Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Според прогнозата на Управата за хидро-метеоролошки работи (УХМР) минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени. Во Скопје ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче најави политички и кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на изборниот процес. – Овие избори се показател за тоа како да се поставиме и како да функционираме во следниот период. Затоа што очигледно е дека е потребно, особено во тие општини каде што не го постигнавме посакуваниот резултат – да продолжиме со интензивна работа. Дозволете да најавам политички и кадровски промени во ...

Возач неуспешно се обидел да помине со својот автомобил преку подвозник каде имало насобрана вода поради интензивните врнежи од дожд во Тетово, информираат од Центарот за управување со кризи. Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена пријава дека во населбата Дарданија (Општина Тетово), во близина на подвозникот кај полигонот, се насобрала поголема количина вода. Едно патничко возило се обидело да помине низ водата, при што останало заглавено. ...

Здружението на ловци „Стогово“ од Дебар предупредува на загрижувачка појава на диви животни како што се мечки, диви свињи, волци и лисици во градот и во населените места. Дивите животни се приближуваат до населените места и влегуваат во нив. Оваа појава претставува зголемена опасност за жителите во руралните подрачја, но и во градот. „Овој феномен најчесто се случува во есенскиот период, кога дивите животни, особено мечките бараат повеќе храна ...

Како коалиција веќе сме во завршна фаза на нов закон за употреба на јазиците на етничките заедници, вели Горан Минчев, министер за јавна администрација и генерален секретар на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Минчев вечерва во гостување во „Тема на денот“ се осврна на очекувањата за вториот изборен круг на локалните избори истакнувајќи оти не верува дека има атмосфера на неподдршка во рамки на коалицијата, по укинувањето на алатката ...

Белгискиот премиер Барт де Вевер го запрел планот на Европската унија за користење на замрзнатиот руски имот во Европската Унија при што со парите би бил одобрен заем од 140 милијарди евра за Украина. Причината, според дипломатски извори, е стравот дека рускиот претседател Владимир Путин би возвратил со воен напад директно на белгиска територија, каде што се чува дел од имотот, јави Јутарњи лист. – Ако Русија навистина ги побара парите (од ...

Европската комисија утврдила дека Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) со тоа што не ја исполниле својата обврска да им овозможат на истражните органи соодветен пристап до јавни податоци. Истрагата покажала дека социјалните мрежи воспоставиле сложени процедури и алатки за истражните органи при барањето пристап до јавни податоци. Ова често ги остава со делумни или несигурни податоци, што влијае на ...

Меѓународните безбедносни сили што ќе бидат распоредени во Појасот Газа според условите на договорот за прекин на огнот ќе мора да бидат составени од земји на кои Израел нема да има забелешки, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио, кој е во посета на Израел. Тој додаде дека идното управување со Појасот Газа сè уште не е финализирано помеѓу Израел и партнерските земји, но нагласи дека тоа не може да го вклучува Хамас. Рубио ...

Шест лица загинаа во ноќниот напад на американската војска врз брод за кој се тврди дека управувала венецуелска банда за трговија со дрога во Карипското Море, објави денес американскиот министер за одбрана Пит Хегсет. Овој напад беше објавен на социјалната мрежа X и беше прикачено видео од бродот што беше уништен од експлозијата. Според министерот Пит Хегсет, САД извршија смртоносен напад по наредба на претседателот Доналд Трамп врз брод ...

Анксиозноста е нешто што речиси секој го доживува во одреден момент од својот живот. Може да се должи на претстојна презентација, важен медицински преглед или процедура, финансиски проблеми или болест на блиска личност. Иако емоционалните симптоми како што се грижа, немир и тешкотии при концентрирање се многу чести, анксиозноста често се манифестира преку физички симптоми, како што се замор, главоболка, забрзан срцев ритам и потење, известува ...

Потребно е зајакнување на воената поддршка за Украина, рече попладнево францускиот претседател Емануел Макрон, кој преку видеоврска од Париз се вклучи на состанокот на „Коалицијата на подготвените“, што се одржува во Лондон. – Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина, капацитетите за воздушна одбрана, капацитетите за удар со долг дострел, беспилотните летала и системите против беспилотните летала – рече Макрон. ...

Повеќе стотици познати личности, меѓу кои научници, технолошки визионери, религиозни водачи, медиумски магнати и интелектуалци, потпишаа отворено писмо со кое се бара да се паузира развојот на вештачката интелигенција, додека не се докаже дека таа е безбедна и корисна за човештвото. Имиња како Стив Вознијак, Стив Бенон, Ричард Бренсон и Принцот Хари, го потпишаа овој алармантен повик. Отвореното писмо, објавено од Иницијативата Future of Life ...

Поради можното присуство на тешкиот метал олово, BIOVEGA d.o.o. Како мерка на претпазливост, Загреб го повлече „Ѓумбир во прав Lebensbaum 40g“, објави Државниот инспекторат во среда. Станува збор исклучиво за производот „Ѓумбир во прав Lebensbaum 40g“, број на ЛОТ L102516, со ознака „најдобро до 31.12.2027“, произведен од Ulrich Walter GmbH, Диеполц, Германија, а продаван од BIOVEGA. Производот не е во согласност со европската регулатива за ...

Во време кога цените на храната растат, многумина бараат начини да одржуваат здрави навики во исхраната без високи трошоци. Затоа црвената зелка сè повеќе го привлекува вниманието на нутриционистите. Таа е богата со влакна што помагаат за здравјето на цревата, содржи моќни антиоксиданти и соединенија што го намалуваат воспалението и го стимулираат имунолошкиот систем. Професорот Франклин Џозеф од Dr Frank’s Weight Loss and Health Clinic ...

Од викендов стапува на сила зимскиот распоред на летање, информира Агенцијата за цивилно воздухопловство. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации што ќе ги опслужуваат 17 авиокомпании, како и 13 чартер дестинации на кои ќе сообраќа една авиокомпанија. Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, се предвидени 5 дестинации, на кои ќе сообраќаат три авиокомпании. „Во зимската сезона од 26 октомври до 28 март ...

Енергетската заедница јасно сигнализира дека времето за подготовка истекува, реформите напредуваат, но ниту една од земјите во регионот, вклучувајќи ја и Македонија, сè уште не ги исполнила условите за изземање на електричната енергија од идниот режим на CBAM. Позитивно е што во 2024 година се забрза растот на обновливите извори, а јглеродната интензивност се намали. Contents Сепак, за евентуално изземање ќе треба да се доврши пазарното ...

Литар евродизел ќе чини максимум 193 динари за литар денес од 15 часот до петок, 31 октомври, во исто време, а цената на бензинот европремиум BMB ќе биде 177 динари за литар, објавува „Данас“. Минатата недела, цената на евродизелот беше 192 динари за литар, а бензинот 176 динари за литар, потсетува „Данас“. Ова значи дека и дизелот и бензинот се зголемија за еден динар за литар. За потсетување, српската влада во јули донесе декрет со кој се ...

Геолозите во кинеската покраина Хунан открија едно од најголемите познати наоѓалишта на злато, наречено „суперџиновско“ рудно тело, кое се наоѓа под полето Вангу во округот Пингјанг. Се проценува дека наоѓалиштето содржи околу 1.100 тони злато, чија вредност надминува 83 милијарди долари. Според државните медиуми, откриени се повеќе од 40 златни жили кои се протегаат до длабочина од 3.000 метри, додека 3Д моделите покажуваат дека златната маса ...

Во 2024 година, 17,4% од населението на ЕУ се сметало за субјективно сиромашно, што е подобрување во однос на 19,1% регистрирани во 2023 година, обајави Евростат. Меѓу земјите на ЕУ, Грција има највисока стапка на луѓе кои се сметале за субјективно сиромашни (66,8%), по што следуваат Бугарија (37,4%) и Словачка (28,7%). На другиот крај од скалата, најниски стапки се пријавени во Холандија и Германија (и двете 7,3%) и Луксембург (8,5%). Гледајќи ...

Во петок, владата ја усвои Уредбата за износот на минималната плата за 2026 година, според која таа се утврдува во бруто износ од 1.050 евра. Тоа е зголемување од 80 евра во споредба со минималната за 2025 година, односно за 8,25%. Минималната бруто плата за 2025 година е 970 евра. Износот на минималната плата се утврдува еднаш годишно, најдоцна до 31 октомври во тековната година за следната календарска година. Минималната плата не може да се ...

Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и посветено, народот ќе го цени тоа и ќе те награди. ВМРО-ДПМНЕ го преслика успехот од парламентарните избори минатата година во процентуална вредност, а споредбено со минатите локални, имаме и раст во бројот на гласови, советнички места и градоначалници, се вели во соопштение на Центар за коминикации на партијата. „ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници низ државата и градот ...

Се уште актуелниот градоначалник на Општина Дебрца и независен кандидат за трет мандат на функцијата, Зоран Ногачески, на граѓаните им порача дека независно предноста на противкандидатот борбата не е завршена односно како што рече „вториот круг почнува повторно од нула“. Ногачески кој во првиот круг од Локалните избори одржани на 19 октомври освои 663 гласа, во вториот круг ќе ги одмери силите со кандидатот Златко Сиљаноски од ВМРО-ДПМНЕ и ...

Дезинформација е дека лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе се повлече од политичката сцена по локалните избори, вели потпретседателот на партијата Арбр Адеми. – Не е точно дека претседателот Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката – изјави Адеми за „Слободен печат“, во врска со пишувањата на медиумот на албански јазик „Фол“ дека Ахмети сериозно размислувал да се повлече од активната политика по изборите. Според информациите на медиумот добиени ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, земјава ја очекува променливо и дождливо време во текот на викендот. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во недела најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд, а во текот на ноќта и во понеделник претпладне дождот ќе се прошири на целата територија. „Врнежите повремено ќе бидат пообилни и поројни, со услови за појава на грмежи и засилен ветер“, соопштија од ...

На Универзитетската клиника за Очни болести во Скопје, за прв пат беа извршени хируршки интервенции на ретина/макула со систем за 3D визуелизација NGENUITY® 3D Visualization System. Во изминатиот месец во два наврати беа оперирани шест пациенти со ретинални заболувања од страна на витрео-ретиналниот хирург д-р Лукан Мишев, од соседна Република Бугарија, а доктори од клиниката на одделот за ретина Доц. д-р Наташа Трпевска Шекеринов, Прим. д-р ...

Патот меѓу Македонска Каменица и Делчево е затворен во двата правца откако денеска околу пладне се случила сообраќајна несреќа во близина на селото Илиово. Во судирот учествувале три возила – камион „волво“ со бугарски таблички, автомобил „мерцедес“ и автомобил „фиат“, двата со регистарски таблички од Македонска Каменица. Според информациите од полицијата, за среќа нема повредени лица, но оштетени се возилата, а сообраќајот е целосно блокиран на ...

Ветивме дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа се случи после 20 години, а пензионирањето на Али Ахмети е прашање на време. Ако Билал Касами сака да биде алтернатива на нив, тогаш треба да биде целосно различен од нив, порача во денешното гостување на Радио Лидер, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. – Ние ветивме минатата година дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа се случи после дваесет години. Во текот на кампањата и до формирање на ...

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Могила, Сашо Пивковски, денеска објави дека се повлекува од изборната трка, со што стана јасно дека во вториот круг нема да има гласање, а нов градоначалник ќе биде Драганчо Саботковски од коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот изборен круг, одржан на 18 октомври, Саботковски освои 1.662 гласа, додека Пивковски доби 1.253. Пивковски во својата изјава посочи дека ...

Кривичниот совет при Основниот суд Прилеп ги отфрли жалбите и им го потврди притворот до 30 дена на шесте осомничени за случајот со прилепската болница. Осомничените, четворица од болницата и двајца надворешни, остануваат во притвор во Битола и во Шутка. Бранителот на еден од осомничените, адвокатот Жаре Стеваноски нагласи дека со жалбата ги побиле сите наводи на Обвинителството. Тој смета дека нема основа за притвор, зашто сите цела година во ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во средата воведе санкции против двете најголеми руски нафтени компании и се пожали дека неговите преговори со Владимир Путин за прекин на воениот конфликт во Украина не водат никаде, објави новинската агенција АФП. Во меѓувреме, во Москва, американските санкции беа означени како „целосно контрапродуктивен“ чекор и се тврдеше дека Русија е имуна на нив. Во Москва, денес тврдеа дека Русија е имуна на санкциите ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
7.2
70%
1010
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
88%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
80%
1010
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
9.5
88%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
94%
1012
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.02
89%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
8.23
82%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.24
92%
1013
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
5.66
77%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Сребро

1837.41

Иридиум

145787.60

Бакар

10.76

Злато

135322.28

Никел

471972.96

Алуминиум

2.89

Кобалт

55.67

Калај

40.11

Паладиум

45879.12

Цинк

3.24

Рутениум

29192.88

Платина

53106.37