Фудбалската репрезентација на Парагвај се пласираше во осминафиналето на Светското првенство по изведување на пенали со вкупен резултат 4:5. Таму ќе играат против победникот од натпреварот помеѓу Франција и Шведска. Натпреварот помеѓу Германија и Парагвај заврши со резултат 1:1 по регуларното време и продолженијата. Германија го започна натпреварот многу офанзивно. Селекторот Јулијан Нагелсман стави двајца напаѓачи во почетната постава. Тој ...

Традиционалната изложба „Поместени граници“ чиј организатор е Друштвото на ликовни уметници на Македонија, која годинава се реализира како резиденцијален престој во текот на мај и јуни во Уметничката резиденција „Македонида“ свечено ќе биде отворена вечерва. Кураторка на оваа изложба чиј концепт со наслов „Разбудени сеќавања“ е насочен кон индивидуалните мемории е историчарката на уметност Гордана Велков. Посетителите до втори јули ќе можат ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера не успеа во обидот Врховниот суд да ја разгледа жалбата на пресудата за сексуална злоупотреба во случајот што против него го поведе против писателката Е. Џин Керол, јавува ДПА. Врховните судии го отфрлија барањето за оспорување на пресудата во граѓанската постапка што ја покрена писателката, покажуваат судските документи. Во 2023 година, поротата во Њујорк сметаше дека е докажано дека Трамп уште ...

Времето во земјава денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Собранието денеска треба да ја продолжи 109. седница на која останати точки се Предлог измените на Законот за испитување и жигосување односно одбележување на огненото оружје и муницијата и Предлог-законот за јавни претпријатија и трговски друштва во сопственост или со учество на Република Северна Македонија. Двете предлог-законски решенија претходно треба да бидат разгледани на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и на ...

Меѓу руските елити расте нервозата поради потенцијалната воена ескалација на која би можел да се послужи Владимир Путин како одговор на нападите со долг дострел против Русија, објавува „Вашингтон пост“. Серија напади со дронови, кои погодија девет од 10-те најголеми рафинерии за нафта во Русија, како и одбранбени постројки во Воронеж, Волгоград и регионот Тула, ја зголемува вознемиреноста кај службениците кои веќе се борат да ја одржат ...

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, објави дека пратеничката група на неговата партија подготвува 10.000 амандмани за да ги блокира донесувањето на измените во Изборниот законик. Тој објави на Фејсбук како пратениците ги подготвуваат амандманите. Изборниот законик е еден од петте закони за кои Деловникот дозволува филибастеринг во Собранието. Во исто време додека сдсмовците ги подготвуваат амандманите Собранието со 59 гласа „за“, ...

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека опозицијата била толку исплашена од успесите што ги постигнува неговата влада, па затоа најавува дека ќе го блокира Изборниот законик. „Исплашени се дека, по декемврискиот извештај, сега и во јунскиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите од Западниот Балкан повторно ќе бидеме најдобри… Но, имам лоша вест за нив: Македонија ќе ве победи вас и вашите блокади“, порача ...

Дел од жителите на Скопје утре ќе останат без вода поради реконструкција на пумпниот дел во Хидрофор Бардовци и санација на дефект на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради реконструкција на пумпниот дел во Хидрофор Бардовци и поставување нова пумпа, без вода ќе биде населеното место Бардовци во периодот од 01:00 до 10:00 часот, односно девет часа. Дополнително, поради дефект на затворач Ф-150 ...

Репрезентацијата на Бразил ја победи Јапонија со 2-1 во драматичен натпревар од Светското првенство, а Габриел Мартинели го постигна победничкиот гол во шестата минута од судиското продолжение. Јапонија водеше на полувреме, но Бразил успеа да го сврти резултатот во второто полувреме и да се пласира во осминафиналето. Бразил ја презеде контролата врз поседот од самиот почеток, но имаше тешкотии да го пробие цврстиот јапонски блок. Бруно ...

Лондон – Бранителот на шампионскиот трофеј на Вимблдон од минатата година, Јаник Синер со тешка победа ја почна одбраната на титулата. Синер се изнамачи да го мине 1.коло во мечот против Милош Кецмановиќ. Италијанецот мораше да одигра 3 часа и 32 минути и дури по пет сета (3:2) да го совлада жилавиот противник. А, дека српскиот тенисер ќе биде тежок противник, Кецмановиќ го потврди го доби првиот сет со 6-4. Италијанецот возврати во вториот ...

Деведесет и шестгодишната американска инфлуенсерка Лилијан Дронијак, попозната на социјалните мрежи како баба Дронијак, тврди дека нејзиниот дом за стари лица се заканил дека ќе ја избрка поради гласните забави. Лилијан редовно објавува хумористични видеа за секојдневниот живот, а една од нејзините омилени теми е дружењето и забавите. Во едно од последните видеа, таа покажала писмо за кое тврди дека го добила од менаџментот на домот за стари ...

Од 1 јули пониски царини за 70 суровини и репроматеријали, најавува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска откако Собранието ги усвои измените на Законот за царинска тарифа. – Со законските измени се врши дополнително усогласување на царинските стапки со оние што важат во Европската унија, согласно определбите од Програмата за работа на Владата 2024-2028 година и заложбите за подобрување на конкурентноста на македонската ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш го осуди „немилосрдното ширење“ и зголемувањето на бројот на еврејски населби на Западниот Брег, што ја влошува најголемата криза со раселување во регионот од 1967 година, според извештајот на светската организација. Во кварталниот извештај за ситуацијата на Западниот Брег, окупиран од Израел во 1967 година, Гутереш „силно го осуди немилосрдното ширење и зголемување на бројот на ...

Високите температури веќе ги земаат првите жртви. Само утрово, Брзата помош во Скопје интервенирала во повеќе случаи на колапс на јавни места, а значително е зголемен и бројот на повици од граѓани кои побарале медицинска помош. Доктор Ана Џарева од Брза помош – Скопје изјави за МИА дека утрово се евидентирани повеќе од пет колапси на јавни места, главно кај постари лица. Таа посочи дека поради високите температури е зголемен бројот на ...

Ирачката влада објави дека им дава рок на проиранските вооружени групи во земјата до 30 септември да се разоружаат. Портпаролот на ирачката влада изјави дека сите вооружени групи се известени за рокот, кој се совпаѓа со крајот на мисијата на меѓународната коалиција предводена од САД против Исламската држава. „По овој датум, сите оружја надвор од контролата на државата ќе бидат гонети“, рече портпаролот. Некои од вооружените групи одбија да ...

Сензационалната финалистка на овогодишниот Ролан Гарос, 24-годишната полска тенисерка Маја Хвалинска (ВТА – 20-та), го заврши својот настап на Вимблдон веќе по стартното коло. Првото големо изненадување на женскиот турнир го приреди 23-годишната тајландска квалификантка Мананчај Савангкаев (ВТА – 164), која во своето деби на Вимблдон беше подобра од Хвалинска со 2-6, 7-5, 6-2. Полската тенисерка водеше со 6-2, 5-2 и имаше меч-поен, но загуби ...

Голем интерес има за трите јавни повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, а минатата недела се пристигнати над 2.800 апликации, информираат од Министерството за економија и труд. Информативни денови за презентација на оваа мерка и Оперативнио план за вработување денеска се одржуваат во Ресен, ...

Првото Светско фудбалско првенство во историјата со 48 репрезентации кое се одржува во САД, Мексико и Канада ги исполни очекувањата и донесе рекордна посетеност со вкупно 4.644.549 гледачи на стадионите на сите 72 натпревари во групната фаза, јави денеска агенцијата ДПА. Мундијалскиот турнир со тоа го урна рекордот на посетеност на Светското првенство во 1994 година во САД, кое привлече околу 3,6 милиони гледачи, дури и пред почетокот на ...

Ќе бидеме многу проактивни во однос на носењето на новите закони, квалитативното подобрување и нивната апликативна можност насекаде во бизнисот и општеството, изјави денеска претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Горан Ѓорѓиевски, по Годишното собрание на ССКМ. Според Ѓорѓиевски, со Законот за нефер трговски практики државата ја има клучната алатка за состојбата со цените. – Законот за нефер трговски практики овозможува ...

Собранието во попладневниот дел денеска одржа продолженија на три собраниски седници – 105, 106 и 108 на кои, пратениците изгласааа повеќе законски измени меѓу кои – Законот за работно ангажирање на лица, Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, сите по скратена постапка. Во попладневниот дел, Собранието прво го одржа продолжението ...

Лондон – Канадскиот тенисер Денис Шаповалов го заврши настапот на годинашниов Вимблдон, откако поради повреда на рамото го предаде мечот со Шпанецот Пабло Карено Буста. По два одиграни сета шпанскиот тенисер имаше водство од 2-0 во сетови (6:3 и 7:6), кога Шаповалов по нецели два часа го предаде мечот. Инаку, Шаповалов беше полуфиналист на Вимблдон во 2021 година. Во следната рунда Буста ќе игра против сонародникот Рафаел Ходар, кој без ...

Мултинационалната компанија „Бритиш американ тобако“ (БАТ) најави укинување на 5.500 работни места ширум светот, како дел од програмата за намалување на трошоците, подобрување на ефикасноста и забрзување на примената на вештачката интелигенција во бизнисот. Дополнителни 3.500 работни места ќе бидат префрлени на партнерите на БАТ, меѓу кои и ирската компанија за ИТ услуги „Ексенчр“ (Accenture), со што реструктурирањето вкупно ќе опфати околу ...

Граѓаните, уметниците, колегите и семејството, утре во 20 часот пред платото кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе му оддадат последна почит кон еден од најзначајните македонски пејачи, композитори и текстописци , Владо Јаневски. „Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето ‘благодарам’, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. Да го испратиме достоинствено. Со песна. ...

Прославата по победата против Узбекистан, само 60-тата репрезентација на ранг-листата на ФИФА, беше прерана. Дури и со тим полн со талент, на клупата се потребни повеќе од дипломати, пишува А Бола. „Се вратив, се вратив“, рече Кристијано Роналдо по 90 минути и двата гола против Узбекистан, со што заврши серијата од 10 натпревари без голови во финалето на Европските и Светските првенства. По такво достигнување, победа над репрезентација која ...

Собранието денеска во рамки на 109. седница ги донесе одлуката за измена на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, Законот за игрите на среќа и за забавните игри, а Христина Софронијоска беше избрана за нова заменичка на генералната секретарка на законодавниот дом. Законот за игрите на среќа и за забавните игри беше донесен со 60 „за“, а 20 ...

Европската инвестициска банка ќе обезбеди заем од три милијарди евра (3,42 милијарди долари) за европскиот производител на авиони „Ербас“, со цел да ја зајакне индустриската база на Европа во услови на глобална конкуренција од земји како што се САД и Кина. Во заедничка изјава на Европската инвестициска банка и „Ербас“ се вели дека банката првично ќе обезбеди заем од една милијарда евра на производителот, дел од поширок пакет за финансирање од ...

Подрачјето на центар, во Скопје, околу Дебар маало и околните објекти, немаат струја веќе неколку часа. Ова е непланиран прекин на струја, според веб-страницата на Електродистрибуција. Нема информација што го предизвика прекинот на електрична енергија, ниту до кога ќе трае. Дел од објектите кои имаат генератори фуинкционираат со таа струја, а другите не можат ни да ги отворат влезните врати доколку немаат клуч. Не работат ни семафорите во ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека подната фонтана на плоштадот „Македонија“ повторно ќе биде ставена во функција. Како што информираше тој, во моментот се изведуваат градежни активности, а само за неколку дена фонтаната ќе биде пуштена во употреба. Ѓорѓиевски соопшти дека просторот околу фонтаната повеќе нема да се користи за движење на автомобили и товарни возила, туку повторно ќе биде уреден како пешачка зона и место за ...

Мотоциклист го загуби животот во сообраќајна несреќа што денеска околу 12:46 часот се случи на улицата „Доне Божинов“ во Куманово. Како што соопшти СВР Куманово, во несреќата учествувале патничко моторно возило „сеат“, управувано од А.А. (64) од Куманово, и мотоцикл управуван од Д.С. (49). Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увидот на местото на ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.48
30%
1010
weather icon

Белград

37ᴼ / 36ᴼ
0.45
36%
1011
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
4.34
37%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.89
32%
1010
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
1.07
24%
1009
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
1.34
50%
1015
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
3.58
40%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.64
26%
1010
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.25
29%
1009
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
0.89
41%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
4.92
33%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
6.08
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Рутениум

53852.50

Бакар

13.54

Платина

55652.94

Паладиум

43435.66

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.27

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Калај

56.77

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Родиум

278103.96