Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини утрово е зголемен, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Најголема фреквенција на возила има на граничниот премин „Богородица“, каде што времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, според информациите на АМСМ, засега нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата. Од ...

Бугарската гранична полиција вчера евакуираше 186 патници од крузерот „Викинг Улур“, кој се насука кај романското место Салциа поради нискиот водостој на Дунав. На бродот имало и 52 члена на екипажот. Бродот, што плови под знаме на Швајцарија требало да пристигне во бугарскиот град Видин за да ги надополни резервите за храна и вода. Бродскиот агент ангажирал друг брод за да ги собере патниците, но не можел да се приближи доволно до ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп забрани увоз на нови модели кинески хуманоидни и четириножни роботи, како и на нови кинески инвертори што се користат во соларни инсталации и центри за податоци, повикувајќи се на причини поврзани со националната безбедност и заштитата на американскиот синџир на снабдување во областа на вештачката интелигенција. Мерките ги објави Федералната комисија за комуникации (FCC) и стапија во ...

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,0 степени утрово бил почувствуван во Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според информациите, земјотресот се случил во 07:52 часот, а неговиот епицентар се наоѓал на територијата на Република Албанија, на околу 144 километри југозападно од Скопје. Според досегашните податоци на Опсерваторијата, потресот бил почувствуван од жителите ...

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп за време на погребот на републиканскиот сенатор Линдзи Греам во Вашингтон во неколку наврати ги затворал очите, по што на социјалните мрежи се појавија тврдења дека задремал. На снимките од Националната катедрала се гледа 80-годишниот Трамп како седи во првиот ред и повремено ја наведнува главата, држејќи ги очите затворени подолг период. Не може со сигурност да се утврди дали навистина спиел, ...

За Македонија, приемот на индиски шеф на држава сигнализира желба за проширување на меѓународното влијание надвор од традиционалните регионални соперништва. Ангажирањето со петтата најголема економија во светот му дава на Скопјe дополнителна предност при преговарање за трговски услови со регионалните соседи и меѓународните финансиски тела – пишува во авторска анализа на австралиската политичка аналитичарка Пенелопе Расел за неодамнешната ...

Во една неодамнешна полемика околу Вториот протокол тврдев дека проблемот не е во тоа што јавноста погрешно го разбрала документот. Напротив, проблемот е што многумина премногу добро го разбраа. Затоа и укажував на неговата штетност, на обврските што ги содржи и на последиците што може да ги произведе врз македонското образование, историја, култура и европска иднина. Но по таа полемика остана отворено едно уште поважно прашање. Како еден ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време, со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до околу 18 степени, а дневната ќе достигне до 35 ...

Американскиот актер Ерик Робертс потврди дека не присуствувал на свадбата на својата ќерка Ема и актерот Коди Џон која се одржа минатиот викенд. Триесет и петгодишната актерка се омажи за својот долгогодишен партнер на 25 јули на интимна церемонија во Ајдахо, по четири години врска, но нејзиниот 70-годишен татко не бил меѓу гостите. Откако во неделата бил забележан во Лос Анџелес, Робертс кусо го коментирал своето отсуство за Page Six. – Ја ...

Иран изјави дека неговиот последен предлог до Оман за повторно отворање на Ормускиот Теснец е едниот воден пат да остане целосно под иранска контрола, а дел од другиот воден пат, исто така, да биде контролиран од Иран. Ова го изјави заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади. Гарибабади за иранската државна телевизија рече дека Оман предложил привремена бродска рута што ќе ги замени сегашните северни и јужни рути низ ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп денеска се сретна со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во Белата куќа, што е прва нивна средба по војната со Иран што двете земји ја почнаа на 28 февруари. Средбата беше посветена на војната со Иран, а се одржа без никакви јавни знаци на несогласувања што ги обележаа односите на двајцата претседатели во изминатите неколку недели, пишува Аксиос. Американскиот портал оценува ...

Пожарникарите ги користат сите расположливи средства за да ги стават под контрола шумските пожари што беснеат долж атлантскиот брег на Франција, додека нов топлотен бран го зафаќа регионот. Поголемиот од двата пожари во близина на Бордо на одделни места повторно се разгоре и предизвика евакуација на уште илјадници туристи, додека помалиот пожар југозападно од Бордо беше ставен под контрола синоќа, овозможувајќи им на 15.000 евакуирани лица да ...

Хутите се подготвени да го прошират обемот на судирот со Саудиска Арабија, рече членот на Политичкото биро на јеменските Хути, Дајфалах ал-Шами. Тој порача дека ќе ги продолжат операциите чија цел е, како што наведе, ставање крај на блокадата на Јемен. Во интервју за телевизијата „Ал Мајадин“, Ал-Шами ја обвини Саудиска Арабија дека се обидува да ја избегне одговорноста за, како што рече, последиците од повеќегодишната блокада на Јемен. Тој ...

Профил кој важи за близок на Венко Филипче и на СДСМ се радува на смртта на Гоце Тодоровски, а посакува смрт на Бетмен Велит. Во објава на Твитер тој се радува на смртта на актерот Гоце Тодоровски кој почина завчера. На фотографијата на која се и Ванчо Петрушевски и Богдан Илиевски (Бетмен Велит) тој пишува „двајца отидоа еден да замине“ со што искажува среќа дека Гоце и Ванчо умреле и дека и Богдан треба да умре. Илиевски не е вознемирен од ...

Деветнаесет лица се водат како исчезнати во фабрика за хартија и во трговски центар, по силниот земјотрес со интензитет од 7,1 степени во префектурата Кумамото, Јапонија. Официјално лице од Одделот за управување со катастрофи во префектурата Кумамото за Би-Би-Си изјави дека во фабриката во Јацуширо две лица биле пронајдени во состојба на срцев застој, а 9 лица се водат како исчезнати. Четири лица се спасени од трговскиот центар „Aeon Mall“ и ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 11 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија и во Велес, со температура до 38 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 35 степени. Во следните ...

Дење е разгледница од Медитеранот, ноќе станува сцена со музика, алкохол, повраќање, мокрење по улиците и илјадници млади туристи што бараат забава. Додека забавата продолжува по тесните улички до утро, само неколку метри над нив, жителите на Сплит се обидуваат да заспијат во своите станови, пишува хрватски Индекс во репортажа од популарното туристичко место. „Ноќта ја поминавме во центарот на градот за да видиме дали Сплит навистина изгледа ...

Отровен пајак црна вдовица пред неколку дена каснал 61-годишна жена од Велес додека работела во поле во велешкото село Еловец. По каснувањето жената почувствувала силни болки во раката и во грбот, вртоглавица и грчеви низ целото тело, по што била примена во Ургентниот центар во Велес. Лекарите ѝ укажале итна медицинска помош, а по консултација со Клиниката за токсикологија во Скопје, таа била префрлена на понатамошно лекување. Пајакот бил ...

Чад од пожар во близина на Велес се шири кон патот Велес-Штип, поради што е побарана е помош од полицијата за регулирање на сообраќајот согласно потребите, информира Дирекцијата за заштита и спасување. Овој пожар избувна денеска попладне во велешката месност Дорутовец, по бензинската станица на „Макпетрол“, пред влезот во Велес, од десната страна на патот гледано во насока кон градот. Поради ветерот и опасноста пожарот да се прошири, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Белата куќа во Вашингтон разговараале како да се зајакне противвоздушната одбрана на Украина од руските ракетни напади. „Добра средба со претседателот Трамп во Овалната соба. Ви благодарам за сè што правиме заедно за да ги заштитиме животите на Украинците и да го унапредиме мирот. Прво и најважно, му упатив сочувство на претседателот Трамп за смртта ...

Ирак од април досега извезе 2,1 милиони тони нафта по копнен пат преку Сирија, а оттаму преку Медитеранот кон Европа, поради блокадата на морскиот пат преку Ормускиот Теснец. Ахмед Кубаџи, заменик-претседател на сириската државна нафтена компанија, ги откри овие детали во интервју објавено денеска. Тој рече дека бројот на цистерни се зголемил од првичните 10 на 1.000 дневно, а извозот се состои од тешко гориво (мазут). Поради повремената ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика институциите на ЕУ нејзиниот буџет за претстојните години да биде помал за неколку стотици милијарди евра во споредба со предлогот на Европската комисија. Тој на средбата со ирскиот премиер Михол Мартин во Даблин истакна дека мора да се направат кратења во сите области. – Овие кратења се од суштинско значење, без оглед на тоа колку ќе напредуваме со новите сопствени ресурси – рече Мерц. Буџетот на ...

Словенецот Мирослав Пачник, кој во декември минатата година ја отсекол главата од бронзениот споменик на Јосип Броз Тито во Велење, Словенија, а потоа ја возел во багажникот на автомобил, е обвинет пред Окружниот суд во Целје. Тој се соочува со казна затвор до 5 години, како и парична казна од најмалку 11.254 евра. Окружното државно обвинителство во Целје го товари за кривично дело Оштетување или уништување предмети од посебно културно ...

Полскиот премиер Доналд Туск апелираше да прекинат ксенофобичните напади врз Украинците во Полска, откако во таа земја во последните недели се случија низа инциденти поврзани со зголемените тензии меѓу Варшава и Киев. Туск се огласи откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тројца Полјаци тепаат Украинец и неговата девојка во Вроцлав, наводно по расправија во продавница. Двајцата напаѓачи беа уапсени во понеделникот. – ...

Во координација со надлежните државни институции почна демонтажата и изнесувањето на цевководите од малите хидроцентрали „Пена 84“ и „Пена 85“ во долината на Лешница, соопшти Националниот парк Шар Планина. Оттаму оценуват дека станува збор за значаен чекор кон обновување на природниот екосистем. „Природата не се чува само со зборови. Таа се чува со дела, со знаење, со истрајност и со храброст да се донесат одлуки во нејзин интерес. На ...

Од неодамна во Италија не се признаваат македонските возачки дозволи и покрај тоа што веќе постои договор за меѓусебно признавање и замена на дозволите. Истовремено и македонските државјани со постојан престој во Италија веќе не можат да ја заменат македонската со италијанска возачка и мораат да полагаат одново. Според она што го кажуваат граѓаните кои деновиве се обиделе да изнајмат автомобил со македонска дозвола, италијанските рентакар ...

Компанијата „Ербас“ успешно заврши маратонски тест лет на авионот „А350“ што траеше повеќе од 24 часа и предизвика големо внимание на интернет. Британските медиуми објавија дека авионот „Ербас А350“, што полета од аеродромот во Мелбурн слета на пистата на „Ербас“ во Тулуз по 24 часа минати во воздух. Тест летот е клучен чекор во проектот „Санрајз“ на австралиската авиокомпанија „Квантас“, што има за цел да ги опслужи најдолгите комерцијални ...

По повеќе од три и пол децении, едно од најпрепознатливите музички дуа на македонската сцена повторно е заедно. Сестрите близначки Маријана Новачевска и Росана Сариќ-Тодоровска деновиве го снимаат видеоспотот за новата песна „Засекогаш млади“, која ја реализираат заедно со Драган Спасов-Дац и Александар Митевски. Фотографиите од снимањето веќе предизвикаа голем интерес кај публиката. – Снимаме спот со Маријана и Росана. Чекавме цели 35 години ...

Репрезентативецот на Гана Мохамед Гадафи Фусеини, член на Унион Сен Жилоа, бил жртва на дрзок грабеж среде бел ден, а снимката од нападот веќе се шири на социјалните мрежи. Според белгиските медиуми, Фусеини седел во паркираниот автомобил кога му се приближила група од пет маскирани напаѓачи. Тие насилно го извлекле од возилото и веднаш се обиделе да му го одземат мобилниот телефон. Фусеини се обидел да им се спротивстави, но немал никакви ...

Нема да кријам дека кога, апропо оној „билборд за добредојде“, пишував за „невидливите“ вредности наспроти она што е видливо, или подметнато да биде видливо, го имав на ум и Крсте Петков Мисирков и неколкумина други македонски национални дејци. Не како потенцијални ликови за билборд, се разбира, туку како неспорна а речиси целосно невидлива вредност. Не ги спомнав зашто тие веќе стануваат анонимни за македонската јавност – особено за младите ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.2
36%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
61%
1012
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.33
38%
1013
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.76
37%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
51%
1012
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
1.33
59%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
1.34
46%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.41
43%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.08
49%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
49%
1013
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
0.45
33%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.8
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Сребро

1994.05

Бакар

13.51

Калај

56.46

Платина

56135.20

Родиум

274085.11

Злато

136962.18

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.25

Иридиум

252383.36

Паладиум

43499.96