Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Невозможни количества на тутун, нереални количества млеко, изнајмување земјоделски површини, се само дел од злоупотребите кои се прават за да се добијат субвенции, открива министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски во интервју за МИА. – Педесетина апликанти претежно од Прилепскиот регион и Кривогаштани на два или 2,5 декари пријавиле производство од 10 и 11 тони тутун. Тоа е невозможно. И кај овците и кај ...
Санација на патниот премин на улицата Перо Наков, во непосредна близина на Железничката станица Маџари, ќе се врши во четврток (06.08.2026 година), во периодот од 08:00 до 16:00 часот. За време на изведувањето на работите, сообраќајот на улицата Перо Наков, на делот каде што се наоѓа патниот премин (преминот преку пругите), ќе биде целосно во прекин. Работите се реализираат во координација со СВР Скопје и ЈСП Скопје со цел нивно безбедно и ...
Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин „Л’Експрес“, во кое учествувале 60 експерти од 25 земји. Како што пренесува „Гардијан“, МИ6 освоила 251 поен и добила високи оценки за својата способност за регрутирање ...
Хистеријата во СДСМ е на завидно ниво, талогот од СДСМ веќе не знае што повеќе да излаже, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски, одговарајќи на новинарско прашање околу обвинувањата од СДСМ дека се создава терен за прифаќање на францускиот предлог. – Ќе ве потсетам, лажеа со години дека ќе банкротираме во 2024 година, во 2025 година. Еве сега сме 2026. Не банкротиравме. А лажат дека ќе банкротираме и оваа година. Лажеа и за ...
Тешка сообраќајна несреќа утрово го блокираше магистралниот пат Битола-Прилеп, во близина на мостот на реката Шемница. Во верижен судир учествувале 4 возила. Сообраќајот на оваа делница е во целосен прекин од 9 часот. Веднаш по добиената пријава, на терен излегле екипи на СВР Битола, Територијалната противпожарна единица Битола и Службата за итна медицинска помош. Во Клиничката болница во Битола со тешки телесни повреди итно биле пренесени ...
Трговски брод што пловел под знаме на Индија синоќа се преврте и потона во близина на територијалните води на Јемен, откако беше погоден од проектил. Сите 14 членови на екипажот се спасени, изјави индискиот министер за бродарство Сарбананда Соновал. Министерството за надворешни работи на Индија го осуди нападот врз трговскиот брод и наведе дека Амбасадата во Ријад ја следи ситуацијата и активно се координира со јеменските власти за ...
Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста, реагира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. „Факт е дека институциите редовно комуницираат со земјите членки на Европската Унија, со европските институции, со Бугарија и со другите меѓународни партнери. Овие разговори се водат транспарентно, а позицијата на Владата е јасна и повеќепати јавно ...
Две девојки од Тетовско скокнале од такси во движење бидејќи таксистот не ги однел на бараната локација. Како што соопшти полицијата, на 04.08.2026 во 16:30 часот во Полициското одделение Теарце, Д.Ќ. пријавил дека неговата девојка Е.И.(20) и нејзината 16-годишна другарка, двете од селото Пршовце, Тетовско, додека биле во такси возило, возачот започнал да се однесува непримерно, не го запрел возилото и не ги однел на бараната локација. Според ...
Откако нејзините фотографии во костим за капење предизвикаа бројни коментари на социјалните мрежи, Георгина Родригез реши да им одговори на сите кои го критикуваа нејзиниот изглед. На Инстаграм таа објави нови фотографии од одморот, но и подолга порака во која порача дека не се срами од своето тело и дека го прифаќа во секоја животна фаза. – Моето тело ќе се менува, како што се менува телото на секоја жена. Се надевам дека ќе се менува уште ...
Маж вооружен со пиштол е уапсен откако фотографирал и снимал видеозаписи од теренот на голф-клубот „Trump national“ во Лос Анџелес, кој му припаѓа на американскиот претседател Доналд Трамп. Инцидентот се случил за време на викендот, соопшти денеска канцеларијата на шерифот на Лос Анџелес. Полицијата го пронашла возилото на осомничениот Жанин Џон Тејл (38) на паркингот од голф-клубот, а кај него биле пронајдени рамка со 16 куршуми, наполнет ...
Владата најостро ги демантира, како што вели, обидите за манипулирање на јавноста со неточни, комплетно измислени дезинформации од страна на СДСМ во врска со набавката за водата за пиење која се донира во Гостивар. Владата наведува дека останува доследна на преземената обврска дека граѓаните на Гостивар ќе добиваат безбедна вода за пиење сè додека стручните лица и надлежните институции официјално не потврдат дека водата од водоводниот систем ...
Меган Маркл го прослави својот 45. роденден на поинаков начин од вообичаеното. Војвотката од Сасекс на Инстаграм објави црно-бели фотографии на кои со насмевка скока во базен држејќи роденденски балони, а со кратка порака им се заблагодари на сите за честитките. Фотографиите се направени за време на приватна прослава во Калифорнија, во друштво на најблиските пријатели и семејството. Освен фотографиите, Меган објави и кратко видео кое ги ...
Ријана триумфално се врати на улиците на Барбадос за време на Grand Kadooment Day, завршната парада на традиционалниот фестивал Crop Over, кој се смета за најголемиот културен настан во земјата. Нејзиното појавување беше едно од најочекуваните, бидејќи последен пат учествуваше во 2024 година. Светската ѕвезда носеше впечатлив костим изработен од барбадоската дизајнерка Лорен Остин, со која соработува повеќе од една деценија. Костимот беше ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека администрацијата на САД имала „многу добри разговори“ со Иран, што ги зголеми очекувањата дека наскоро може да биде постигнат договор за окончување на петмесечниот конфликт. Цените на нафтата паднаа, а берзанските индекси пораснаа во азиското тргување, откако акциите на Волстрит достигна рекордни нивоа поради надежите дека наскоро може да биде постигнат договор за обновување на поморскиот ...
Мексиканскиот инфлуенсер Сезар Гастелум беше застрелан и убиен додека пренесуваше во живо настан на кој бил со пријатели пред ресторан за брза храна во градот Кулијакан, на северот од земјата. Гастелум имаше речиси 600.000 следбеници на ТикТок и беше познат по своите комични видеа. Додека го емитуваше своето обраќање во живо пред ресторан за брза храна во мексиканската држава Синалоа, со мотоцикл му се приближија две лица со кациги, а возачот ...
Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното. Податоците за реализација на Буџетот за 2026 година заклучно со 31 јули 2026 година покажуваат дека вкупните приходи се реализирани во износ од 204,553 милијарди денари што е 53,9% од планираното и бележат раст од 9,3% во споредба со истиот ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија. Министерството, заедно со АД ЕСМ, АД МЕПСО и останатите надлежни ...
Неодамна Кејти Пери настапи во Косово како една од главните ѕвезди на фестивалот Sunny Hill, кој го организираат Дуа Липа и нејзиниот татко Дукаѓин Липа. Пејачката по настапот не го криеше воодушевувањето, објавувајќи фотографии и видеа со порака дека нејзиниот прв концерт во Косово бил „магичен“, а посебно им се заблагодари на Дуа Липа и организаторите за поканата. Еден од најемотивните моменти на вечерта се случи кога Кејти забележа девојче ...
Дел од ракета на американската вселенска компанија Спејс Икс, кој остана во орбитата по мисијата од минатата година, денеска ќе удри во Месечината со брзина од околу 8.690 километри на час. Станува збор за вториот степен од ракетата Фалкон 9, која во јануари 2025 година го испрати лендерот на компанијата Firefly Aerospace кон Месечината. Ракетниот степен, тежок околу 4 тони и со големина на автобус, се очекува да удри во Ајнштајновиот кратер, ...
Царинската управа во јули оствари историски највисокa месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари (околу 227 милиони евра), што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека ваквите податоци се доказ дека системот што се гради во изминатите две години ја зголемува способноста на државата да генерира повисоки приходи. – Најзначајниот аспект на ...
Скопјанец е фатен на Партизанска со две тегли со марихуана и е лишен од слобода. Како што соопшти полицијата, на 04/05.08.2026, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на булеварот Партизански одреди во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П.. При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања ...
Неодамна Кејти Пери настапи во Косово како една од главните ѕвезди на фестивалот Sunny Hill, кој го организираат Дуа Липа и нејзиниот татко Дукаѓин Липа. Пејачката по настапот не го криеше воодушевувањето, објавувајќи фотографии и видеа со порака дека нејзиниот прв концерт во Косово бил „магичен“, а посебно им се заблагодари на Дуа Липа и организаторите за поканата. Еден од најемотивните моменти на вечерта се случи кога Кејти забележа девојче ...
Американската воена индустрија со почетокот на 2027 година веќе нема да смее да користи критични минерали со потекло од Русија, Иран, Северна Кореја и пред сè, од Кина. Рокот го постави претседателот Доналд Трамп во новата извршна наредба која ја објави Белата куќа. Дозволено ќе биде да се користат руди само од домашно производство или со потекло од партнерски или сојузнички земји. Ќе се проверува потеклото на металот за секоја една ...
ДУИ повторно се нафрли врз Охридскиот договор, како да е нивна лична тапија. Наводно го брани, а всушност го држи како заложник за своите партиски интереси. Партијата што некогаш се прогласи и за „зелена“, денес го попречува унапредувањето на едно од најважните начела на Охридскиот договор – правичната и соодветната застапеност, соопштен ВЛЕН. „Цели 22 години ДУИ ги имаше и ножот и погачата. Имаше министри, пратеници и власт до гуша. Можеше ...
Германската супермоделка Хајди Клум (53) беше фотографирана на плажа заедно со 16 години помладиот сопруг Том Каулиц, кадешто уживаше во сончање топлес. Фотографиите брзо се проширија низ светските медиуми, а многумина коментираа дека изгледа речиси непроменето во споредба со годините кога владееше на модните писти. Клум и Каулиц веќе подолго време летото го минуваат на Медитеранот, а на социјалните мрежи редовно споделуваат моменти од ...
Најмалку 15 луѓе се убиени, а 51 се повредени во третиот голем руски напад врз Киев и неговата околина во последната недела. Во текот на ноќта, ракети и беспилотни летала предизвикаа пожари во станбени згради, магацини и во индустриски објекти низ целиот главен град и регионот. Државната служба за вонредни состојби (СЕС) и градоначалникот Виталиј Кличко објавија податоци според кои 14 лица загинаа, а 27 се повредени во регионот на Киев. Во ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија – наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Еден од најзначајните резултати е повторното активирање на продуктоводот Солун-Скопје по пауза од 13 години. Со ...
Ова лето Џенифер Лопез со своите 18-годишни близнаци Макс и Еме ужива на патување низ Италија, кое има посебно емотивно значење. Пејачката на Инстаграм објави ретки семејни фотографии со опис: „Патување со моите кокосчиња пред да заминат на колеџ“, откривајќи дека сака да ги помине последните безгрижни денови со децата пред тие да започнат ново животно поглавје. За време на престојот во Италија, семејството ги посети најпознатите знаменитости ...
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ги потресе јужните делови на Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил под морското дно, на длабочина од десет километри, во регионот Минданао, околу 104 километри од градот Генерал Сантос. Не е издадено предупредување за опасност од цунами. Според изјави на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил ...
Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, предупреди дека Пјонгјанг ќе усвои „дополнителни воени опции“ како одговор на она што го нарече трансформација на Јапонија во воена сила, откако Токио тестираше крстосувачка ракета „Томахавк“ од американско производство. Во соопштението што го пренесе севернокорејската државна агенција КЦНА, Ким ја обвини Јапонија дека го надминала одбранбениот став и ги претворила своите вооружени ...