Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Со изведување материјални докази денеска продолжи судењето против деветтемина полициски службеници обвинети во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, додека испитувањето на сведоците беше одложено поради потребата од утврдување на статусот на повеќе класифицирани документи предложени како докази во постапката. На почетокот на рочиштето, Судот соопшти дека од Министерството за внатрешни работи е доставен извадок од Правилникот за ...
Беше пребирлив, талентиран, ексцентричен, џентлемен, со свој стил на живот и не се оптоваруваше со другите. Перфекционист и со изборот на песните и со изгледот. Текстовите му беа најсилна страна, вели хитмејкерот и композитор Григор Копров за поп-ѕвездата Владо Јаневски, во разговор за „Независен“. На времето, кога не постоеја социјалните мрежи и врските, требаше да бидете талентирани, да имате амбициозни родители, да пеете во „Златно ...
Се запали гнездо во Росоман, спасени и згрижени се мајка и три млади штркчиња. Пожарот избувнал од засега непознати причини, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите птиците биле спасени. – Откако ги спасивме птиците, добри луѓе ги згрижија во Росоман и, како што ни рекоа, утре најверојатно ќе им направат ново гнездо во кое ќе бидат сместени, изјавија од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци. Според очевидци ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во 2025 година во седум предмети, против 39 физички и 20 правни лица, има поднесено барања за замрзнување на имот во вкупна вредност од 27 милиони евра, што споредено со претходната 2024 година, кога изнесува 5,7 милиони евра е поголемо за пет пати. Постапките за овие предмети, како што беше посочено на разгледувањето на Годишниот извештај за работата на ОЈО ГОКК пред ...
Пред Велика Британија и Франција да ги имаат најголемите колонијални империи во светот, главни колонизатори беа Португалија и Шпанија. Овие две земји тргнаа да најдат алтернативен пат до Индија за да им помогнат на своите економии, секоја правејќи го тоа на свој начин. Кога овие две европски сили се судрија за територија, тие одлучија да го поканат папата да дејствува како арбитер, што на крајот доведе до потпишување на Договорот од ...
Во четврток наутро, два дена пред почетокот на Тур де Франс 2026, францускиот спортски весник „Л’Екип“ го постави Пол Сексас, големата велосипедска сензација, на насловната страница. „Французите се на работ на своите столчиња ова лето“, пишува во насловот под портретот на 19-годишниот Французин. Во интервјуто, Сексас весело се согласува со возбудата. Сеишас е возбуден за својот прв Гранд тур и својот прв Тур де Франс. Врвниот талент добро ...
Вулканот Етна на Сицилија повторно се активираше и исфрли лава, но и најголемите облаци од пепел што италијанскиот остров ги видел во последните години. Според локалните медиуми, вулканската активност на Етна продолжува по пукнатината што се отворила на 26 јуни во кратерот Вораџине, кој се наоѓа на врвот на вулканот на надморска височина од околу 3.000 метри. Од пукнатината во кратерот се исфрлаат различни количини пепел и тече лава. Текот на ...
Насилството меѓу врсници бара меѓуинституционален одговор, каде покрај МВР, би се вклучило и МОН, како и социјалните служби, но и судовите и обвинителството, смета министерот за внатрешни работи, Панче Тоѓковски, но признава дека бројката на полицајци, не е доволна за да се воспостави позорникарска служба, односно да патролираат полицајци секаде каде што се движат граѓани. – МВР за овој како и за сите останати случаи ги презеде сите оние ...
ЈП Железници инфраструктура соопшти дека од денеска ќе бидат пуштени во сообраќај патничките возови кои беа запрени поради изведување градежни работи на пругата Скопје – Велес, како дел од активностите за проектот „Градски воз“ во делот од станица Скопје до станица Зелениково. Прекинот во сообраќањето на возовите траеше од 22. минатиот месец, од кога се одвиваа ремонтни активности за првата фаза од „Градски воз“ за поврзување од Зелениково ...
Одлуката на Русија да започне целосна инвазија на Украина досега резултираше со повеќе од два милиони жртви, а само руските загуби се проценуваат на околу 450.000. Студијата ги проценува вкупните руски жртви, меѓу кои се убиените, ранетите и исчезнатите, на 1,4 милиони, објавува Си-Ен-Ен. Студијата на Центарот за стратешки и меѓународни студии (ЦСИС) вели дека 1,4 милиони руски жртви претставуваат околу 1% од населението на земјата. ...
Вашингтон – Американскиот актер и активист Дени Гловер, најпознат по улогата на харизматичниот полицаец во серијата „Смртоносно оружје“, откри дека боледува од Алцхајмерова болест. Овој 80-годишен актер четири пати е номиниран за наградата Еми. – Пред три години ми беше дијагностицирана прогресивната болест која ја уништува меморијата, изјавил Гловер за списанието Пипл. Сè уште не можам да го прифатам тоа. Има моменти на кои сè уште се ...
Ново финансирање од странство ќе се реализира до крајот на годината, но не пред септември, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. За колкава сума станува збор, се уште не се знае, а понуди веќе се прибираат и ќе се избере најповолната. Причината за странското финансирање, објасни Димитриеска-Кочоска, е за да се намали притисокот врз некои од домашните банки. -Се што е планирано, ќе се реализира. Единствената ...
До партијата Левица стигнале информации за можно незаконско користење на државна механизација, уништување на шумски фонд и оштетување на културно наследство на подрачјето на Општина Демир Хисар. „Според информациите доставени до Левица, во периодот од 27 до 29 јуни 2026 година, на локалитетот ‘Бели Камен’, во атарот на селото Церово, со употреба на булдожер во сопственост на ЈП ‘Национални шуми’, Подружница ПШС ‘Бигла’ Демир Хисар, бил ...
„Замислете да им дадете можност да управуваат со институции. Замислете да им дадете можност тие да одлучуваат за вашата иднина. Кога тие во очи ве гледаат и ве лажат, а зад завеса прават нешто сосема друго“. Вака денеска од Неготино премиерот Христијан Мицкоски ги оквалификува пратениците на Левица и лидерот на партијата Димитар Апасиев поради тоа што поднесоа 3.500 амандмани на Изборниот законик. „Јас би сакал да кажам дека политичката ...
Во годината кога одбележуваме 30 години од првиот концерт, решивме дел од прославата да им ја препуштиме на другите. Ја препуштаме на пријателите, на музичарите со кои сме се сретнале по патот и на оние што во некој момент влегле во нашата музика, а потоа ја понеле со себе. FOLTIN RE:COMPOSED е албум составен од нови читања на композиции од Фолтин, создадени од музичари од Македонија и регионот. Секој од нив избра по една песна и ја ...
Македонско-американски тим археолози, професионалци од НУ Завод и Музеј-Битола и од Универзитетот Кал Поли Хамболд од Арката, Калифорнија, САД, продолжија со ланските истражувања на археолошкиот локалитет Градиште, кај битолското село Црнобуки. Да го откриеме минатото за подобро да ја градиме иднината. Ние, ја откриваме приказната за нашите предци како достојни наследници, велат од тимот кој деновиве интензивно работи на археолошкиот ...
Почна уривањето на објектот „Али Тобако“ на Бит Пазар, кој со години се наоѓаше на пешачката и велосипедската патека. Градоначалникот на Скопје, орце Ѓорѓиевски објави и фотографија на која се поздравува со сопственикот на „Али Тобако“, со коментар: „Со добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение!“ Отстранувањето следува откако Ѓорѓиевски, најави дека ќе се расчистуваат дивопоставените објекти кои, како што рече, го узурпираат ...
Британската поп-сензација „Дјуран Дјуран“ вечерва од 21 часот, по концертот во Софија, ќе одржи прв концерт во Скопје, во „Борис Трајковски“, во рамките на турнејата низ Европа, вклучувајќи концерти во Данска, Холандија, Чешка, Унгарија, Србија, како и три специјални настапи во Италија ова лето: 7 јули во Верона, 9 јули во Казерта и 11 јули во Кодроипо. Дина Јашари и нејзиниот бенд се официјалниот opening act на концертот на Duran Duran во ...
БИТОЛА – Несфатливо е како Македонија има вишок на домашно сурово млеко кога сточарството изумира, се продава стоката, се затвораат фармите. Ова е дилемата која ги мачи сточарите од Малешевијата, според кои состојбата во сточарството е сериозно тешка поради што по протестот на пелагониските сточари на мирен протест излегоа и сточарите од Источниот регион. Државата на име на субвенции кон макдедонските земјоделци должи околу 70 милиони евра, ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска е задоволна од наплатата на даноците. Како што рече денеска, по отчетот за сработеното во изминатите две години, јуни има сериозен раст на сите даночни приходи Одговорајќи на новинарски прашања, Димитриеска-Кочоска најави и измени во однос на глобалниот минимален данок. „Задоволна сум од тоа што е поставено како таргет кога станува збор за УЈП и Царинската управа. Во однос на глобалниот ...
Во текот на вчерашниот ден, поради невремето и обилните врнежи во Скопје, беше регистрирано протекување на вода на нивото -1 од објектот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, каде што е лоциран Одделот за радиотерапија, информираат од Клиниката. Како превентивна мерка, додаваат, апаратите беа привремено исклучени. -По санирањето на протекувањето, просториите беа исчистени и дезинфицирани, а апаратите беа проверени од ...
Магацинот на издавачката куќа „Антолог“ беше поплавена во вчерашното невреме, уништени се илјадници книги, возило, целиот инвентар, техниката. Од познатата книжарница сметаат дека невремето ги одзело нивните минато, сегашноста, но и иднината. На верните читатели им порачуваат дека сега не се во можност да им ги достават нивните нарачки. „Драги Антологџии, „Антолог“ каков што го познавате и го сакавте – повеќе не постои. Огромното невреме што ...
Германскиот федерален обвинител поднесе обвинение против украински државјанин осомничен за саботажа на гасоводите „Северен тек“ во 2022 година, објави германскиот новински медиум „Тагешау“ (АРД) на 1 јули. Осомничениот е Сергеј Кузнецов, кој беше екстрадиран во Германија во ноември 2025 година. Серија експлозии во септември 2022 година ги потресоа контроверзните гасоводи „Северен тек“ 1 и 2, уништувајќи три од четири клучни гасоводи што ги ...
Црвен крст – Општинска организација Кочани денеска кај Градскиот пазар во Кочани спроведе превентивни здравствени прегледи наменети за населението. На заинтересираните граѓани им беше измерено крвен притисок и шеќер во крвта при што им беа дадени совети за нивна регулација. Притоа, беа поделени и едукативни флаери за заштита од топлотен бран. Прегледите ги спроведоа волонтери, студенти на медицина и медицинско лице. Вкупно беа прегледани ...
Бранови руски ракети и ударни дронови го погодија Киев во текот на ноќта на 2 јули, само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува уште еден голем напад врз Украина. Најмалку седумнаесет лица се убиени, соопшти Државната служба за вонредни состојби на Украина, додавајќи дека операциите за пребарување и спасување се во тек на неколку локации, вклучувајќи ја и делумно урнатата повеќекатна станбена ...
Власта се обиде Изборниот законик да го протне без вистински политички консензус, игнорирајќи суштински прашања кои директно влијаат врз фер и демократскиот изборен процес и вметнувајќи одредби што никогаш не биле предмет на јавна расправа или политички договор, тврди Левбица во денешната реакција, демантирајќи ги практично твдењата на владеечката ВМРО-ДПМНЕ дека левица го блокира законот – иако и биле прифатени забелешките. Според Левица, ...
Во Полициска станица извршен разговор со две малолетнички и нивни родители во врска со насилството во скопски Аеродром, следуваат кривични пријави На 01.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два ...
Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведен од страна на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ), Еко Логик и Флоразон, денеска беше дониран компостер во ЈУОДГ “Орце Николов“. На настанот присуствуваше и градоначалникот Сотир Лукровски кој ја поздрави реализацијата на оваа иницијатива, истакнувајќи дека создавањето одговорни навики кај најмладите ...
Италијанската влада го блокира одобрувањето на пакетот за воена помош на НАТО за Украина за 2027 година во вредност од 79,8 милијарди долари, објави германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ), повикувајќи се на дипломатски извори. Ова го доведе во прашање продолжувањето на обврските за финансиска поддршка за Киев за следната година, пишува The New Voice of Ukraine. Италијанско противење Амбасадорите на земјите-членки веќе се ...
Mинистерот за одбрана, Владо Мисајловски, соопшти денес дека пристигнале сите ЏИВАТИ возила, дека во понеделник во пристаништето во Солун ќе стигнат и сите страјкери, така што до крајот на месецот ќе се заокружи целиот договор со САД во вредност од околу 339 милиони евра. -Од новите договори со САД, сакам да информирам дека потпишаме договори за лесно пешадиско воружување, набавка на беспилотнио системи, опрема за сајбер заштита на единиците ...