Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Не можеме да ви гарантираме брзина во судењето, но ќе направиме сѐ, за процесот да се одвива непречено. Не знаеме колку ќе трае, може 5 месеци или 5 години, рече судијката Диана Груевска Илиевска на почетокот на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица. – Барам дисциплина од сите странки. Сите ќе имаат можност да ја изнесат својата верзија на случајот и својата одбрана. Ќе дојдеме до правдата – рече судијката. ...
Два лица со автомобил заглавиле утрово во надојдената вода во село Стрновац во општина Старо Нагоричане поради излевањето на реката Пчиња и создавање на вирови, пожарникарите од општината ги извлекле. – Денеска во 07:35часот по повик од 112 дека има заглавени две лица до бањата во село Стрновац-Општина Старо Нагоричане, поради излевање на реката Пчиња, територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и ...
Остатоци од згради се пронајдени под вода во езерото Исик-Кул во Киргистан. Археолозите открија потонат средновековен град, вклучувајќи згради направени од печени тули и неколку керамички садови, објавува Ladible. Истражувачи од Руската академија на науките пронајдоа изгубен „град“ во езерото Исик-Кул, кое се наоѓа во Киргистан. Езерото е осмо најдлабоко во светот, со максимална длабочина од 668 метри, се наоѓа во западните планини Тјаншан и е ...
Ласерска дупчалка развиена од Технолошкиот универзитет во Дрезден може да ја отвори вратата кон скриените океани под површината на ледените месечини во Сончевиот систем. Уредот користи концентриран ласерски зрак што топи и испарува мраз, создавајќи тесни и длабоки канали дури и низ слоеви дебели неколку километри, јави ДПА. Меѓу најинтересните цели за идни мисии се Европа, месечината на Јупитер, и Енцелад, кој кружи околу Сатурн. Научниците ...
Во организација на ЈП „Охридски комуналец“, а со поддршка на Општина Охрид вчера на градскиот плоштад „Св. Колимент Охридски“ се одржа pop-up настанот „Чисто е убаво – Охрид селектира“! Стотици деца и возрасни преку песна и игра учеа за селекција и правилно управување со отпад. Вработени од ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид претставници од Црвен Крст, „Збогум Буково“, професори и ученици од охридските училишта зборуваа за суштината на ...
Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на општина Охрид и Секторот за внатрешни работи Охрид во координација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот го одбележа 16-ти Ноември, „Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди”. На главните сообраќајници во Охрид, Бул. „Туристичка“ и Бул.„Железничка“, на возачите им беа поделени превентивно-едукативни летоци со порака секој да се присети на вредноста на ...
Комисијата за заштита од дискриминација утврдила дека врз 12.000 пензионери, кои стекнале право на пензија во Македонија, но пријавиле адреса на живеење надвор од државата, е направена дискриминација со тоа што не биле опфатени при зголемувањето на пензиите по 2.500 денари во март 2025 година, како и идните зголемувања од редовното усогласување на пензиите по овој датум. Претставки до Комисијата за заштита од дискрининација ја поднел Темелко ...
Во третото тримесечје од 2025 година, споредено со ланскиот ист период откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е зголемен за 12%. Во истиот период пораснала и продажбата на земјоделски производи од сопствено производство каде што порастот е за 8,8%. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во паричен износ вкупно пласманот на земјоделските производи изнесува 5,2 милијарди денари (84.552 евра). Од ...
Германската компанија „Рајнметал“, чиј деловен успех значително се зголеми благодарение на обновениот европски интерес за одбранбениот сектор, во вторник објави амбициозни планови за зголемување на продажбата за дури петкратно до почетокот на следната деценија. На презентацијата по повод Денот на капиталните пазари, компанијата изјави дека целта е приходи од околу 50 милијарди евра до 2030 година, што е петкратно зголемување во споредба со ...
Даниела Лазарова Иротова е нов директор на Платежната агенција. Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, Лазарова Иротова е поранешен државен советник во Министерството за земјоделство, а на функцијата директор е назначена минатата недела, на последната Владина седница. – На последната Владина седница минатата недела е назначен нов директор на Платежната агенција кој од денеска стапува на ...
Прилепскиот тутунски комбинат денеска го почна откупот на тутунот со што и официјално започна откупната кампања на годинашнава реколта. Се презедоа првите количества. Тутунарите се задоволни од процената но, за исплатливост бараат цената на првата класа да биде 600 денари за килограм. – Годинава произведов околу еден тон и 400 килограми тутун. Тутунот е квалитетен, исушен е навреме и собран, наводнуван беше со систем капка по капка. Добро оди ...
Полска ја обвини Русија за неодамнешниот напад врз стратешки важна железничка линија што се користи за воен транспорт кон Украина, јави ДПА. Јацек Добжински, портпарол на координаторот на полските специјални служби, денеска изјави дека сите индикации укажуваат на руските разузнавачки агенции како организатори на операцијата. Добжински овој сомнеж го изнесе пред медиумите по вонредниот состанок на владиниот Комитет за национална безбедност, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвикал лавина реакции откако во жив пренос ја нарекол новинарката „свиња“ откако таа го прашала за неговата поврзаност со е-поштите на покојниот финансиски измамник и осуден сексуален престапник Џефри Епстајн. Настанот се случил неколку дена пред Трамп да ја промени својата позиција за објавата на т.н. Епстајнови досиеја, јави Би-Би-Си. „Заќути, заќути свињо“, вели Трамп снимен во ...
Брисел се соочува со големи проблеми, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, велејќи ѝ на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека „ќе има што да каже“ во врска со нејзиното барање за дополнителни финансиски средства за Украина. Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, тој изјави дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, испратила вонредно писмо до земјите-членки, барајќи дополнителни средства „за финансирање на ...
Напредокот во пристапниот процес се оценува само според Копенхашките критериуми и неприфатливо е да продолжи блокирањето од страна на некои земји членки од причини поинакви од оние утврдени во пристапот базиран на заслуги, порача претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, во обраќањето на крајот на „Форумот за проширување на ЕУ 2025: Заокружување на Унијата, обезбедување на нашата иднина“ што денеска се одржа во Брисел. – Треба да ...
Папата Лео во вторник ги повтори своите критики кон тврдокорните антиимиграциски политики на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека администрацијата се однесува кон странците што живеат во Соединетите Држави на начин што е „крајно непочитувачки“. Зборувајќи со новинарите во Кастел Гандолфо, неговата резиденција надвор од Рим, папата ги повика луѓето во Соединетите Држави да „бараат начини да се однесуваат кон луѓето хумано, да се ...
Американскиот конгрес денеска речиси едногласно одлучи да му издаде наредба на Министерството за правда јавно да се објават сите истражни досиеја за починатиот сексуален предатор и педофил, Џефри Епштајн. Дури 427 претставници гласаа „за“ усвојување на наредбата, а „против“ беше само републиканецот Клеј Хигинс од Лујзијана. Сега за одлуката за наредба ќе се гласа во Сенатот. Ако биде изгласана, тогаш треба да биде потпишана од претседателот ...
Денеска поради влијанието на циклонската активност од Џенова во Македонија во најголем дел ќе има повремени врнежи од дожд. Особено обилни врнежите ќе бидат во западните и во југозападните предели од нашата Македонија каде за 24 часа очекувам да наврне ново големо количество на дожд (над 50 литри дожд). Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (локално со брзина од над 60 км/час) а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Повеќе за ...
Иако можеби инвестирате многу во додатоци во исхраната и специјални диети за да го подобрите здравјето на вашиот мозок, некои навидум безопасни секојдневни навики може тивко да предизвикуваат штета. Неврологот д-р Бинг од болницата Хенри Форд во Детроит предупредува на три вообичаени практики кои можат да имаат сериозни последици, вклучително и зголемен ризик од мозочен удар, објавува „Тајмс оф Индија“. Пиштолите за масажа станаа исклучително ...
Сокот од морков долго време се смета за еден од најздравите пијалоци. Богат е со хранливи материи како што се витамин А, калиум и антиоксиданти кои го поддржуваат здравјето на срцето, очите, кожата и имунолошкиот систем. Сепак, важно е да се консумира умерено бидејќи содржи природни шеќери и висока содржина на витамин А. 1. Помага за здравјето на очите Сокот од морков е исклучително богат со витамин А (бета-каротен), моќен антиоксидант неопходен ...
Мартин Артур Куни (роден како Мајкл Коен, 1869 – 1 март 1950), во медицинските кругови и во јавноста станал познат како „Доктор Инкубатор“, по неговиот „Инфанториум“ – изложба на инкубатори на саемите за која посетителите плаќале 25 центи за да ги видат предвремено родените бебиња изложени во нив. Куни е најпознат по својот Инфанториум на Кони Ајленд, Њујорк во 1939 и 1940 година. Во време на активните години на Куни на саемите низ Америка, се ...
Три маскирани напаѓачи во понеделник вечер му го пресекле патот на 43-годишен маж од скопско село во Љубанци и со закани му побарале пари. Инцидентот се случил околу 18 часот, кога мажот бил сам на улица, а групата му пришла агресивно и му наредила да им го даде ќесето со пари. Според информациите што ги пријавил во полиција, еден од напаѓачите извадил пиштол и со дршката го удрил по главата, додека другите двајца пребарувале по неговата облека. ...
Македонија во 2022 година имала 8,5 јавни обвинители на 100 илјади жители, а во 2024 година, како што покажува последниот извештај на Советот на јавни обвинители, тој број е зголемен 9,2, со што полека се доближува околу просекот од 11,2 јавни обвинители на 100.000 жители во 44 земји што ги покрива последниот евалуациски извештај на Европската комисија за ефикасност на правдата ЦЕПЕЈ за правосудните системи во 2022 година, со податоци за 2022 ...
Собранието попладнево донесе одлука дека предлоготт за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност е прифатлив и го проследи на натамошно второ читање. Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски при образложувањето предложениот текст пред пратениците истакна дека се предлага укинување на постојното ослободување од ДДВ за увоз на пратки со мала вредност до 22 евра, испорачани од странство до примачи во Македонија. ...
Иван Колевски донесе контроверзна одлука во корист на Граве Имоти, иако истовремено им забрани да располагаат со милионскиот имот БИТОЛА/СКОПЈЕ – Основниот суд во Битола, преку судијата Иван Колевски, донесе одлука која ја тресе довербата во судската власт во Северна Македонија. Без претходно известување на доверителите, судијата експресно ја разреши стечајната управничка Даниела Блажевска и на нејзино место ја постави Љубица Зајкоска од Прилеп ...
Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, со количина од над 40 литри на квадратен метар за 24 часа. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Ввремето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. ...
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина да се зголеми буџетот за судството, затоа што, како што истакна, судиите бараат судски буџет далеку над европскиот просек. – Кои резултати ги покажаа, за да го добиваат тој буџет – вели Мицкоски. Тој презентираше анализа за македонските граѓани. – Ова е европски извештај. Буџетот кој ние како држава го издвојуваме за правосудството е 0,39% од нашиот бруто домашен производ. За да знаат граѓаните, ...
Кочани/Скопје – Осум месеци по кошмарот што го потресе Кочани, правдата конечно застанува пред лицето на одговорните. Денеска во 9.30 часот во Казнено-поправниот установа Идризово започнува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс”, кој на 16 март ја одзеде животот на 63 лица, меѓу кои и деца. Contents Масовна одговорност Обвинителниот акт, поднесен на 13 јуни и одобрен на 3 октомври, опфаќа вкупно 38 обвинети – 35 физички лица и три ...
Анализа на системското злоупотребување на државните средства за партиско финансирање Охрид – Локалните избори заминаа, но механизмите за злоупотреба на јавните пари останаа непроменети. Додека граѓаните на Северна Македонија се соочуваат со економски предизвици, политичките партии продолжуваат да ја третираат Државната изборна комисија (ДИК) како банкомат за сопствени интереси, а медиумите како инструмент за политичка контрола и лично богатење. ...
Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите беше ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата (основни и средни) од каде ...