Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Селекторот на Холандија, Роналд Куман, поднесе оставка преземајќи одговорност за елиминацијата од Мароко во шеснаесетфиналето на Светското фудбалско првенство. Куман ја извршуваше должноста од 2023 година, а претходно беше холандски селектор и во периодот од 2018 до 2020 година. „Донесов одлука да го завршам мојот мандат како селектор на Холандија“, напиша Куман на Инстаграм. „Сите сонувавме да испишеме историја на Светско првенство. Тоа не ...
Премиерот Христијан Мицкоски синоќа ги кажа имињата на новите министри што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ исто така, а денес се јавни и предлозите на Вреди. Нов министер за култура и туризам ќе биде Седат Сулејмани, кој досега беше заменик-министер во ресорот што го водеше Зоран Љутков. Седат Сулејмани е роден во Тетово, во 1975 година. Дипломирал на Универзитетот Улудаг-Бурса во Турција. Студирал постдипломски студии на УЈИЕ, Факултет за ...
Граѓаните сè повеќе ги користат дигиталните канали за плаќање, покажуваат податоците за првиот квартал од 2026 година. Плаќањата со платни налози бележат раст од 10,3 проценти кај бројот на трансакциите и 14,6 проценти кај нивната вредност во споредба со истиот период лани, информираат од Народна банка. Особено е изразен растот на електронските плаќања, кои се зголемени за 21,9 проценти кај трансакциите и за 23 отсто кај вредноста, во ...
Џонсон Мети неодамна објави дека е постигнат договор за преземање на „Cormetech“ (Корметех), водечки и брзорастечки американски производител на катализатори за селективна редукција на процесот на катализација (SCR – Selective Catalytic Reduction) кои обезбедуваат контрола на емисии за стационарно производство на енергија и индустриските апликации. Се очекува купувањето на Корметех да заврши во јули 2026 година по добивање на вообичаените ...
На Конститутивно-изборната седница на Собранието на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Лилјана Ристевска е избрана за претседател на организацијата за новиот четиригодишен мандат. Со оваа одлука, таа станува првата жена претседател на Црвениот крст на Република Северна Македонија од осамостојувањето на државата, информираат оттаму. Изборот на Ристевска, велат, претставува значаен историски момент за најголемата хуманитарна ...
Во Македонија, вкупно 911 бесправно изградени објекти се регистрирани во текот на 2025 година, според податоците објавени од Државниот завод за статистика. Според статистиката, најголемиот број згради изградени без дозволи се станбени згради, со 169 случаи или 18,6 проценти од вкупниот број. Од нив, 128 се исклучиво станбени згради, 24 се главно станбени, додека 17 се објекти за слободно време и рекреација. Покрај нив, идентификувани се и ...
Индустриското производство во мај годинава е намалено за 2 процента во однос на мај минатата година, а за 0,3 проценти во периодот јануари – мај годинава споредено со истиот период лани. Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во мај годинава во однос на мај лани бележи пораст од 6,1 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст, а опаѓање во Рударство и вадење камен од ...
Министерството за финансии постигна значителен напредок во имплементацијата на Реформската агенда 2024–2027, со силен фокус на транспарентност, отчетност и подобрено управување со јавните финансии. Реформи коишто ги спроведе се клучни за зајакнување на капацитетот на државата ефикасно да апсорбира, односно да обезбедува и управува со средствата од ЕУ. Министерството за финансии, како што соопштуваат оттаму, има исполнето осум чекори, од ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски по речиси двомесечно отсуство поради здравствени причини, од вчера повторно се вратил на работа. Во изминатиот период, додека Лукровски беше на боледување, со општината раководеше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој имаше овластување привремено да управува со работата на локалната самоуправа и да ги извршува тековните обврски. Неговото враќање става крај на шпекулациите што се ...
80-метарската суперјахта „Грејсфул“, која е поврзана со рускиот претседател Владимир Путин, пристигна во данските води во понеделник навечер. Бродот го помина Големиот Белт, го заобиколи Анхолт и пловеше околу Скаген попладнето, објави данската телевизија DR. Според DR, јахтата ја следат руски разорувач и уште еден руски брод, кој официјално е класифициран како брод за спасување. Според „Марински трафик“, „Грејсфул“ го вклучил својот сигнал ...
Јавното комунално претпријатие „Стандард“ информираше дека се воведува неколку часовна рестрикција во водоснабдувањето, бидејќи корисниците не ги почитувале претходните апели за заштеда на вода, односно да не се употребува за наводнување на градини, миење дворови, тротоари, па дури и улици пред домовите. -Поради недостиг на вода во текот на денот, како последица на нерационалното користење на водата од страна на корисниците, принудени сме да ...
Се очекуваа повеќе промени, излегоа помалку. Премиерот Христијан Мицкоски синоќа ги кажа имињата на новите министри што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ исто така, а денес се јавни и предлозите на Вреди. Нов министер за култура ќе биде Седат Сулејмани, кој досега беше заменик-министер во ресорот што го водеше Зоран Љутков. Нов министер за односи меѓу заедниците ќе биде Агон Ферати, а веќе се знаеше дека професорот по уставно право на Штуловиот ...
Нов вид отровен пајак, чилеанскиот пајак пустиник, научно познат како Loxosceles laeta, е откриен во градот Порто во северна Португалија. Ова е првиот регистриран случај на видот на Пиринејскиот Полуостров, но истражувачите велат дека ризикот за јавноста е низок поради неговото повлечено однесување, објавува Euronews. Нема причина за тревога Хозе Мануел Гросо-Силва, ентомолог во Природонаучниот музеј и Музејот на науките на Универзитетот во ...
Денес, на Градските гробишта Бутел ќе биде погребан Владо Јаневски, поп-ѕвезда и текстописец. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во периодот од 10 до 11 часот. Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел, објави „Авалон“. Македонија е во шок по веста за смртта на Јаневски, еден од најзначајните македонски пејачи, композитори и ...
Во ноќните часови од вторник кон среда се одиграа два натпревари од 1/16 финалето или првата нокаут рунда на Светското првенство. Франција победи со 3:0 против Шведска, а Мексико со 2:0 против Еквадор. Во осминафиналето Франција ќе игра против Парагвај, а Мексико против победникот од мечот Англија – ДР Конго. Франција – Шведска 3:0 (Мбапе 45′, 74′, Баркола 53′) Мексико – Еквадор 2:0 (Кињонес 22′, Хименез 31′) Франција – Шведска 3:0 ...
Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, објави Државниот завод за статистика. Најмногу бесправно изградени објекти, 169, (18.6 проценти) се за домување. Од нив 128 се исклучиво станбени, 24 претежно станбени, а 17 за одмор и рекреација. Бесправно се изградени и 164 огради (18 проценти), 116 деловни објекти (12.7 проценти), 113 натстрешници (12.4 проценти), 110 доградби, надградби и адаптации (12.1 проценти), 106 ...
Нема резултати – има театар со реконструкција.Ова не е реформа на Владата туку козметичка промена на истата криминална структура, се вели во соопштението од СДСМ. Од СДСМ велат дека некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти. „Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце. Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ наложи на армијата да ја уништи инфраструктурата на шиитската милиција Хезболах, поддржана од Иран, во јужен Либан, наведе синоќа владината прес-служба, пренесува ДПА. За време на посетата на трупите, Нетанјаху се осврна на сите надземни и подземни објекти што милицијата ги користела за напади врз Израел, како што се тунелите. „Ова е наредбата: не оставајте ништо зад себе, а вие го правите тоа“, рече ...
Планот на НАСА од 30 милијарди долари за изградба на база на Месечината влегува во сериозна фаза на имплементација. Вселенската агенција брзо развива начини за испорака на лендери, ровери, возила и друга опрема на површината на Месечината за да се избегнат скапи одложувања. Како дел од тој напор, НАСА објави во вторник дека ќе им плати на три компании – Astrobotic, Firefly и Intuitive Machines – околу 590 милиони долари за четири мисии за ...
Од денеска до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. АМСМ информира дека во деновите со екстремно високи температури, ...
Без електрична енергија денеска од 8 до 9 часот ќе останат корисници на ул.„1“ во општина Петровец, а од 9 до 16 часот од ул.„Стив Наумов“ бр.69,65,63а,63б,102а,102б,102в, ул.„Славе Георгиевски-Шнајдерот“ бр.1,3,5 и 7, од ул.„Тетовска“ и од ул.„Јосиф Јосифовски-Свештарот“ бр.35,35а,37,36,34 и 32 во општина Центар. РЦЕУК – Скопје информира дека прекин во снабдувањето со струја од 9 до 16:30 ќе има за дел од ул.„Франклин Рузвелт“, „Дрезденска“ ...
Во Едукативниот културен центар – Лабараториум вечер во рамки на 47-мо издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одигра театарската претстава „Кокошка“ на Независниот театар Вортекс во копродукција со НУ Театар Комедија. Претставата „Кокошка“ е создадена според Николај Кољада, во режија на Теодора Силјаноска. Во претставата играат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Ане Блажовски, Ванеса Тримчевска, Toме Станковски и Кристина Гиева. Костимограф е ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска ќе оствари работна посeтa на општина Струмица. Николоски, во рамики на посетата, ќе се обрати на свечената церемонија на поставување камен-темелник на продажен објект на „Лидл“ во Струмица, каде ќе присуствуваат и оперативниот директор на на Лидл Северна Македонија Рубријан Хаџиев и градоначалникот на Струмица Петар Јанков. Вицепремиерот ќе изврши увид во ...
Без вода денеска од 08:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Народен Фронт“ бр.21, потегот од Дом на Печат до „Франклин Рузвелт“ и „Васил Ѓорѓов“ во општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач ф-150 мм на ул.„Народен Фронт“ бр.21. Без вода денеска од 08:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Народен Фронт“ бр.21, ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската унија денеска го организираат третото издание на годишниот настан „Разговори за еднаквост“ на тема „Родово заснована дискриминација на работното место“. На отворањето на настанот ќе се обратат Душан Томшиќ, претседател на КСЗД, претставник од Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија и Барбара ...
Норвешка е првата европска репрезентација која обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во фудбал, откако вечерва во Далас триумфираше во првиот круг од нокаут фазата над Брегот на Слоновата коска со 2-1 (1-0). Норвешка дојде во водство во финишот на првото полувреме со голот на Антонио Нуса, а откако Амад Дијало го израмни резултатот, во вториот дел, Ерлинг Халанд со гол во завршницата ја однесе норвешката репрезентација во ...
Американската кошаркарска ѕвезда Леброн Џејмс го информираше раководството на Лос Анџелес Лејкерс дека ќе ја продолжи својата НБА кариера во друг тим, изјави вечерва извршниот директор на менаџерската агенција „Клач Спортс“, Рич Пол, за телевизијата ЕСПН. Џејмс ги мина последните осум сезони во дресот на Лејкерс, со кој во 2020 година ја освои шампионската титула во НБА лигата. Во дел од американските медиуми вчера се појавија извештаи дека ...
Астронаутите на НАСА, Џесика Меир и Крис Вилијамс, извршија седумчасовна вселенска прошетка за да ја поправат роботската рака на Меѓународната вселенска станица (МВС), соопшти синоќа американската вселенска агенција, пренесе ДПА. Астронаутите замениле зглоб од околу 90 килограми на раката за време на активност надвор од леталото, соопшти НАСА. Роботските раце на МВС се користат за задачи што вклучуваат приклучување на вселенски летала. Ова ...
АД „Пошта на Северна Македонија“ во соработка со Амбасадата на Соединетите Американски Држави денеска организираат промоција на пригодна поштенска марка по повод 250 години од независноста на САД. На настанот ќе присуствуваат претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави и на АД „Пошта на Северна Македонија“. АД „Пошта на Северна Македонија“ во соработка со Амбасадата на Соединетите Американски Држави денеска организираат ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...