Белград
12ᴼ /
12ᴼ
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори што се одржа вчера. Како што истакна претседателот на ДИК Борис Кондарко, се гласаше во 32 општини и во градот Скопје, а вкупниот бројот избирачи изнесуваше 1.013.357. Бројот на избирачки места на кои се спроведе гласањето беше 1.777, вкупниот број избирачи кои гласале е 424.923 или 41,93 отсто. Бројот на ...
Во текот на ноември ќе се одржат буџетските форуми на општината, на кои граѓаните се добредојдени да дадат што поголем број идеи и предлози за развој на општината, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. Тој денеска се сретна со раководителите на секторите во општината во врска со проектите што е предвидено да се реализираат во наредните 4 години. – Буџетските форуми поминаа одлично, со голема посетеност и заинтересираност од страна ...
Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка и предложи мерка притвор за лице осомничено за разбојничка кражба. Инцидентот се случи на 19 октомври на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје. Според обвинителството, осомничениот со цигла го скршил стаклото на прозорец од спалната соба во куќата и влегол внатре. Додека пребарувал по собите, пронашол и одзел 1.580 евра и 2.000 денари. Кога се обидел да ја напушти куќата, бил ...
Професор Георги Гоце Дуртаноски, експерт за христијанска палеографија, денеска ѝ врачи на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во нејзиниот кабинет копија од Привилегијата издадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки во 1690 година во Виена. Со овој документ, царот Леополд го прифатил барањето за заштита на Македонците од турското ропство, барајќи од нив да се приклучат во борбата против заедничкиот непријател. ...
Кога опортунизмот станува начин на живот Скопје – “Воопшто да не не чуди што со векови сме сонувале да имаме сопствена држава, таков ни е менталитетот, секогаш со власт, која и да биде.” Овие зборови, иако остри, отвораат една од најболните теми на македонското општество – хроничното приспособување кон секоја власт и губењето на сопствениот идентитет во процесот. Contents Векови наназад, од османлиското владеење, преку балканските војни, ...
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 155 седница ги објави официјалните резултати од вториот круг на Локалните избори 2025 за избор на градоначалник во 29 општини и град Скопје, додека за три општини – Брвеница, Карпош и Шуто Оризари има приговори, кои ќе се разгледуваат денеска на јавна седница на ДИК во 14 часот. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко ги објави официјалните резултати од вториот круг на Локалните избори, со што Орце ...
Премиерот Христијан Мицкоски засега не планира реконструкција во Владата, туку само пополнување на испразнетите места на министрите. Неговиот фокус во следниот период ќе биде партискиот конгрес закажан за 6 декември во Кавадарци и промените во судско-обвинителската област. – А зошто да добие? Тоа не значи дека ќе има ресор повеќе. Тоа си е одлука на нашиот коалиционен партнер. Јас имам високо мислење за Беким Сали, но тоа не значи дека ќе има ...
– Да ги направиме уставните измени, најдобри ќе бидеме и потоа да добиеме ново вето и повторно нови проблеми и тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони. Но, од она кое што е таму напишано јас сум исклучително задоволен, бидејќи нема назадување, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со оценките од Извештајот на ЕК. Мицкоски рече дека има стагнација во неколку области, и оти „тоа и ние ...
Случајот кој предизвика повеќе прашања отколку одговори На 9 август 2025 година во 13:15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено исчезнување кое предизвика низа прашања и сомнежи. И.Т. (52) од Република Бугарија исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца. Она што следеше беше дводневна медиумска конфузија со лажни објави дека нуркачот е пронајден, но сето тоа се покажа како едно ...
Денеска во спомен куќата на Григор Прличев се одржа промоција на најновиот труд „Охридски фолклористи“ од авторите, проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо – Димоски. Со настанот започнаа чествувањата по повод 23- Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба. Пред вљубениците на пишаниот збор за значењето на делото обраќање имаше Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. -Во очи големиот празник, 23 Октомври во прекрасниот ...
Спанаќот, кој често се смета за симбол на здравјето, всушност може да биде најопасниот зеленчук на пазарот. Иако изгледа свежо, домашно одгледувано и полно со живот, неговите тенки листови апсорбираат пестициди како сунѓер, а дел од хемикалиите остануваат во него дури и по темелно миење или готвење. Поради помеката структура на листовите, спанаќот лесно задржува разни видови пестициди, а истражувањата покажуваат дека во просек, содржи повеќе од ...
Долга прошетка на ден е подобра за вашето срце од неколку кратки, особено ако обично не се движите многу, според ново истражување објавено во списанието „Анали на интерна медицина“. Идеално е да одите најмалку 15 минути без запирање, вели студијата. Тоа се околу 1.500 чекори по ред, што е добар тренинг за вашето срце, објавува Би-Би-Си. Многу луѓе се стремат кон 10.000 чекори на ден, но таа бројка всушност доаѓа од реклама за јапонски педометар ...
Во чест на 80-годишниот јубилеј, Македонската филхармонија синоќа одржа концерт во престижната Златна сала на Музикферајн во Виена, еден од најзначајните храмови на класичната музика во светот. Касинос Австрија Интернешенал Македонија со гордост ја поддржа оваа исклучителна музичка вечер, потврдувајќи ја својата долгорочна заложба за унапредување на културниот живот и промоција на македонската уметност пред светот. Настапот под диригентство на ...
Интеграцијата на нашата земја во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) покажува дека не само финансискиот систем во земјава, туку и целокупната економија е подготвена за предизвиците што ќе произлезат од делувањето во заедничката европска рамка, изјави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески на отворањето на Шеснаесеттата конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, што оваа година се одржува под наслов „Преповрзување на ...
Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари (6,09 милијарди евра) , а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари (6,73 милијарди евра), додека ...
Од 1 ноември, Евротип го надградува најпопуларниот бонус на пазарот – Твој 777% Бонус станува уште подостапен за сите играчи! Од сега, бонусот започнува да се пресметува уште од 5 натпревари на тикет, што значи повеќе можности за добивка со секој тикет, уште од самиот старт. Повеќе возбуда, со секоја нова уплата. Оваа промена доаѓа како резултат на внимателно слушање на барањата од играчите – затоа што во Евротип, секогаш се стремиме да понудиме ...
Заклучно со 27 октомври 2025 година, истече законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночните обврски за третиот квартал од 2025 година. Од Управата за јавни приходи (УЈП) информираат дека дел од даночните обврзници сè уште не ги исполниле своите обврски, и покрај повеќекратните потсетувања и известувања од институцијата. – Според нашата евиденција, остануваат неподнесени 2.209 тримесечни и 146 месечни пријави, како и ...
Авиокомпанијата „Луфтханза“ објави дека ќе укине голем број летови во Германија и Европа во својот летен распоред за 2026 година за да ги намали трошоците. Според распоредот што ќе важи од 29 март 2026 година, „Луфтханза“ повеќе нема да лета помеѓу Франкфурт и Тулуз или помеѓу Минхен и Талин. Се укинува и линијата Минхен – Овиедо. „Луфтханза“ исто така ќе понуди помалку домашни летови до своите главни центри во Минхен и Франкфурт, истакнувајќи ...
Предвидување на побарувачката и одржување на енергетската инфраструктура преку алгоритми како и пристап до лаборатории и обука за вештачка интелигенција, сајбер безбедност и автоматизација се новините дигитални иницијативи во енергетиката кои ги најави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој во обраќањето на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација и иновации” ...
Ноќта на вештерките се ближи, а Белата куќа ќе изгледа спектакуларно и овој октомври. Меланија Трамп ги откри декорациите за Белата куќа за оваа година, со што ја започна првата празнична сезона од 2020 година. Тикви и други есенски декорации ја внесоа Белата куќа во духот на празниците. Среде контроверзноста околу обемните градежни проекти на Белата куќа, Меланија се подготви за претстојната празнична прослава што ќе се одржи на само неколку ...
Најновата проценка на американските разузнавачки агенции покажува дека Русија не покажува знаци на компромис околу војната во Украина. Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да посредува во мировни преговори, изјавија високи американски и конгресни претставници. Анализата, презентирана пред членовите на Конгресот претходно овој месец, покажа дека рускиот претседател Владимир Путин е „порешителен од кога било“ да ја ...
Полскиот министер за одбрана Владислав Кошњак-Камиш изјави дека Варшава не е информирана и не добила никаков сигнал како другите сојузници на источното крило на НАТО дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе почнат да повлекуваат дел од своите војници. „Не добивме никакво известување што го добиваат другите земји дека САД ќе го намалат својот контингент во Полска. Полска и САД се железни сојузници“, рече министерот за одбрана во фабриката за ...
Кина „апсолутно нема“ да ја исклучи употребата на сила против Тајван, изјави во среда портпаролот на кинеската влада, користејќи многу поостар тон од неодамнешните извештаи на државните медиуми кои ветија „меко владеење“ ако островот се обедини со Пекинг. Кина, која го смета демократскиот Тајван за своја територија, никогаш не ја исклучила можноста за насилно „обединување“ на островот. Иако политиката ретко се споменува јавно, таа не беше ...
Луѓето се виновни за ширењето на опасните видови комарци, според нова меѓународна студија во која учествуваа научници од Универзитетот во Виена. Истражувањето открива алармантно зголемување на видовите кои, со помош на луѓето и глобалната трговија, стигнале до делови од светот каде што претходно не постоеле. Според студија објавена во престижниот магазин „Nature Communications“, 45 видови комарци се воведени во нови области, а 28 успешно се ...
Неколку дронови од непознато потекло беа забележани синоќа над воената база во местото Марш-ан-Фамен во југоисточна Белгија, информира белгискиот министер за одбрана Тео Франкен во објава на Икс. Во објавата Франкен додава дека на истата локација и во саботата биле регистрирани слични четири до пет дронови. – Тоа најверојатно биле професионални управувачи со дронови кои мапирале одредени работи. Тоа не е дело на аматери, туку на искусни ...
Романија и нејзините сојузници во НАТО се информирани за плановите на САД да го намалат бројот на војници стационирани на источниот дел од Европа, вклучително и оние што ќе бидат распоредени во воената база „Михаил Когалничеану“ во Романија, соопшти романското Министерство за одбрана во среда. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претходно ги предупреди европските сојузници дека ќе мора да преземат поголема одговорност за ...
Двајцата независни кандидати за градоначалници на Могила и Македонски Брод, кои обезбедија пласман во вториот круг од локалните избори, јавно се откажаа од понатамошната трка, но Државната изборна комисија (ДИК) појаснува дека тоа нема да го спречи изборниот процес. Како што велат од ДИК, законот не препознава откажување во оваа фаза и нивните имиња ќе останат на гласачките ливчиња. Станува збор за Сашо Пивковски, кандидат на група избирачи во ...
Македонски Концепт со чувство на одговорност и посветеност кон иднината на Општина Дебрца, ја дава својата официјална поддршка на кандидатот за градоначалник Златко Силјаноски, предложен од коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатот Силјаноски целосно ја прифаќа и поддржува локалната изборна програма на Македонски Концепт, која се темели на принципите на одговорно управување, развој на инфраструктурата и сообраќајно ...
Ќе има интересна разврска за ѓубрето во Скопје, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали веќе има некаков резултат од ангажманот на институциите што Владата минатата недела ги испрати во контрола во Град Скопје и во „Комунална хигиена“ или ќе се чека Обвинителството да преземе нешто. – Мислам дека таму ќе има разврска која ќе биде многу интересна да ја следите. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам ...
Со ставање на значката со амблемот на Струмица досегашниот струмички градоначалник, Костадин Костадинов му ја предаде функцијата на новоизбраниот Петар Јанков, со што од денеска тој и официјално е градоначалник на Струмица. Претпладнево Општинската изборна комисија му го врачи уверението од изборната трка. Јанков најави дека ќе се посвети на тоа чесно да го води градот. – Овие денови се планирани средби со раководителите и со директорите на ...