Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Во рамки на фестивалот Скопско лето, вечерва со почеток во 20:30 часот, на отворената сцена на „Кеј 13 Ноември“, споменик на Гемиџиите, ќе се одржи концерт насловен „Македонија во нас“ на кој ќе учествуваат народните ансамбли „Светлост“ од Мелбурн и „Македонски бисери“ од Волонгонг. Овој настан е во соработка со Националната агенција за иселеништво на Македонија, а влезот е слободен. Народните ансамбли „Светлост“ од Мелбурн и „Македонски ...
Општина Кочани доцна синоќа упати соопштение со кое ги известува граѓаните дека во текот на вчерашниот ден е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода во населените места Оризари, Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог, Тркање и Мојанци. -Додека вообичаената потрошувачка изнесува околу 23 литри во секунда, во моментов е евидентирана потрошувачка од 53 литри во секунда, што претставува повеќе од двојно зголемување и сериозно го ...
Топлото време продолжува, денеска се очекуваат температури до 39 Целзиусови степени. Како што информираше Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен ...
Собранието денеска ќе одржи три седници, 109., 105. и 104., во чии рамки ќе бидат разгледани повеќе предлог-закони, извештаи и предлог-одлуки. Пратениците на 109. седница ќе ги разгледаат Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, Дополнетиот предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри во второ читање, ...
По трите дена извонредни настапи и три победи во квалификациите на Вимблдон, македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше неколку денови за подготовка за својот прв Гренд слем меч. Ѓорческа во првото коло ќе игра против Аманда Анисимова од САД, која лани беше финалистка на Вимблдон и на годинашниов турнир е рангирана како шеста носителка. Во пресрет на утрешниот меч Ѓорческа изјави: – Квалификациите минаа одлично. Од секогаш знаев и верував ...
Пакистан повторно нападна цели во соседен Авганистан, објаснувајќи дека нападнал скривалишта што ги користат милитантите, вклучувајќи ги и пакистанските талибанци. Пакистанскиот министер за информации, Атаула Тарар, доцна синоќа на Икс изјави дека безбедносните сили спровеле копнена операција по должината на пакистанско-авганистанската граница, пренесе ДПА. Потоа следеа напади врз скривалишта и бази во пограничниот регион што го користат ...
Ноќеска неколку минути после полноќ бил почувствиван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар. -Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0, соопшти Сеизмолошката опсерваторија. Според досегашните податоци со ...
Татко и син беа спасени вчера од урнатините во венецуелската држава Ла Гуаира, четири дена по разорните земјотреси што ја погодија земјата. Ова им дава надеж на француските и американските спасувачки тимови кои се тркаат со времето за да најдат повеќе преживеани. Спасувачката операција траеше 12 часа, со континуирани напори на екипи кои внимателно ги испитуваа урнатините со специјализирани камери за пребарување, внимателно поминувајќи низ ...
Канада синоќа ја победи Јужна Африка со гол во судиското продолжение и се пласираше во осминафиналето на Светското фудбалско првенство 2026. Натпреварот се одигра во Инглвуд, Калифорнија, САД. Единствениот гол го постигна Стивен Еуштакиу во 90+2. минута. Канада за прв пат во својот трет Мундијал стигна до плејофот за Светското првенство. Во осминафиналето северноамериканскиот тим ќе се соочи со победникот од натпреварот Холандија – Мароко. ...
САД очекуваат со следните денови понатамошни разговори со Иран и покрај неколкуте напади за време на прекинот на огнот, изјави синоќа за ДПА висок функционер на американската администрација. „Ништо не е откажано“, рече функционерот. Техничките разговори за спроведување на меморандумот за разбирање и во наредните денови остануваат „на добар пат, како што е планирано“, рече функционерот, додавајќи дека каналите за олеснување на конфликтите се ...
Програмата на годинашното издание на Галичка свадба денеска официјално ќе биде претставена на прес-конференција во Скопје. На настанот ќе бидат претставени и годинашните младенци, облечени во традиционалните галички свадбарски носии. Пред присутните ќе се обратат генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ, државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска-Ѓоргова, претседателот на месната заедница ...
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис (Kęstutis Budrys), соопшти МНРиНТ. Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Литванија, соработката во рамките на НАТО, како и литванската ...
Денеска во Скопје по кусо боледување почина Владо Јаневски (65), еден од најпопуларните македонски пејачи и автори. Јаневски во август требаше да одржи концерт во Охрид, кој се рекламираше на почетокот на годината, па потоа се откажа. Како што ни рекоа соработниците на пејачот, тој се лекувал во една од скопските приватни болници во последниве неколку месеци. Последниот настап за кој објави на социјалните мрежи е од март, кога ѝ беше гостин ...
До 18 часот на територијата на државата се евидентирани 12 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а шест се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во Куманово, каде што во населбата Перо Чичо гори депонија и ниска вегетација, како и во населбите Бедеиње и селото Режановце, каде што огнот зафатил ниска вегетација и садници. Под контрола е ставен пожарот кај ...
Помалку од две недели по потпишувањето на рамковниот договор за прекин на конфликтот, САД и Иран повторно разменија напади, откако Вашингтон го обвини Техеран за напад врз трговски брод во Ормуската Теснина. Американските сили извршија напади врз повеќе цели во Иран, а иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) соопшти дека нападнал американски воени објекти во Кувајт и Бахреин, каде што се наоѓаат американски бази. Во ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од Израел порача дека главниот град мора да стане помодерен, пофункционален и подобро подготвен за справување со кризни ситуации, истакнувајќи дека посетата на конференцијата MUNI EXPO 2026 има цел да донесе конкретни решенија што ќе го подобрат животот на граѓаните. Тој нагласи дека во Израел дошол со намера да учи од искуствата на локалните власти кои се стекнати во реални и сложени околности, ...
По новите обвинувања од СДСМ, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, во изјава за медиумите порача дека раководството на СДСМ повторно се обидува сопствените политички неуспеси и загубената доверба кај граѓаните да ги претстави како проблем на другите партии, се наведува во соопштението од ЗНАМ, кое МИА го пренесува интегрално. „Раководството на таа некогаш државотворна партија, која денес е сведена на ниво на ликвидација, во ...
Европската Унија ја засилува меѓународната поддршка за Венецуела по разорните земјотреси, издвојувајќи пет милиони евра итна хуманитарна помош за погодените подрачја. Во земјата веќе пристигнуваат спасувачки тимови, медицински персонал и дополнителна опрема, додека потрагата по преживеани продолжува. Високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, соопшти дека средствата ќе бидат наменети за помош ...
Повеќе од 1.300 луѓе починаа како последица на топлотниот бран што ја зафати Европа од 21 јуни, соопшти денеска Светската здравствена организация (СЗО). „Од 21 јуни се регистрирани повеќе од 1.300 дополнителни смртни случаи поврзани со високите температури во Европа“, објави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека околу 150 милиони луѓе во моментов живеат во услови на екстремни ...
Русија минува низ тежок период, но тој ја научи земјата на многу нешта – изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Путин вети дека ќе ја гарантира безбедноста на државата и ќе се справи со предизвиците, додека Киев продолжува со нападите врз руската воена и енергетска инфраструктура во обид да ги ослабне воените капацитети на Москва. – Ги гледаме проблемите. Ги признаваме и реагираме на нив. Но, без сомнение ќе ја гарантираме ...
Протестите на ДУИ се политички мотивирани, а Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во Тетово зашто била донесена без да се испочитуваат законот и процедурите, рече денеска Беким Сали од Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања. Според него, на граѓаните сега не им требаат избори за Советот, зашто тоа, како што напомена, носи други околности во развивањето на градот. Сали смета и дека се нарачани анкетите кои ...
Единаесет лица загинаа откако се урна цивилен авион во градот Томблен во североисточна Франција, објавија локалните власти. Пилотот и 10 патници загинаа во несреќата, вклучувајќи пет ученици и пет инструктори за падобранство, соопштија локалните власти. Авионот, кој припаѓал на училиштето за падобранци, се урна кратко по полетувањето од аеродромот Нанси-Есе. Како што објави француската телевизија BFMTV, претседателот на регионалното ...
Иранските власти очекуваат до 20 милиони луѓе да присуствуваат на погребните церемонии за поранешниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад кон крајот на февруари, јави ДПА. Церемониите ќе започнат на 4 јули во Техеран и во светиот град Ком, а погребот е закажан за 9 јули во родниот град на Хамнеи, Машхад, во североисточниот дел на земјата. Поради очекуваните температури од околу 40 Целзиусови ...
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис (Kęstutis Budrys), соопшти МНРиНТ. Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Литванија, соработката во рамките на НАТО, како и литванската ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека на територијата на државата до 14 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои три сè уште се водат како активни.Според официјалните информации, противпожарните екипи успеале да локализираат дел од жариштата, додека четири се целосно изгаснати. „Од активните пожари, првиот е на територија на село Гари, општина Дебар, каде горат ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума. ...
Со шест министерства – за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, ќе раководи Вреди по владината реконструкција. Како што изјави денеска Беким Сали од Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања, Министерството за здравство не е дел од овој пакет. Две нови имиња ќе има во Министерството за култура и Министерството правда, но се уште не е дефинирано кои ќе бидат тие. -Се уште нема ...
Надвојводата Франц Фердинанд од Австрија и неговата сопруга Софи се убиени од националист на босанските Срби за време на официјална посета на босанскиот главен град Сараево на 28 јуни 1914 година. Убиствата предизвикаа низа настани што доведоа до избувнување на Првата светска војна до почетокот на август. На 28 јуни 1919 година, пет години по смртта на Франц Фердинанд, Германија и сојузничките сили го потпишаа Версајскиот договор, официјално ...
РИМ — Отворајќи ја затворената конференција на светските кардинали на папата Лав XIV за војната, доктринарниот шеф на Ватикан ја обвини Европската Унија за селективно применување на меѓународното право, санкционирајќи некои воени инвазии, додека кон другите се однесува поинаку. Реткото собирање го свика Лав за да се испита она што тој го нарекува глобална „култура на моќ“ што го поттикнува модерниот конфликт и да се разгледа како треба да ...
Германскиот трговски синџир „Лидл“ ја потврдува својата долгорочна определба за македонскиот пазар преку инвестицијата од 115 милиони евра во новиот логистички центар во Куманово, кој претставува еден од најголемите и најсовремени објекти од ваков тип во земјата и регионот. Повод за претставување на проектот беше посетата на германската амбасадорка Петра Дрекслер, која направи обиколка на комплексот и се запозна со неговите капацитети и ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните делегати – амбасадори и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш. Предмет на разговарот беше заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридскиот регион, низ призма на препораките на Комитетот. Претседателот и соговорниците ја информираа ...