Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој ќе ја започне својата турнеја низ Азија на крајот од неделата, им изјави на новинарите во Белата куќа дека кинескиот претседател Си Џинпинг би можел да има големо влијание врз рускиот претседател Владимир Путин кога ќе се стави крај на војната во Украина. Кинескиот претседател Си Џинпинг би можел да има големо влијание врз рускиот претседател Владимир Путин како дел од напорите за ставање крај на ...
Светската здравствена организација (СЗО), за првпат откако пред две недели стапи на сила прекинот на огнот во Појасот Газа, пренесе тешко болни и повредени деца на безбедно место, јавува ДПА. Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, објави на платформата Икс дека 41 дете, заедно со 145 придружници, се изнесени од Газа. Сите пациенти се деца, рече портпаролот на СЗО, а поради „оперативни проблеми“, сè уште не може да се открие во кои земји ќе ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ја откажал очекуваната средба со рускиот претседател, Владимир Путин. – Едноставно не ми се чинеше исправно. Не чувствував дека ќе стигнеме таму каде што требаше – па затоа откажав, но ќе го направиме тоа во иднина – изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа, пренесе ДПА. Кога го прашаа дали мисли дека рускиот претседател сака да ја заврши актуелната војна со Украина, Трамп ...
Дваесет и три лица се уапсени во неколкучасовните судири со ирската полиција, која беше гаѓана со петарди, камења и други предмети во уште една ноќ на судири за време на антиимигрантските протести во главниот град Даблин, објави ДПА. Двајца полицајци се однесени во болница откако беа повредени во судирите со демонстрантите. Едниот бил погоден од шише, а вториот се здобил со повреда на рамото. Стотици луѓе и ноќеска се собраа пред хотел во кој се ...
Поранешниот француски претседател Никола Саркози добил смртни закани од друг затвореник во парискиот затвор Ла Санте, каде во вторникот започна да ја отслужува својата петгодишна затворска казна, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител во Париз, додавајќи дека е отворена истрага. „На 22 октомври 2025 година, директорот на затворот Ла Санте го извести обвинителството во Париз за видео кое било споделено на социјалните мрежи, очигледно снимено ...
Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека извршил „чин на војна“ против Русија со воведувањето санкции врз нафтените гиганти и откажувањето на предложениот самит со рускиот претседател Владимир Путин. „Ако некој од многуте коментатори сè уште негувал илузии, еве ви сега. САД се нашиот непријател, а нивниот зборлест ...
ВМРО-ДПМНЕ не може да го скрие падот а бројките се јасни и немилосрдни кон нив. Анализата на пратенички места според гласовите е прецизна математичка операција кој јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би паднале на 52 а пратеници а СДСМ би имал најмалку 21, реагираат од СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во вврска со бројките и добиените гласови од локалните избори. – Очајните обиди за манипулација се резултат на шокот кој го доживеаа и падот од преку ...
Со освоените 550 советнички места низ целата држава и во градот Скопје, како и освоени над 300.000 гласови, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека ја има довербата од народот. ВМРО-ДПМНЕ има раст од 82 советнички места, или во проценти 17,5%. „Од другата страна, опозицијата предводена од СДСМ, освои околу 230 советника, што е за 166 советници помалку од минатите избори или пак во проценти, за 42% помалку места во советите. СДСМ има и енормно намалување и на ...
Во денешно време се соочуваме со поинакви предизвици, но со подеднакво значење за иднината на нашата држава и народ. Како претседател на Владата, свесен сум за секој еден од нив, и покрај сите нив, еден од најважните е битката за стандардот и подобриот живот. Тоа е она што го бара и што му е потребно на народот. И битката за Европската Унија треба да се гледа низ поривот за подобар живот и стандарди, и затоа таа наша цел, и покрај сите удари и ...
Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода. Нашиот, иако по бројност мал, веројатно ја има најживописната борба за слобода, која нè учи дека нема невозможни работи и дека борбата за слобода е еден трнлив пат, испишан со крв и страдања, една голема и долга низа на востанија, на човечки приказни за храброст, за мудрост, но и на предавства, завери, меѓусебни и надворешни борби, подвлече во ...
Последните избори испратија порака и до коалицискиот партнер на СДСМ, Демократската унија за интеграција, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври. – ДУИ доби порака од народот и од Албанците дека доста беше политиканство и злоупотреба на етничките теми за лични интереси и богатење. И овој резултат се случи затоа што тие не разбраа дека додека се занимаваат со орли, ...
Постигнувањето на цензусот е доказ за достоинството и чесноста на граѓаните на Кочани, рече денеска кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кочани, Влатко Грозданов, кој ќе оди во вториот круг на локалните избори. Грозданов порача дека само преку заедништво, отворена комуникација и заедничка одговорност може да се создаде подобра иднина за сите. – Ова е една од најтешките изборни трки во историјата на Кочани. Една трка со најголем товар, ...
Притвор и куќен притвор одреди денеска Основниот кривичен суд Скопје за 12 осомничени за Лихварство и за Перење пари. Како што информираа од Кривичниот суд, за 8 лица е одреден притвор, за три куќен притвор, додека за лицето по кое сè уште се трага, исто така, е одредена мерка притвор. Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека се лишени од слобода 11 лица кои се осомничени за лихварство и за перење пари, а по едно лице се трага. ...
Управата за хидрометеоролошки рабори издаде портокалов и жолт аларм за силен ветер утре во Македонија. „Во теков на ноќва ќе дува јужен ветер, кој утре преку денот ќе биде со засилен до силен интензитет и локално ќе надминува брзина од 70 километри на час“, се вели во предупредувањето од УХМР. Портокаловото предупредување е издадено за Западна Македонија, а жолто за источните и за северните региони. За Струмица, Гевгелија и за Валандово нема ...
Циклусот на политичката моќ во македонскиот блок.Кога историјата се повторува Македонската политичка сцена во изминативе две децении беше сведок на драматични промени на политичката моќ меѓу двете главни партии во македонскиот блок – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Три изборни моменти – легендарниот 15-ти септември 2002 година, парламентарните избори во мај 2024 и локалните избори во октомври 2025 – претставуваат клучни точки на пресврт кои илустрираат колку ...
1314 БЕЛЧИШТА ДЕБРЦА ОПШТИНСКА ЗГРАДА С. БЕЛЧИШТА 1315 НОВО СЕЛО ДЕБРЦА ПРОДАВНИЦА НА ” ОХРИДСКА ТРГОВИЈА “ С. НОВО СЕЛО 1316 БОТУН ДЕБРЦА МЕСНА ЗАЕДНИЦА С. БОТУН 1317 ПЕСОЧАНИ ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. ПЕСОЧАНИ 1318 ЦРВЕНА ВОДА ДЕБРЦА ПРОДАВНИЦА НА ” ОХРИДСКА ТРГОВИЈА “ С. НОВО СЕЛО 1319 ЗЛЕСТИ ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. ЗЛЕСТИ 1320 ВЕЛМЕЈ ДЕБРЦА ЗАДРУЖЕН ДОМ С. ВЕЛМЕЈ 1321 БРЕЖАНИ ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. БРЕЖАНИ 1322 ЛЕШАНИ ДЕБРЦА ДОМ НА ...
Со свечена академија, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше одбележан 23 октомври – Денот на Македонската револуцинерна борба. Пред бројните граѓани и гости свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. – Македонската револуционерна борба е нашето вкоренето чувство за слобода, достоинство и национална припадност. Таа претставува долг и славен процес, исполнет со храброст, жртва и огромна љубов кон ...
Инстант нудлите станаа универзален симбол на брз живот – за неколку минути „ручекот е готов“. Го отворате капакот, додавате топла вода, зачини и добивате „егзотичен“ оброк што мириса на нешто помеѓу Азија и студентски дом. Но, дали некогаш сте погледнале што всушност се крие во тие практични пакувања? Како се прават инстант нудли Повеќето нудли што ги наоѓаме во супермаркетите веќе се зготвени еднаш, а потоа сушени, обично од пченично брашно, ...
Променете ја вашата исхрана и намалете го холестеролот, кој може да биде опасен ризик за здравјето на крвните садови. Вклучете храна во вашето мени што може да помогне во спречувањето на атеросклероза. Различни состојки во храната можат да ви помогнат во диетата против висок холестерол. Некои намирници содржат растворливи влакна што го врзуваат холестеролот и неговите прекурсори во дигестивниот систем. Овие влакна можат да го врзат пред да влезе ...
Ако го почувствувате мирисот на печена свежа риба и на печени пиперки, веројатно се подготвува најздравата и највкусната комбинација која слободно може да ја консумирате секогаш кога имате можност. Уште ако ви се на располагање свежи морски риби од типот на орада, па уште и ако ги испечете на скара, премачкани со ладно цедено маслиново масло со 5 ѕвездички и свеж рузмарин, тогаш навистина ве очекува кралски оброк. Најдобрата здрава храна на ...
Мандарините се вкусно овошје на кое малкумина можат да одолеат. Сепак, често наидуваме на суви, кисели и воопшто не ни го разубавуваат денот. За среќа, ваквите грешки при купувањето може да се избегнат – доволно е да знаете неколку едноставни трикови. Предолго складирање и незрело овошје Горчлив или кисел вкус се јавува кога овошјето не е доволно зрело, додека недостатокот на сочност најчесто е резултат на предолго складирање – тогаш овошјето ...
Во третиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по квадратен метар е 189.231 денари (3.076 евра), односно 280.000 евра за вкупна површина од 91 квадратен метар кој се наоѓа на територијата на општина Центар, покажуваат податоците од Агенцијата за катастар на недвижности. Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 845 новоизградени станови, ...
Декември е време за бајка! Ние те носиме право во срцето на Прага и Виена, каде што Божиќната магија мириса на чоколадо, греано вино, цимет и радост! Термин: 04.12 – 08.12.2025 ПРОМО цена: 159 € (FIRST MINUTE до 01.11.2025) Редовна цена: 189 € Побрзај, местата се ограничени! ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз (високоподен, со аудио-видео опрема) на горенаведената релација 2 НП во Прага, во хотел со 3* Посета на Виена со стручен водич ...
Цената на златото денеска забележа мало закрепнување откако вчера нагло падна. На пазарот денес, унца злато се тргуваше по цена од 4.149,16 долари, што е зголемување од помалку од 0,4%. Вчера, спот цената на златото падна за дури 6,3% на 4.082,03 долари за унца, откако достигна рекордно високо ниво од 4.381,21 долари во понеделник. Фјучерсите за злато во САД го завршија денот со пад од 5,7% на 4.087,70 долари, што е најголем процентен пад од ...
45-годишната Тами Карви од Вајандот, во близина на Детроит, освои 100.000 долари на извлекувањето на „Powerball“ на 6 септември, користејќи го „ChatGPT“ за да ги генерира добитните броеви, објавува Дејли Маил. – Го прашав „ChatGPT“ за сет „Powerball“ броеви и ова се броевите што ги играв – рече Тами во изјава од Лотаријата на Мичиген. Таа рече дека обично игра само кога џекпотот достигнува астрономски височини, а бидејќи наградниот фонд на ...
По конфликт со контролниот акционер околу идниот состав и насока на компанијата неколку членови на одборот на данскиот фармацевтски гигант „Ново Нордиск“, вклучувајќи го претседателот и потпретседателот, ќе се повлечат од своите позиции. Компанијата, позната по своите исклучително успешни лекови за дијабетес и слабеење Оземпик и Вегови, вчера објави дека директорите и Фондацијата Ново Нордиск, која е контролниот акционер, не успеале да постигнат ...
Најскапото возење со такси за стандардно возење од пет километри меѓу градовите во светот е во Цирих, Швајцарија и во европските градови воопшто, додека овие цени се пониски во Северна Америка, Азија и Африка, а најевтиното возење со такси е во Каиро, Египет, објавува глобалното туристичко списание Conde Nast Traveller. Списанието цитира податоци од извештајот на Дојче Банк „Мапирање на светските цени 2025“, кој детално анализира различни цени, ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека се надминати вчерашните проблеми со пристапот до електронските системи. Управата соопшти дека технички се надградени електронските системи со цел нивното користење да биде уште полесно и поедноставно. – Најавата на почетната страница на системот е-ПДД (https://e-pdd.ujp.gov.mk/) сега е пренасочена преку порталот е-даночни услуги (https://e-ujp.ujp.gov.mk/), со што пристапот ...
Перу прогласи 30-дневна вонредна состојба во Лима и Каљао поради бранот насилство од страна на организираниот криминал. Привремениот претседател Хозе Хери може да ја испрати војската на улиците и да ја ограничи слободата на собирање. Земјата е потресена и од недели насилни протести против корупцијата, во кои се повредени повеќе од 200 лица. Перуанската влада денес прогласи вонредна состојба како одговор на бранот насилство од страна на ...
Руските сили утрово нападнаа градинка во Харков користејќи дронови, соопштија високи украински функционери. „Имаше директен удар врз приватна градинка во областа Холоднојарки во Харков, каде што избувна пожар“, изјави градоначалникот на Харков, Ихор Терехов. Според првичните информации, едно возрасно машко лице е убиено, додека сите 48 деца се евакуирани од местото на нападот. Децата не претрпеле никакви физички повреди, но, според украинските ...