Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Музичката ѕвезда Лејди Гага (35) ја предводи листата на најдобро облечени славни личности на магазинот „People“, во која беа вклучени и sвездата на популарната серија „Euphoria“, Зендаја и оскаровката Виола Дејвис. Лејди Гага ја понесе титулата „Икона“ во изданието на магазинот кој е посветен на најдобро облечени на годината (Best Dressed of the Year Issue), и покрај тоа што оваа година се нема појавено на црвениот тепих. Списанието го пофали ...
Големо внимание на овогодинешната Мет Гала привлече актерот Елиот Пејџ (34), кому ова е прво појавување на црвениот тепих, откако во декември претходната година објави дека се идентификува како трансроден маж. 34-годишниот актер носеше црн костум и патики „Balenciaga“, а највпечатлив дел од изгледот беше зелената роза на палтото. View this post on Instagram A post shared by @elliotpage Елиот по признанието се раздели со сопругата Ема Портер, ...
„Европска недела на мобилност” e активност, односно кампања која на иницијатива на Европската комисија, се спроведува секоја година, во периодот од 16 до 22 септември. Кампањата има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето, велосипедизмот. Согласно тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во наредните 7 дена ќе реализира низа активности за промоција и поддршка на алтернативните форми ...
Битола овие денови ќе гледа филм, ќе дише филм, ќе раскажува филм, ќе живее филм, ќе пее филм. Вечерва почнува 42.издание на ИФФК „Браќа Манаки“ со традиционалното доделување на наградите „Златна камера 300 за животно дело“, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ и проекцијата на филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума. На црвениот килим ќе поминат годинешните учесници и гости на фестивалот, ѕвездите-лауреати на фестивалските награди: ...
Некои од македонските пејачи решија среќата да си ја побараат надвор од Македонија и да се обидат да освојат друг пазар, публика, но колку тоа му успева истражуваше естрадниот магазин „Бекстејџ”. Сузана Гавазова, Сања Цинцева – Барби, Боби Павловски, Ѓоко Јовиќ се само дел од пејачите кои пробаа да го освојат српскиот пазар, единствено Елена Велевска се обиде да го освои бугарскиот пазар, покрај фолк пеачите и поп пејачите обид направија и ...
Џенифер Анистон (52) непријатно се изненадилa за време на интервју за емисијата „This Morning“, бидејќи мислела дека водителката Џоси Гибсон ја прашала „дали е проститутка?“. За актерката претставувал проблем британскиот акцент на водителката поради што тешко разбирала некои од прашањата. Прашањето кое предизивика најголем проблем било „Аre you a hugger?“, што на Џенифер и звучело како „hooker“, а во превод тоа би значело „Дали си ...
Принцот Хари (37) и неговата сопруга Меган Маркл се појавија на насловната страница на американскиот магазин „Time“ како едни од 100-те највлијателни луѓе во 2021. година. Војводата и војвотката од Сасекс на фотографиите се со сериозен израз на лицата додека позади нив се наоѓаат дрва. Оваа насловна привлече многубројни коментари од читателите. View this post on Instagram A post shared by TIME (@time) – Ова е сигурно грешка во уредувањето; ...
Овој викенд, на локацијата кај мегалитската опсерваторија Кокино, ќе се одржува третото издание на мултимедијалната културна манифестација „КОКИНО – Тврдина на сонцето“, уникатниот фестивал кој годинава за прв пат е организиран со тридневна програма од 17 до 19 септември. Во рамки на перформативната програма на „Кокино – Тврдина на Сонцето“ ќе се одржат повеќе од 20 настапи на реномирани уметници од македонската сцена, вклучувајќи ги и ...
Со премиера на комедијата „Грдиот“ од НУ „Театар Комедија“ во режија на Ирена Стеријовска вечерва во 21:00 часотво Спортскиот центар „Ново Лисиче“почнува традиционалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој годинава ќе се одржи по осми пат. Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Тони Денковски и Наталија Теодосиева. Фестивалот што го организираат Општина Аеродром и НУ „Театар комедија“ ќе се одржи според ...
„Магнет“ е насловот на најновото музичко остварување на младата пејачка Антониа Гиговска, која вчеравечер го промовираше на своите социјални мрежи. Судејќи по првите коментари и реакции од публиката, несомнено е дека Антониа има уште еден голем хит во своето „си-ви“. Таа и овојпат довербата му ја даде на хит-мејкерот Лазар Цветкоски, кој пак уште еднаш докажа зошто е еден од најдобрите продуценти на овие простори, додека текстот е дело на ...
Мартина е пејачка која остави трага на домашната музичка сцена,иако ја нема 13 години таа беше топ тема низ чаршијата но низ медумите поради својот љубовен живот. Во ексклузивна исповест која реткој кој домашен артист ја дава Мартина искрена до срж , со кнедла во грлото се отвори пред камерата на естрадниот магазин Бекстејџ. Прв пат проговоре за болката која ја доживеа пред три години и која никако да помине.Имено таа кобна ноќ во последните ...
По се изгледа соработката помеѓу младата пејачка Теа Трајковска и момците од групата „Дупер“, Илчо и Борис се покажа како одлична. Нивната заедничка песна „Не ми даваш сон“ која ја објавија пред само неколу дена, наиде на доста позитивни реакции и коментари од страна на публиката. За само два дена, песната „органски“ имаше преку 50.000 прегледи, што е навистина одлична бројка за толку кратко време. Меѓутоа за да дојдат до ваква песна Теа и ...
Волшебните DEAD CAN DANCE конечно пристигнуваат во Скопје! Македонската публика за прв пат ќе има прилика да ужива во безвременскиот и магичен звук на култниот и единствен светски музички феномен Dead Can Dance (Дед Кен Денс) кој следната пролет, во рамки на Таксират Фестивал ќе одржи два концерта, на 23 и 24 мај во Македонскиот народен театар. Лиза Џерард, еден од најубавите светски вокали на современата музика и музичкиот гениј Брендан ...
Мет Галата има долга историја на необични и добро запаметени модни комбинации кои секоја година одново ја шокираат јавноста. Во понеделникот во Њујорк е одржан еден од најважните настани во годината во светот на модата, Мет Гала. Иако традиционално се одржува првиот понеделник во месецот мај, овогодинешната го имаше првото есенско издание поради пандемијата. Како и обично свеченоста се оддржа во музејот „Метрополитан“, а гостите не можеа да ...
Доделувањето на наградите на Ем-ти-ви оваа година се врати во вообичаениот формат – се одржа во живо од „Центарот Баркли“ во Бруклин (Њујорк, САД) во присуство на публика. Во август, инаку, телевизијата прослави 40 години постоење. Водителка овојпат беше Доџа Кет. Церемонијата на доделување на Ем-ти-ви видео-музичките награди се одржа во неделата вечер, а спектакуларното шоу го отвори поп-иконата Мадона, која на сцената се појави пеејќи го ...
По повод одбележување на 30 години независност на државата ќе се одржи EXPO.30, настан во организација на Боттега Евенти и поддржан од страна на Владата на РС Македонија. Настанот ќе се одржи на 16 и 17 септември во Музејот на современа уметност во надворешниот простор. Во фокусот на EXPO.30 е македонската мода претставена преку премиерна проекција на документарен филм кој нуди ретроспектива на македонската мода во првите 30 години ...
На 31. aвгуст во Њујорк македонскиот сликар Ѓоко Ризов беше дел од настанот „Abstraction Have Voices” каде познатиот композитор и пијанист Маргин Александер од Њујорк, изведе неколку оригинални композици инспирирани од уметноста на Ризов и единаесет други уметници од девет различни земји. Настанот во форма на музичка изложба беше инструментален концерт во Њујорк емитуван во живо преку онлине стриминг отворен за сите музички и уметнички ...
Поп sвездата Бритни Спирс, која моментално е во фокусот на јавноста поради борбата со контроверзното старателство кое управува со нејзиниот личен живот и финансии, објави дека е свршена со долгогодишното момче Сем Асгари (27). Бритни и Сем ја објавија среќната вест на Инстаграм, а пејачката се пофали со огромниот дијамантски прстен. Менаџерот на Сем ја потврди веста за свршувачката, изјавувајќи: „Парот денес ја официјализираше својата долга ...
Вечерва, на првиот канал на МРТ, во 21.05 ч ќе се емитува снимката на Фолк вечер од Интернационалниот „Охрид фест“ што се снимаше во саботата по полноќ на сцената на Долни Сарај во Охрид. Шеснаесет песни, многу познати имиња, групата „Скопски боеми“ која настапи во ревијалниот дел и Каролина Петковска која ја водеше оваа специјална музичка ноќ, се доволна причина да го проследите фестивалот што годинава го имаше 28-мото издание. Веќе следниот ...
Џослин Пук, една од најпознатите британски композитори на филмска, театарска, телевизиска и концертна музика во Битола ќе има работилница насловена „Компонирање филмска музика со Џослин Пук“. -Музиката е важна во животот на многу луѓе. Мојата музика обично се користи како друг глас во филмовите, фрла поинаква светлина на нештата, ќе рече Пук за филмската музика која ја создава. Номинирана и добитник на бројни награди. Најпозната по нејзината ...
Заврши 4-тото издание на меѓународниот фестивал на светло и светлосна уметност, Skopje Light Art District. 25 уметници од 14 земји изминатите 4 дена со помош на своите светлосни дела, инсталации и светлосни перформанси го обоија Скопје и ги забавуваа скопјани. Во знак на солидарност поради трагичниот настан со пожарот во КОВИД 19 болницата во Тетово и прогласената тридневна жалост на територија на цела држава, изминатите денови светлосните ...
Караванот на „Мадам Фортуна“ е интеркултурен музички проект, во кој се вклучени музичари од три европски земји и една балканска. Професионалци во својата област, музичари со долгогодишно искуство на сцената од Македонија, Шпанија и Белгија, преку проектот „European Caravan“, финансиран од Erasmus Plus Programe EU, JINT и Flemish community – City of Antwerpen, формираа бенд кој преку овој проект ќе ја пренесе културата и културните вредности ...
Левиот бек на македонската репрезентација, Езѓан Џани Алиоски, важи за еден од милениците на публиката. За неговите шеги на тренинзите и во соблекувалната раскажуваат и фудбалерите и фановите, а и тој често објавува забавни видеа на социјалните мрежи. На Евро 2020 даде гол против Украина по Горан Пандев, кој го постигна првиот гол за Македонија на европските првенства. „Јас сум најмладиот стрелец за Македонија на едно Европско, ако имам 29 ...
На аеродромот Марко Поло во Венеција, на пат кон дома, еден обожавател одлучи да не ги почитува правилата и премногу и се приближил на Џенифер Лопез, но Бен Афлек веднаш застанал да ја одбрани. Тогаш реагирало и обезбедувањето, а Бен загрижено ја прашал Џенифер дали е добро. Сепак, латино дивата не дозволила ситуацијата да ја вознемири премногу. Дури и со насмевка на лицето му се заблагодарила на персоналот на аеродромот за помошта и заминала ...
Заврши 78. издание на најстариот филмски фестивал. L’Événement (Happening) во режија на Одри Диван, француска драма за илегални абортуси во шеесеттите години на минатиот век, ја доби наградата „Златен лав“ за најдобар филм на фестивалот во Венеција. Пенелопе Круз беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот за улогата во филмот „Parallel Mothers“ на шпанскиот режисер Педро Алмодовар, а најдобар актер според одлуката на жирито е Џон ...
Холивудскиот актер Џек Николсон не е виден во јавност повеќе од една година, а неговите блиски пријатели стравуваат дека актерската легенда страда од деменција. Џек Николсон се смета за едно од најголемите актерски имиња во Холивуд. Славниот актер ја одигра својата последна улога во филмот „Како знаеш“ (“How Do You Know”) од 2010 година. Според извори за американските медиуми 84-годишниот оскаровец ги поминува „последните, тажни денови“ во ...
Холивудската актерка Џенифер Лоренс е бремена, пренесува порталот „Page Six“. Ова ќе биде прво дете за оскаровката и нејзиниот сопруг Кук Маруни (37). Веста ја потврди нејзината претставничка за американските медиуми. Џенифер и Кук се венчале на приватна церемонија во октомври 2019 година по тригодишна врска. Свадбата се одржа во луксузна вила на Роуд Ајленд, а на нивната венчавка присуствуваа голем број sвезди од шоу-бизнисот, а најголемо ...
Фудбалерот Кристијано Роналдо (36) неодамна ги шокираше фановите со неговиот трансфер од италијанскиот Јувентус во англискиот клуб Манчестер Јунајтед, а сега и неговата девојка ја заинтригира јавноста. Таа на својот Инстаграм профил објави како наскоро ќе има свое реално шоу кое ќе се емитува на Нетфликс под наслов „Јас сум Георгина“. Нејзината најава на новиот проект пријатно ги изненади сите -Моето реално шоу набргу пристигнува на Нетфликс. ...
Долго време се шпекулираше за нејзината бременост и сега Кајли Џенер со видео на Инстаграм ги потврди гласините дека заедно со раперот Тревис Скот го очекуваат второто дете. 24 -годишната ријалити ѕвезда и козметички могул Кајли Џенер и 30-годишниот рапер Тревис Скот повторно ќе станат родители. -Дали си бремена? – ја прашува во видеото мајката на Кајли, Крис Џенер, гледајќи ги снимките од ултразвукот и додавајќи дека ова е еден од ...
Снимањето на новата сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ започна денеска, а на местото на Јелена Карлеуша како нов член во жирито се придружи балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ. Цеца се појави на првиот ден од снимањето на „Sвездите на Гранд“ во сини панталони и перфорирано сино палто под кое носеше корсет кој ги истакна нејзините атрибути. Пред самиот почеток на снимањето на шоуто, пред многубројните новинарите кои ...