Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Со спектакуларен музичко-сценски перформанс на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, в недела (9 август) ќе започне музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија, соопшти „Авалон продукција“. Според најавата, преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на државата, при што ќе бидат претставени најзначајните историски моменти, предизвици и ...
Ние сме секогаш спремни за избори. Кога која било влада ќе влезе во вториот дел од мандатот нормално е да се очекуваат избори во даден момент. Ние би биле среќни доколку одиме на редовни избори, доколку ги реализираме проектите на коишто сме фокусирани, но секогаш сме спремни и за предизвик којшто во моментот го нема, така што најверојатно ќе одиме на редовни избори, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...
Возачите кои минуваат низ дел од индиската сојузна држава Мадја Прадеш ги пречекува необична глетка – делници од патот обоени во интензивна црвена боја, што од далечина потсетуваат на огромна црвено-црна шаховска табла. Сепак, не станува збор за украс или уметничка инсталација, туку за ново сообраќајно решение чија цел е да ја намали брзината на возилата и да ги заштити дивите животни на патот што минува низ резерватот за тигри Вирангана ...
Полицаец во американската сојузна држава Њу Џерси се маскирал во зелена грмушка за да ги открие возачите кои за време на возењето пишуваат пораки, пребаруваат на интернет или разговараат на мобилен телефон. Полициската управа на Данелен на социјалните мрежи објави фотографии од својата необична „специјална единица“. На нив се гледа полицаец облечен во маскирно одело што наликува на зелена грмушка, со двоглед во рацете. „Дали денес ја ...
Македонија ја очекува сончев и исклучително топол ден, со температури кои на повеќе места ќе се приближат до 40 Целзиусови степени. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде стабилно, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 12 степени во Берово до 19 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе достигнат од 31 степен во Маврово ...
Украина е подготвена за сите формати на разговори со Соединетите Американски Држави со цел да се постигне мир преку преговори, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во своето редовно вечерно обраќање до нацијата, Зеленски истакна дека украинската дипломатија секојдневно комуницира со претставници на американскиот претседател Доналд Трамп во рамки на процесот на преговори со Русија. – Украинската дипломатија е во ...
Пожарот што три дена гореше во атарот на кавадаречкото село Раец е целосно изгаснат, соопшти вечерва градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Во објава на својот профил на Фејсбук, Јанчев истакна дека по три дена непрекината, тешка и пожртвувана работа, огнената стихија е ставена под целосна контрола. – По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат. Заедно покажавме дека кога сме обединети ...
Двајца државјани на Косово се лишени од слобода во Скопје под сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“, откако полицијата во нивното возило пронашла пари во различни валути со вкупна вредност од околу 230.000 евра. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 3 август 2026 година, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ф.Р. (30) и Т.Т. (44), двајцата државјани на ...
Фактот дека партија која со години го промовира концептот на „општество за сите“ стана заложник на ксенофобична реторика зборува за длабочината на нивниот политички и морален пад. Со напаѓањето на мојот избор, СДСМ директно им испрати порака на граѓаните од српска националност дека ги смета за граѓани од втор ред, чии права се пожелни само на хартија за време на изборните кампањи, или според нивната реторика во последните години, така што би ...
Франција од почетокот на сезоната на шумски пожари регистрирала околу 14.000 пожари, а безбедносните служби уапсиле повеќе од 400 лица поради сомневања за намерно предизвикување пожари или пожари предизвикани од невнимание, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез. Според телевизијата „BFMTV“, Нуњез информираше дека досега се уапсени 402 лица, од кои дел се осомничени за намерно предизвикување пожари, а дел за невнимание ...
Најтешката делница од автопатот Кичево–Охрид, во должина од околу 10 километри, треба да биде пуштена во употреба во следните месеци, додека целосното завршување на целиот автопат е планирано за мај следната година, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, Николоски посочи дека најголем дел од капацитетите на Министерството за транспорт во моментов се ...
Политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат резултати, а македонските аеродроми бележат значителен раст во бројот на патници и реализирани летови, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5, Николоски посочи дека субвенционирањето и привлекувањето нови авиопревозници придонесуваат за зголемување на авиосообраќајот, што, според ...
Најтешката делница од автопатот Кичево–Охрид, во должина од околу 10 километри, треба да биде пуштена во употреба во следните месеци, додека целосното завршување на целиот автопат е планирано за мај следната година, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, Николоски посочи дека најголем дел од капацитетите на Министерството за транспорт во моментов се ...
Шест лица загинаа, а најмалку 34 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во една од омилените туристички дестинации во Италија. Несреќата се случила во регионот Умбрија, кога кампер од засега непознати причини преминал во спротивната сообраќајна лента и директно се судрил со туристички автобус. По ударот, во автобусот удриле уште три автомобили, чии возачи не успеале навреме да закочат. Трагедијата се случила во неделата ...
Израелски суд привремено го блокираше планот на министерот за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, околу затворот „Кезиот“ во пустината Негев да биде изграден ров со крокодили како дополнителна заштита од можни бегства. Контроверзниот предлог предвидувал крокодилите да служат како „жива безбедносна бариера“ околу затворот, во кој голем број палестински затвореници издржуваат затворски казни. Меѓутоа, идејата наиде на силни критики од ...
Во текот на денешниот ден пожарникарите и службите за итни интервенции успеаја значително да ја подобрат состојбата со пожарите на отворен простор низ државата. Според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 18 часот биле регистрирани 14 пожари, од кои само еден останува активен, четири се ставени под контрола, а девет се целосно изгаснати. Во моментов активен е пожарот во реонот на Стопански Двор, во ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека е постигнат напредок во разговорите меѓу САД, Иран и Оман за регулирање на бродскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец, еден од најважните светски поморски премини. – Постигнат е напредок во тие преговори, но сè уште нема конечно решение. Се надеваме дека тоа ќе се случи многу брзо – изјави Рубио. Во меѓувреме, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, појасни ...
Односите меѓу Европската фудбалска унија (УЕФА) и Светската фудбалска федерација (ФИФА) повторно се во центарот на вниманието, откако британските медиуми објавија дека претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, размислува за бојкот на Светското клупско првенство во 2029 година. Според информациите, Чеферин планира да обезбеди поддршка од водечките европски клубови преку разговори со претседателот на Европската асоцијација на клубови (ECA) и ...
Екстремната суша и високите температури што ја зафатија Европа предизвикаа рекордно ниско ниво на водата во Дунав, поради што во близина на Прахово, во источна Србија, повторно се појавија остатоци од германски воени бродови потопени за време на Втората светска војна. Станува збор за бродови што германските сили намерно ги потопиле при повлекувањето во 1944 година, со цел да не паднат во рацете на тогашната Црвена армија. Поради значителното ...
Водата од градскиот водовод во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и граѓаните треба да продолжат да ја користат исклучиво како техничка вода, изјави попладнево министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи. Тој информираше дека на состанокот било договорено следните анализи на водата да се спроведуваат почесто, односно да се зголеми зачестеноста на мерењата на квалитетот на водата ...
Најмалку пет лица загинаа во украински напади со дронови во Московската област, додека најмалку пет цивили ги загубија животите во руски воздушни напади врз Украина – соопштија денеска властите на двете земји. Од почетокот на руската инвазија пред повеќе од четири години, Украина разви беспилотни летала со долг дострел, способни да погодуваат цели длабоко на руска територија. Во изминатата година тие извршија напади врз рафинерии, големи ...
Романтичната врска меѓу супермоделот Џиџи Хадид и актерот Бредли Купер повторно е во центарот на вниманието. Причината се најновите фотографии направени во Париз, на кои се гледаат двајцата како шетаат држејќи се за рака, а вниманието на јавноста го привлекоа прстените што ги носат на левиот домал прст. View this post on Instagram A post shared by curators of pop culture (@deuxmoi) Иако ниту Џиџи, ниту Бредли не потврдиле дека се венчале, ...
Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во текот на јуни и јули спроведе засилени акции против незаконскиот риболов, при што беа реализирани вкупно 44 акциски контроли во водите на Охридското Езеро. Во рамки на акциите, полициските службеници затекнале две лица при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“. Станува збор за лица од охридското село Пештани и од Струга, кои биле приведени во полициска станица, а против нив се ...
Мароко ја предупреди Шпанија за миграциските ризици што ги носи неодамнешната одлука на шпанскиот суд, уште пред избувнувањето на кризата во Сеута, изјави денеска висок марокански претставник за Франс прес. Мадрид го демантираше ова тврдење. Во последните денови околу 50.000 лица, претежно марокански државјани, пристигнаа во северноафриканска енклава Сеута пеш или пливајќи од соседниот марокански град Фнидек. Овој невиден прилив за кратко ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по чл.386 став.5 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР. Тој, на 02.08.2026 во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа бил лишен од слобода, по претходна пријава дека упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 Август, велат од полицијата. По повод големиот ...
Техеран подготви напад на три локации во Украина, но го напушти планот откако Киев се извини, рече високиот советник на врховниот лидер на Иран, Мохсен Резаи, објави иранската државна телевизија Прес ТВ. Резаи рече дека планираната одмазда требало да биде одговор на украинскиот напад на 25 јули врз брод во Каспиското Море, што превезувал воен товар меѓу Иран и Русија. – Бевме подготвени да нападнеме три локации во Украина, но го откажавме ...
Во наредните два дена 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош од Град Скопје, соопшти градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. „Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме финансиска поддршка за лицата кои водат една од најтешките животни битки. Утре и во текот на наредниот ден, 456 онколошки пациенти кои аплицираа за еднократна парична помош ќе ги добијат средствата на своите сметки. Вкупно 1.200 ...
Поп-ѕвездата Кејти Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо повторно го привлекоа вниманието на светските таблоиди, откако беа фотографирани како разменуваат страсни бакнежи за време на одмор во Сен Тропе. Двојката беше снимена на плажата кај клубот „Les Palmiers“, каде што се држеше за раце, се прегрнуваше и уживаше во морето пред бројните папараци. @parismatch Katy Perry and Justin Trudeau are showing some PDA in Saint-Tropez💘 ...
СДСМ се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Андреј Жерновски, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Жерновски. „Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени. Системот ...
Познатата српска водителка и поранешна лото-девојка, Сузана Манчиќ, го дочека своето прво внуче. Нејзината постара ќерка Теодора Куниќ донесе на свет здраво машко дете. Раѓањето било извршено по природен пат во една приватна клиника во Белград, а бебето тежело 3.650 грама. Среќните родители за својот првороден син го избрале името – Мијат кое, како што пишуваат српските медиуми, е народна форма од името Михајло и потекнува од хебрејскиот ...