
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Хрватската агенција за цивилно воздухопловство (ЦЦАА) соопшти дека неодговорната употреба на дрон ја загрозила безбедноста на авионите и спречила слетување на два патнички авиони, пренесува Дневник.хр. Како што се наведува во соопштението на CCAA, во непосредна близина на аеродромот во Дубровник при крајниот пристап за слетување на 13.04.2025 година, забележано е опасно приближување на дрон до патнички авион на приближна висина од 200 метри. ...
Атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо се случи на 15 мај 2024 година во Хандлова, мал град во централна Словачка. Напаѓачот Јурај Цинтула (71) пукал во Фицо додека се поздравувал со граѓаните по состанокот на владата. Фицо го погодиле четири куршуми, од кои два го погодиле во стомакот, еден во рамото, а еден куршум поминал веднаш покрај црниот дроб. Речиси една година по обидот за атентат врз премиерот Фицо, објавено е ново видео од тој ...
Штипската модуларна болница, која по пандемијата Ковид 19 е празна и стои неискористена, ќе се пренамени во амбуланти за специјалистички прегледи преку „Мој термин“. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека постапката за преадаптација е речиси на самиот крај. Посочува дека планот е во првата фаза да се префрлат амбулантите од применото одделение, а потоа и останатите специјалистички амбуланти. – Наша цел е да се направи ...
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов се надева дека по локалните избори ќе биде заокружен процесот на основање на институцијата во која би се обединиле надлежностите на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Во телевизиско гостување, Ангелов вечерва изјави дека треба да се променат 19 закони и дека е формирана работна група во Владата предводена од вицепремиерот Љупчо Димовски која веќе ...
Денеска се пронајдени телата на две лица кои беа пријавени за исчезнати за време на невремето во северна Италија, соопштија пожарникарите, со што бројот на жртви во областа се искачи на три. Телата на 64-годишен маж и неговиот 33-годишен син, чиј автомобил беше однесен од порој, се пронајдени во близина на Виченца во североисточната провинција Венето. Претседателот на провинцијата Венето, Лука Заија, изрази сочувство за жената која ги загуби ...
Животните кои се користат за забава на туристите на египетските пирамиди во Гиза се злоупотребувани и оставени да умрат во купишта ѓубре покрај огромните гробници. Снимките направени од организацијата ПЕТА го откриваат варварскиот однос на сопствениците на камили и коњи кон овие животни во близина на најпознатата знаменитост во Египет. Резултатите од нивната истрага беа откриени неколку дена откако беше објавено дека една жена од Холандија, која ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги потврди зборовите на американскиот државен секретар Марко Рубио за повлекување од преговорите доколку руската и украинската страна „наскоро“ не постигнат договор. Трамп рече дека Рубио е „во право“, но во исто време покажа поголем оптимизам за изгледите за постигнување договор. На прашањето за временската рамка во која САД би можеле да се повлечат, Трамп одговори: „Нема одреден број на денови, но сакаме ...
Американската влада објави околу 10.000 страници документи поврзани со атентатот на сенаторот Роберт Ф. Кенеди во 1968 година, продолжувајќи со објавувањето на доверливите документи во согласност со наредбата на претседателот Доналд Трамп. Директорката на Националното разузнавање Тулси Габард рече дека објавувањето на документите поврзани со атентатот на Роберт Кенеди „ќе го впери долгоочекуваното светло на вистината“. „Речиси 60 години по ...
Постара жена (80) паднала од шести кат во зграда во Екатеринбург на покрив на паркиран автомобил и преживеала. Според локалните медиуми, инцидентот се случил во повеќекатната зграда на улицата Белинског рано утрото на 15 април. Моментот на падот го снимила надзорна камера. На видеото се гледа дека жената го преживеала падот, по што дури се обидела сама да стане. Полицајците брзо пристигнале на местото на настанот и, според очевидци, разговарале ...
Поранешниот англиски фудбалер Џо Томпсон почина на 36-годишна возраст, објави денеска англискиот клуб Рочдејл чиј дрес го носеше на повеќе од 200 натпревари. Рочдејл објави дека Томпсон „почина од рак во четвртокот дома опкружен со своето семејство“. „Џо беше талентиран фудбалер, но и личност со многу љубов. Неговиот нескротлив дух беше инспирација за сите. Пред сè, тој беше добар сопруг и татко“, соопшти Рочдејл. На Томпсон, кој во јуниорските ...
Соединетите Американски Држави им претставија на сојузниците нацрт-предлог за мировен договор меѓу Русија и Украина, вклучувајќи рамковни услови за прекин на борбите и постепено олеснување на санкциите кон Москва во случај на траен прекин на огнот, пишува Блумберг, повикувајќи се на европски претставници запознаени со планот. Плановите на САД им беа претставени на европските сојузници и покрај предупредувањето од државниот секретар Марко Рубио, ...
Финска, која е членка на НАТО, внимателно ги следи руските воени активности во близина на границата на Алијансата, изјави заменик-началникот на Генералштабот на финските вооружени сили. Финска стана членка на НАТО во 2023 година откако Русија започна инвазија на Украина, со што стави крај на долгогодишната политика на неутралност со Шведска во корист на безбедносните гаранции што ги обезбедува воениот сојуз. Финска дели копнена граница долга ...
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ги отфрли како „политичка манипулација и лага“ тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Кина и испорачува оружје на Русија. – Кина ги отфрла лажните обвинувања и политичките манипулации. Кина никогаш не испорачала смртоносно оружје на ниту една од страните во конфликтот – изјави на редовната прес-конференција Лин Џиан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни ...
Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во кабаре клуб “Пулс”, до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка куќен притвор во мерки на претпазливост за двајца осомничени во својство поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат, а по првпат се бараат мерки за претпазливост и за еден осомничен за пожарот во Кочани кој досега бил на лекување. Како што се ...
Додека обичните смртници постат и се воздржуваат на Велики петок, изгледа дека во Охрид некои “калуѓери” на локалната власт мрсно се гоштеваат со парчиња од јавниот буџет! Во времето кога целата нација се соочува со растечката сага околу финансиските и останатите криминални аномалии на здружението на граѓани АК “Охрид ТрчаТ”, на сцена стапува нов запрепастувачки заплет што би можел да го посрами и најдобриот сценарист на криминалистички серии. ...
Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави денеска дека Вашингтон очекува до крајот на оваа недела да добие одговор од рускиот претседател Владимир Путин за предлогот за прекин на огнот во Украина. – Ќе го слушнеме нивниот одговор многу скоро, всушност оваа недела. Ние сакаме убиствата да престанат – рече Трамп на пресот со премиерката на Италија Џорџа Мелони во Белата куќа. Трамп, исто така, повторно зборуваше за украинскиот претседател ...
Младиот човек осомничен дека уби двајца и рани шест лица во пукање на Универзитетот во Флорида е син на полицаец! Полицијата соопшти дека осомничениот за нападот е Финкс Икнер, син на заменик шериф, и дека тој го користел оружјето на неговата мајка во ужасниот напад. Официјални лица рекоа дека мајката на осомничениот за пукањето е Џесика Икнер, заменик на шерифот на округот Леон, и дека тој „имал пристап до едно од нејзините оружја, кое било ...
Во руски ракетен напад врз Харков во североисточна Украина денеска наутро загинало едно лице, а 54 се повредени, изјави градоначалникот на градот Игор Терехов. Во нападот, според Терехов, се оштетни 15 станбени згради. И други области во Украина исто така биле под руски оган во текот на ноќта. Во напад на руско беспилотно летало врз североисточниот украински град Суми загина едно лице, а уште едно е повредено, изјави вршителот на должноста ...
Поранешниот градоначалник на општина Лозово, А.В. (48), и двајца скопјани, Т.Г. (51) и Л.Л. (68), добија кривична пријава поради основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување. Според истрагата, во ноември 2018 година, додека бил на функцијата, А.В. распишал јавна набавка за изградба на пешачка патека на улица Октомвриска револуција. За најповолен понудувач било избранo правното лице од Студеничани, кое го назначило Т.Г. за ...
Големи гужви и долги колони се формираа утрово на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, каде што голем број граѓани решија да го поминат продолжениот викенд и празникот Велигден кај јужниот сосед. Иако според податоците на АМСМ, времето на чекање на премините „Богородица“ и „Дојран“ е меѓу 10 и 15 минути, патници на терен пријавуваат дека реалното чекање на „Богородица“ достигнува и до 40 минути, поради зголемената фреквенција на возила. ...
Во текот на месец март, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 309 пријавени лица. Во однос на претходниот месец февруари, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 15,6 отсто, додека во однос на месец март 2024, се регистрира намалување за 62,5 проценти, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). „Во текот на март 2025 година, во Република Северна ...
Почитувани, Секој март од 2021 па наваму, кога се корегира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат со минималната плата според Колективниот договор за култура, и оваа година, вработените во културата се соочија со проблеми. Понатаму СКРМ ќе го реализира следново: Зоран Љутков Совет на СКРМ Министерство за култура / Ministria e Kulturës Влада на Република Северна Македонија ...
Од денеска трговците се должи на дневна основа да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници. Обврската произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачи што беа објавени во Службен весник на 4 март, а Министерството за економија изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките. Во Правилникот е наведено дека сите мали, средни и големи трговеци кои вршат дејност трговија на мало ...
Принцот Хари, по венчавката со војвотката Меган Маркл и преселувањето во САД, го изгуби интересот за работата на хуманитарната организација „Сентебале“, изјави Коабане Теко. „Сентебале“, основана во 2006 година во чест на принцезата Дајана, се соочува со криза поради низа обвинувања за вознемирување и „женомраза“ упатени од претседателката на управниот одбор, Софи Чандаука, пишува британски Телеграф. Минатиот месец принцот Хари и принцот Сеисо, ...
Најмалку 38 лица загинале во вчерашните американски напади врз пристаниште во Јемен, објавија медиумите на Хутите. Ова е еден од најсмртоносните денови откако САД ги почнаа нападите врз бунтовниците поддржани од Иран, пренесува БТА Вашингтон вети дека нема да ги запре големите напади што започнаа минатиот месец во најголемата воена операција на Блискиот Исток откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари, освен ако Хутите не ...
Украина и САД потпишаа меморандум како прв чекор кон постигнување договор за експолатација на украинските минерални суровини, објави Јулија Свириденко, прв заменик-премиер и министер за економија на Украина. – Среќни сме што можеме да го објавиме потпишувањето, со нашите американски партнери, на меморандум за намери, кој го отвора патот за договор за економско партнерство и формирање на инвестициски фонд за обнова на Украина – напиша Свириденко ...
Францускиот милијардер и најбогат човек во Европа Бернар Арно предупреди дека гигантот за луксузни стоки ЛВМХ (LVMH-Louis Vuitton Moet Hennessy) може да го префрли производството во САД во случај на трговска војна. – Брисел ќе биде виновен ако се случи тоа – рече првиот човек на ЛВМХ за време на годишното собрание на акционери. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави дека ги суспендира царините за сите на 90 дена, освен за ...
Повеќе од 80 часа веќе трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград. Од 14 април во 22 часот досега, блокирани се објекти на јавиот дифузер во центарот на Белград на улицата Таковска, и на Кошутњак, јави дописникот на МИА од Белград. Според најавите на студентите, блокадата ќе трае се додека не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) или додека не се прекине ...
Нестабилно време нѐ очекува попладне и особено кон крајот на денот. По претпладнево со сонце и умерена облачност, како и слаб до умерен југоисточен ветер, попладневните часови ќе донесат промени. Се очекува променливо облачно време проследено со локални врнежи од дожд, а на места ќе има и појава на грмежи. УХМР предупредува дека процесите ќе бидат поинтензивни во доцните вечерни часови и во текот на ноќта, кога на одредени локации ќе има услови ...
Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велипеток. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок. Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 и 16 глава). За да биде поуката разбрана и запометена, го посочил примерот со лозата и ...