Иднината без чад од цигари за многумина кај нас звучи како нереална претпоставка и обична утопија, но водечките компании во оваа бранша, како Филип Морис Интернешенел, веќе се длабоко навлезени во ваквите револуционерни промени во навиките, а во некои земји како во Шведска, користењето цигари е сведено на минимум, во полза на други иновативни производи. Никотинските кесички, но и други производи без чад се алтернативата која овозможи Шведска ...

Основното јавно обвинителство Скопје синоќа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. -На 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во ...

Кинотеката на Македонија во текот на јули 2026 година ќе понуди богата филмска програма, која ги обединува најзначајните достигнувања на македонската кинематографија – од класиците и филмското наследство до современите авторски остварувања, омажи и специјални проекции, кои отвораат простор за ново читање на македонската филмска историја. Месецот почнува со омаж на Горан Стефановски – еден од најзначајните македонски драмски писатели, ...

Сточарите од Пелагонија утре излегуваат на мирен протест во Битола за да си ги побараат субвенциите за 2025 година по грло и премијата за млекото која не им е исплатена една година. Утре е крајниот рок за исплата на субвенции за минатата година, а нема најави дека тоа ќе се случи. Незадоволни од ситуацијата во која се наоѓа сточарството и исплатата на државната помош, сточарите повикуваат протестот да биде мирен, но помасовен и да им се ...

Античкиот град Ефес во Турција деновиве е домаќин на исклучителен културен настан. Во оваа позната археолошка дестинација се одржува деветтиот Меѓународен фестивал на опера и балет, на кој од петокот минатата недела па сѐ до 8 јули под отворено небо ќе може да се следи богата програма, што ги вклучува и величествените „Лебедово Езеро“, „Кармина Бурана“ и „Тоска“. Летото е период во кој блескаат отворените сцени во Турција. Станува збор за ...

Одборот за мир создаден од американскиот претседател Доналд Трамп, кој треба да се занимава со управувањето со Појасот Газа, планира да си додели правен имунитет во голем обем и можност за бесплатно земјиште во Газа, тврди британското издание „Гардијан“, повикувајќи се на резолуцијата што ја има погледнато. Според нацрт-резолуцијата, организацијата на Трамп би можела да добие бесплатен државен имот во границите. Дополнително, резолуцијата, ...

Израелската влада официјално призна дека се случил ерменски геноцид од 1915-1916 година во време на Отоманската империја. Одлуката беше едногласна. „Историска одлука: израелската влада едногласно го одобри предлогот на министерот за надворешни работи Гидеон Саар за признавање на ерменскиот геноцид“, се вели во соопштението на израелската влада. Гидеон Саар, кој минатата недела објави дека ќе го поднесе законот за признавање на ерменскиот ...

Македонија е во шок по веста за смртта на Владо Јаневски, еден од најзначајните македонски пејачи, композитори и текстописци, со статус на ѕвезда, со изглед на дасо и волк самотник, по свое убедување. Почина вчера, по кратко боледување, на една од скопските клиники, на 65 години. Замина тивко, без поздрав, ко вчера да беше неговиот мегаконцерт заедно со Бајага, во „Борис Трајковски“. На пресот на Авалон, последен пат се видовме, кога ми ...

„Спејс Икс“ (SpaceX) стана едно од најбрзите дополнувања на Насдак-100, предизвикувајќи нов бран на купување од пасивни инвеститори помалку од еден месец откако компанијата стана јавна. Насдак објави по затворањето во петокот дали „Спејс Икс“ се квалификува за вклучување во индексот на референтна технологија. Под претпоставка дека компанијата се квалификува, фондовите за следење на индексот и другите спонзори на производи ќе почнат да ...

Измените на Изборниот законик, коишто до петокот во Министерството за правда се усогласуваа од членовите на работна група, би можеле денеска да се најдат на собраниска седница како предлог на пратеници. Предлогот треба да биде потпишан од пратеничките групи и формално да биде доставен до Собранието. Бидејќи СДСМ го бојкотира учеството во работната група поради тоа што пржинската влада се укина без консензус, не е познато од кои пратенички ...

Во Скопје почина Сашо Миленковски, истакнат македонски режисер, потврдија од Драмски тетар. Имаше 63 години. Неговата професионална кариера започнува уште пред дипломирањето на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје, преку ангажманот во мултинационалниот проект КПГТ во Суботица (1988-1991), кој се разви во значајна сцена за современи театарски експерименти и меѓународна соработка. Во својата богата кариера Миленковски има ...

Командантот на 154-та посебна механизирана бригада на вооружените сили на Украина, полковник Володимир Коноников, е пронајден мртов, соопштија украинските воени и полициски власти. Околностите на неговата смрт сè уште не се познати, а случајот го истражуваат надлежните органи. „Во недела, 28 јуни, командантот на 154-та посебна механизирана бригада, полковник Володимир Олександрович Коноников, беше пронајден мртов. Околностите на смртта на ...

Крадци на мотоцикли врзани за бандери, наоѓа мексиканската полиција, а за тоа е одговорен непознат човек кого медиумите го нарекоа Бетмен. Мексиканската полиција бара човек со прекар Бетмен од локалните медиуми, за наводно бркање осомничени крадци на мотоцикли низ градот и врзување за улични светилки со селотејп. Најмалку пет мажи беа пронајдени залепени за улични светилки во период од 10 дена, почнувајќи од 13 јуни, во областа Лагос де ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека повеќе од 70 улици на територијата на Општина Чаир носат имиња на значајни личности и настани од албанската историја, меѓу кои е и улицата именувана по Народното движење на Косово (ЛПК). Меџити нагласи дека именувањето на овие улици е спроведено согласно сите законски и институционални процедури, а нивните имиња се евидентирани во сите официјални документи на граѓаните. „Повеќе од 70 ...

Репрезентативците на Канада со триумфот над Јужна Африка први изборија пласман во осминафиналето, а победничкиот гол го постигнаа во судиското надополнување на вториот дел. Задоволството по триумфот секако беше огромно. – Настапот беше добар и дисциплиниран. Навистина сум горд на нашиот тим. И мислев дека беше заслужена победата и добро одигран натпревар. Општо земено, мојата цел на овој турнир, освен инспирирањето на нашата нација, беше да ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски поднесе предлог-закон до парламентот за воспоставување национален пантеон во чест на хероите на земјата, јави ДПА. „Денеска, до парламентот поднесов закон за украински национален пантеон“, рече Зеленски вчера во обраќањето по повод Денот на уставот. „Имињата на сите херои, низ различни векови и епохи, кои се бореле за Украина и ја инспирирале Украина ќе бидат собрани заедно и засекогаш врежани во ...

Ребалансот на буџетот беше најавен уште по завршувањето на првиот квартал кога бомбастично беше објавена „историски“ највисоката реализација за капитални трошоци. Сега истите гласноговорници молчат бидејќи капиталните расходи драстично паднаа и во ек на градежна сезона, во мај, тие се на „историски“ ниско ниво, под милијарда денари. Притоа се занемаруваше фактот за енормно високиот дефицит и тој се оправдуваше дека е резултат токму на ...

Температурите вчера достигна 40 степени Целзиусови во некои делови од Европа, додека бури ги погодија други области, а рекордните топлотни бранови ги преплавија здравствените системи и го нарушија транспортот и производството на електрична енергија низ целиот континент. Франција регистрираше уште 1.000 смртни случаи поврзани со топлината, соопшти францускиот институт за јавно здравје Санте Публик. Повеќето од смртните случаи се меѓу постарите ...

Во рамки на КРИК – фестивал за критичка култура, вечер во 20 часот во Музеј на современа уметност ќе се одржи предавање на шведскиот филозоф Мартин Хеглунд, насловено „Овој живот – критика и еманципација“. Предавањето ќе понуди можност за продлабочено размислување за врската помеѓу љубовта и политиката, помеѓу личната посветеност и колективната одговорност, како и за потенцијалот на демократскиот социјализам да создаде услови во кои секој ...

Во рамки на фестивалот Скопско лето, вечерва со почеток во 20:30 часот, на отворената сцена на „Кеј 13 Ноември“, споменик на Гемиџиите, ќе се одржи концерт насловен „Македонија во нас“ на кој ќе учествуваат народните ансамбли „Светлост“ од Мелбурн и „Македонски бисери“ од Волонгонг. Овој настан е во соработка со Националната агенција за иселеништво на Македонија, а влезот е слободен. Народните ансамбли „Светлост“ од Мелбурн и „Македонски ...

Општина Кочани доцна синоќа упати соопштение со кое ги известува граѓаните дека во текот на вчерашниот ден е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода во населените места Оризари, Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог, Тркање и Мојанци. -Додека вообичаената потрошувачка изнесува околу 23 литри во секунда, во моментов е евидентирана потрошувачка од 53 литри во секунда, што претставува повеќе од двојно зголемување и сериозно го ...

Топлото време продолжува, денеска се очекуваат температури до 39 Целзиусови степени. Како што информираше Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен ...

Собранието денеска ќе одржи три седници, 109., 105. и 104., во чии рамки ќе бидат разгледани повеќе предлог-закони, извештаи и предлог-одлуки. Пратениците на 109. седница ќе ги разгледаат Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, Дополнетиот предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри во второ читање, ...

По трите дена извонредни настапи и три победи во квалификациите на Вимблдон, македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше неколку денови за подготовка за својот прв Гренд слем меч. Ѓорческа во првото коло ќе игра против Аманда Анисимова од САД, која лани беше финалистка на Вимблдон и на годинашниов турнир е рангирана како шеста носителка. Во пресрет на утрешниот меч Ѓорческа изјави: – Квалификациите минаа одлично. Од секогаш знаев и верував ...

Пакистан повторно нападна цели во соседен Авганистан, објаснувајќи дека нападнал скривалишта што ги користат милитантите, вклучувајќи ги и пакистанските талибанци. Пакистанскиот министер за информации, Атаула Тарар, доцна синоќа на Икс изјави дека безбедносните сили спровеле копнена операција по должината на пакистанско-авганистанската граница, пренесе ДПА. Потоа следеа напади врз скривалишта и бази во пограничниот регион што го користат ...

Ноќеска неколку минути после полноќ бил почувствиван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар. -Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0, соопшти Сеизмолошката опсерваторија. Според досегашните податоци со ...

Татко и син беа спасени вчера од урнатините во венецуелската држава Ла Гуаира, четири дена по разорните земјотреси што ја погодија земјата. Ова им дава надеж на француските и американските спасувачки тимови кои се тркаат со времето за да најдат повеќе преживеани. Спасувачката операција траеше 12 часа, со континуирани напори на екипи кои внимателно ги испитуваа урнатините со специјализирани камери за пребарување, внимателно поминувајќи низ ...

Канада синоќа ја победи Јужна Африка со гол во судиското продолжение и се пласираше во осминафиналето на Светското фудбалско првенство 2026. Натпреварот се одигра во Инглвуд, Калифорнија, САД. Единствениот гол го постигна Стивен Еуштакиу во 90+2. минута. Канада за прв пат во својот трет Мундијал стигна до плејофот за Светското првенство. Во осминафиналето северноамериканскиот тим ќе се соочи со победникот од натпреварот Холандија – Мароко. ...

САД очекуваат со следните денови понатамошни разговори со Иран и покрај неколкуте напади за време на прекинот на огнот, изјави синоќа за ДПА висок функционер на американската администрација. „Ништо не е откажано“, рече функционерот. Техничките разговори за спроведување на меморандумот за разбирање и во наредните денови остануваат „на добар пат, како што е планирано“, рече функционерот, додавајќи дека каналите за олеснување на конфликтите се ...

Програмата на годинашното издание на Галичка свадба денеска официјално ќе биде претставена на прес-конференција во Скопје. На настанот ќе бидат претставени и годинашните младенци, облечени во традиционалните галички свадбарски носии. Пред присутните ќе се обратат генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ, државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска-Ѓоргова, претседателот на месната заедница ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.48
30%
1010
weather icon

Белград

37ᴼ / 36ᴼ
0.45
36%
1011
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
4.34
37%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.89
32%
1010
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
1.07
24%
1009
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
1.34
50%
1015
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
3.58
40%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.64
26%
1010
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.25
29%
1009
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
0.89
41%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
4.92
33%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
6.08
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Цинк

0.00

Калај

56.77

Сребро

2005.37

Платина

55652.94

Бакар

13.54

Паладиум

43435.66

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Злато

137126.15

Алуминиум

3.27