од најчовечките, најсмели и најуспешно финализирани процеси водени во ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје против Васе Анакиев, кој се товари за кривичното дело примање поткуп. Според обвинението, обвинетиот Васе Анакиев, во својство на директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава побарал и примил значителна имотна корист за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Обвинителството ...
И по денешната средба на координаторите на пратеничките групи во Собранието – нема договор за измените на Изборниот законик. Спорно остана електронското гласање на дијаспората, кое беше црвена линија на ВМРО-ДПМНЕ за договор, но и целосно неприфатливо за СДСМ. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски очекува дека Изборниот законик ќе остане блокиран и дека на следните парламентарни избори ќе се оди со постоечките ...
Луѓето во Русија – дури и некои од најентузијастичките провоени гласови – почнуваат да сугерираат нешто речиси незамисливо: Можеби е време Кремљ да ја запре својата целосна инвазија. Очигледно, работите не одат баш според планот. Се сеќавате ли на рускиот пратеник и поранешен воен командант Андреј Гурулев? Ако ја следите војната во Украина, дефинитивно сте наишле на него – и можеби преживеале гледајќи едно од неговите интервјуа. Тој стана ...