Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Наместо да ја реконструира и модернизира постојната железничка инфраструктура, Владата планира ново огромно задолжување од 2 до 2,5 милијарди евра за таканаречена брза пруга, проект кој ќе го плаќаат граѓаните, рече организацискиот секретар на СДСМ Зоран Трифуновски, во „Тема на денот“ на Сител. Тој посочи дека решението не е во нови милијарди кредити, туку во реконструкција на постојната пруга, која може да обезбеди подобар и поефикасен ...
Согласно добиени резултати од испитувања, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, информирајќи за дневните мониторинг – активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Денеска од страна на секторот Санитарна контрола при јавното претпријатие, ...
Спречена катастрофа во виничко, запалена била трева при сечење со брусилица, алармираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, апелирајќи за внимателност. – Во текот на вчерашниот ден, лице со брусилица сечело делови од возилото зад мене. Од искрите се запалила околната трева. Пожарот бргу се проширил во околината, но благодарение на брзата реакција на виничките пожарникари, бил совладан во прва фаза. ...
Беспилотно летало со експлозив во текот на ноќта се приближило опасно блиску до украински авион на германскиот аеродром Лајпциг/Хале, соопштија од НАТО по безбедносниот инцидент поради кој привремено беа суспендирани сите летови. Настанот предизвика итна реакција на службите за безбедност и блокада на аеродромскиот сообраќај, додека надлежните органи започнаа истрага за потеклото на дронот. Присуството на леталото веднаш го активирало алармот ...
Недостигот на анестезиолози и радиолози е еден од најголемите предизвици во македонското здравство и не може да се надмине за краток период, бидејќи станува збор за специјализации што траат шест години, изјави министерот за здравство Сашо Клековски во „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“. – Морам да кажам дека експериментот со приватните специјализации направен во 2018 – 2017 година не ги даде посакуваните резултати, односно не се запишуваа ...
Македонско друштво „Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот и членовите на Општинскиот совет, со кое бара официјалната веб-страна на Општината, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик. -Иницијативата се темели на Законот бр. 96/2017 „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“, кој ги гарантира правата на националните малцинства, вклучително и правото на ...
Додека илјадници граѓани на Гостивар се соочуваа со сериозна здравствена криза, небезбедна вода за пиење и последици по нивното здравје, премиерот Христијан Мицкоски отвораше базен во Кавадарци. Тоа е сликата за односот на Владата кон една од најсериозните здравствени кризи во државата, истакна организацискиот секретар на СДСМ, Зоран Трифуновски, во емисијата „Тема на денот“ на Сител. „Труењето на граѓаните на Гостивар е недозволива ...
На 04.08.2028 во Полициското одделение Сарај, И.Х.(41) – директор на ЈКП Сарај, пријави дека во периодот од 16:30 часот на 31.07.2026 до 06:40 часот на 04.08.2026, во неговата канцеларија која е сместена во објектот на општината, со употреба на сила била отворена влезната врата од канцеларијата и фиока од негово работно биро, при што се украдени пари од прометот на ЈКП Сарај. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 04.08.2028 во ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Случајот со српскиот државјанин Љубиша Каровиќ, кој речиси падна од авион за време на лет на „Рајанер“, влегува во нова фаза и ќе прерасне во повеќегодишна судска битка во Соединетите Американски Држави. Судскиот процес сè уште не е започнат бидејќи кривичните истраги и истрагите за внатрешна безбедност сè уште траат, но правниот тим на оштетениот веќе ги подготвува тужбите. Каровиќ ќе поднесе тужба против три големи компании: авиокомпанијата ...
Во болницата во Гостивар, среде епидемија предизвикана од загадена вода, дежура: • еден специјалист инфектолог • четворица специјализанти • и дерматолози, велат од СДСМ. Ова е состојбата на здравствениот систем што треба да се справи со масовно труење на граѓаните. Пациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово – затоа што и болницата им е отруена. Додека ова се случува: • Мицкоски и Клековски се на екскурзија. • Тошковски, откако го спроведе ...
Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри услови за одмор и престој на граѓаните. Клупите се поставени во Топаана, Гази Баба, на улицата „Емин Дураку“, зад Чаирската џамија, како и во близина на маркетот „Сарај“ во Чаир, со што се збогатува урбаната опрема и се подобрува функционалноста на јавните простори. Поставувањето на урбаната опрема ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, два се ставени под контрола, а 11 се целосно изгаснати. Активен останува пожарот во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, на месноста Стојанова Населба, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола се пожарите на депонијата ...
Владата на Мицкоски воспостави нов рекорд: државата се задолжува речиси секоја седмица. • На 14 јули – 7 милиони евра од државните претпријатија. • На 29 јули – 25 милиони евра од Светска банка. • На 5 август – нови 41 милион евра преку обврзници. За само три недели – нов долг од над 70 милиони евра. За две години над 2,5 милијарди евра ново задолжување, велат од СДСМ. Ова не е економска политика. Ова е политика на постојано задолжување за ...
Полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи денеска го лишиле од слобода М.Ш. (39) од село Челопек, Тетовско. Според МВР, на 2 август околу 19:20 часот, тој со автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки се движел во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес. Случајот беше објавен и на социјалните мрежи, каде што очевидци споделија фотографии од возилото. По целосно документирање на случајот, против ...
Во својот последен обид да ја нападне ДУИ, ВЛЕН призна дека не бележи успеси, надвор од секоја пропаганда. Самите тие пишуваат дека ДУИ наводно имала интерес „ВЛЕН да не бележи успеси“. Но, прашањето е едноставно: кои успеси? По повеќе од две години на власт, самиот факт што сè уште зборуваат за успеси што треба да ги постигнат покажува дека немаат ниту еден успех што можат да им го претстават на граѓаните – наведува ДУИ во соопштение. Повеќе ...
Само преку отворен дијалог и координирано постапување, можеме да создадеме подобри услови за развој на македонското пчеларство и заштита на квалитетното домашно производство, напиша попладнево на Фејсбук, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој информираше за состанок на оваа тема. – Пчеларите меѓу првите ги чувствуваат последиците од климатските промени, а нивното искуство е важно за навремено креирање ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Судија на претходна постапка му ...
Пратеничката Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ објави статус на социјалните мрежи на кој потенцира дека проблемот не е во зборот, туку во огледалото и додаде „да не се лутат на зборот „талог“, да се лутат поради причината во која се препознаваат во него, јасно ни е од каде доаѓа нервозата“. По продолжение е интегрален текст од објавата: „Проблемот не е во зборот, туку во огледалото! Една изјава беше доволна за целата опозиција да скокне како ...
Вчера во 19:25 часот во СВР Скопје, Д.Т.(33) од Скопје пријави дека околу 14:55 часот, на кеј на река Вардар, во близина на Градскиот парк, бил физички нападнат од три лица, кои му одзеле мобилен телефон и лични предмети, информираа од полицијата во дневниот билтен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 19:25 часот во СВР Скопје, Д.Т.(33) од Скопје пријави дека околу 14:55 часот, на кеј на река Вардар, во близина на ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Од досега прибавените докази ...
Лишен од слобода е возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес, следува кривична пријава, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР, денеска го лишија од слобода 39-годишниот М.Ш. од село Челопек – Тетово, кој на 2 август, околу 19:20 часот на автопат Скопје – Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ...
Грчката полиција уапси 55-годишен маж под сомнение дека неколку години го чувал телото на својот починат татко во замрзнувач во подрумот на напуштен семеен хотел, со цел да продолжи бесправно да ја прима неговата пензија. Според првичните информации од истрагата, нема индикации за насилна смрт. Се претпоставува дека 90-годишниот пензиониран учител починал од природна смрт. Случајот бил откриен во селото Мистрас, во подрумските простории на ...
Директорот на ЈКП Сарај, И.Х. (41), вчера во Полициското одделение Сарај пријавил дека од неговата канцеларија биле украдени пари од прометот на Јавното комунално претпријатие. Според пријавеното, кражбата се случила во периодот од 16:30 часот на 31 јули 2026 до 6:40 часот на 4 август 2026 година. Министерството за внатрешни работи соопшти дека сторителот со употреба на сила ја отворил влезната врата од канцеларијата, која е сместена во ...
Сите анализирани примероци земени од водоснабдителниот систем во Скопје се целосно исправни и одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. Ова го соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, информирајќи за реализираните дневни мониторинг-активности. Во рамки на денешните проверки, секторот Санитарна контрола при јавното претпријатие зеде вкупно 42 примерока од различни ...
Владата на Мицкоски го призна бизнисот со вода и тоа во време кога граѓаните на Гостивар се труеле, велат од СДСМ. „Бизнис зделка од 100.000 евра за вода во Гостивар без тендер, без јавен оглас. На грбот на народ во ваква ситуација. Компанијата со која терале бизнис чива е? На градоначалник од ВМРО и поранешен потпретседател. Со кого? Со Ивица Томовски од СОЗР, познат по тендерите на семејната фирма. Случајно? Откако Владата призна дека ...
Жителите од дел од општина Бутел утре ќе соочат со времен прекин во снабдувањето со електрична енергија поради планирани технички зафати на дистрибутивната мрежа. Прекинот е предвиден за утре (06.08.2026 година) во периодот од 09:00 до 12:15 часот. Без струја ќе останат корисниците на улица „56“ во населбата Радишани, соопштуваат од надлежните служби. Причина за прекинот е замена на постоечки дрвен столб со ногара кој е искривен со нов ...
Секторот Инспекторат на Општина Карпош, во соработка со полициски службеници од Полициската станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски надзори во урбаната заедница Злокуќани. Главниот фокус на контролите беа дивоградбите во овој дел од општината. За време на теренскиот увид, општинскиот градежен инспектор утврди неправилности кај повеќе бесправно изградени објекти. За констатираните прекршоци веќе е започната соодветна инспекциска постапка ...
Вчера во 21:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.Ф.(22) од Словачка, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција, било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол Германија. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Вчера во 21:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез ...
Вчера во 18:40 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода М.П.М.(48) од Италија. При пасошка контрола и гранични проверки во неговиот личен багаж биле пронајдени и одземени два ловечки патрони. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во 18:40 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од ...