Доналд Трамп е збунет по спектакуларниот пораз, веројатно најлошиот што го претрпел од сопствената партија на Капитол Хил за време на две турбулентни претседателски администрации, бидејќи секој обид да се одложи и одвлече вниманието од сагата за Џефри Епштајн му се разнесе пред лицето, објавува CNN. До минатиот викенд, никој не би верувал дека предлог-законот со кој се бара Министерството за правда да објави документи поврзани со осудениот ...

Романија, земја-членка на НАТО што се граничи со Украина, активираше борбени авиони рано утрово како одговор на новиот упад со беспилотни летала на нејзина територија, соопшти Министерството за одбрана. Два германски борбени авиони што дејствуваат во Романија ја следеа ситуацијата во воздухот од полноќ на границата со Украина, по руските напади, соопшти романското Министерство за одбрана. Сигнал од беспилотно летало беше откриен во рок од ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп тајно работи со Русија на нов нацрт-план за прекин на војната во Украина, објавија медиумите во вторник. Axios објави, повикувајќи се на анонимни американски и руски претставници, дека планот од 28 точки е инспириран од планот за прекин на огнот во Газа од 20 точки на претседателот Доналд Трамп, за кој Израел и Хамас се согласија минатиот месец по повеќе од две години брутална израелска ...

Белата куќа има мировен план за Украина и тоа во соработка со Русија, објави американскиот портал Аксиос (Axios). Планот содржи 28 точки по примерот на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Појасот Газа. – Слично на планот за Газа, предлогот се состои од „мир во Украина, безбедносни гаранции, безбедност во Европа и идните односи на САД со Русија и со Украина“, наведе Аксиос повикувајќи се на неименувани извори. ...

Во руски напад врз градот Тернопил во западна Украина во текот на ноќта загинаа десет лица, а 37 беа повредени. Полска и Романија испратија авиони во воздух поради руски беспилотни летала. Гранатирањето на источна Украина и регионот Харков, исто така, продолжи. Русија повторно го нападна украинскиот регион Харков со беспилотни летала во текот на ноќта. Најмалку 36 лица беа повредени во главниот град со исто име, објавија регионалните власти. ...

Претставници на данското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент денеска постигнаа договор за создавање на онлајн платформа наречена „ЕУ Базен на таленти“, која ќе има за цел да го олесни регрутирањето на работници од земји што не се членки на Унијата за вработување во секторите во блокот во кои има недостиг на работна сила. Онлајн платформата, во која учеството на земјите членки ќе биде на доброволна основа, ќе ги поврзува ...

Извозот на земјоделството и прехранбената индустрија, таканаречениот „Агропрехранбениот“ сектор во 2004 година изнесуваше 5 милијарди евра. Дваесет години подоцна, во 2024 година, извозот на овој сектор изнесуваше 53,8 милијарди евра, десет пати повеќе. Кого и да прашате во оваа земја што придонело за десеткратно зголемување на извозот на земјоделството и храната, ќе речат – влез во ЕУ, пишува српски Данас по посета на Полска организирана од ЕУ ...

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра, соопшти Министерството за финансии. Оттаму велат дека целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места. „Спроведувањето на измените се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и ...

Миењето на телото е рутина што никој не ја прескокнува, но дерматолозите велат дека луѓето често прават една иста грешка: ги мијат пазувите, ги мијат косата и лицето, а целосно ја забораваат областа зад увото и задниот дел од вратот. Иако звучи како мала работа, ова може да предизвика непријатности, па дури и развој на специфичен мирис што многумина го нарекуваат „старечки мирис“ – карактеристичен телесен мирис кој може да се појави кога кожата ...

Некои намирници подобро се апсорбираат кога се јадат заедно, како што се куркумата со црн пипер или колагенот со намирници богати со витамин Ц. Сепак, постои и друга страна: одредени комбинации можат да бидат исклучително нездрави, особено за луѓе со хипертензија – висок крвен притисок. Бидејќи високиот крвен притисок влијае на голем дел од возрасната популација, лекарите предупредуваат дека некои навики во исхраната можат дополнително да ја ...

Видеолотарија Касинос Австрија ја потврдува својата силна заложба за промоција и поддршка на уметноста. Во рамки на партнерството со Националната опера и балет, синоќа на големата сцена беше изведена балетската продукција „Мадам Бовари“, дело што ја фасцинираше публиката и беше поздравено со долги овации. Инспирирана од безвременскиот роман на Густав Флобер, оваа балетска драма во два чина ја отвора приказната за копнежот, страста и вечната ...

Поради обилните врнежи значително покачување на водостоите е забележано на неколку речни сливови низ земјава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Најизразено зголемување е измерено на реката Вардар во горниот тек, како и на реките Пена, Лепенец и во сливот на Пчиња. Водостојот на Вардар во Скопје исто така е во пораст. Од Управата укажуваат дека постои можност трендот на раст да продолжи и затоа се бара внимателно следење на состојбите ...

Откриена е група на крадци и помагачи кои краделе предмети од рудникот Бучим и ги продавале на нелегален отпад, соопшти полицијата. На 18.11.2025 во 09:00 часот на стариот магистрален пат Струмица-Радовиш, во близина на село Владевци, Струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода А.Д.(31) и К.И.(19), двајцата од Струмица. При преглед на товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати лицата, ...

Истражувачката екипа на Охридскај открива систематско перење пари, фиктивни побарувања и злоупотреба на судската власт со учество на судии, осигурителни компании и сомнителни бизнисмени Contents Битола/Скопје – По објавувањето на скандалот со ноќната смена на стечајниот управник во предметот СН Осигурителен Брокер АД Битола (види: ...

Дали во последно време имате проблеми со пристапот до вашите омилени веб-страници? Тогаш сте сами. Contents Интернет гигантот „Cloudflare“ вчера претрпе прекин на системот што привремено ги прекина голем број популарни услуги, од „Spotify“ до „ChatGPT“, па дури и социјалната мрежа „Truth Social“ на Доналд Трамп. Ова е само најновиот во низата големи прекини на интернет, откако проблем со „Amazon Web Services“ го наруши секојдневниот живот на ...

Не можеме да ви гарантираме брзина во судењето, но ќе направиме сѐ, за процесот да се одвива непречено. Не знаеме колку ќе трае, може 5 месеци или 5 години, рече судијката Диана Груевска Илиевска на почетокот на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица. – Барам дисциплина од сите странки. Сите ќе имаат можност да ја изнесат својата верзија на случајот и својата одбрана. Ќе дојдеме до правдата – рече судијката. ...

Два лица со автомобил заглавиле утрово во надојдената вода во село Стрновац во општина Старо Нагоричане поради излевањето на реката Пчиња и создавање на вирови, пожарникарите од општината ги извлекле. – Денеска во 07:35часот по повик од 112 дека има заглавени две лица до бањата во село Стрновац-Општина Старо Нагоричане, поради излевање на реката Пчиња, територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и ...

Остатоци од згради се пронајдени под вода во езерото Исик-Кул во Киргистан. Археолозите открија потонат средновековен град, вклучувајќи згради направени од печени тули и неколку керамички садови, објавува Ladible. Истражувачи од Руската академија на науките пронајдоа изгубен „град“ во езерото Исик-Кул, кое се наоѓа во Киргистан. Езерото е осмо најдлабоко во светот, со максимална длабочина од 668 метри, се наоѓа во западните планини Тјаншан и е ...

Ласерска дупчалка развиена од Технолошкиот универзитет во Дрезден може да ја отвори вратата кон скриените океани под површината на ледените месечини во Сончевиот систем. Уредот користи концентриран ласерски зрак што топи и испарува мраз, создавајќи тесни и длабоки канали дури и низ слоеви дебели неколку километри, јави ДПА. Меѓу најинтересните цели за идни мисии се Европа, месечината на Јупитер, и Енцелад, кој кружи околу Сатурн. Научниците ...

Во организација на ЈП „Охридски комуналец“, а со поддршка на Општина Охрид вчера на градскиот плоштад „Св. Колимент Охридски“ се одржа pop-up настанот „Чисто е убаво – Охрид селектира“! Стотици деца и возрасни преку песна и игра учеа за селекција и правилно управување со отпад. Вработени од ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид претставници од Црвен Крст, „Збогум Буково“, професори и ученици од охридските училишта зборуваа за суштината на ...

Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на општина Охрид и Секторот за внатрешни работи Охрид во координација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот го одбележа 16-ти Ноември, „Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди”. На главните сообраќајници во Охрид, Бул. „Туристичка“ и Бул.„Железничка“, на возачите им беа поделени превентивно-едукативни летоци со порака секој да се присети на вредноста на ...

Комисијата за заштита од дискриминација утврдила дека врз 12.000 пензионери, кои стекнале право на пензија во Македонија, но пријавиле адреса на живеење надвор од државата, е направена дискриминација со тоа што не биле опфатени при зголемувањето на пензиите по 2.500 денари во март 2025 година, како и идните зголемувања од редовното усогласување на пензиите по овој датум. Претставки до Комисијата за заштита од дискрининација ја поднел Темелко ...

Во третото тримесечје од 2025 година, споредено со ланскиот ист период откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е зголемен за 12%. Во истиот период пораснала и продажбата на земјоделски производи од сопствено производство каде што порастот е за 8,8%. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во паричен износ вкупно пласманот на земјоделските производи изнесува 5,2 милијарди денари (84.552 евра). Од ...

Германската компанија „Рајнметал“, чиј деловен успех значително се зголеми благодарение на обновениот европски интерес за одбранбениот сектор, во вторник објави амбициозни планови за зголемување на продажбата за дури петкратно до почетокот на следната деценија. На презентацијата по повод Денот на капиталните пазари, компанијата изјави дека целта е приходи од околу 50 милијарди евра до 2030 година, што е петкратно зголемување во споредба со ...

Даниела Лазарова Иротова е нов директор на Платежната агенција. Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, Лазарова Иротова е поранешен државен советник во Министерството за земјоделство, а на функцијата директор е назначена минатата недела, на последната Владина седница. – На последната Владина седница минатата недела е назначен нов директор на Платежната агенција кој од денеска стапува на ...

Прилепскиот тутунски комбинат денеска го почна откупот на тутунот со што и официјално започна откупната кампања на годинашнава реколта. Се презедоа првите количества. Тутунарите се задоволни од процената но, за исплатливост бараат цената на првата класа да биде 600 денари за килограм. – Годинава произведов околу еден тон и 400 килограми тутун. Тутунот е квалитетен, исушен е навреме и собран, наводнуван беше со систем капка по капка. Добро оди ...

Полска ја обвини Русија за неодамнешниот напад врз стратешки важна железничка линија што се користи за воен транспорт кон Украина, јави ДПА. Јацек Добжински, портпарол на координаторот на полските специјални служби, денеска изјави дека сите индикации укажуваат на руските разузнавачки агенции како организатори на операцијата. Добжински овој сомнеж го изнесе пред медиумите по вонредниот состанок на владиниот Комитет за национална безбедност, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвикал лавина реакции откако во жив пренос ја нарекол новинарката „свиња“ откако таа го прашала за неговата поврзаност со е-поштите на покојниот финансиски измамник и осуден сексуален престапник Џефри Епстајн. Настанот се случил неколку дена пред Трамп да ја промени својата позиција за објавата на т.н. Епстајнови досиеја, јави Би-Би-Си. „Заќути, заќути свињо“, вели Трамп снимен во ...

Брисел се соочува со големи проблеми, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, велејќи ѝ на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека „ќе има што да каже“ во врска со нејзиното барање за дополнителни финансиски средства за Украина. Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, тој изјави дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, испратила вонредно писмо до земјите-членки, барајќи дополнителни средства „за финансирање на ...

Напредокот во пристапниот процес се оценува само според Копенхашките критериуми и неприфатливо е да продолжи блокирањето од страна на некои земји членки од причини поинакви од оние утврдени во пристапот базиран на заслуги, порача претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, во обраќањето на крајот на „Форумот за проширување на ЕУ 2025: Заокружување на Унијата, обезбедување на нашата иднина“ што денеска се одржа во Брисел. – Треба да ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
74%
1008
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
6.69
81%
1011
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.33
89%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
96%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
91%
999
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
8.23
87%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
86%
1011
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.5874

Родиум

255598.44

Калај

40.11

Сребро

1837.41

Рутениум

29192.88

Никел

471972.96

Алуминиум

2.89

Иридиум

145787.60

Бакар

10.76

Паладиум

45879.12

Кобалт

55.67

Злато

135322.28

Платина

53106.37