Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Најновите податоци на Народната банка за каматните стапки покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај изнесува 4,69 проценти и бележи пад од 0,37 процентни поени. Според објавените податоци, пад е забележан и кај просечната каматна стапка на вкупните депозити за 0,04 проценти поенти, односно таа изнесува 2,17 проценти. Намалување на годишно и месечно ниво има и кај новопримените кредити и кај новопримените депозити. ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најави дека оваа недела ќе се одржи состанок и со доставувачите и со производителите, на која ќе се разговара за обезбедување пониски цени на основните прехранбени производи – дефинирана цел на минатонеделната средба со трговците. Одговарајќи на новинарско прашање, Дурмиши денеска рече не може да каже конкретен датум кога ќе биде готов извештајот од контролите на Пазарниот инспекторат, со кои треба ...
Астронаутите од американската вселенска агенција НАСА денес (30 јуни) ќе ја поправат роботската рака Canadarm2 на Меѓународната вселенска станица (ISS), а нивната вселенска „прошетка“ може да ја гледате во живо. Астронаутите Крис Вилијамс и Џесика Меир денес ќе изведат вселенска прошетка пред МВС, која ќе трае приближно 6,5 часа. НАСА обезбеди пренос во живо, што почна во 13 часот по наше време. Вилијамс и Меир ќе заменат зглоб од 90 ...
Ланската финалистка на Вимблдон Аманда Анисимова од САД ја оправда фаворитската улога во мечот од 1.коло на Вимблдон против македонската тенисерка Лина Ѓорческа и славеше победа со 2-0 во сетови (63 62) за 61 минута. Ова за Ѓорческа беше прв настап на Гренд слем турнир откако успешно ги мина квалификациите и оствари три победи. Во првиот сет Анисимова единствениот брејк го направи во четвртиот гем кога поведе со 3:1 во гемови и предноста ја ...
Претставниците на САД и на Иран пристигнаа во Доха на разговори за клучните регионални прашања, соопшти медијаторот Катар. Но, Иран демантира дека се согласил на состанок со американскиот пратеник за Блиски Исток, Стив Виткоф и високиот советник Џаред Кушнер. Техеран наведе дека нивните преговарачи ќе имаат консултации со претставниците на Катар за деталите на рамковниот договор, при што приоритет ќе биде одмрзнувањето на иранскиот имот и ...
Собранието денеска ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за користење на електричните тротинети и другите лесни електрични возила. Со измените се прецизира дефиницијата за „лесно електрично возило“, а максималната дозволена брзина за нивно движење се ограничува на 20 километри на час, во согласност со европските препораки. Новина е и тоа што електричен тротинет ќе можат ...
Јапонскиот јен падна на најниско ниво во однос на американскиот долар од 1986 година во вторник, држејќи ги инвеститорите на штрек за можна интервенција од страна на јапонските власти. Јенот падна на 162,19 за долар до 1:27 часот по источно време, најниско ниво во последните четири децении. Јапонскиот министер за финансии Сацуки Катајама изјави во вторник дека владата е подготвена да преземе соодветни мерки против прекумерните движења на ...
БИТОЛА – Во голема криза е македонското сточарство и не е проблемот само во неисплатените субвенции и премијата на млекото, туку во распродажбата на сточниот фонд и немањето пласман за стоката и млекото. Со силни критики кон власта и политичарите за моменталната состојба во сточарството настапија денеска сточарите од Пелагонија на протестот што се одржа пред зградата на подрачната единица за земјоделие во Битола. Сточарите протестираа за ...
Две петтини за хотел или за конференциски простор, а три петтини за спорт и рекреација. Ова се намените на парцелата со приближна големина на три фудбалски игралишта покрај кејот на Вардар во скопската населба Аеродром што општината планира да ја продаде со јавно наддавање. Просторот од околу 23 илјади квадратни метри се наоѓа веднаш до хотелот „Русија“, а намените се определени во Деталниот урбанистички план, кој општината го усвоила во 2014 ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на генералното собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во Тбилиси, Грузија. Како што соопшти собраниската прес-служба, на свеченото отворање на Генералното собрание, Гаши се обратил со говор пред делегациите на земјите изразувајќи го посветувањето на Северна Македонија кон ...
Во врска со информациите за приведена професорка од Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип, велат „имаме нулта толеранција за корупција“. Во академската заедница нема место за никој што ја злоупотребува својата позиција, го нарушува интегритетот на образованието и ја изневерува довербата што му е дадена. За жал, ниту еден систем не е целосно имун на поединци кои се подготвени да го прекршат законот и да ја злоупотребат довербата што им е укажана. ...
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, требаше од 2 јули да почен да ја издржува казната затвор од една година во затворот во Шуто Оризари, но тој таму нема да замине. Барем засега. Јакимовски побара одложување на издржувањето на затворската казна поради здравствени причини. Тој има операции на карцином. Од Кривичниот суд денеска информираа дека влегувањето во затвор се одложува додека не се донесе одлука по ова барање. ...
Светлосен меч на Лук Скајвокер од „Војна на ѕвездите“, шапка од вештерката „Злобница“ и рачно напишани текстови на Џон Ленон се меѓу филмските и музички предмети што ќе бидат понудени на наддавање претстојниов месец. Аукцијата насловена „Холивуд и забавата“ на американската куќа „Херитиџ окшнс (Heritage Auctions)“, беше најавена со претставување на вредните предмети во Њујорк во петокот, а ќе се одржи онлајн и во Далас од 13. до 17 јули. Меѓу ...
Жена во Алберта, Канада, имала застрашувачко искуство кога се соочила со гризли мечка додека го шетала своето куче. Како што можете да видите на снимката што ја снимила со нејзината камера за автомобил, таа се обидела да ја избрка, но мечката продолжила да ја следи додека таа се обидувала да се оддалечи од местото на настанот. Сепак, дивото животно ѝ се приближило и почнало да кружи околу неа. Речиси две минути, мечката е снимена како трча ...
Македонската репрезентативка во планински велосипедизам Дуња Иванова, членка на велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка, се искачи на 33. место на најновата светска ранг-листа на Меѓународната велосипедска унија (УЦИ), поставувајќи нов највисок пласман за македонското велосипедизам. До овој значаен резултат Иванова стигна по серијата успешни настапи на три трки од престижната HERO World Cup серија – Коста Бланка во Шпанија, ...
Лондон— Строгите правила на Вимблдон за целосно бела облека не ја спречија Наоми Осака да даде уште една модна изјава додека одеше на тревата во Ол Ингланд Клубот во понеделник. Осака, која има навика да создава возбуда со своите креативни облеки на неодамнешните Гренд Слем турнири, носеше лелеаво кимоно со нишачки ракави и раскошен вез додека одеше на теренот број 3 за нејзиниот натпревар во првото коло против Елса Жакмо. По победата со ...
Во изминатите две години создадовме политики што носат конкретни ефекти, а една од нашите најголеми одговорности беше заштитата на животниот стандард на граѓаните – рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на прес-конференција за отчет за сработеното. Според Дурмиши, остануваат бројни предизвици, но реформите што ги започнале се цврста основа за поконкурентна, поиновативна и поотпорна економија. Работевме, рече министерот, ...
Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до петок во земјава ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со повремени врнежи од дожд и грмежи. Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има локално поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град. Во ...
Речиси 84 отсто од здравствените работници сметаат дека корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат, но само 14 проценти од нив признаваат дека биле лично вклучени или сведочеле на коруптивен чин во нивната установа. Здравствените работници се свесни за присуството на корупцијата, но најголем дел од нив ја прифаќаат како нормализирана појава и не пријавуваат, покажа истражувањето на Здружението за еманцијапција, ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово, го посети реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово во населбата „Тоде Мендов”, каде што е извршена целосна реконструкција на приземјето на објектот со вкупна површина од 250 квадратни метри. Објектот има значајна улога во системот на превентивна здравствена заштита и служи како центар за спроведување на училишна вакцинација за подрачјето на општината. За реализација на оваа инвестиција се ...
Министерот за здравство Азир Алиу најави дека проектот за набавка на 100 нови амбулантски возила ќе донесе значително подобрување на системот за итна медицинска помош и ќе овозможи воведување на современи услуги во реално време. „При крајот сме на проектот наредната недела ќе се комплетира за 100 нови амбулантски возила, кои ќе претставуваат дополнителна вредност за здравствената инфраструктура и ќе овозможат нудење на сервиси во реално ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, остро реагираше откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа предлог-одлуката за вработување технички персонал во основните општински училишта. „Искрено, разочаран сум од тоа што го гледам. Советници да гласаат против подобри услови за децата во училиштата е навистина несфатливо. Денес се училиштата, утре ќе бидат градинките. Толку ли ви се важни партиските насоки? Сите ние ...
Лишена од слобода професорка на универзитетот во Штип поради примање поткуп, побарала и примила пари од студент за да положи испит. На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил ...
Пожар утринава избувна на дива депонија во скопската населба Шуто Оризари, а екипи на Бригадата за противпожарна заштита интервенираат на терен. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека пријавата за пожарот е примена денеска во 7 часот. „Денеска во 07:00 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека во населбата Шуто Оризари гори дива депонија. Бригадата за противпожарна заштита презема мерки за гасење на ...
Се откажуваат однапред закажаните операции во Клиничкиот центар и оние за кои е проценето дека не се итни поради дефект на системот, изјави денеска Рената Младеновска, член на Извршниот одбор на СДСМ. На прес-конференцијата во Клиничкиот центар, таа рече дека се откажани операции на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентниот центар. „Кога во хируршките сали нема услови за ...
Пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување предупредуваат дека пронајдената неексплодирана граната, кај границата со Грција, може да има смртоносен радиус до 150 метри и дека е доволен само еден удар за да дојде до нејзино активирање и експлозија. Конкретно, ДЗС информира дека денеска е пронајдена артилериска граната од 75mm од Првата светска војна во местото наречено „Ќупот“, југозападно од Гевгелија, во близина на државната ...
Лос Анџелес – Пред објавувањето на нејзиниот нов албум „Confessions II“, МАДОНА сподели клип од песната „The Test“, која ја снимила со нејзината 29-годишна ќерка Лола Леон. Албумот излегува на 3 јули, а пејачката откри дека оваа песна е создадена од нивната желба да ја поправат својата врска. Мадона објасни дека идејата за заедничката песна ја предложила Лола, која верувала дека заедничкото пишување може да им помогне подобро да се разберат. ...
Анџелина Џоли наводно е подготвена за следното поглавје во нејзината долгогодишна правна битка со поранешниот сопруг Бред Пит. И покрај тоа што Пит неодамна постигна неколку судски победи во тековниот спор околу нивната француска винарија, Шато Миравал, член на правниот тим на Анџелина Џоли вели дека актерката останува уверена додека случајот се движи кон судење во 2027 година. Анџелина Џоли вели дека е подготвена да ја заврши борбата околу ...
Гласови и срца, сцената гори, а историјата се пишува во живо! Подгответе се за незаборавно аудио-визуелно доживување и емотивен спектакл каков што ретко се гледа. Македонскиот непокор и гордост преку НУ „ТАНЕЦ“ и хрватската безвременска традиција преку АНСАМБЛ „ЛАДО“ се спојуваат во совршена симфонија на традицијата, младоста и врвната уметност. Ова лето, бидете дел од магијата на две ексклузивни локации: 08 ЈУЛИ | БИТОЛА – Антички ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера претрпе уште еден правен пораз во спорот со Федералните резерви откако Врховниот суд го отфрли барањето на неговата администрација за отстранување на гувернерката на Федералните резерви Лиса Кук од функцијата, јавува ДПА. Одлуката значи дека Кук може да остане на својата функција додека судските постапки за нејзината позиција продолжуваат во понизок суд. Судиите ја темелеа својата одлука во голема ...