Четири пожари на отворен простор остануваат активни во различни делови на земјава, според информацијата на Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата до 13 часот денеска. Во текот на денот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати. Најголем број од активните пожари зафатиле ниска вегетација, грмушки и шумски површини, додека еден од ...

Кристијано Роналдо за неговата венчавка со Геoргина Родригез, одржана на 11 август 2026 година, на приватна церемонија во Каскаис, си доби и исклучително вреден подарок, луксузен часовник Jacob & Co Twin Turbo Furious Baguette, чија вредност надминува еден милион евра. Часовникот е направен од 18-каратно бело злато и украсен со дури 362 бели дијаманти. На куќиштето има 344 дијаманти, додека уште 18 се вградени во копчата. Вкупната тежина ...

Вршителката на должност, амбасадор на САД во Македонија, Никол Варнс, уживала во убавините на Дебарско Езеро и во природата околу Дебар. Посетата ѝ дала можност одблиску да запознае една од помалку експонираните туристички атракции во Македонија. Посебен дел од посетата било дружењето со Дрилон Леши, сопственик на ресторанот „Дрилон“ на Дебарско Езеро. „Дрилон Леши лично ѝ го покажа езерото и неговите најубави природни предели“, се наведува ...

Георгиос Франгулис, вереникот на тениската ѕвезда Арина Сабаленка, денес е успешен претприемач и основач и извршен директор на глобалниот бренд Oakberry, но неговиот пат до деловниот успех започнал во исклучително тежок период. Во август 2016 година му бил дијагностициран рак на тироидната жлезда, а во исто време бил речиси без пари и се обидувал да го реализира својот план за отворање на првата продавница за акаи. Во едно од своите понови ...

Младата помошничка на американскиот претседател со месеци е во центарот на вниманието поради нејзината необично блиска позиција до Доналд Трамп. Таа наводно контролира дел од информациите што стигнуваат до него, му помага со објавите на „Truth Social“ и речиси постојано е покрај него. Новите политички напади и тврдењата на биографот Мајкл Волф повторно ја отворија темата за нејзиното влијание во Белата куќа. Сенаторот од Џорџија, демократот ...

Европа мора подобро да го искористи својот единствен пазар и потенцијалот за развој на нови технологии, бидејќи европската економија се соочува со крајот на моделот на раст кој со децении се базираше на силна глобална трговија, конкурентна индустрија и стабилен меѓународен поредок, изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. -Европскиот повоен модел на раст слабее, бидејќи условите на кои почиваше се менуваат – ...

Министерството за образование и наука е запознаено со протестот на родителите во општина Карбинци поради оптимизацијата на училиштата и ќе направи напори заедно со општината да дојде до заедничко решение, изјави денеска ресорната министерката Весна Јаневска. – Не е во прашање училиштето, туку начинот на кој живеат и учат децата. Ако училиштата се оддалечени два до три километри, децата треба да се социјализираат, да стекнат нови видици, ...

Пациентот Д. Н. од Охрид, кој се соочува со тешка срцева болест, со владиниот авион е транспортиран во Универзитетскиот клинички центар во Берлин, Германија, информираат владини извори. Пациентот претходно подолго време се лекувал на Клиниката за кардиохирургија и бил квалификуван за трансплантација на срце. Поради влошување на неговата здравствена состојба и потребата од итен третман, а поради недостиг на соодветен донор во земјава, итно е ...

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за периодот 2027–2031 година. За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување. – Одлуката е донесена по внимателно разгледување на неодамнешните случувања и начинот на кој се води ФИФА, особено во делот на доброто управување, институционалниот ...

Георгиос Франгулис, вереникот на тениската ѕвезда Арина Сабаленка, денес е успешен претприемач и основач и извршен директор на глобалниот бренд Oakberry, но неговиот пат до деловниот успех започнал во исклучително тежок период. Во август 2016 година му бил дијагностициран рак на тироидната жлезда, а во исто време бил речиси без пари и се обидувал да го реализира својот план за отворање на првата продавница за акаи. Во едно од своите понови ...

Инфлацијата во Европската Унија малку се забрза на 3% во јули, враќајќи се на патот на раст по краткиот застој во јуни кога изнесуваше 2,9%.Годишната стапка на инфлација во еврозоната пак изнесува 2,9%, покажуваат податоците од Европскиот завод за статистика. Најниски годишни стапки на инфлација се регистрирани во Шведска (0,3%), Чешка (1,3%), Данска и Унгарија (и двете 1,6%). На спротивната страна, се Романија со инфлација од 8,2%, Литванија ...

Со цел граѓаните од засегнатите подрачја навремено да добијат совети за лична заштита од убоди на комарци, во тек е масовна СМС кампања за информирање на населението. Кампањата опфаќа испраќање на вкупно околу 38.500 пораки до граѓаните во засегнатите општини. – Вчера (18 август) испратени се 6.526 пораки. Испраќањето започна во општина Петровец (1.554 пораки), а потоа продолжи во општина Гази Баба. На чекање за испраќање остануваат уште ...

Република Чешка го поддржува членството на Северна Македонија во Европската Унија и е подготвена да направи сè што е потребно за земјава што поскоро да стане членка на Унијата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, по средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. – Членството на Северна Македонија во Европската Унија е приоритет ...

„Еден месец СДСМ бега од вистината, а таа е дека заедно со градоначалникот а Гостивар Ваљбон Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар“. Вака обвинува пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ денеска на партиска прес-конференција. Лефков смета дека наместо СДСМ да понесе одговорност за кризата со водата за пиење во Гостивар, партијата, како што вели, и натаму го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за локалниот проблем. „Поради ...

Тениската легенда Новак Ѓоковиќ отворено зборуваше за својот брак со Јелена, откривајќи што стои зад стабилноста на нивната долгогодишна врска. И покрај светската слава и честите патувања, сопружниците успеваат да ја одржат цврстата врска заснована на заеднички раст и компромис. Новак и Јелена се запознале уште во средно училиште во Србија, а нивната љубовна приказна започнала многу пред тој да стане еден од најдобрите спортисти во светот. ...

Мадона на 16 август го прослави својот 68. роденден на грчкиот остров Крф, каде што помина дел од летниот одмор опкружена со семејството и блиските пријатели. За роденденот, пејачката организирала прослава во традиционална таверна во селото Курамадес, а фотографиите од прославата ги објави на Инстаграм. На прославата со Мадона биле пет од нејзините шест деца – Лурдес Леон, Роко Ричи, Мерси Џејмс и близначките Стела и Естер. Со нив бил и ...

Летонскиот премиер Андрис Кулбергс бара Европската унија да ѝ исплати 7 милијарди евра на Летонија за да ѝ помогне во покривањето на воените и економските трошоци што настанале од почетокот на војната во Украина. Како аргумент ги наведува зголемените издатоци за одбрана и падот на трговијата со Русија. Кулбергс во интервју за Политико изјавил дека средствата треба да бидат обезбедени од следниот седумгодишен буџет на ЕУ, во рамките на новиот ...

Осумгодишно дете од селото Велебрдо вчера било донесено во скопскиот клинички центар за укажување лекарска помош, по што од болницата ја алармирале полицијата. Како што соопшти полицијата, на 18.08.2026 година во 14:33 часот во СВР Тетово од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив било донесено осумгодишно дете од Велебрдо за укажување лекарска помош. Детето се здобило со повреди во пределот на раката од барутни ...

Предупредување дека е забележана мечка во близина на куќите во Дебреште е објавено на официјалниот профил на Фејсбук на селото. Мечката е видена во близина на резервоарот во Дебреште, на околу 30 метри над првите куќи. „Се предупредуваат жителите да бидат крајно внимателни, особено во вечерните и раните утрински часови. Избегнувајте движење во тој предел, не пуштајте деца сами и внимавајте на домашните животни. Доколку ја забележите мечката, ...

Бугарија и Кипар се двете европски земји што се појавуваат во иранските проценки за можни напади. Техеран разгледува удари врз американски и сојузнички воени цели ако Вашингтон дополнително го прошири конфликтот, објави „Фајненшл тајмс“. Двајца извори блиски до иранскиот режим тврдат дека вооружените сили веќе ги процениле можностите во југоисточна Европа. Бугарија се нашла во фокусот поради воздухопловната база Безмер. Според текстот, Софија ...

Тениската легенда Новак Ѓоковиќ отворено зборуваше за својот брак со Јелена, откривајќи што стои зад стабилноста на нивната долгогодишна врска. И покрај светската слава и честите патувања, сопружниците успеваат да ја одржат цврстата врска заснована на заеднички раст и компромис. Новак и Јелена се запознале уште во средно училиште во Србија, а нивната љубовна приказна започнала многу пред тој да стане еден од најдобрите спортисти во светот. ...

Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос наводно го прифатил исламот пред околу четири недели во Бразил. Веста ја пренеsoa турски медиуми, но од самиот Карлос засега нема јавна потврда. Информацијата ја објави Али Шахин, пратеник од турската Партија на правдата и развојот. Тој престојувал во Сао Паоло и се сретнал со претставници на тамошната муслиманска заедница. Шахин потоа му честитал на Карлос на социјалните мрежи. На него и на ...

Ведрана Рудан почина на 18 август, по долгата борба со тешката болест, а само еден ден подоцна во јавноста повторно се отвораат нејзините стари колумни во кои таа, со карактеристичниот директен стил на пишување и црниот хумор, пишуваше за сопствената смрт, погребот и она што треба да се случи со нејзиното тело по смртта. Во колумна од 2021 година, Рудан напишала дека сама го организирала својот погреб и платила човек со чамец да ја однесе ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политики и инвестиции што имаат за цел зголемување на домашното производство на електрична енергија, намалување на зависноста од увоз и обезбедување стабилен и сигурен енергетски систем за граѓаните и компаниите, соопштија од партијата. Од партијата велат дека цената на струјата е зголемена за 2,28% што е една од најниските стапки на зголемување во Европа. „Истовремено, со новите ...

Селото Чаниште е безбедно, не постои опасност за него и за трите манастира, информира денеска во видео изјава, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. – Огнот се движи во насока на мариовското село Крушевица. Линијата е многу долга, но јас сум оптимист дека барем оваа линија денеска ќе ја изгаснеме благодарение на четирите „пинцгауери“ на Дирекцијата, како и огнените тимови на Дирекцијата коишто се поддршка на ...

Австралискиот тенисер Ник Кирјос е привремено суспендиран од професионалниот тенис, откако бил позитивен на допинг-тест за кокаин за време на турнирот во Мајорка во јуни. Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ITIA) потврди дека во неговиот примерок бил пронајден бензоилекгонин, главниот метаболит на кокаинот. Примерокот од Кирјос бил земен на 22 јуни 2026 година, за време на АТП 250 турнирот во Мајорка. Присуството на супстанцата ...

Францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи законот со кој се воведува правото на асистирано умирање, по години политичка и социјална дебата. Законот беше објавен денеска во Службен весник, и формално стапи на сила, додека неговата практична примена ќе започне дури откако владата ќе ги донесе потребните прописи, објави Фигаро. Законот, што минатата недела беше прогласен за уставен од Уставниот совет со одредени резерви, им овозможува ...

Ѕвездата на Баерн Минхен и германскиот репрезентативец Џамал Мусиала ги смири фановите и откри што стои зад двата негови колапса на теренот во последните четири дена. 23-годишниот фудбалер повторно колабираше во вторникот на пријателскиот натпревар против Хајденхајм, само неколку минути откако влезе во игра. Мусиала претходно доживеа сличен инцидент и на контролниот натпревар против РБ Лајпциг на 15 август. По вториот инцидент, Мусиала се ...

Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово до поголемите политички партии денеска доставил барање да се измени законот со кој се определуваат имиња на улици. Барањето доаѓа откако пред два дена реагираше на предлозите за 145 нови имиња на улиците на Тетово од Општина Тетово, меѓу кои е името на Фадил Сулејмани, човек кој, како што тврди Сојузот, во интервју во Софија го негирал постоењето на македонскиот народ. Во прилог ...

Денеска започнува бесплатниот наставно-научен едукативен камп во Охрид, наменет за ученици од средните училишта во Скопје, соопшти Град Скопје. Како што е соопштено, првата смена, составена од 115 ученици, утрово замина за Охрид, каде што во текот на престојот ќе имаат можност да стекнат нови знаења и вештини, да истражуваат, да развиваат нови интереси и да создаваат нови пријателства. – Целта на кампот е младите да го поминат летниот период ...

3.10.2026

39 минути - Трибуна
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1032
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
81%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
81%
1028
weather icon

Софија

5ᴼ / -1ᴼ
1.03
54%
1032
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.53
81%
1032
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
90%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.92
58%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
62%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.42
70%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
61%
1031
Currency

61.634

Currency

54.969

Currency

73.845

Currency

38.103

Currency

39.246

Currency

67.265

Currency

8.2489

Currency

0.67207

Currency

0.34747

Currency

0.5235

Currency

1.0971

Currency

0.58416

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Калај

46.54

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Злато

130856.75