Укради милиони, избегај од државата, сокриј се некаде додека да стивне бурата, а потоа врати се како ништо да не се случило. Помини малку време во домашен притвор, одмори се, почекај да истечат законските рокови и продолжи да се браниш од слобода. Ако, пак, имаш доволно имот за гаранција, можеби и воопшто нема долго да останеш зад решетки. Дали ова станува новиот рецепт за избегнување на притворот во Македонија? Дали ова е пораката што нашето ...

Веројатно не само јас туку и некој друг, ако не и пошироката јавност, многу би сакале да бидеме просветлени за што, како и по кои тоа важни прашања одлучувала „нашата“ (навидум) „висококотирана“ претставничка во дувлото на нато (малите букви се соодветни на злосторничката реалност на таа „организација“)? Или пак нејзините детски мечти за седењето на важни маси и одлучувањето за круцијални за светот прашања е само невешт извадок од нејзината ...

Лидери на шест од вкупно осум партии застапени во Шведскиот парламент-Риксдаг се жени. Во Норвешка на чело на шест од вкупно девет парламентарни партии се исто така жени. Гледано во целина, во нордискиот регион во Северна Европа, вклучувајќи ги и Данска, Финска и Исланд, лидерските позиции во околу 50 проценти од парламентарните партии им се доверени на жени. Тешко би можело да се поверува дека меѓу нив би можела да помине каква било дебата ...

Економската размена меѓу Македонија и Русија по почетокот на војната во Украина (февруари 2022 година) претрпе големи промени во обемот на размена. Особено проблем предизвика драстичниот пад на македонскиот извоз, на македонски производи традиционално извезувани во Русија. Според официјалните податоци, извозот кој во 2021 година изнесуваше околу 48,3 милиони евра, падна на само околу 11,8 милиони евра во 2023 година. Најмногу настрада извозот ...

СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ 6.000 НОВИ ДРВЈА / Почна акцијата за засадување 3.500 садници низ градот Град Скопје започна голема акција за засадување 3.500 садници на повеќе локации низ градот, а до крајот на сезоната за садење се очекува бројот на нови садници да достигне 6.000. Акцијата опфаќа обновување на постојното зеленило и раззеленување на парковите, булеварите и другите јавни површини во сите скопски општини. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ...

Mладите брачни парови до 40 години и самохраните родители што сакаат да изградат свој дом ќе бидат ослободени од делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Град Скопје, односно 60% од вкупните комуналии, за објекти во рамките на Генералниот урбанистички план на градот, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Мерката ќе стапи во сила веднаш по објавувањето во службените гласила, а барањето за ...

Од 2015-та до 2025 година загадувањето на воздухот во Скопје е намалено за околу 50 проценти, што покажува дека досега преземените мерки од страна на институциите даваат резултат, но остануваат препораките да се подобри и да прошири централното греење, да се модернизира јавниот превоз, да се подобрат велосипедските патеки, да се намали отпадот и да се зголемат површините со зеленило во главниот град, велат од Организацијата на потрошувачи на ...

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала, кој со спуштањето на 338 метри длабочина во подводната пештера Врело на Матка постави историски рекорд, е прогласен за почесен граѓанин на Скопје. Одлуката била донесена денеска на седница на Советот на Град Скопје, а ја соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека со ова признание градот му оддава почит на човекот чиј подвиг ја стави Матка на светската мапа на подводните истражувања. Питала го ...

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен утре, сабота, на улиците кои водат кон гробиштата во Скопје поради верскиот празник Задушница, информира Министерството за внатрешни работи. Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени сообраќајни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, со почеток од 6 часот. Кон градските гробишта Бутел сообраќајот ќе се одвива еднонасочно, кружно. Возилата ќе се ...

Триесет и шестгодишен скопјанец е лишен од слобода откако 29-годишна жена пријавила дека ѝ се заканувал дека ќе испрати фотографии со експлицитна содржина до членовите на нејзиното семејство доколку не му даде пари и не стапи во сексуален однос со него. Жената го пријавила случајот во полиција, по што на 5 ноември, во 9:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Љ.С. (36) од Скопје во Полициската станица Кисела Вода. Според ...

Пуштен е во употреба современо опремен фризерско-козметички кабинет наменет за средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“, простор во кој талентот ќе се развива, знаењето ќе се применува, а младите ќе ги прават првите чекори кон својата професија, информираше скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. Кабинетот се наоѓа на булеварот Партизански одреди во ТЦ Лептокарија. „Кабинетот располага со 6 фризерски работни места, 2 берберски, 2 ...

Рестораните, кафулињата и другите угостителски објекти во Скопје ќе добијат посебен термин за фрлање смет – до 1 часот по полноќ. Со оваа измена, угостителите ќе можат да го одлагаат отпадот и по времето дозволено за домаќинствата, но ќе мора да користат сопствени контејнери и да имаат склучен договор со ЈП „Комунална хигиена“. Новото правило е усвоено на последната седница на Советот на Град Скопје, по иницијатива на градоначалникот Орце ...

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен утре, 7 ноември, во центарот на Скопје поради одржувањето на ноќната трка „Центар најт ран“ (Centar Night Run). Сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици и булевари, соопшти Министерството за внатрешни работи. Спортско-рекреативната трка ќе почне во 17 часот, а учесниците ќе трчаат на патеки долги 5 и 21 километар. Трасата почнува од улицата Орце Николов, кај зградата на Општина Центар и опфаќа ...

Камениот мост во центарот на Скопје вечерва блесна со ново декоративно и архитектонско осветлување, кое свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската Општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Ѓорѓиевски објави дека, покрај Камениот мост, повторно се осветлени и два други скопски моста, Мостот Око и Мостот на уметноста чие осветлување подолг период не било во функција. „Камениот мост ...

Осум полицајци се уапсени во Србија под сомнение дека се поврзани со смртта на Далибор Драгијевиќ во полициската станица Бор. Далибор беше брат на Дејан Драгијевиќ, еден од двајцата обвинети за убиство на двегодишната Данка Илиќ. Уапените полицајци се осомничени дека му нанеле тешки телесни повреди што резултирале со смрт, објави Вишото јавно обвинителство во Ниш. По наредба од Вишото јавно обвинителство во Ниш, припадници на Секторот за ...

Возачите во Италија наскоро би можеле да плаќаат казни и ако возат пребавно во левата лента на одредени автопатишта. Предложената мерка предвидува минимална брзина од 100 километри на час на автопатите со најмалку три ленти во секоја насока, а прекршителите би се соочиле со парични казни од 40 до 160 евра. Мерката е дел од нацртот на новиот закон за безбедност во сообраќајот, кој италијанската влада го одобри во октомври и го испрати во ...

Градоначалникот на бразилскиот град Бареирос, Карлињос да Педреира, предизвика бурни реакции откако за време на ненајавена посета на општинската болница влегол во просторија за одмор и им се развикал на двајца лекари, обвинувајќи ги дека спијат и се забавуваат додека пациентите чекаат медицинска помош. Снимката од расправијата се прошири на социјалните мрежи, но здравствените организации реагираа дека обвинувањата за интимен однос не се ...

Европските земји сè уште не можат да се договорат кој ќе ги претставува во идните разговори за безбедноста на континентот, тврди Кремљ. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, ја обвини Европа за продолжена неодлучност и неподготвеност, иако призна дека нејзиното учество ќе биде неопходно за евентуален договор меѓу Русија и Украина, пренесе Ројтерс. – Затоа ќе биде неопходна дискусија со Европејците. Но, како што гледаме, тие сè ...

Петти ден по ред продолжуваат заканите со бомби во европскиот авиосообраќај. Денеска два српски борбени авиона пресретнаа патнички авион на „Виз ер“ на линијата Брисел – Софија. Истовремено, во Ирска беа евакуирани редакции по нови дојави. Ирската влада предупреди дека Европа веројатно се соочува со координирана кампања за ширење страв и вознемиреност. Дојавите предизвикуваат безбедносни проверки, пренасочувања на летови и ангажирање воена ...

Американскиот милијардер Илон Маск призна дека неговата компанија „СпејсИкс“ направила грешка кога ѝ обезбедила на Украина илјадници бесплатни терминали за „Старлинк“ и сателитски интернет вреден милиони долари месечно. Неговата изјава доаѓа во време кога Русија веќе го користи сопствениот сателитски систем „Расвет“ за воени операции на украинска територија. „Гледајќи наназад, „СпејсИкс“ направи грешка со испраќањето илјадници бесплатни ...

Трилатерални преговори меѓу делегации на Русија, САД и на Украина ќе се одржат на 10 и 11 ноември во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати, по повеќемесечна пауза во непосредните контакти меѓу Москва и Киев. Рускиот претседател Владимир Путин го потврди почетокот на разговорите, но украинската страна не очекува значителен пробив, додека Кремљ ги намалува очекувањата за големиот договор што го најавува американскиот претседател Доналд ...

Белгискиот крал Филип ја одби оставката на премиерот Барт де Вевер и му наложи веднаш да ги продолжи преговорите за буџетот, иако коалициските партнери со недели не можат да се договорат како да го намалат буџетскиот дефицит за 10 милијарди евра до 2029 година. Одлуката следува по серијата разговори што кралот ги одржал со лидерите на петте партии во владејачката коалиција, по кои оценил дека договор сè уште е можен, пренесува „Политико“. ...

Американската војска започна нова рунда ограничени напади врз Иран, насочени кон систем за воздушна одбрана, потврди претседателот Доналд Трамп. Тој го опиша нападот како „мал“. Иранските државни медиуми објавија за две експлозии во областа на островот Кешм, кој се наоѓа во Ормускиот Теснец. – Тие поставија некаков вид противвоздушен уред, а ние го уништивме за околу 15 минути, можеби 5 – им рече Трамп на новинарите во петокот. Американската ...

Поранешниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења, во текот на ноќта е итно префрлен во воен објект во главниот град Асунсион, откако демонстрантите ја надминаа безбедносната блокада пред неговата резиденција. Преместувањето е извршено поради безбедносни причини, во услови на сериозна политичка и финансиска криза во земјата, предизвикана од колапсот на дигиталната банка „Уено“ (Ueno Bank). Пења, кој во петокот беше сменет од ...

Водородот како енергент на иднината е едно од низата прашања за кои денеска се дискутираше на министерскиот состанок на Иницијативата за енергетско поврзување на Централна и Југоисточна Европа (CESEC), во Загреб. На состанокот се разговара за енергетската безбедност, регионалното поврзување и иднината на европскиот енергетски пазар. Министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска на состанокот, како што соопштија од Министерството, во ...

Српските „Студенти во блокада“ на платформата X најавија дека „ќе ги преземат сите потребни мерки за да го зачуваат банкарскиот систем и ја повикаа Народната банка на Србија и сите други институции активно да учествуваат во тој процес“. Повикот уследи по бројните шпекулации поврзани со Алта банка во Србија, на која Народната банка на Србија на 31 октомври ѝ ја одзеде дозволата за работа, а на трети ноември отвори стечајна постапка за банката. ...

Светските цени на храната малку се намалија од четиригодишниот максимум во октомври, поттикнати од пониските цени на житарките, месото и млекото, објави денес Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО (FFPI), кој ги следи месечните движења на цените на основните земјоделски производи на светскиот пазар, изнесуваше 133,9 поени во октомври, што претставува пад од 1,2% споредено со ...

Владата прави максимални напори за да се најде солиден купувач за Алта банка Битолa која е здрава финансиска институција. Целта е да се спаси оваа банка, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека граѓаните не треба да стравуваат дека ќе ги изгубат нивните пари во банката. -До последниот денар секој доверител и секој штедач ќе бидат обесштетени. Бидејќи најголемиот дел штедните влогови на граѓаните е осигурени во Фондот за ...

Податоците на Државниот завод за статистика за увозот и извозот за септември покажуваат историски најголема разлика помеѓу нив во корист на извозот, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги последните податоци на ДЗС за увозот и извозот. Тој оценката ја поткрепи со бројки – Она што можам да го забележам е историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, односно во септември извозот расте со стапка од 22 до 23% во евра, а ...

ТИТАН Усје и Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој го зајакнуваат партнерството меѓу академската заедница и индустријата. Меморандумот е продолжение на повеќегодишната соработка насочена кон практична настава, размена на знаења и искуства и развој на идните стручни кадри. – Поддршката за академската заедница за нас е вложување во идниот развој на индустријата ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Калај

46.54

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53