Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Николина Бачкоња Филиповиќ тврди дека поминала 15 дена во затвор во Шибеник поради објава на Фејсбук. На фотографијата бил нејзиниот 7-годишен син со шајкача и со кренати три прста. Србинката, која живее во Белград, за „Јуроњуз Србија“ ја раскажа својата верзија за случајот. Според објавените информации, Општинскиот суд во Шибеник оценил дека со објавата го нарушила јавниот ред и мир. Но, од достапните информации не е јасно дали била казнета ...
Јужна Кореја проценува дека Северна Кореја поседува меѓу 80 и 120 нуклеарни боеви глави, изјави денеска јужнокорејскиот министер за одбрана Ан Гју-бак. Според Ројтерс, оваа проценка е значително повисока од онаа што неодамна ја изнесе американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека Пјонгјанг има 57 нуклеарни боеви глави. Ан пред јужнокорејскиот парламент изјави дека генерално се смета оти Северна Кореја располага со околу 80 до 120 ...
Полицијата поднесе кивични пријави против три физички и едно правно лице од Прилеп за кои има основи дека го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари, односно околу 54.000 евра. Првопријавениот Љ.Б., во 2021/2022 година работел во АД „Тутунски Комбинат“ – Прилеп на работно место координатор на група за обезбедување, а второпријавениот во истиот период бил генерален извршен директор на АД „Тутунски комбинат“. ...
Едвај го дочекавте годишниот одмор, а токму тогаш ве фаќа главоболка, настинка, замор или стомачни тегоби? Иако изгледа како лоша случајност, постои феномен познат како „leisure sickness“, или во слободен превод, „боледување за време на одмор“ кој го опишува токму овој необичен образец. Терминот во 2001 година го вовел холандскиот психолог Ад Вингерхетс, откако со својот тим истражувал зошто кај некои луѓе здравствените тегоби се појавуваат ...
Ситуацијата со снабдувањето со електрична енергија во Европската Унија би можела да биде затегната во наредните недели поради последиците од неодамнешните топлотни бранови, изјави европскиот комесар за енергија, Дан Јоргенсен. Според него, безбедноста на снабдувањето со електрична енергија е стабилна и дека во моментов нема краткорочни ризици за снабдувањето, но предупреди дека се очекува ситуацијата да остане напната во наредните недели. ...
„Венко Филипче уште не е вратен од годишниот одмор, а сè уште од јахтата на Зоран Заев повикува на хистерија, најпрво за водата во Гостивар, потоа за водата во Скопје, а сега и за нилската треска“ – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „Нели е сосема чудно што ова лето нема пожари како што имаше минатото лето во Вардариште и Дрисла? Единствената крупна разлика е што оваа година нема локални избори, па СДСМ пироманска се претвори во СДСМ ...
Кога власта зборува за економијата, сосема очекувано ги избира показателите што нејзините резултати ги прикажуваат во најповолно светло. Опозицијата, пак, речиси по правило го прави спротивното. Но сериозната анализа не смее да остане заробена меѓу овие две политички потреби. Нејзината задача е да провери што останува од една политички изнесена теза кога бројките ќе се ослободат од реториката и ќе се погледнат и преку други статистички и ...
Бројот на загинати при уривањето на рудникот за злато во Централноафриканската Република порасна на 107. Спасувачите продолжуваат да бараат луѓе под калта и урнатините, но надежта дека ќе најдат преживеани згаснува. – Да се најде некој жив во овој момент би било вистинско чудо – изјави Бертранд Бе Јанге, претставник на Младинскиот совет во Замбоје. Тој вели дека многу млади луѓе секојдневно влегуваат во импровизираните ископи. Со опасната ...
Во ДУИ веќе не се знае кој ја води партијата. Али Ахмети пушта пробни балони за повлекување, Бујар Османи се загрева за лидерската фотелја, а луѓето на Артан Груби испраќаат пораки и ги потсетуваат сите кој до вчера бил главен во партијата. Три приказни и една голема паника – оценува партијата ВЛЕН во соопштение. „Ахмети глуми дека ја држи ситуацијата под контрола, но есапот никако не му излегува. Ако го брани Артан, го зема на свој грб ...
Принцот Хари и Меган Маркл се подготвуваат за голема промена во семејниот живот – по шест години поминати во САД, тие заедно со своите деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, се враќаат во Обединетото Кралство на подолг период. Информацијата првично ја објави „People“, повикувајќи се на извори блиски до семејството, а ја потврдија и Reuters и Associated Press. Според достапните информации, семејството треба да се пресели кон крајот на ...
Новите детали за последните моменти на Хејден Панетиер откриваат дека актерката не била сама во апартманот во Гринвил, Јужна Каролина, каде што почина на 16 август. Според полицискиот извештај, со неа бил нејзиниот поранешен партнер Брајан Хикерсон, со кого имала долгогодишна турбулентна врска, како и неговиот брат Зак Хикерсон. Панетиер била пронајдена во дневната соба откако доживеала срцев застој. Според деталите од извештајот, Зак бил тој ...
На грчкиот остров Родос е регистриран нагол пораст на случаи на гастроентеритис (стомачен вирус), поради што лекарите секојдневно згрижуваат меѓу 40 и 50 пациенти со симптоми на оваа инфекција. Во болниците на Родос секојдневно се јавуваат околу 50 пациенти со симптоми на воспаление на гастроинтестиналниот тракт, односно гастроентеритис, пренесуваат грчките медиуми. Лекарите на островот потврдиле дека годинава е регистриран значителен пораст ...
Основачот на кинескиот градежен гигант „Евергранд“, Ксју Џијаџин, доби доживотен затвор. Судот во Шенжен му го конфискуваше и целиот личен имот, а доживотно му ги одзеде политичките права, пишува Ej Пи Њуз. Пресудата го заокружува драматичниот пад на човекот кој некогаш бил најбогат во Азија. Неговата компанија стана симбол на должничката криза што го потресе кинескиот пазар на недвижности. Џијаџин во април призна вина и изразил каење пред ...
Автомобилскиот гигант БМВ повлекува речиси 28.000 автомобили поради проблем со погонскиот склоп што може да има многу непријатни последици во одредени околности. Според документите од Националната администрација за безбедност на сообраќајот на САД, повлекувањето се однесува на 27.720 примероци од одредени серии седан на BMW. Проблемот е поврзан со погонското вратило, односно компонентата што ја пренесува моќноста на задните тркала. Во најлош ...
Во ДУИ веќе не се знае кој ја води партијата. Али Ахмети пушта пробни балони за повлекување, Бујар Османи се загрева за лидерската фотелја, а луѓето на Артан Груби испраќаат пораки и ги потсетуваат сите кој до вчера бил главен во партијата. Три приказни и една голема паника – оценува партијата ВЛЕН во соопштение. „Ахмети глуми дека ја држи ситуацијата под контрола, но есапот никако не му излегува. Ако го брани Артан, го зема на свој грб ...
Принцот Хари и Меган Маркл се подготвуваат за голема промена во семејниот живот – по шест години поминати во САД, тие заедно со своите деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, се враќаат во Обединетото Кралство на подолг период. Информацијата првично ја објави „People“, повикувајќи се на извори блиски до семејството, а ја потврдија и Reuters и Associated Press. Според достапните информации, семејството треба да се пресели кон крајот на ...
Пилот на мал авион загина вчера во судир со хеликоптер на полицијата на државата Пенсилванија во близина на пистата на аеродромот Карлајл во североисточниот дел на САД, околу 170 километри северозападно од Филаделфија. Двајца полицајци од хеликоптерот преживеаа, јавува АП. Авионот се приближувал кон пистата кога свртил кон нисколетен полициски хеликоптер, изјави полковник Џорџ Бивенс на прес-конференција. Федералната администрација за ...
Американскиот јавен долг за првпат надмина 40.000 милијарди долари, покажуваат податоците на Министерството за финансии на САД, со што дополнително се зголемува притисокот врз државните финансии. Новото рекордно ниво е достигнато само пет месеци откако долгот во март достигна 39.000 милијарди долари, и порано од очекувањата на аналитичарите. На растот на долгот, меѓу другото, влијаеле и милијарди долари пропуштени приходи од царините на ...
Белоруската тенисерка и прв светски рекет Арина Сабаленка рано утрово загуби од Чехињата Сара Бејлек во четвртото коло на турнирот во Синсинати, САД, со 6:7 (7:9) и 4:6. Мечот траеше 1 час и 57 минути. Дваесет и осумгодишната Белорусинка не сервираше ниту еден ас, направи четири двојни грешки и реализираше четири од своите шест брејк топки. Нејзината противничка сервираше три аса, не направи двојни грешки и реализираше пет од своите 11 брејк ...
Заминувањето на Ведрана Рудан, која почина на 77-годишна возраст по долга и тешка болест, ја потресе јавноста. Бројни луѓе се простија од хрватската писателка и колумнистка, а како што дознава „Slobodna Dalmacija“, последното збогување на Рудан ќе биде во најтесниот круг на семејството. Тоа била нејзина желба, која семејството ќе ја испочитува. – Ведрана отиде на подрачје без сигнал – беше објавено на денот на смртта на нејзината официјална ...
Најмалку осум лица загинаа во синоќешниот масовен руски воздушен напад врз Киев и околниот регион. Уште 33 биле повредени. Спасувачите бараат луѓе заробени под урнатините. Станбени згради и магацини биле погодени во текот на ноќта. Оштетени биле и детска болница и училиште. Спасувачките екипи успеале да извлечат двајца преживеани од урнатините, јавува Би-Би-Си. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопштил дека експлозиите искршиле ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие, од 19 до 20 август до 07:30 часот, на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор. Пет се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а 31 пожар е изгаснат. Најкритична и натаму е состојбата во Мариово, каде што активен е пожарот кај селото Чаниште, на повеќе краци. Огнот зафаќа простор од село Чаниште кон Крушевица и Лопатица, ...
Според УХМР во Берово ова утро се измерени 16 степени, и тоа е најниската утринска температура во земјава. Кавадарци со 26 степени, утрово во 8 часот е најтоплото место во Македонија. Во Скопје се измерени 22 степени Целзиусови. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од 13 ...
Шпанија подготвува план за преместување на околу 500 непридружени малолетници од Сеута во континенталниот дел на земјата, по минатомесечниот масовен прилив на мигранти во шпанскиот град во северниот дел на Африка. Министерката за миграција Елма Саиз изјави дека Владата во Мадрид работи со властите во Сеута и со регионалните влади на планот, според кој децата би биле сместени во соодветни установи и згрижувачки семејства во различни делови на ...
Повеќе од 100 лица загинаа при уривање на импровизиран рудник за рачен ископ на злато во селото Замбоје, во близина на границата со Камерун, соопштија локалните власти во Централноафриканската Република (ЦАР). Според изјавата на Жервез Ганагоро, волонтерка на Црвениот крст која учествувала во спасувачката акција, од под урнатините веќе се извлечени повеќе од 100 тела, а дел од преживеаните се во критична здравствена состојба. Бертран Бе Јанг, ...
Просечната плата е зголемена за 70 проценти, за два ипол пати е помал јавниот долг, за 120 милони евра е поголем бруто домашниот производ, а старосната пензија е за 325 проценти побрзо растечка на месечно ниво, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски. – Ќе се обидам да дадам пет параметри кои се многу важни кога зборувате за економијата и квалитетот на живот и морате да се споредите со претходната влада. Некои ми велат ама не треба да се ...
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје се упати кон Мариово, во помош при гаснењето на еден од најголемите пожари во моментов, на барање на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Првпат летово превентивно во гаснењето на пожарите, во случајов во Мариовско, се ангажирани и триесетина војници. „Кога гори македонска земја, нема граници. Има само една обврска – да бидеме заедно, да си помогнеме и да го ...
Министерството за внатрешни работи информира дека од денеска започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија. Оттаму појаснуваат дека зголемиот број возила кои денеска чекаа на граничниот премин Табановце се должи на тоа што станува збор за прв ден од примената на овој ...
Обвинителството треба да провери зошто во минатото не се постапувало по извештаите за неисправна вода за пиење во Гостивар, вели премиерот Христијан Мицкоски. – Како граѓанин мислам дека не треба одговорноста да заврши кај овие три лица. Мислам дека просторот за истрагата да се прошири е многу поголем од овие три лица, но истовремено, врз основа на информациите коишто ги поседувам, знам дека во минатото имало повеќе од 400 вакви извештаи — не ...
Турското Министерство за образование со нова наредба објавена денеска ги задолжи сите наставници во образовните институции под негова надлежност да носат мантили слични на оние што ги носат медицинските работници, почнувајќи од новата учебна година во септември. Според наредбата, белите мантили со логото на Министерството ќе бидат задолжителен дел од облеката што наставниците ќе ја носат врз цивилната облека. Мерката има цел да го нагласи ...