Словачкиот премиер Роберт Фицо е во официјална посета на Хрватска. Тој се сретна со премиерот Андреј Пленковиќ. На почетокот Пленковиќ рече дека поради туризмот се интензивира контактот меѓу Словаците и Хрватите, а со словачкиот колега разговараше за соработката и глобалната ситуација. „Посебно сум задоволен што потпишавме повеќегодишен договор во областа на културата“, рече хрватскиот премиер, заблагодарувајќи им се на министерката за култура ...

Жител на Крива Паланка пијан се забил со своето „хјундаи“ во бензинска станица на булеварот Србија во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи. Тој лажно се претставил како вработен на АНБ, додека при алкотестот му биле измерени 2,41 промили алкохол во крвта. „На 16.04.2025 во 02.30 часот на бул.„Србија” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р.(31) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично ...

Очекувам дека во брзо време ќе видиме инвестиции од Обединетите Арапски Емирати во Македонија. Потпишавме неколку договори за економска соработка што се услов за идната соработка. Посебно е важно тоа што Дубаи станува центар за извозот кон Истокот, што е одлична можност за домашно извозните компании да ја користат помошта и логистиката што ја нуди Владата на ОАЕ, изјави вицепремиерот Александар Николоски, кој е дел од владината делегација која е ...

На 23 април, следната среда, во 10 часот во Кривичниот суд ќе продолжи судењето за грабнувањата и суровите убиства на Вања Ѓорчевска (14) и на Панче Жежовски (74). Денешното рочиште е одложено поради здравствени проблеми на адвокатот Јовица Страшевски, бранител на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо. По 23 април, следно рочиште е 28 април,во 10 часот. Судијата Ивица Стефановски информираше дека денеска добил поднесок од бранителот Страшевски, со ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) негира дека била компромитирана вчерашната акција за приведување на 7 полицајци во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, иако државниот обвинител Љупчо Коцевски синоќа во телевизиско гостување соопшти за акцијата додека таа била во тек. – Не знам кого, што и зошто демантира МВР. Непобитен факт е дека државниот обвинител Љупчо Коцевски, својата изјава во телевизискиот настап на Телма ја даде ...

Додека обичните охриѓани се давеа во проблеми со неизградениот пливачки базен, една екипа “спасители” од висок профил одлучи да нурне длабоко – право во градскиот буџет. Јоне Станкоски, човекот кој со една нога гази по ходниците на Општина Охрид како раководител на секторот за општествени дејности, а со другата по стазите на “Охрид ТрчаТ”, очигледно решил дека не е доволно да се трча по копно кога може да се “плива” во пари. И така, како од вода ...

Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ на 17.04.2025 година (Велики четврток) со почеток во 11:30 часот ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“. На базарот ќе земат учество охридските занаетчии, производителите на домашна традиционална храна и трговците кои продаваат велигденски украси. На базарот ќе бидат изложени и креативните велигденски изработки на најмладите од детската градинка ...

По повод претстојните Велигденски празници, учениците од Основното музичко училиште „Методи Патче“ вчеравачер приредија свечен Велигденски концерт. Публиката имаше можност да ужива во низа музички композиции на младите музичари, под менторство на нивните наставници. Во името на Општина Охрид на настанот присуствуваа Ана Крстеска, заменик градоначалник и советничките во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева Стојаносвска и Александра Настоска ...

Ако сакаме да го подобриме целокупното здравје, најдобро е да започнеме со нашите црева. Според нутриционистката Џесика Домингез, здравиот дигестивен систем е клучот за подобар имунитет, енергија и рамнотежа во телото. „Звучи комплицирано, но не е толку застрашувачко како што може да изгледа“, вели Домингез за Парад, истакнувајќи дека таа практикува три едноставни навики секој ден што ги одржуваат нејзините црева во врвна форма. Првиот совет е ...

Се смета за супернамирница, дури и за најсилниот познат антиоксидант денес. Ова грмушесто растение е отпорно на студ и разни штетници и е се почест избор во домашните градини. Неговите мали, темно сини бобинки зреат кон крајот на август и септември, но благодарение на способноста да се замрзнат, исушат или преработат во сокови, џемови и сирупи, тие се достапни во текот на целата година. Бобинките од аронија можеби нема да го воодушеват непцето ...

Бугарија е целосно подготвена да потпише договор со Северна Македонија и да започне со изградба на прекуграничен железнички тунел долж Коридорот 8, најави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Гроздан Караџов, пренесува БТА. Изјавата е дадена за време на работниот појадок во Софија со амбасадорите на земјите од ЕУ и НАТО, посветен на напредокот на стратешкиот инфраструктурен проект. На средбата присуствуваа и министрите за регионален ...

Градежни инженери, возачи, работници во логистиката и во туризмот се најчестите огласи за вработување во Хрватска. За дел од работните позиции се нето плати изнесува и 3.000 евра, а се нудат и сместување, бонуси за продажба или флексибилно работно време. Градежните инженери се меѓу најбараните кадри, а огласите доаѓаат од повеќе локации во земјава. Во некои огласи за оваа позиција се нуди плата од 2.500 евра нето, со задолжителен услов пет ...

Одговорот на Кина на новите американски царини може да го попречи снабдувањето со важни лекови, покажа анализата на Ројтерс на податоците од кинеските регулатори. Пред околу две недели, американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни 34 отсто „реципрочни“ царини за увоз од Кина, со што вкупниот број се зголеми на 54 отсто. Кина возврати со царини од 34 отсто на американскиот увоз, а Вашингтон одговори со уште повисоки давачки. ...

Правно обврзувачкиот договор на СЗО има за цел да ја зајакне светската одбрана од нови патогени откако пандемијата Ковид-19 уби милиони во 2020-2022 година. Превентивни мерки Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) постигнаа договор за подготовка на светот за идни пандемии по повеќе од три години преговори, соопштено е во средата наутро. Предлогот наведува мерки за спречување идни пандемии и зајакнување на глобалната ...

Поранешниот американски претседател Џо Бајден синоќа во Чикаго го одржа својот прв голем јавен говор откако ја напушти Белата куќа, остро го критикуваше Доналд Трамп за неговото однесување со Администрацијата за социјално осигурување и предупреди дека сегашната администрација „го уништува системот од кој зависат милиони Американци“. „Прво пукаат, па нишани“ „Трамп и неговиот народ се обратија до владините институции со идејата на Силиконската ...

„Трамп и неговите луѓе им пристапија на владините институции со идејата на Силиконската долина, ‘движете се брзо и скршете сè’. И тие кршат сè по ред. Прво пукаат, а потоа нишанат“. Вака изјави поранешниот американскит претседател, 82-годишниот Џо Бајден, во неговиот прв јавен говор откако ја напушти Белата куќа. Пред присутните во Чикаго тој рече дека администацијата на Трамп го уништува системот на социјалната помош од кој зависат милиони ...

Можеби на прв поглед изгледа страшно, но во реалноста тоа е сосема природна и фасцинантна појава. Социјалните мрежи деновиве се преплавени со необични снимки од приморските градови во југоисточна Шпанија – вклучувајќи ги Кулера, Торевиеја и Ареналес дел Сол. Гледајќи ги синкавите маси што ги покриваа тамошните плажи, многумина се запрашаа дали се работи за медуза, ѓубре или можеби дури и оптичка илузија, објавија шпанските медиуми. Но, одговорот ...

Берлинскиот лекар за палијативна медицина е обвинет за намерно убиство на петнаесет пациенти, објави во средата берлинското државно правобранителство. „Во меѓувреме, претпоставуваме дека осомничениот убил најмалку 15 пациенти во периодот од 2021 до 2024 година“, соопшти берлинското државно правобранителство. Инспекторите не исклучуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми во текот на истрагата. Осомничениот лекар е во истражен ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги предупреди американските претставници, кои учествуваат во разговорите со Русија за ставање крај на војната во Украина, да не прават неприфатливи отстапки во однос на окупираните украински територии, јави ДПА. – Сите територии припаѓаат на обединетата држава Украина. Само украинскиот народ ќе носи одлуки во врска со својата национална територија. За нас е црвена линија да не признаеме ниедна ...

Дали Љупчо Коцевски вчера, во настап на ТВ Телма, свесно ја компромитираше најновата акција на МВР во Кочани, поврзана со големата трагедија во дискотеката „Пулс“? Вчера МВР, по налог на Основното јавно обвинителство, спроведе акција за апсење на 7 полициски службеници, кои се поврзани со трагедијата во Кочани и кои се сомничат за несовесно работење и за злоупотреби. Паралелно додека траела акцијата на Бирото за јавна безбедност при МВР, шефот ...

Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од 5 во Берово до 10 во Скопје и во Гевгелија, а максималните дневни од 18 во Маврово и 23 Целзиусови степени во ...

Љупчо Палевски Палчо денеска ќе продолжи со своите беседи во Кривичниот суд, во процесот во кој е првообвинет за грабнувањата и за свирепите убиства на Вања Ѓорчевска (14) од Скопје и на Панче Жежовски (74) од Велес. По повеќемесечното судење што почна во септември, на ред е неговиот исказ, кој се очекува да се одолговлече на неколку рочишта, затоа што Палевски ја користи приликата да раскажува на долго и на широко за своите политички ...

Жител на Косово пробал да подмити граничар стравајќи банкнота од 10 евра во својот пасош при контрола на преминот Долно Блаце, јави Министерството за внатрешни работи. Против Ш.Б.(51) ќе биде поднесена пријава за кривично дело давање поткуп, се вели во полициското соопштение. Од МВР денеска соопштија дека при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал и во ...

Периодов низ Македонија е активен стомачен вирус којшто ги мачи граѓаните со нагли симптоми – од покачена температура до дијареа, повраќање, мачнина и грчеви. Иако симптомите кај дел од пациентите се повлекуваат за еден до два дена, кај некои се враќаат, особено ако не се внимава на исхраната. Contents – Нагло ми се качи температура на 38.5, а потоа следуваше дијареа и лошење. Едвај станував од кревет, но по 2-3 дена, одеднаш ми се подобрија ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, потпиша два меморандуми разбирање во име на македонската влада. Се работи за меморандум за економска соработка и за соработка помеѓу дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи. „На средбата беа потврдени добрите билатерални односи и конструктивната ...

Поради лошите временски услови, прекинати се бројните линии на катамаран и бродови. Поради лошите временски услови, линиите на катамаран Убли – Вела Лука – Хвар – Сплит, Вис – Хвар – Сплит, Јелса – Бол – Сплит, Сплит – Стари Град – Сплит, Ист – Запунтел – Бргуље – Молат – Задар, Брбињ – Божава – Зверинац – Риванис – Сеструњ Риека, Новаља – Раб – Риека, Задар – Сали – Заглав – Задар, Милна – Рогач – Сплит, Убли – Корчула – Дубровник, Собра (Мљет) ...

Луѓето со висок крвен притисок треба да јадат повеќе храна богата со калиум како бананите, според тимот на научници со седиште во Канада. „Нашето истражување сугерира дека додавањето на повеќе храна богата со калиум во исхраната, како што се бананите или брокулата, може да има поголем позитивен ефект врз крвниот притисок отколку едноставното намалување на солта“, вели Анита Лејтон од Универзитетот во Ватерло. Вообичаено рангирани заедно со ...

Голема меѓународна полициска акција против организираниот нарко-криминал резултираше со апсење на 234 лица, од кои 225 во Турција и уште девет во четири европски држави – Холандија, Германија, Шпанија и Белгија. Ова го објави турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, кој нагласи дека цел на акцијата биле високорангирани членови на картели вклучени во трговија со кокаин, хероин и синтетички дроги како „екстази“. Во операцијата, што се ...

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да затвори речиси 30 амбасади и конзулати во странство како дел од значајната промена во дипломатското присуство на Америка во странство, според внатрешен документ на Стејт департментот, објави Си-Ен-Ен. Во документот се препорачува затворање на 10 амбасади и 17 конзулати. Списокот ги вклучува амбасадите во Луксембург, Лесото, Република Конго, Централноафриканската Република и ...

Министерството за внатрешни работи постапува на терен за приведување на уште седум полициски службеници, а во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Во рамки на предистражна постапка МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници, до ОЈО ГОКК е доставена кривична пријава“, информираат од ОЈО ГОКК и од МВР. И од Обвинителството и од МВР повеќе информации се најавуваат во текот на утрешниот ден. Државниот јавен ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
55%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
74%
1014
weather icon

Загреб

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
94%
1013
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.88
84%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.77
84%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
6.17
52%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1017
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
91%
1014
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
89%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1012
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52