Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Најмалку 47 луѓе загинале, а уште 22 се повредени во вооружен напад што во текот на ноќта го потресе Кенскоф, населба во близина на главниот град на Хаити, Порт о Пренс. Нападот го извршила вооружена банда, а според информациите објавени од „Ројтерс“, инцидентот предизвикал голема вознемиреност и гнев меѓу локалното население. Обединетите нации предупредиле дека бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми, бидејќи информациите од ...
Управата за Финансиска полиција соопшти дека кривична пријава за даночно затајување и оштетување на доверители била поднесена против управител и сопственик на правно лице, како и против самото правно лице. Според пријавата доставена до ОЈО Скопје, В.Р. во периодот од 2019 до 2020 година, иако бил свесен дека компанијата е неспособна за плаќање и дека ѝ претстои стечај, преземал дејствија со кои, според сомнежите, го намалил имотот од кој ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, преку видео-обраќање упати повик за национална мобилизација и граѓански отпор, обвинувајќи ја Владата предводена од Христијан Мицкоски дека планира да ги стави ресурсите за вода и електрична енергија во функција на бизнис-интереси преку изградба на дата-центри. Тој посочи дека денеска во Пехчево имало обид за покренување иницијатива за изградба на ваков објект, која била повлечена по реакција на ...
Пожар во атарот на прилепското село Дуње целосно уништил викендичка, пчеларска опрема и околу 120 дрвени пчеларски сандаци, од кои 50 биле полни со пчелни семејства. Случајот во ОВР Прилеп бил пријавен вчера во 12 часот. Пожарот бил активен во месноста Голем Рид, каде што огнот ја зафатил викендичката и објектите околу неа. Според пријавеното во полицијата, целосно изгорела викенд-куќата сопственост на сопругата на М.Ч. од Прилеп, а притоа ...
Пензиите во септември ќе растат согласно законските усогласувања за да се заштитат пензионерите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавеното зголемување. Тој потсети дека по линеарното зголемување на пензиите од страна на Владата, поединци поддржани од опозициски партии поднеле иницијатива пред Уставниот суд за негово оспорување. „Да тоа ќе биде редовно нивелирање, усогласување ...
Вчера во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Б.Б.(31) од Дебар. Претходно, на пресекот на улиците „Јосиф Багери“ и „Веби Дирба“ во Дебар, тој со патничко моторно возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода. По преземени мерки во врска со незгодата било констатирано дека Б.Б. го управувал без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, возилото е ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, смета дека 15-процентното намалување на ученичката кошничка е добра мерка и ќе претставува олеснителна околност за буџетот на родителите. Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, таа посочи дека процентот е соодветен и ги истакна сите форми на поддршка кои државата ги обезбедува за учениците. Државата го прави тоа што може да го направи. Не заборавајте дека ...
Во Општина Градско претпладнево изби тежок пожар на атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево, кој поради силниот ветар и сувата трева брзо се проширил и ги загрозил околните населени места, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Ангелов посочи дека пожарот најверојатно започнал од стрниште, а по итниот повик од градоначалникот на Градско, на терен веднаш биле упатени противпожарни екипи од ...
Министерството за образование и наука денеска го промовираше новиот јавен портал е-наука (e-nauka.mon.gov.mk), кој претставува единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи во земјата. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, истакна дека порталот овозможува преглед на истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за нивната работа. Алатката е поврзана и со глобалните ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за вработување на преостанатите 300 приватни специјализанти до крајот на 2026 година, со што се заокружува предвидената бројка од вкупно 600 специјализанти, изјави на денешната прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Александра Николовска. Според неа, фокусот при ова вработување ќе биде ставен на здравствените установи надвор од главниот град. „Приоритет ќе имаат општите и хируршките ...
Венко Филипче како прв човек на СДСМ треба да молчи кога станува збор за здравството, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според Лефков, изјавите на Филипче дека обвинителството не покренало обвинение против него не претставуваат доказ за негова невиност, туку покажуваат дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите. „Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против ...
Денеска (25.08.2026) директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, присуствуваше на започнувањето на првата фаза од Програмата за поддршка при психолошка траума, која претставува новина во полицискиот систем и важен чекор кон создавање современа, професионална и одговорна полиција. Програмата се реализира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија, со цел полициските службеници да стекнат знаења и практични вештини за ...
Опозициската СДСМ денеска излезе со обвинувања дека премиерот Христијан Мицкоски подготвува сценарио за предвремени парламентарни избори и вештачко предизвикување на меѓуетнички тензии, кои според партијата се координирани со српските и руските служби. На денешната прес-конференција, секретарот за меѓународна соработка и член на ИО на СДСМ, Андреј Жерновски, истакна дека нивна должност е да ги предупредат граѓаните за развојот на настаните во ...
Општина Центар е во завршна фаза со реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски“, која до почетокот на новата учебна година ќе биде целосно обновена и подготвена за учениците. Во салата веќе се заменети светилките на плафонот, а старите фен-којлери се заменети со нови инвертер клима-уреди. Во тек се работите на електричната инсталација во гардеробите, стругањето и лакирањето на паркетот, замената на подот и вратите во ...
Наспроти најавите и црните сценарија на СДСМ, цените на горивата се најниски во регионот, инфлацијата падна на 2,3%, а јавниот и државниот долг се намалуваат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение по прес-конференцијата на Јованка Тренчевска. Од владејачката партија посочуваат дека опозицијата континуирано шири апокалиптични сценарија со цел да предизвика недоверба и страв кај граѓаните. „Кога СДС нема што да каже, ете ги ќе најдат ...
Цената на дизелот надмина 100 денари за литар, што е нов директен удар врз стандардот на граѓаните, но и врз македонското земјоделство, обвини на денешната прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска. Според неа, за само шест месеци цената на овој енергенс е зголемена за 43 проценти, што неминовно ќе доведе до нов ценовен бран кај храната. „Над 100 денари за литар дизел значи нов ценовен удар врз секое македонско ...
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината, информираат денеска од општинската прес-служба. Со потпишаниот документ се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дека не се исти, дадена од претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче, истакна: „Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв пат ...
УХМР ги објави температурите низ Македонија во 11 часот. Според мерењата, најтопло претпладнево е во Кавадарци каде се измерени 33 степени, по што следат Демир Капија со 32 степени и Скопје, Зајчев Рид, Гевгелија и Штип со 31 степени. Со 21 степени Попова Шапка е местото со најниска температура претпладнево. Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, додека попладне и во вечерните часови на места ќе има нестабилност со пороен дожд, ...
Само еден товарен брод вчера минал низ Ормуската Теснина, што е најниска бројка регистрирана од 7 мај наваму, покажаа прелиминарните податоци на компанијата за следење на поморскиот сообраќај „Кплер“ (Kpler). Според евиденцијата, станува збор за многу голем танкер за превоз на течен гас, кој вчера навлегол во мореузот од правец на Оманскиот Залив. За споредба, само еден ден претходно, односно во неделата, низ Ормус биле регистрирани шест ...
По продолжениот викенд за Илинден, граѓаните наскоро ги очекуваат нови неработни денови и можност за уште неколку дена одмор. Следниот неработен ден е 28 август, петок, кога православните верници го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. Бидејќи празникот паѓа во петок, граѓаните ќе имаат продолжен викенд од три дена. Според временската прогноза која ја објави УХМР, за време на продолжениот викенд не ...
На 24 август 2026 година во 17:25 часот во село Морани, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го лишиле од слобода Б.А. (20) од село Студеничани. Претходно, тој со автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници. Набргу потоа, со возилото удрил во бетонски ѕид, а при ...
УХМР објави метео аларм за пеколни горештини на територијата на Македонија. УХМР ја објави мапата: – Високи температури на територија на цела држава, стои во постот. Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, додека попладне и во вечерните часови на места ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекуваат и невреме со силен ветер и град. Утринските температури ќе се движат од 15 до 21 степен, а дневните ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува мерка за укинување на туристичките и деловните визи за околу 200 илјади странски државјани кои во меѓувреме поднеле барање за азил во САД. Доколку биде спроведена, оваа одлука би претставувала најголемо еднократно масовно укинување на визи во историјата на Соединетите Американски Држави. Според документи на Стејт департментот до кои дошле медиумите, во следните неколку ...
Реализацијата на проектот за бакар во Иловица може да донесе нови можности за локалното население, особено за младите кои бараат добро платена работа во својот регион, оценуваат жители на Иловица. Поддржувачите на инвестицијата сметаат дека развојот на рударството може да придонесе за економско заживување на југоистокот и да помогне во намалувањето на иселувањето на младите. Никола Стаменов, поранешен претседател на Федерацијата на фармери и ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека членството во Европската Унија е една од клучните стратешки цели на Македонија, но оценува дека земјата на европскиот пат направила низа отстапки без да го добие очекуваниот напредок. Ова го истакна во интервју за „Брајтбарт њуз“. Мицкоски посочи дека европската интеграција е важна за безбедноста, економската стабилност и отпорноста на регионот, потсетувајќи дека Македонија го започнала процесот на ...
Четириесет и тригодишен македонски државјанин бил уапсен во Србија под сомнение за давање поткуп, откако сообраќајната полиција го запрела поради прекршоци на автопатот. Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека осомничениот З. А. (43) бил лишен од слобода во акција на Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба против корупцијата, а по налог на Посебното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно ...
Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската Унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора, Мајда Горчевиќ. Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна седница одржана вчера, црногорскиот Парламент ги усвои предлог-измените на Уставот што ...
По вчерашното одржување на првото судско рочиште против Артан Груби, сè повеќе се отвораат сериозни прашања за тоа што се случувало зад сцената и за обидите овој процес да се затвори преку спогодба со Обвинителството, наведува „Вреди“ во соопштение. -Наводно, Артан Груби бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството. Да прифати вина, да добие далеку полесна санкција, но и со тоа да стави крај на сите амбиции да го предводи ДУИ. Според ...
Силно невреме ја погоди северна Италија, при што налети на ветер со ураганска јачина предизвикаа превртување на неколку лесни авиони на аеродромска писта. Според информациите, четири авиони биле превртени за време на бурата. Еден авион бил однесен од силниот ветер за време на слетувањето, додека три други паркирани летала биле поместени по пистата од налетите на ветерот, а потоа и превртени. Објавените видео снимки покажуваат како ветрот ги ...