Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска објави дека е завршен еден од најголемите инфраструктурни проекти во општината – уредувањето на речното корито со нова трим патека, парк и урбана опрема. Со овој проект, кој чини 65 милиони денари, Бутел добива нов простор за спорт и рекреација, кој, според Костовски, го менува ликот на општината. „Денес е еден од најубавите денови, ден за еден од најголемите проекти кои се реализираа во ...
Двајца кумановчани денеска во СВР Куманово пријавиле дека додека делеле изборен материјал во населбата Средорек биле нападнати од две лица од друга политичка партија. „Денеска во 11:40 часот во СВР Куманово, А.К.(32) и И.С.(33), двајцата од Куманово, пријавиле дека во населбата Средорек во Куманово, додека делеле изборен материјал за една партија, С.С. и Р.Ш. од друга политичка партија агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по ...
„Една од најголемите иницијативи на граѓаните е Хотелот Битола и негово адаптирање во Дом за стари лица. Така ќе овозможиме достоинствен живот за нашите највозрасни сограѓани, со топол дом, грижа и внимание што го заслужуваат“. Вака вели актуелниот градоначалник на Битола Тони Коњановски во промотивно видео од изборната програма. Барајќи ја поддшрката за нов мандат од битолчани, Коњановски вели дека секој голем проект почнува од гласот на ...
Посетата што не требаше да се забележи Во сенката на предизборната врева за локалните избори, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја заврши својата балканска турнеја со посета на Северна Македонија. За разлика од другите држави од регионот, каде што одржуваше заеднички прес-конференции со лидерите, овој пат комуникацијата беше сведена на социјалните мрежи – јасен сигнал дека Брисел не сака да го оптовари домашниот ...
Утре (16.10.2025) започнува 44. Скопски џез фестивал кој ќе трае до 19 октомври. Организаторите најавуваат исклучително богата и квалитетна програма. Сите концерти ќе се одржуваат во Националната опера и балет, а придружната програма, проекциите на документарните филмови во Кино Фросина, МКЦ. Билетите се во продажба онлајн на mktickets.mk а пред самите концерти и на билетарницата на НОБ. На Програма плус денеска (15 октомври) во МКЦ Кино Фросина ...
Европската Унија го подготвува првиот план за прифатливо домување, кој ќе ги опфати прашањата за правата на закупците, шпекулациите со недвижности и краткорочното туристичкo изнајмувањe. – Европската комисија ќе предложи нови правила за справување со „големиот проблем“ со краткорочнoто изнајмување преку платформи како Airbnb и Booking.com, со кои сака да одговори на „социјалната криза“ на луѓето кои се борат со трошоците за живот – изјави првиот ...
Еден од најважните шаховски настани во текот на годината е Европскиот клупски куп, турнир кој традиционално се одржува кон крајот на сезоната, но кој претставува епицентар на шаховските збиднувања поради интересот кој го побудува и квалитетот што го нуди. Популарно наречен шаховска верзија на Лигата на шампионите, ЕКК секоја година го собира кремот, но не само од Европа. Шаховскиот клуб Алкалоид неколку децении го гради својот имиџ доминирајќи ...
По иницијатива на грчката Влада, супермаркетите во Грција најавија намалување на цените на над 2.000 основни производи во просек за 8%. Ова го објави генералниот директор на Сојузот на супермаркетите во Грција, Апостолос Петалас, по состанокот со министерот за развој, Такис Теодорикакис, јави агенцијата АНА-МПА. Иницијативата потекнува од Министерството за развој, а нејзината цел е да ги убеди трговските синџири да го намалат својот просечен ...
Македонскиот преносен систем (МЕПСО) доби грант од 600.000 евра од Француската агенција за развој со кој ќе ја унапредува, модернизира и дигитализира преносната мрежа за електрична енергија. Грантот овозможува насочена техничка помош за унапредување, модернизација и дигитализација на преносната мрежа – суштински чекори за обезбедување стабилно снабдување со електрична енергија, намалување на техничките загуби, зголемување на ефикасноста на ...
Германската влада одобри нацрт-закон за поттикнување на работа по пензионирањето, што би им овозможило на оние кои ќе одлучат да го сторат тоа да заработат до 2.000 евра месечно со ослободување од данок. На ваков начин најголемата економија во Европа се обидува да го намали недостигот на работна сила. Промената треба да стапи на сила на почетокот на 2026 година и се очекува да ја чини државата 890 милиони евра годишно во изгубени даночни приходи ...
Цените во земјоделството за една година се намалиле за 1,6% но нивните трошоците се зголемиле за 3,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, Според нив, во делот на трошоците – инпут, во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, има зголемување на цените на тековно потрошени средства во земјоделството за 3% и зголемување на цените кај средства наменети за инвестиции во земјоделството за 6,7 %. Најголем раст ...
Аматерските астрономи открија необична и мистериозна структура со двоен прстен што се покажува како исклучително ретка во универзумот. Аматерските астрономи, обединети во онлајн заедницата RAD@home Astronomy Collaboratory, додека ги проучуваа податоците од радиотелескопот LOFAR, кој се наоѓа во Холандија, пронајдоа „една од најретките и најмистериозните структури во универзумот“, објавува CNN. Станува збор за таканаречениот „чуден радио круг“ ...
За време на страсниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп пред израелскиот Кнесет, тој јасно стави до знаење дека недостижниот мир во Украина е негов следен приоритет, како и оној на неговиот специјален пратеник Стив Виткоф. И дека тоа е цел за која Трамп се надеваше дека ќе се покаже полесна од она што тој го опиша како мир на Блискиот Исток. Како што пишува CNN во обемна анализа, мирот во Украина можеби не изгледал подалеку откако ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес се појави во Окружниот суд во Тел Авив за да сведочи во неговото судење за корупција по едномесечна пауза. Contents Судењето на Нетанјаху беше одложено поради еврејските празници и неговото патување во Њујорк за 80-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. Израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН објави дека министрите и членовите на Кнесетот од партијата Ликуд на Нетанјаху ...
Руската армија изврши комбиниран напад врз градот Суми во Украина, гаѓајќи нестанбени зони и предизвикувајќи сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода. Началникот на Регионалната воена администрација, Олег Григоров, изјави дека засега нема пријавени жртви, но штетата е значителна. – Непријателот изврши комбиниран напад врз Суми. Има удари кои не се во станбениот сектор. Засега нема жртви – изјави Григоров. Тој додаде дека ...
Едно од четирите тела што групата Хамас ги предаде во понеделникот, 13 октомври, не ѝ припаѓа на жртва што била држена како заложник од страна на палестинската група, потврдила израелската војска по обемна форензичка анализа, јави Би-Би-Си. Меѓутоа, ова не било првпат Хамас да ги измеша телата, пишува медиумот. Во февруари, организацијата ги предала останките за кои тврдела дека ѝ припаѓаат на израелската мајка Шири Бибас и нејзините две мали ...
Германија ќе распореди авиони „Еурофајтер“ во полската воена база во Малборк за подобро да ги заштити источните членки на НАТО, објави германскиот министер за одбрана Борис Писториус, објави ДПА. – Со патролните летови ќе придонесеме за заштита на источното крило. Тоа ќе нè направи уште поактивни, присутни и видливи на источната граница на Алијансата – рече Писториус на маргините на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. НАТО ...
Нема посветла инвестиција од онаа во умот и во срцето на едно дете – Скопје ќе добие две нови средни училишта, фотоволтаици на сите останати, реконструкција на Планетариумот и уште многу други проекти, најави денеска кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопке, Орце Ѓорѓиевски. Образованието е темелот на секој напреден град, основата врз која се гради просперитетот, иновацијата и иднината, порача тој. – Ако сакаме Скопје да биде ...
Денес со гордост зборуваме за проект кој ќе го промени спортскиот живот во нашиот град. Реконструкцијата и изградбата на центарот за спорт и рекреативни активности, познат како поранешната боксерска сала. Овој повик е поддржан во првиот повик на Владата на Република Македонија за капитални инвестиции минатата година. Денес, веќе се гради модерен објект, од над 1000 квадратни метри, вреден повеќе од 40 милиони денари, кој ќе стане вистински дом ...
Почна изградбата на ограда на скопската депонија „Дрисла“, најави денеска министерот за животна средина и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, кој ја посети депонијата заедно со кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. – Поради лошо и хаотично упавување депонијата со години е извор на здравствени и еколошки проблеми. Таа остана неорганизирана, неоградена, со над 700 кучиња кои ги растураат отпадоците во најблиските ...
Од Венко Филипче не очекуваме да знае и да биде економист, но одговорноста налага барем да се консултира со некого што разбира бројки. Очигледно, неговите советници не му ја завршиле домашната задача. Наместо да информираат, тие се обидуваат политички да го „излизгаат“ со неточни податоци за економијата, реагира владата откако лидерот на опозициската СДСМ денеска на прес конференција изјави дека буџетската дупка до крајот на годината ќе изнесува ...
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски по завршување на 21.седницa денеска (15.10.2025) одржа прес-конференција. Koстадиновски ги образложи причините за неповедување на постапка во предметот У.бр.70/2025, по поднесена иницијатива од страна на политичката партија „Левица”. Ја пренесуваме целосната изјава на претседателот Костадиновски: „Судот одлучи да не поведе постапка, едногласна беше одлуката. ...
Пациент од тетовското село Челопек направил вистински хаос во Клиничката болница во Тетово, откако агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал, а потоа физички го нападнал лекарот кој се обидувал да му помогне. Инцидентот се случил вчера попладне, кога 28-годишниот М. М. бил примен во болницата, но наместо да соработува со докторите, почнал да вика и да создава вознемиреност во просториите на установата. Според информациите од полицијата, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција изнесе сериозни предупредувања за економската состојба во државата, обвинувајќи ја владата на Христијан Мицкоски за рекордно ниска реализација на капиталните инвестиции, раст на долгот и создавање буџетска дупка од 1,4 милијарди евра до крајот на годината. Филипче истакна дека реализацијата на капиталните инвестиции до крајот на септември изнесува само 43,78 проценти или околу ...
Со изградбата на автопатите и со реконструкцијата на железничката пруга од Скопје до Кичево, општина Гостивар ќе стане центар на Коридорот 8 во овој дел на Македонија, рече денеска министерот за транспорт Александар Николоски при посетата на Гостивар. – Имаме одлична динамика на изградба на двата автопати, од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани. Веќе заврши и јавниот повик за изградба на автопатот од Букојчани до Кичево и следи ...
Во недела, на 26 октомври 2025 година, завршува летното сметање на времето, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Точно во 03:00 часот по полноќ, стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад, односно времето во 03:00 ќе се смета како 02:00 часот. Со ова, Македонија се враќа на зимското сметање на времето, што значи дека граѓаните ќе добијат еден час повеќе сон во ноќта меѓу сабота и недела. Од ...
Жена од општина Илинден доживеала вознемирувачко искуство во такси возило, откако возачот ја допирал по телото, наместо да ја однесе директно до нејзиниот дом. Според полицискиот извештај, инцидентот се случил на 15 септември по полноќ, кога 37-годишната жена, по патување со такси, забележала дека возачот ја избегнува нејзината дестинација. Откако му се спротивставила на неговите допири, возачот престанал и ја однел до домот. Жената веднаш го ...
Александар Николоски, министерот за транспорт и врски, денес најави радикална чистка во судството и обвинителството по изборите, со ветување дека ќе одговараат сите од СДСМ, ДУИ и Левица што ја злоупотребиле власта. Но прашањето што се наметнува е: како практично ќе се спроведе ова, и дали не станува збор за уште еден во низата предизборни наративи што завршуваат како празно ветување? Contents Проблемот со циклусот на ветувања Секоја политичка ...
Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димчо Атанасовски, вечерва одржа трибина во Македонска Каменица, на која присуствуваа пратеникот во македонското собрание и член на извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, како и носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица, Гоце Стоиловски. Во обраќањето пред голем број присутни граѓани, Атанасовски се заблагодари за довербата и поддршката ...
Пристигна противпожарното возило ,донација за општина Дебрца од тиролската противпожарна бригада, Република Австрија, а кое ќе биде дадено на користење на новоформираното Доброволно противпожарно друштво “Ентузијаст Дебрца.” Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески изразува особена благодарност до донаторот,Противпожарната бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија и до командирот на ТППЕ Охрид,Борко Јанкулоски,кој со својот ...