Белград
12ᴼ /
12ᴼ
Според новото истражување презентирано на Конгресот на Европското респираторно друштво во Амстердам, децата кои биле повеќе изложени на кучешки алергени во првите месеци од животот имале 48% помал ризик од развој на астма до петгодишна возраст. Истражувачот Џејкоб Мекој од Болницата за болни деца во Торонто истакнува: – Откривме дека изложеноста на кучешки алергени ја подобрува функцијата на белите дробови и го намалува ризикот од астма, додека ...
Денес е 11 ноември, најмоќниот нумеролошки датум во годината. Како нумеролозите го анализираат овој датум, кој носи многу посебна енергија. Нумеролозите велат дека бројот 11 не е обичен број, туку таканаречен главен број. Неговата енергија е поврзана со интуиција, внатрешно водство, будење и почетоци. Кога бројот 11 се повторува двапати, како денес, оваа енергија е уште посилна. Денес, се претпоставува дека имаме пристап до моќен потенцијал за ...
Роботот „Iron“ на кинескиот гигант „XPeng“ предизвика лавина реакции откако на видеото објавено на YouTube се појави без својата бела обвивка, метален, блескав и застрашувачки човеколик. Со својот ритмичен чекор и замав на колковите, роботот потсетува на сцена од „Терминатор“. Меѓутоа, уште повеќе изненади изведбата на „XPeng“ на нивниот технолошки настан во Гуангжу, кога роботот бил „облечен“ во тенок еластичен костум, со изразено женствен ...
Во просториите на Општина Охрид, денес, се одржа конститутивна седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Охрид. Советот го сочинуваат 13 членови:претставници од Општина Охрид, претставници од СВР Охрид и професори од сообраќајна струка На седницатат беше разгледан и усвоен Деловникот за работа, беше дискутирано за тековните активности поврзани со безбедноста на сообраќајот, состојбата со инфраструктурата, ...
Охрид селектира: „Чисто е убаво!“ – заедничка акција за почист и поодржлив град Охрид прави важен чекор кон поодржлива иднина. Под мотото „Чисто е убаво – Селектирај“, Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ со поддршка од Шведска преку SALAR International и проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“ ја започнуваат новата иницијатива за селекција на отпад во туристичкиот и угостителскиот сектор. „Чисто е убаво!“ претставува нова ...
Ивица Попоски од Охрид се бори со тешка хронична болест на бубрезите (стадиум 5) и оди на хемодијализа од 2016 год. Поради итна операција и лекување во Турција, потребна му е финансиска помош за да може да ја подобри својата здравствена состојба. За ова операција потребни се минимум 35.000 евра! Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство. Ве молиме, доколку сте ...
Охрид прави важен чекор кон поодржлива иднина. Под мотото „Чисто е убаво – Селектирај“, Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ со поддршка од Шведска преку SALAR International и проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“ ја започнуваат новата иницијатива за селекција на отпад во туристичкиот и угостителскиот сектор. „Чисто е убаво!“ претставува нова платформа за соработка меѓу институциите, хотелите, угостителските објекти, ...
Денес се одржа втората седница на новиот совет на Општина Охрид. Пред советниците беа единаесет точки, кои беа надополнети со уште две за прекинување на мандатот и верификација на нов мандат. Констатирана беше оставката на советничката Марина Ѓоргоска, а на нејзинот место беше верификуван мандатот на новата советничка Рита Неранџоска. Во продолжение советниците ги екипираа статутарно-правната комисија, комисијата за финансии и буџет, комисијата ...
Лимонадата е еден од најпознатите освежителни пијалаци, а воедно и најздравиот. Покрај пријатниот вкус, има и бројни здравствени придобивки: богата е со витамин Ц и антиоксиданти, придонесува за хидратација и детоксикација. Зошто лимонадата е корисна? Лимонот содржи високо ниво на витамин Ц, кој го зајакнува имунолошкиот систем, го намалува оксидативниот стрес и помага во заштитата на клетките од оштетување. Студиите покажуваат дека редовното ...
Се проценува дека до 2035 година, бројот на смртни случаи од мозочен удар за жал ќе се зголеми, како и бројот на оние кои ќе преживеат со долгорочни последици од оваа болест. Околу 85 проценти од сите мозочни удари се предизвикани од исхемија, или блокада на протокот на крв во мозокот поради формирање на плака или згрутчување. Ваквите мозочни удари најчесто се поврзани со срцеви заболувања, атеросклероза или заболување на малите крвни садови. ...
На 18 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетот „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент на изведбата е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата ја потпишува ...
Двојната изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ ќе се одржи на 18 и 21 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет. Балетот, поставен во два чина и инспириран од безвременскиот роман на Г. Флобер, ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент на изведбите е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека ...
Во септември годинава во Македонија се евидентирани 132.999 туристи кои оствариле 262.686 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика. Од вкупниот број туристи, 24,6 % се домашни, а 75.4 % се странски. Од вкупно 262.686 ноќевања, 31,8% ги оствариле домашните туристи, а 68,2% странските. Најголем број од странските туристи кои ја посетиле земјава се од Турција 32.950, од Србија 8.830, од Германија 6.615 и од Полска 3.577. Во периодот од ...
Дијамант во живописна син боја со тежина од 9,51 карат, кој претходно ѝ припаѓал на Рејчел „Бани“ Мелон, аристократка, филантроп, колекционерка на уметнички дела и блиска пријателка на Жаклин Кенеди, е продаден во Женева за 25,6 милиони долари, објави аукциската куќа „Кристи“. Женевската филијала на „Кристи“ вчера го продаде скапоцениот камен како дел од продажбата организирана под името „Величествени скапоцености“. Беспрекорно изработениот ...
Владите на европските и блискоисточните земји преземаат активни чекори за зачувување на имотот на рускиот енергетски гигант „Лукоил“ откако САД не дозволи тој да биде продаден на компанијата „Гунвор“. Во Русија, пак, се води дебата дали треба да се брза со продажбата и тоа да се направи на еден купувал или имотот да се нуди во парчиња. Проблемот со имотот на компанијата во странство настана откако САД воведоа санкции врз руската компанија. ...
До крајот на месецов или почетокот на следниот месец, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги соопшти цените за пренос и дистрибуција на електричната енергија. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски не очекува било какви поместувања во овој дел. – МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67% за пренос на електрична енергија, операторот на пазарот не побара зголемување, а Електродистрибуција нема наведено ...
Спогодба за отворање на претставништво на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Скопје е потпишана денеска по средбата на премиерот Христијан Мицкоски со потпретседателот на Банката, Роберт Де Грот. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција со Де Грот во Владата по потпишувањето на документот истакна дека овој чин претставува значаен чекор во продлабочувањето на врските со Европската ...
Секое петто лице во Хрватска работи дополнителна работа поради растечките трошоци за живот, а најзастапените работни места се во услужните дејности како што се келнерство, проследено со превоз на патници, чистење и разни повремени физички работи. Ова го покажува анкетата на службата „МојаПлата“ Резултатите од анкетата во која учествуваа 690 испитаници покажуваат дека 21% од жителите на Хрватска има дополнителна работа, најчесто за да го ...
Сите членови на екипажот – 20 од нив – кои беа во турскиот воен транспортен авион што се урна во Грузија во вторникот, загинаа, потврди турскиот министер за одбрана, според АП. Одговор Министерот Јасар Гулера го потврди ова во објава на Платформа X, заедно со фотографии од припадници на вооружените сили кои загинаа во несреќата. Воениот транспортен авион Ц-130, произведен во 1968 година, бил на лет од Азербејџан до Турција кога се урна на ...
Венецуелската армија излезе на терен и распореди 200.000 војници низ земјата во масовна воена вежба што власта ја нарече „контрамерка против американската закана“. Министерот за одбрана Владимир Падрино Лопез изјави дека акцијата е одговор на „суровиот напад врз мирот и суверенитетот“ на регионот, поради зголеменото присуство на американската морнарица во Карибите. Притоа, Националното собрание донесе закон со кој се зајакнува одбранбената ...
Еден од поранешните лидери на терористичката Ал Каеда, а денес лидер на Сирија, Ахмед ал-Шара, беше во Вашингтон, каде што се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп. Покрај официјалниот дел, кој беше затворен за јавноста и каде што се дискутираше за иднината на Сирија, се појави видео од ал-Шара (исто така познат како Џолани) и Трамп како се шегуваат. Во еден момент, Трамп вади парфем од неговата колекција, вели дека е најдобриот класа ...
Младинскиот културен центар (МКЦ) со гордост го најавува 50-то јубилејно издание на Млад отворен театар – МОТ, кое ќе се одржи од 19 до 25 ноември во Скопје. Оваа година, фестивалот се одржува под слоганот „Нашите во светот“, во чест на македонските автори кои успешно творат надвор од границите на земјата и го носат духот на македонската театарска школа на меѓународната сцена. – Со ова издание, МОТ ја слави интернационалната видливост на ...
Административниот суд во Берлин ги истражува тврдењата на неколку Палестинци во Појасот Газа за извоз на оружје од Германија во Израел. Целта на тужбите е конкретно да се забрани владата да извезува оружје додека војната во Газа не заврши целосно. Извозните дозволи издадени од владата треба да се поништат. Во случајот со 3.000 парчиња преносно противтенковско оружје, веќе завршената испорака треба да се прогласи за нелегална, објавува ДПА. ...
Најмалку 42 мигранти се водат како исчезнати и се претпоставува дека се мртви откако чамец се преврте покрај брегот на Либија, соопшти во среда Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Либиските власти спасија седум преживеани кои беа на пат шест дена откако брод со 49 лица потона во близина на нафтеното поле Ал Бури, кое се наоѓа во морето северозападно од либискиот брег. ИОМ изјави дека мигрантите биле од Судан, Нигерија, Камерун и ...
Грабеж како на филм во северна Франција, четворица напаѓачи со динамит го кренале во воздух сефот на поштата во градот Рубе и избегале со непозната количина пари. Во 8:30 часот наутро, кога поштата сè уште не била отворена, четири лица пристигнале пред зградата и поставиле динамит на надворешен сеф што се користи за депонирање готовина за банкоматите. По силната експлозија, напаѓачите го земале пленот и побегнале со возило во непознат правец, ...
Денес, во просториите на Општина Дебрца, беше извршено официјалното примопредавање на градоначалничката функција помеѓу досегашниот градоначалник Зоран Ногачески и новоизбраниот градоначалник Златко Сиљаноски. На средбата, во духот на демократските вредности и институционален континуитет, беше извршено примопредавањето, со што новоизбраниот градоначалник ја презеде одговорноста за раководење со локалната самоуправа на Општина Дебрца. ...
Во подготовка сме за градење на брза пруга од Скопје до Солун, на вчерашната седница на Владата усвоена е одлука за урбанистичко решение на локалитетот Стоби, се отвораат нови винарии во Тиквешијата. Целта ни е да ја олесниме и изградбата на нови хотели и да ги задржиме туристите кои транзитираат низ Коридорот 10 (Е-75), изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на панел дискусијата во рамките на ...
Основниот кривичен суд ќе преземе сè што е неопходно за да се обезбеди што е можно побрзо и поефикасно судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, информираше денеска в.д. претседателката на Основниот кривичен суд Даниела Димовска на брифинг за медиумите за техничките предизвици и организациската поставеност за текот на судењето. На брифингот присуствуваа и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и претседателот на Адвокатската комора ...
Не стивнуваат реакциите по објавувањето на видеото на кое се гледа лекарот Ненад Цоневски од Македонија, вработен на Воено-медицинската академија во Софија, како прегазува куче излегувајќи со возилото од зграда. Според бугарските медиуми, докторот Цоневски бил испрашуван во 3-та регионална станица на Полициската управа во Софија, по што бил ослободен. Против него е покрената постапка и привремено е суспедиран од работното место во ...
Како што OhridSky неколкукратно предупредуваше: Нелегалните активности на Макотен ДООЕЛ Гевгелија во казиното „Фламенго” во Охрид конечно доведоа до неизбежното – затворање на објектот на 30 ноември и отказ за целокупниот персонал Contents Охрид – Дојде и денот кој редакцијата на OhridSky го најавуваше уште од јуни 2025 година: казино „Фламенго” во Охрид, чиј сопственик е Макотен ДООЕЛ Гевгелија, ја става клучот на врата. На 30 ноември, ...