Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Европскиот мировен план за Украина, кој дојде како одговор на планот на Доналд Трамп во 28 точки, дојде до новинската агенција Ројтерс и е објавен во целост. Во него, некои од точките се корегирани, а точката 3. е целосно избришана. Овој европски план значително ги ублажува некои од клучните спорни точки од американскиот документ и нуди различни безбедносни и економски решенија. Според европскиот предлог, Киев повеќе нема да биде должен да ѝ ги ...
Забележав дека во соопштението јасно стои дека имаат забелешки на процесот, начинот на судењето, нарушување на човековите права и отвораат предмет да го разгледаат тој процес. Ќе ве потсетам дека за вакви случаи ние подолго време зборуваме. Тоа се овие судии на кои им е мала платата, сакаат двојно, тројно поголема. Партиски октроирани и заробени од страна на претходната влада, коментира премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека проекциите за наредната година се инфлацијата да се движи меѓу 2 и 3%. Според премиерот, на тоа ниво се очекувањата и за нивото на базичната инфлација. Мицкоски зборуваше и за одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата да изрече казни против Сојузот на стопански комори и уште 4 поголеми трговски синџири поради картелско здружување што, како што беше истакнато од Комисијата, влијаело за ...
Министерството за здравство, со поддршка од Владата на Република Кореја, преку грант за помош обезбеди осум современи електрични возила, со инсталација на станици за електрично полнење. – Заедно со амбасадорот на Република Кореја, Донг-бае Ким, денеска, извршивме примопредавање на првите три возила од грантот, а до крајот на месецов очекуваме да пристигнат уште пет возила, со што целосно ќе се реализира донацијата од вкупно осум електрични ...
Двајцата осомничени даночни инспектори во подружницата на Управата за јавни приходи во Штип остануваат во домашен притвор. Основниот суд во Кочани ја одби жалбата на Кочанското обвинителство, кое бараше мерка – затворски притвор. Од обвинителството во петокот соопштија дека го добиле решението на судот и дека ќе ја обжалат одлуката. Според соопштението на Кочанскиот суд, советот одлучил да ги одбие жалбите на обвинителството и да ја потврди ...
Додека директорот на ПИОМ објаснува “праведност”, пензионерите чекаат ветувања што се одложуваат како автобус во Скопје – никогаш не знаеш кога ќе пристигне Contents Никола Мемов, директорот на Фондот на пензиското и инвалидско осигурување, го усовршува она што македонската политичка класа го прави најдобро: техничко објаснување на системска неправда. Во неговата изјава за емисијата „Трилинг”, тој го користи класичниот бирократски алат – бројки, ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3% повисока во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Статистика објасни дека ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „образование“ за 14,9%, „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 12,6% и „транспорт и складирање“ за ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека не е убеден оти решение прифатливо за Украина ќе се најде до рокот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп врз основа на предлогот за мировен план на САД, објавува британскиот весник „Гардијан“. Тој оцени дека договорот е сè уште „многу далеку“. – Денеска е недела. Планот на претседателот Трамп е да се постигне договор во четврток. Тоа не значи дека е целосно невозможно… Но, јас ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Украина не изразила никаква благодарност за напорите на САД. -„Лидерството“ на Украина изрази нулта благодарност за нашите напори, а Европа продолжува да купува нафта од Русија. САД продолжуваат да продаваат огромни количини оружје на НАТО, за дистрибуција во Украина (измамникот Џо даде сè, бесплатно, вклучително и „големи“ пари), напиша Трамп на платформата „Truth social“. Денеска ...
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ мора да игра „централна улога“ во обезбедувањето мир во Украина и дека ова е еден од главните елементи за „праведен и траен мир и суверенитет на Украина“. Делегација од Украина, европски безбедносни претставници и американска делегација предводена од државниот секретар Марко Рубио денеска се среќаваат во Женева за да разговараат за неодамна протечениот ...
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог даде позитивна оценка за мировниот план на САД и очекува руско-украинската војна наскоро да заврши. Келог е уверен дека Трамп ќе ја заврши војната, која ја опиша како „најдолгата војна во Европа од Втората светска војна“. – Ние во војската секогаш велиме дека најтешкиот дел е да се стигне до последните 10 метри. Ние сме оддалечени околу два метра. Речиси сме ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја им се заблагодарува на Соединетите Американски Држави и на нивниот претседател Доналд Трамп за нивните напори да го поддржат Киев. „Украина е благодарна на Соединетите Американски Држави, на секое американско срце, а особено на претседателот Трамп за помошта што, почнувајќи со ракетите „Џавелин“, спасува украински животи“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм ...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба (23.05.2025 година). Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар. Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инспектори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и ...
Под влијание на циклонска активност продолжува периодот на многу променливо време со температури над просекот за овој период од годината. Пообилни врнежи од дожд ќе има во понеделник и во вторник и локално ќе бидат проследени со грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 80 км/час. Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Попоски на следниот линк. ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи постои основано сомнение дека тој на 19 ноември, со употреба на сила и спротивно на јасно изразената волја на една оштетена ја принудил на сексуален однос. Жртвата, со која претходно биле во подолга врска која таа ја прекинала, ја ...
Заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти за набавка на електронски уред во вредност од 15.300 денари. Од нив, веќе 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и веќе подигнале нов електронски уред. – Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински резултати. Оваа мерка не е случајна ниту импровизирана, туку прецизно и навремено испланирана од страна ...
Состојбата по обилните врнежи низ земјата е стабилизирана. Во Ресен, Битола и во Демир Хисар повеќе нема излевање на реките, а нивото на водата е значително намалено и во опаѓање, соопшти Ценарот за управување со кризи (ЦУК). Одронот на патот Битола – Кичево кај селото Железнец е целосно расчистен. Во Охрид, по навлегувањето вода во подруми и дворови, сите надлежни служби интервенираа и каналите се расчистуваат, водостоите се во благо опаѓање. ...
Освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот д-р Сашко Кедев го смета за национален успех. – Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот – порача кардиологот и алпинист Сашко Кедев, по примањето на Орденот „8 Септември“. Кедев изрази длабока благодарност за одликувањето, кое рече дека иако опфаќа повеќе ...
Анализа на стечајната постапка која остави повеќе прашања отколку одговори Contents Стечајната постапка на СН Осигурителен Брокер од Битола претставува една од најзагадочните финансиски афери во современата македонска економија. За период од само една година, компанија која управуваше со премии во вредност од приближно 29 милиони евра се најде во стечај, оставајќи зад себе мрежа од неодговорени прашања и сомнителни трансакции. Мистериозното ...
Хроника на температурни рекорди, поплави и невремиња низ вековите Клиамтската слика на Македонија Република Северна Македонија, со своите специфични географски карактеристики, претставува регион особено подложен на екстремни временски појави. Низ историјата, оваа територија била погодувана од катастрофални поплави, рекордни температури, снежни бури и суши кои оставиле длабока трага врз населението и стопанството. Contents Температурни рекорди: ...
Пожар што утрово избувна во хотелот „Мулино“ во близина на граничниот премин Пловања со Словенија е ставен под контрола, но не е целосно локализиран, соопшти началникот на противпожарната служба на округот Истра, Дино Козлевац. Огнот избувнал околу 9 часот и брзо се проширил на таванскиот дел од објектот, поради што на терен веднаш биле испратени силни противпожарни екипи. Во интервенцијата учествуваат 45 пожарникари со околу 20 возила од повеќе ...
Европската комисија наскоро ќе испрати формално предупредување до Италија поради загриженоста дека правилата за „златна моќ“ на Италија би можеле да бидат спротивни на законите на ЕУ. Одредбите за „златна моќ“ на Италија се дизајнирани да ги заштитат националните интереси во стратешките сектори, вклучувајќи ја одбраната и телекомуникациите, а законот се однесува и на банкарскиот сектор. Италија не е единствената членка на ЕУ со вакви прописи, но ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски им се обрати на Украинците со видеопорака во која предупреди дека земјата е во еден од најкритичните моменти од почетокот на војната. Тој зборуваше за исклучително силниот политички и дипломатски притисок од Соединетите Американски Држави и за тешките одлуки што Киев мора да ги донесе во наредните недели. – Сега доживуваме еден од најтешките моменти во нашата историја. Во моментов, Украина можеби ќе ...
Новинарката Нора Буацуни, која медиумите ја нарекуваат еден од највлијателните „свиркачи“ во француската угостителска индустрија, неуморно добива поплаки од персоналот на рестораните и готвачите кои се жалат на насилните шефови. Обесхрабрените вработени се огорчени од лошите и често токсични услови во кои мора да работат, и додека се соочуваат со неправда, нивните работодавци добиваат признанија и престижни светски признати награди. – Од 2017 ...
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на мировно решение за Украина со кое ќе се зачува нејзиниот територијален интегритет. Гутереш го упати својот апел на прес-конференција во Јоханесбург, еден ден пред почетокот на самитот на Г20. Прашан за американскиот план за мир во Украина, Гутереш рече дека планот сè уште не е официјално презентиран од Вашингтон или од некој друг. – Таквиот план мора да биде во согласност со ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Србија, осомничен за предизвикување на тешка сообраќајна несреќа со смртни последилици кај Валандово, на 19 ноември рано утрото, управувајќи товарно возило „мерцедес“, сопственост на транспортна фирма од Србија, натоварено со околу 24,5 тони пресувана хартија. Неговиот камион се превртел, а во приколката превезувал 10 Кинези, од кои двајца загинале. Како што информира ...
Времето утре ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи, која издаде портокалов аларм за североисточна и за југоисточна Македонија за силен ветар и дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, со количина од над 40 литри на квадратен метар за период од 24 часа. Ќе има услови за појава на невреме со грмежи и со силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од ...
Американскиот дизајнер Мајкл Шмит, познат по своите креации за американски ѕвезди како Шер и Доџо Кат, претстави модна колекција од облека изработени исклучиво од волна на „геј овни“, односно овни кои покажуваат интерес за други мажјаци, во соработка со германската организација Rainbow Wool и американската апликација за онлајн запознавање Grinder, објави Washington Post (WP). Станува збор за проект кој има за цел да го поврзе светот на модата со ...
Екипите на јавни претпријатија на Општина Охрид постојано се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи од дожд, кои го зафатија охридскиот регион во изминатите неколку дена. Се работи на неколку локации низ градот каде што имаше поплавување на улици и јавни површини, предизвикани од излевање на водотеци и атмосферска канализација. Во делови од градот, водата достигна повисоко ниво, поради што беше неопходно ...
Дури 48 милиони барели руска сурова нафта би можеле да останат заглавени на море откако денеска стапија на сила американските санкции за руските нафтени компании. Десетици танкери сега мора да бараат нови дестинации, додека светскиот пазар на нафта не најде начин да ги заобиколи американските санкции. Кина и Индија, најголемите купувачи на руска нафта од 2022 година, продолжуваат да имаат силни врски со Москва. Но, двата пазари се претпазливи од ...