Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
На територијата на државата заклучно со 18 часот регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според најновиот извештај, еден пожар е сѐ уште активен, четири се ставени под контрола, а девет се целосно изгаснати. Единствениот активен пожар е во Стопански Двор, во општина Ѓорче Петров, каде што гори сува трева и грмушки. Пожарникарите успеаја да стават под контрола четири пожари на неколку ...
Глобалната побарувачка за критични минерали отвора нови можности и за Македонија, но тие треба да се искористат со одговорен пристап и примена на најсовремени технологии, смета професорот Горан Начевски. Како претседател на Здружението на металурзи на Македонија, во гостување на Сител ТВ тој порача дека инвестициите во рударството треба да бидат еколошки одговорни и транспарентни, со редовен мониторинг на животната средина. Според него, ...
Околу 5.000 затвореници во Англија и Велс ќе бидат предвремено ослободени од затворите во текот на следните 10 месеци, почнувајќи од октомври. Одлуката следува откако британската Влада го промени првичниот план за намалување на пренатрупаноста во затворските капацитети. Според првичниот план, од септември требаше да бидат ослободени околу 6.000 затвореници. Сепак, по интервенцијата на британскиот премиер Енди Бернам, околу 1.000 осуденици за ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава. На средбата се разговарало за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за дополнително зајакнување на односите меѓу двете држави. „Разговаравме за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно ...
Бугарско-француската актерка Наталија Дончева починала на 56-годишна возраст. Веста ја соопшти нејзиниот агент Лоран Саври. „Исклучително талентирана актерка и жена со голема чувствителност, Наталија Дончева ја освои публиката со прецизноста на своите изведби, елеганцијата и посветеноста кон својата професија“, се наведува во соопштението на нејзиниот агент. Продуцентот додаде дека „по десетгодишна борба, конечно отиде да се одмори“. ...
Македонските туристи кои летово патуваат кон грчките крајбрежни места треба да внимаваат на специфичните сообраќајни правила во соседна Грција, каде што санкции се предвидени не само за пребрзо, туку и за премногу бавно возење. Според грчкиот Закон за сообраќај, строго е забрането создавање пречки на патот, а за возачите кои се движат со брзина под минимално пропишаната е предвидена глоба од 30 евра. На автопатите и експресните патишта е ...
Паче Тошковски, министер за внатрешни работи, најави „почести анализи“ на водата во Гостивар; велат од СДСМ. „Министер за полиција ќе ја проверува водата? Каде е министерот за здравство Клековски? И тој е на екскурзија како Мицкоски? Нема место на светот каде министер за полиција што до вчера се занимаваше со хиперхлорирање, денеска станува стручњак за анализи на вода. Што работеа досега? Зошто дури сега најавуваат анализи? Водата беше ...
Времето утре сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Следните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со ...
Три лица загинаа во пожар што утрово избувна во семејна куќа во хрватскиот регион Загорје, објавија локалните медиуми. Полициската управа Крапина-Загорје соопшти дека пријавата за пожарот во Центарот за противпожарни операции била примена во 07:24 часот. Според информациите што ги објави локалниот портал Zagorje.com, во трагичниот настан загинале татко и неговите две деца. Жителите од соседството за хрватскиот медиум изјавиле дека едното дете ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави измерените температури денеска до 17 часот, како и максималните дневни вредности низ градовите и мерните станици во државата. Најтопло денеска беше во Гевгелија, каде што е измерена максимална температура од 38,1 степен Целзиусов. Веднаш зад Гевгелија следи Демир Капија со максимални 37,9 степени, како и Велес со измерени 37,8 степени. Високи температури се регистрирани и во Скопје — на ...
Вчера во 15:45 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Ј.(30) од Скопје и Н.А.(34) од с.Арачиново, скопско, по претходна пријава дека на подрачјето на Гази Баба, по расправија со Ф.А.(29) од Скопје, Б.Ј. од пиштол испукал еден куршум, а потоа со патничко возило го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 15:45 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ...
Водата од градскиот водовод во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво како техничка. Ова попладнево го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по одржаниот состанок на Главниот штаб за кризи со кој тој раководи. Како што информираше Тошковски, на состанокот бил договорен протоколот за следните испитувања, кои ќе се вршат со зголемена зачестеност. За таа цел, повеќе надлежни институции ќе го ...
Синоќа во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Д.П.(41) од Кавадарци. Како што се наведува во полицискиот билтен, 41-годишната Д.П. била уапсена постапувајќи по претходна пријава од нејзината 75-годишна свекрва, дека во нејзиниот дом, таа ѝ се заканувала. Д.П. била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Италијанските спасувачки служби го пронајдоа телото на 84-годишниот Луиџи Кавалари, сопруг на италијанската министерка за семејство Еуџенија Рочела. Тој исчезна на 27 јуни додека се капел во езерото Вико во покраината Витербо. Телото било откриено од полициски нуркачи по долготрајна и сложена потрага, во која учествувале специјализирани тимови од повеќе региони во Италија. Спасувачките екипи користеле сонари и подводни роботи за пребарување ...
На 03/04.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.Ч.(35), З.Т.(26), Т.Т.(32), З.Д.(34), сите од Скопје, како и А.С.(32) од с.Трубарево, скопско и А.Љ.(19) од Србија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 03/04.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски ...
Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи двајца државјани на Македонија за „персона нон грата“, поради сомнителни активности насочени против албанската држава. Информацијата првично ја објави албанскиот медиум „Топ ченел“, а ја пренесе ТВ21. Според извори од полицијата, станува збор за лицата Валон Беља (Ваљон Бела) и Бекир Халими, двајцата со македонско државјанство. Одлуката за нивно прогласување за непожелни лица била ...
Вчера во полиција било пријавено дека околу 12:00 часот во двор од куќа во село Сарај, скопско, сопственост на Н.С.(62), за време на семејна прослава, имало пукање со огнено оружје. Според информациите од МВР, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и пронашле 23 испукани чаури од огнено оружје, кои се подигнати за понатамошна постапка. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на ...
До 13:00 часот во земјава се регистрирани пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а четири се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во Општина Кавадарци – села Раец, Ќесендре и Дреново, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Прилеп, ул. „Дебарска“, кај м.в. Теќе каде е зафатена депонија, Општина Теарце – села Шемшово и Сиричино каде гори ѓубре, ...
Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата човечност се мери со подготвеноста да подадеме рака, да покажеме разбирање и да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна. Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме ...
На 03.08.2026 во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.П. (19) од Куманово, затоа што при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 03.08.2026 во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.П. (19) од Куманово, ...
На 03.08.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен К.И.(51) од Скопје. -Според пријавеното, тој на 02.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, додека управувал мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР. По извршена проверка констатирано е дека тој управувал мотоцикл ...
Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка на СДСМ денеска на прес-конференција посочи дека премиерот Христијан Мицкоски за време на илинденските празници ја злоупотребил говорницата и продолжил со, како што рече, поделби, омраза и навреди. Според него, Мицкоски повторно сите што не се согласуваат со него ги нарекол „талог“. – Тоа се сите оние што се борат за правда, за еднаквост, за одговорност, сите оние ...
Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари, велат од СДСМ. Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување. По неговите најави – не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото. Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски. Знаат дека ќе поскапи ...
Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести. Со тоа вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, а кај 10 е потврдено присуството на западнонилска треска од кои тројца се во критична состојба на Одделот за ...
Пожарот на подрачјето на Општина Кавадарци, кој избувна на празникот Илинден на пет различни локации, е ставен под целосна контрола. Според надлежните, ова беше најопасниот од околу 30-те пожари регистрирани ширум државата во текот на вчерашниот ден, а благодарение на синергијата меѓу локалните институции, воздухопловната поддршка и доброволните друштва, спречена е поголема катастрофа и заштитени се човечките животи и имотот. Директорот на ...
И ова може да биде вест во Република Македонија. Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, пишува на социјалните мрежи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски. 27,9% раст на патничкиот сообраќај – прво место меѓу земјите кои не се членки на ЕУ+, според ...
ВМРО-ОКГ и Мицкоски вчера повторно лажеа. Тврдеа дека лицето кое упатило вербални навреди кон премиерот Мицкоски во Ташмаруништа покажало бугарска лична карта. Тоа не е точно. Според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид, станува збор за 52-годишен жител на Струга (С.Г., роден 1974 година од Кочани) – македонски граѓанин со македонска лична карта, велат од СДСМ. Нема странски агент. Има само незадоволен ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за ...
СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени. Системот беше досега таков, затоа што со децении лица ...
Комуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со спроведување на вонредни инспекциски надзори, особено во вечерните часови. Општинските инспекциски служби извршија теренска контрола и обиколка на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на Општина Карпош. При контролите, комуналниот и градежниот инспектор констатираа неправилности кај неколку угостителски објекти, при што на еден правен ...