Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје е предизвикана од ветерот кој го носи чадот од пожарот што гори на Китка, на територијата на општините Студеничани и Зелениково, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). На пожарот денеска интервенирал и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. Од ЦУК посочуваат дека до овој момент нема пријава за можен пожар на Водно. На територијата на Општина Илинден се регистрирани ...
Општина Центар – Скопје денес и утре спроведува вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината, поради зголемена појава на глодари. Со акцијата ќе бидат опфатени локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале, каде што е забележана зголемена појава на глодари и каде што има пријави од граѓаните. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека општинските служби реагираат на пријавите и ...
Енди Бернам е во прва странска посета како британски премиер, патувајќи во Киев, каде што се очекува да презентира планови што ќе ѝ овозможат на Украина да произведува сопствени ракети со долг дострел. За време на посетата, Бурнам ќе претседава со својот прв состанок на „Коалицијата на волјата“, иницијатива создадена од Обединетото Кралство и Франција под водство на неговиот претходник, Кир Стармер. Британскиот премиер ќе добие и награда во ...
Жители од Иловица ја поддржуваат реализацијата на проектот за рудник за бакар, оценувајќи дека инвестицијата може да донесе нов економски импулс во југоисточниот регион. Според нив, отворањето на рудникот би создало можности за добро платени работни места и би помогнало младите да останат во својот регион наместо да се иселуваат. Никола Стаменов, поранешен претседател на Федерацијата на фармери и член на локалната иницијатива „И здравје и ...
Витаминот Д е познат како „витамин на сонцето“ бидејќи телото го произведува кога е изложено на сончева светлина. Сепак, на многу луѓе им недостасува оваа важна хранлива материја дури и во лето. Околу 60 проценти од светската популација не консумира доволно витамин Д, тврди д-р Мајкл Холик, професор по медицина на Медицинскиот факултет „Чобанијан и Аведизијан“ на Универзитетот во Бостон. Недостатокот на витамин Д може да помине без ...
Поранешниот командант на ОВК, Насим Харадинај, упати директни и застрашувачки закани за можна ескалација на ситуацијата во регионот, истакнувајќи дека Косово, Албанија и Македонија „ќе горат во пламен“ доколку Специјалниот суд донесе осудителна пресуда за поранешните водачи на ОВК на 16 септември. Во своето гостување на телевизијата Т7, тој потенцираше дека не само Косово, туку и целото албанско население ќе реагира жестоко на каква било ...
Пијаното на кое Фреди Меркјури ги создал некои од своите песни, како и микрофонот што го користел додека снимал со групата „Квин“, наскоро ќе бидат понудени на аукција. Се очекува дека овие предмети, заедно со раните ракописи на неговите песни, би можеле да достигнат вредност од неколку стотици илјади фунти, пишува „Индипендент“. Предметите се дел од колекцијата на Рајнхолд Мек, германски продуцент кој често соработувал со „Квин“ во текот ...
Витамините и минералите играат важна улога во правилното функционирање на телото, поради што нивниот недостаток може да предизвика разни здравствени проблеми. Меѓу важните хранливи материи е витаминот Б12, чиј недостаток може да влијае на нервниот систем, крвната слика и општата состојба на телото. Недостатокот на витамин Б12 може да се развива постепено, а симптомите не се секогаш лесно забележливи. Во некои случаи, може да има проблеми со ...
Дресот на Мајкл Џордан што го носеше на натпреварите ќе биде најскапиот во историјата на спортот. Во 1998 година, Чикаго Булс ги победија Јута Џез со 4-2 во финалето на НБА и станаа шампиони, а MVP на финалната серија беше никој друг освен Мајкл Џордан. „Неговото Летечко Височество“ одигра неверојатна серија и имаше 24 поени во третиот натпревар кога Чикаго победи со 96:54, односно 42 поени, и тоа е сепак најубедливата победа во натпреварот ...
Европските индекси денес се претежно во минус, а цената на нафтата од типот Брент падна на помалку од 93 долари пред објавената одлука на Соединетите Американски Држави да воведат нови санкции кон Иран. Цената на нафтата од типот Брент падна за 1,65 проценти на 92.889 долари за барел во 9:30 часот наутро, а цената на американската нафта од типот WTI падна за 2,14 проценти на 85.180 долари. Американскиот министер за финансии Скот Бесант ...
Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ, велат од ВЛЕН. „Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја. Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за ...
Хелен Финчам доживеала ненадејна и тешка животна промена пред три години, а сè започнало едно утро кога се разбудила со вкочанет врат, за што лекарите утврдиле дека е причина за ретка состојба позната како трансверзален миелитис. Претходниот ден, таа поминала пријатен ден на плажа со својата братучетка и немала поим дека веќе следниот ден ќе се соочи со сериозен здравствен проблем. Неколку часа по будењето, нејзината состојба одеднаш се ...
Уште еден возбудлив астролошки ден е пред нас, а еве што може да очекува секој хороскопски знак. ОВЕН ЉУБОВ: Можно е да доживеете авантура, а доколку веќе сте во врска, може да се заљубите во друга личност. РАБОТА: Ќе добиете повеќе добри можности . ЗДРАВЈЕ: Можни повреди и акутна болка. БИК ЉУБОВ: Ќе бидете расположени за флерт, особено со луѓето со кои работите. РАБОТА: Ќе добиете можност да ја покажете вашата креативност. ЗДРАВЈЕ: ...
Копретседателката на Алтернатива за Германија (AfD), Алис Вајдел, изјави дека нејзината партија, доколку влезе во сојузната влада, ќе бара излегување на Германија од еврозоната и Шенген, затворање на националните граници и многу построга миграциска политика. Вајдел го изјави ова во летното интервју за ZDF. „Германија беше во многу подобра состојба пред воведувањето на еврото“, рече Вајдел, тврдејќи дека заедничката европска валута ја ...
Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес изјави дека во покраината Фарс во јужен Иран е откриено ново гасно поле, со проценета вредност од неколку десетици милијарди долари. Пакнеџад нагласи дека што е можно поскоро мора да се изготви план за експлоатација на гасното поле, објави новинската агенција Мехр. Тој рече дека гасот од полето ќе се користи во индустријата и другите енергетски сектори. Иранскиот министер за нафта ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев изјави дека Русија подготвува нов бран мобилизација по парламентарните избори, со цел да регрутира дополнителни 300.000 војници во 2026 година, првенствено во регионите, а не во големите градови, објави британската новинска агенција Ројтерс. „Убедени сме дека по изборите Русија ќе продолжи со мобилизацијата“, изјави Зеленски пред новинарите. Според него, Москва се обидува да ...
Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем и државата тоа го признава во предложената Национална стратегија за безбедност на сообраќајот 2026–2030. Анализата во документот покажува дека бројот на сообраќајни незгоди постојано расте. Во 2024 година се регистрирани 124 фатални незгоди и целта е да се преполови таа бројка, за четири години од сега. Намалување од педесет проценти е предвидено и кај вкупниот број на настрадани. ...
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија и ја обвини британската влада за влошувањето на билатералните односи, за кои тврди дека паднале на историски најниско ниво. Британскиот весник „Сандеј тајмс“ денеска објави дека Русија го отповикала својот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, на 21 јули. Според весникот, руската дипломатска мисија оттогаш ја предводи вршител на должноста, а нов амбасадор сè уште не е назначен. ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека спроведувањето на меморандумот за разбирање постигнат со САД е најдобриот начин за излез од војната. – Меморандумот за разбирање е најдобар начин да се надмине ситуацијата „ниту војна, ниту мир“. Во него нема ниту една одредба што претставува капитулација, вели Пезешкијан во пишаната изјава што ја пренесе државната новинска агенција ИРНА. Сепак, нагласува иранскиот претседател, ...
Нов силен шумски пожар избувнал во борова шума во близина на границата со Бугарија, на територијата на Општина Пехчево. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека поради новото жариште трите ер-трактори биле пренасочени кон пожарот, со цел да се интервенира додека огнот сè уште може да се стави под контрола. „Ќе се обидеме да му зададеме почетен удар пред да се развие во тежок пожар, затоа што ...
Познатиот бугарски пејач Азис (48) со децении го привлекува вниманието на јавноста со својот необичен начин на живот, но деталите за неговата улога како татко и специфичните семејни врски неодамна целосно се појавија на површина. Иако неговиот бурен љубовен живот беше под лупа на јавноста, малкумина знаеја дека музичарот има ќерка која му ја роди неговиот долгогодишен најдобар пријател. Оваа интригантна приказна ја започна композиторот ...
Кире Михаилов, заменик генерален директор на ЈП „Национални шуми“ на Македонија,информираше дека пожарот кај делчевски Голак е ставен под целосна контрола. „Иван Гоцевски, градоначалникот на општина Делчево заедно со неговиот тим успеаја експресно да ги мобилизираат сите служби при што за неполн час во справувањето со големата огнена стихија се бореа преку 300 луѓе од земја и од воздух со огромна бројка специјализирани возила, тешка ...
Британските принцови Вилијам и Хари беа обединети во тагата во детството поради трагичната смрт на нивната мајка, принцезата Дајана, но нивната врска во зрелоста е уништена од гнев и повредени емоции. Наречени „наследник и резервен“ уште од рана возраст, браќата не можеа да ги остават настрана своите разлики дури и кога на нивниот татко, кралот Чарлс, му беше дијагностициран рак . Додека принцот Хари , војводата од Сасекс, се подготвува да ...
Продуцентот тврди дека Нетфликс ја изгубил единствената нешифрирана копија од филмот, а потоа одбил да открие детали за внатрешната истрага. Спорот меѓу продуцентот Сајмон Афрам и Нетфликс околу мистериозното исчезнување на копија од серијата „Фортитјуд“, во која глумат Николас Кејџ и Бен Кингсли, доби нов пресврт. Полициската управа , која истражува дали станува збор за кражба и дали е можно да се сокриле докази. Продуцентот тврди дека ...
Голем шумски пожар попладнево избувна во борова шума во атарот на селото Црник, Општина Пехчево, во близина на границата со Бугарија. Пожарот зафатил голема површина, а во гаснењето биле ангажирани локални пожарникари, вработени во шумските претпријатија и доброволци. Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, информира дека во моментот кога била добиена информацијата за пожарот, дел од расположливите сили од Пехчево и Берово веќе ...
Под ѕидините што денес најчесто ги поврзуваме со цар Самуил се наоѓаат траги од живот стари илјадници години. Археолозите повторно се вратија на Самуиловата тврдина во Охрид, каде што започнаа годинешните истражувања со цел да се доистражи локалитетот, да се документираат археолошките остатоци и да се создадат услови за неговата идна ревитализација. Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам, а со истражувањата раководи ...
Голем шумски пожар денеска избувна во селото Бигла, меѓу Македонска Каменица и Делчево. Според градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, огнот неколкупати бил ставен под контрола, но високите температури и силниот ветер повторно го разгорувале и го ширеле пожарот. Гоцевски, во изјава заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, информираше дека на терен биле ангажирани околу 300 луѓе, меѓу кои пожарникари, ...
Дороти Богес и Велма Лонг имаат 109 години и се пријателки повеќе од осум децении. И покрај нивната возраст, тие продолжуваат да бидат активни и велат дека една од главните тајни за нивната долговечност е нивниот друштвен живот. Достигнувањето на оваа возраст значи станување дел од многу мала група луѓе. Само 0,03 проценти од Американците живеат над 100 години. Двете жени се запознале во Вашингтон за време на Втората светска војна, кога ...
Проценките за богатството на Хајден Пенетиер варираат. „TheStreet“ во мај објави дека неговото богатство се проценува помеѓу 12 и 15 милиони долари. Пред нејзината ненадејна смрт, Хајден Пенетиер изградила портфолио на недвижности вредно повеќе милиони долари низ САД, зголемувајќи го нејзиното значително богатство. Ѕвездата од „Херои“ и „Нешвил“ купила куќа во Лос Анџелес за 2,635 милиони долари кога имала само 18 години, а подоцна ја ...
Трговските преговори меѓу САД и Канада пропаднаа, откако канадскиот премиер Марк Карни се повлече од разговорите поради, како што наведе, постојаното проширување на американските барања. Пропаѓањето на преговорите претставува нова неизвесност во трговските односи меѓу двете земји, особено откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно тврдеше дека договорот е практично постигнат и дека остануваат само неколку дена за негово ...