Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје организира културно-моден настан „Мода меѓу страници“, кој ќе се одржи на 30 јуни 2026 година (вторник), во 20 часот, во дворот на Библиотеката. Под мотото „Библиотеката е во мода, модата е во библиотека“, настанот ќе понуди несекојдневен спој на книжевноста, модата и музиката. • модна ревија • сценски настапи со поезија и музика, со акцент на книгата како инспирација • видеопроекции и ...
Полицијата и службите за итни случаи спроведуваат голема операција во Штаде, град на околу педесет километри од Хамбург. Два хеликоптери кружат околу центарот на градот. Портпаролот на полицијата потврди дека пет лица се мртви откако биле испукани истрели. Полисијата соопшти дека некои од повредените се тешко ранети и бројот на жртвите може да порасне. Полицајците уапсија осомничен. „Две лица се уапсени, а едно од нив е осомничено“, изјави ...
Банкарското кредитирање за претпријатијата во еврозоната се забрза во мај, според денеска објавени најновите податоци од Европската централна банка. Обемот на кредитите за нефинансиски корпорации се зголемија за четири проценти на годишно ниво по зголемувањето од 3,4 проценти во април. Тоа е највисоката стапка на раст во последните неколку години и сигнализира зајакнување на кредитирањето и покрај повисоките каматни стапки. Кредитирањето на ...
Лос Анџелес – Тејана Тејлор не можеше да се воздржи во неделата вечерта кога BET ја почести со својата прва награда за Икона на годината на доделувањето на наградите BET, ако признание за нејзиното културно влијание и креативни достигнувања. Пејачката номинирана за Греми и номинирана за Оскар речиси веднаш се расплака кога Џенет Џексон се појави да ѝ ја додели честа во театарот „Пикок“. „Се чини како вчера нашата роза од Харлем да изникнала ...
Предлогот на Изборниот законик е на пат да пропадне затоа што две опозициски партии, СДСМ и Левица, најавија дека ќе го блокираат со механизмите што им се на располагање. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конферениција, рече дека СДСМ ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека тој содржи сериозни решенија кои не се ниту европски ниту демократски и дека отвораат простор за злоупотреба на изборниот ...
Жителите на Минхен овие денови наоѓаат освежување од високите температури на реката Изар, додека Германија, заедно со голем дел од Европа, е погодена од еден од најинтензивните топлотни бранови во последните години. Поради сончевото и екстремно топло време, бреговите на реката што тече низ баварската престолнина станаа едно од најпосетуваните места во градот. Додека некои се капеа во ладна вода, други го поминуваа времето на брегот, во ...
ДУИ оценува дека учеството на Влен во Владата ја поткопа европската идеја и тоа е нивниот најголем неуспех. И дека тоа посебно им штетло на Албанците. На денешната прес-конференција насловена „Две години понижување – Влен ништо“, потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, рече дека Влен пред граѓаните вети брзи резултати на патот кон Брисел во првите шест месеци од владеењето со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, но реалноста по две години покажала ...
Општина Чаир изразува најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и до целата нација по повод смртта на маестро Владо Јаневски, еден од најголемите имиња на македонската музика, чие творештво остави неизбришлива трага во музичката култура и во сеќавањата на многу генерации. Во знак на почит кон неговиот уметнички придонес и неговата посебна поврзаност со Чаир, Советот на Општина Чаир ќе преземе институционални мерки за трајно ...
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорката на Светска Банка на регионот, Карол Межеван потпишаа договор за грант во износ од 2 милиони долари за ажурирање на проектната документација и обука на корисниците, со кој се обезбедува поддршка за подготовка на проектот „Подобрување на искористувањето на водите од басенот на реката Злетовица – фаза 2: наводнување и фаза 3: производство на ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција ги демантира наводите од Министерството за правда и врвни претставници на ВМРО-ДПМНЕ, дека во основа е постигнат консензус за Изборниот законик, само дека неговата партија имала забелешки за еден член. Апасиев изјави дека не е постигнат консензус за предложените измени на Изборниот законик. „Во ниту еден момент не се постигна консензус за ваков Изборен законик“, ...
На Светското првенство денеска на програмата се три натпревари, на кои настапуваат два поранешни светски шампиони и еден финалист на мундијалите. Воедно ова за трите селекции кои ја имаат улогата е првото искушение во дуелите од нок аут фаза. Трите селекции во групните натпревари остварија по две победи и го искористија правото на „кикс“. Бразил во Хјустон за противник ја има Јапонија, која пак во групната фаза одигра нерешено со Холандија. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа до каде е реализацијата на капиталните проекти во културата, рече дека буџетот во културата е зголемен за 34 проценти и фокусот сега е ставен на реализирањето капитални проекти. -Оваа година ако се спореди со 2023 ќе дојдеме до заклучок дека 34 проценти е зголемен буџетот во културата, посебно со фокус кон реализирање на капитални проекти. Тука пред сѐ се ...
Литванскиот министер за надворешни работи Кестутуси Будрис денеска во Скопје изјави дека „сега е моментот за проширување“, но неговиот македонски домаќин, Тимчо Муцунски, потоа изјави дека за македонија можеби баш и не е моментот. Тој, по кој знае кој пат, ги повтори истите зборови – дека Македонија е подготвена да продолжи по европскиот пат, но дека владата очекува јасни гаранции дека процесот ќе се одвива без нови блокади и со поголема ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на одлуката од 22.6.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 0,243%, кај дизелот ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за него се врвен приоритет цените на производите во маркетите и дека, доколку е потребно, во анализата ќе се оди фактура по фактура. Одговарајќи на новинарско прашање околу цените ан прехранбените производи во маркетите и дали остварил средба со дистрибутерите и со производители, што беше најавено по состанокот со претставниц на маркетите пред десетина дена, Мицкоски рече дека во Владата ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работен состанок со директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска, на кој беа договорени повеќе заеднички активности насочени кон јакнење на капацитетите на општините, поголемо вклучување на младите и поттикнување на примената на иновативни решенија во локалниот развој. Како една од првите заеднички активности беше ...
МАНУ е една од најважните и највредните институции во Македонија, дом на науката, уметноста, знаењето и мислата што ја движи државата напред. Заедно со претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, извршивме обиколка на просторот околу седиштето на оваа значајна институција. Како Град Скопје, ќе дадеме поддршка во уредувањето на просторот, со цел овој дел да добие достоинствен, убав и ...
Поетесата Марија Ангеловска е добитничка на наградата „Енхалон” за најдобра прочитана песна од млад автор, а поетесата Лју Јуе од Кина ја доби наградата „In vino veritas“ за најдобра песна посветена на виното на 65-тите Струшки вечери на поезијата. За наградата „Енхалон“ се пријавија седум поети со по три песни, додека за најдобра песна посветена на виното, напишана на етикетите на вината на „Тиквеш“ во конкуренција беа 23 автори. ...
Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ објави на неговиот фејсбук профил дека, како што вели, пред веќе извесното заминување од функцијата остава „средено и организирано“ министерство, со буџет намален за повеќе од три пати во споредба со 2021 година и целосно укината програмата К-5. -Пред веќе извесното заминување од Министерството за односи меѓу заедниците, нека остане забележано дека од „сива зона” на системот ...
Македонија е во шок по веста за смртта на Владо Јаневски, еден од најзначајните македонски пејачи, композитори и текстописци. Почина вчера, по кратко боледување, на една од скопските клиники, на 65 години. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во среда (1 јули) во периодот од 10 до 11 часот. Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел, ...
Со оглед на тоа што Starbase се наоѓа во близина на чувствителен екосистем, се поставуваат прашања за влијанието на проектот на Маск врз животната средина. Застапниците на SpaceX велат дека гасоводот во голема мера би ги олеснил идните потенцијални лансирања SpaceX планира да изгради свој гасовод во американската држава Тексас. Гасоводот би му овозможил директно да носи енергија до пристаништата на комплексот Starbase, а според документите ...
Владата има јасна визија за целосна трансформација на железничкиот сообраќај во државата, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на потпишувањето на Договорот за грант со директорката на Светска банка за Македонија, Керол Межеван. Станува збор за грант во вредност од еден милион евра, кој ќе биде наменет за поддршка на реформите и преструктуирањето на МЖ Транспорт, со цел создавање функционално и одржливо ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ќе мора да се прават промени во акцизната политика затоа што сме, каоо што посочи, единствениот случај каде што дизел горивото е поевтино од безоловниот бензин. „Нека се стабилизира кризата, нека легнат работите. Мислам дека акцизите треба за едните и за другите горива да се нивелираат, со тоа што едните ќе се намалат, а другите ќе се зголемат. Такво е искуството и примерот во сите соседни ...
Во нова градинка во населбата Трубарево во општина Гази Баба од 1 јули ќе бидат згрижени 60 деца. Градинката денеска беше пуштена во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Инвестицијата изнесува 47 милиони денари обезбедени од општината. Веќе е вработен и персоналот што ќе работи во градинката. -Ова е трета градинка што ја градиме во Гази Баба, во септември ќе се отвори градинка во Инџиково, а веќе се гради и помеѓу ...
Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ...
Марјан Јованов, во јавноста познат како Мане Левис, е пронајден мртов во дворот од неговиот дом во скопската населба Карпош, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Јованов беше познат бизнисмен и дистрибутер на брендот „Левис“ во Македонија, а во јавноста беше познат и како еден од обвинетите во предметот „Шпански скали“. Тој доби ослободителна пресуда. „На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на ...
Демократската унија за интеграција им се приклучи на трите партнери во владината коалиција (ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ) како потписник на прелог-измените на Изборниот законик кои треба да се усвојат во набрзина подготвена процедура. СДСМ уште под порано ја напушти работната група за изработката на измените во Министерството за правда поради наврапитото укинување на пржинската влада без консензус, а денеска и Левица откажа да се потпише на ...
Галичката свадба ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, а годинашни младенци се Александар и Мартина. Најавени се и неколку новитети годинава, што за првпат ќе бидат претставени пред гостите кои ќе присуствуваат на манифестацијата што трае со години наназад и ги негува традицијата и обичаите со доста внимание. Огњен Лазиќ, генералниот директор на Пивара, на денешната прес конференција рече дека скопска Пивара над 50 години дава поддршка за ...
Потпретседателот на Собранието и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој беше дел од работната група за измени на Изборниот законик, денеска објави дека Левица, чии претставници учествуваа во изготвувањето на предлог-законското решение, не сакаат да го потпишат. Милошоски тврди дека добар дел од предлозите на Левица бил вграден во предлог-измените за што постојат записници. Тој дава некое објаснување за измените, туку ...
Туристите трчаат наоколу на светлото сонце без покривки за глава. Некои го пијат своето прво пиво веќе за време на појадокот, а други поминуваат многу часови на плажа, поради што завршуваат со изгореници од сонце. Како што топлотните бранови ги креваат температурите до рекордни максимуми во централна и северна Европа, многумина се обраќаат кон јужњаците за совети како да го преживеат жешкото време. Опасности од топлотен удар Неколку туристи ...