Општина Чаир распиша Јавен повик за доделување финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективни станбени објекти на територијата на општината, со цел подобрување на пристапноста, безбедноста и квалитетот на животот на граѓаните. Право на учество имаат заедниците на сопственици, овластените претставници избрани од сопствениците, како и другите правни форми на организирање, согласно Законот за домување. Јавниот повик, условите, ...

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич, во присуство на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје. За време на обраќањето пред присутните припадници на Армијата генералот Гринкевич го истакна нашето членство во најмоќниот сојуз во историјата. Нашиот придонес во спроведување на ...

Во моментот имаме 168 пациенти што чекаат за бубрег, 37 пациенти што чекаат за срце, 12 за црн дроб и 23 за рожници. Затоа новото законско решение за органодарителство е голем исчекор кон здравствениот систем во државата. Ова го истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција посветена на трансплантацијата. Алиу истакна дека се заокружува еден од најчовечките, најсмели и најуспешно финализирани процеси водени во ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје против Васе Анакиев, кој се товари за кривичното дело примање поткуп. Според обвинението, обвинетиот Васе Анакиев, во својство на директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава побарал и примил значителна имотна корист за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Обвинителството ...

И по денешната средба на координаторите на пратеничките групи во Собранието – нема договор за измените на Изборниот законик. Спорно остана електронското гласање на дијаспората, кое беше црвена линија на ВМРО-ДПМНЕ за договор, но и целосно неприфатливо за СДСМ. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски очекува дека Изборниот законик ќе остане блокиран и дека на следните парламентарни избори ќе се оди со постоечките ...

Луѓето во Русија – дури и некои од најентузијастичките провоени гласови – почнуваат да сугерираат нешто речиси незамисливо: Можеби е време Кремљ да ја запре својата целосна инвазија. Очигледно, работите не одат баш според планот. Се сеќавате ли на рускиот пратеник и поранешен воен командант Андреј Гурулев? Ако ја следите војната во Украина, дефинитивно сте наишле на него – и можеби преживеале гледајќи едно од неговите интервјуа. Тој стана ...

„Пошта на Северна Македонија“ во соработка со Амбасадата на САД во земјава денеска промовираше поштенска марка по повод 250 години од независноста на Соединетите Американски Држави. Поштенската марка не е само филателистичка вредност, туку и симбол на пријателството меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија, беше посочено на промоцијата. – Двесте и педесетгодишнината од американската независност не е само јубилеј на една ...

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција, напиша попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук, нагласувајќи дека со години бил симбол на застојот. Но, ова не значи дека од денеска може да се вози по него. Не! Од денеска се уриваат објекти кои стојат на трасата на патиштата кои треба да ги поврзат општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Процесот беше стопиран со години, откако мостот беше изграден во ...

Вашингтон – Меланија Трамп заработи голема сума од документарец за себе, иако филмот не успеа на кино благајните и не ја постигна очекуваната заработка. Информациите беа објавени како дел од финансискиот извештај на Доналд Трамп, пишува Unilad. Поделени реакции и неуспех на кино благајните Документарецот за првата дама, едноставно насловен како „Меланија“, почна да се прикажува во кината во јануари оваа година и предизвика поделени реакции. ...

Виктор Вилис, фронтменот на Village People и коавтор на нивниот хит „YMCA“, почина, објави неговото семејство. Вилис почина во вторник, 30 јуни. Веста за неговата смрт беше објавена на Фејсбук страницата на Вилис и на официјалната веб-страница на бендот. Во изјавата на неговата сопруга се наведува дека Вилис починал „како резултат на кратка, но агресивна болест“ и побара приватност на семејството „во ова време на голема загуба“. Кој е ...

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата за работа за продолжување на работата на Српската нафтена индустрија за уште 30 дена, до 31 јули, објави министерката за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. „OFAC штотуку нè информираше дека лиценцата за работа за продолжување на работата на НИС е продолжена за уште 30 дена – до 31 јули. На овој начин, рафинеријата Панчево ...

Цената на златото падна под 4.000 долари за унца и е на добар пат кон најлошиот квартален резултат во повеќе од една деценија, откако очекувањата за зголемување на каматните стапки во САД и намалување на интересот од малопродажните инвеститори предизвикаа остар пад на пазарот. Во изминатите три месеци, вредноста на златото се намали за речиси 14 проценти, иако на почетокот на годината достигна рекорд од речиси 5.600 долари за унца, а ...

Агенцијата за филм и Cineplexx продолжуваат со проектот „Македонски филм. На големо платно.“, кој ова лето носи богата програма со бесплатни проекции на македонски филмови. Во текот на јули и август, секој понеделник од 19 часот, во Cineplexx публиката ќе може да проследи внимателно избрана селекција од долгометражни, омнибус, кратки играни и анимирани филмови. Влезот е бесплатен, по принципот „прв дојден, прв услужен“, без претходна ...

Додека сум министер, постојано ќе придонесувам кон здравствениот систем, а и потоа ќе давам максимум од себе за заедницата. Ова го изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања. – Значи, јас уште сум министер за здравство до моментот кога во Собрание ќе се изгласа нов министер, и до тој ден, секоја минута ќе работам и ќе придонесам кон здравствениот систем во државата. Јас кога влегов пред 10 години во ...

„Антропик“ (Anthropic) во вторник соопшти дека Министерството за трговија на САД ги укинало извозните контроли за моделите на вештачка интелигенција Claude Fable 5 и Mythos 5, помалку од три недели откако му беше наредено да го суспендира пристапот до своите најнапредни модели поради ризици за националната безбедност. Американскиот министер за трговија Хауард Лутник, во писмо до „Антропик“ што го виде Ројтерс, рече дека извозните контроли се ...

Премиерот Христијан Мицкоски нема намера да се кандидира за претседател на државата на изборите во 2029 година. На денешната прес конференција тој порача дека по завршувањето на премиерскиот мандат ќе се врати на факултет. Изјавата ја даде во контекст на разговорите за новиот Изборен законик, при што рече дека се шират шпекулации оти предлогот на ВМРО-ДПМНЕ дијаспората да гласа по електронски пат бил поврзан со негова наводна претседателска ...

Мадрид– Во Шпанија минатиот месец регистрирани се 1.028 смртни случаи поврзани со топлотниот бран што ја зафати Европа. Најголем број жртви има во Каталонија, Баскија, Кастиља и Леон, Мадрид и во Андалузија. Тоа е речиси двојно повеќе во споредба со 407 смртни случаи регистрирани во јуни 2025 година. На 23 јуни е регистриран најжешкиот јунски ден досега, со просечна температура од 29,6 степени за цела Шпанија. Според податоците на ...

Со инвестиција од милион евра надградена е безбедносната контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, каде денеска беа пуштени два нови уреди со компјутерска томографија за проверка на рачен багаж, како и две нови автоматизирани ленти – системи за автоматско враќање на корпите – од британската компанија Smiths Detection. Овие системи, како што беше речено на нивната промоција, обезбедуваат многу поголема прецизност во откривањето на ...

Утре и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, локално се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град. По завршувањето на ...

Приведен е 54-годишен тетовец поради сомнение дека фрлал вреќи со отпад во реката Пена, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 18 часот на улицата ‘Љубо Божиновски Пиш’ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С. (54) од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело загадување на животната средина и природата“, се вели во полицискиот билтен. Случајот е пријавен во полиција по ...

Вознемирувачко видео кое се шири на социјалните мрежи прикажува врсничко насилство врз малолетно девојче во скопската населба Аеродром. На снимката се гледа како девојчето, клекнато на колена, моли за милост, додека неколку други девојчиња го навредуваат, му удираат шлаканици и го влечат за коса. Во меѓувреме, присутните не интервенираат, туку го снимаат инцидентот со мобилни телефони и ги бодрат напаѓачите. – Ќутете да слушнеме како ќе пука ...

Патување низ тишината меѓу зборовите, низ местата каде што видливото се претвора во прашање, а прашањето во нова светлина. Во новата поетска збирка „Длабок простор“ на Зоран Анчевски, просторот не е само вселенска бесконечност, туку и нешто што се отвора во секојдневието, во јазикот, во човековата внатрешност и во постојаното движење меѓу надворешното и внатрешното, меѓу минливото и трајното. Книгата во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс ...

Демократската социјалистка Мелат Кирос ја собори долгогодишната претставничка на САД, Дајана Деџет, на прелиминарните избори во Денвер, Колорадо, што се одржаа во вторникот, што е најновото во низата победи на бунтовничката левица на партијата. Триумфот на Кирос дојде една недела откако гласачите во Њујорк ги соборија двајца актуелни демократски конгресмени и го заменија третиот, кој се пензионираше, со кандидати кои водеа кампања за ...

Откако не успеа да ја мине групната фаза на Светското фудбалско првенство, селекторот на двократниот светски првак Уругвај, Марсело Биелса, поднесе оставка на должноста. Легендарниот 70-годишен аргентински стратег седна на клупата на Уругвај пред четири години со задача да го промени стилот на игра и да изврши генерациска смена, но на крајот не го исполни очекувањата. „Овој крај, ова збогување, е многу болно. Поради илузиите што ги имав и ...

Од денес, заради високите дневни температури се воведува целосна забрана за движење во Паркот на прородата Езерани. Од Општина Ресен информираат дека со цел да се спречат секакви можности за пожар на отворено, и како поука од минатогодишните пожари, се воведува целосна забрана за движење во Паркот на природата Езерани. -Паркот на природата Езерани е едно од најзначајните заштитени подрачја во Преспанскиот регион. Со своите трски, влажни ...

Кара Делевињ поставува рекорд! Легендарната манкенка и лезбејка, актерка и музичар зборуваше за својата долга романса со бисексуалната актерка Амбер Херд. Таа откри дека нивната врска не само што го преживеала разводот на Херд од Џони Деп, туку всушност и претходела на него. Во разговор со подкастерот Луис Теру, Делевин отворено зборуваше за својата долгоочекувана романса со Херд. Во 2013 година, Делевињ глумеше во мистериозниот филм за ...

Папата Лав направи последен обид да ја убеди бунтовничката група ултраконзервативни католици да се откажат од плановите за ракополагање на свои бискупи без одобрение од Ватикан, нарекувајќи го „расколничкиот чин“ „грев од екстремна тежина“. Здружението на Свети Пиј X (SSPX), основано во швајцарското село Екон во 1970 година за да се спротивстави на либерализирачките реформи во католичката црква, планира да ракоположи четири нови бискупи во ...

Вашингтон – Актерката Блејк Лајвли бара повеќе од осум милиони долари оштета од Џастин Балдони, откако беше отфрлена неговата тужба за клевета. Според Балдони, Лајвли лажно го обвинила за сексуално вознемирување за време на снимањето на филмот „Ова завршува со нас“ – За успешно отфрлање на тужбата беше вложен обемен правен ангажман, кој беше клучен за постигнување целосна победа во постапката, наведоа нејзините адвокати. Лајвли ги плати и ...

Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич (Alexus G. Grynkewich) во рамки на посетата на нашата Армија денеска заедно со генералот Сашко Лафчиски ќе ги посети припадниците на Армијата на настан што ќе се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје. Генералот Алексис Г. Гринкевич како командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), ја има севкупната команда над операциите на НАТО на ...

БРИСЕЛ – Влезот на Црна Гора во Европската унија ќе чини 3 милијарди евра во текот на следниот буџет на блокот, соопшти Европската комисија. Малата балканска земја, која се очекува да се приклучи на блокот во 2028 година, треба да добие субвенции на земјоделците и регионални исплати од централната готовина на ЕУ откако ќе стане полноправна членка. Ова би чинело приближно 1 евро дополнително за секој даночен обврзник на ЕУ во следниот буџетски ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
8.16
29%
1011
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
0.45
37%
1011
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
3.97
36%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.61
34%
1011
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
1.59
28%
1010
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
2.68
40%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
6.91
24%
1010
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.3
29%
1010
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
1.34
38%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 34ᴼ
3.58
36%
1013
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
6.34
90%
1009
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Рутениум

53852.50

Злато

137126.15

Бакар

13.54

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Платина

55652.94

Калај

56.77

Паладиум

43435.66

Сребро

2005.37

Алуминиум

3.27

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29