Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
За регулирање на крвниот притисок, едно овошје се издвојува особено. Ограничувањето на внесот на сол, иако е корисно, може да звучи обесхрабрувачки за многумина. Но, постојат повкусни начини да го одржите срцето здраво, а јадењето овошје е еден од најлесните, вели за „Parade“ д-р Лори Рајт, регистриран нутриционист и вонреден професор на USF Health . Според неа, овошјето е идеална природна ужина што лесно се зема со вас, има малку натриум и ...
Вкупниот број на заболени од западнонилска треска во земјава достигна 50, откако за само еден ден беа регистрирани шест нови случаи. Меѓу нив е и првиот потврден пациент во Куманово, 65-годишен маж со хронични заболувања кој е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопјe. Пет нови пациенти се регистрирани во Скопскиот регион, во општините Гази Баба, Зелениково и Аеродром. Куманово го регистрираше првиот случај на западнонилска треска во ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити денеска присуствуваа на отворањето на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во оваа општина. Центарот е воспоставен во Општина Гевгелија преку Проектот за подобрување на социјалните услуги на ...
Министерството за здравство денеска ја промовираше новата веб-страница на која има податоци за состојбата со западнонилска треска. На http://www.healthalert.mk/ граѓаните ќе можат да се информираат за ризичните подрачја и преземените активности. „Со цел да обезбедиме навремено и максимално транспарентно информирање на јавноста за западнонилската треска, подготвивме нова веб страница која на едно место ги обединува сите податоци. Овде се ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција објави документ од информации на компанија која тврди дека за дата-центар во земјава веќе има обезбедено капацитет од 100 мегавати електрична енергија, како и директен пристап до реката Вардар и ја обвини владата дека работи „под маса“. Филипче посочи дека документот е објавен пред три месеци и повика новинарите да го истражат и да утврдат како и под кои услови се обезбедени ...
Општина Илинден реализираше проект за реконструкција и модернизација на водоводната мрежа долж улица „9“, со цел да се обезбеди посигурно, поефикасно и поквалитетно водоснабдување за жителите од овој дел на општината. Во рамки на проектот е изградена нова главна водоводна линија со вкупна должина од околу 1.200 метри, со која ќе се обезбеди постабилен воден притисок, намалување на хидрауличките загуби и поголема сигурност во ...
„Венко Филипче откако се врати од одморот на Егејот со неговиот другар Зоран Заев продолжи со истиот речник на лаги, манипулации. И неколку дена го слушавме како се фалеше што обвинителството непокренало обвинение за 19 модуларни болници, а во една од нив изгореа 14 пациенти“, кажа Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Замислете Филипче се фали со дел од правосудството кое има два проценти доверба, конкретно обвнителството и ...
Цените на нафтата продолжија да паѓаат трет ден по ред, откако новите разговори меѓу Иран и Оман ги зголемија очекувањата дека сообраќајот низ Ормускиот Теснец би можел да се нормализира. Истовремено падна и цената на златото, додека инвеститорите ги чекаат новите американски податоци за инфлацијата. Брент нафтата во средата се спушти за повеќе од два долари, до околу 86 долари за барел, додека американската WTI падна до околу 80 долари. ...
Психолозите советуваат што им е потребно на мажите во една врска и како вие, како негова партнерка, можете да постигнете успешна врска. За квалитетна љубовна врска, важно е да го разберете партнерот, но мажите и жените честопати ги покажуваат емоциите, комуницираат и ја доживуваат интимноста на различен начин. Според психолозите, многу проблеми во врските се јавуваат токму затоа што партнерите очекуваат другата страна да размислува и да ...
Водно доби нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и развивање здрави навики кај сите генерации. На планината е изграден нов моторички парк, со природни препреки и реквизити наменети за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. Моторичкиот парк е изработен од здравите стебла на паднатите дрвја по силното невреме што го зафати Скопје. „Нашата обврска не е само да ја санираме ...
Европа ризикува да заостане зад САД и Кина во обезбедувањето критични минерали, во период кога овие суровини добиваат сè поголемо значење за одбраната, енергетиката и зелените технологии, оценува „Фајненшел тајмс“. Додека европските земји се обидуваат да ја намалат зависноста од Кина и да обезбедат сопствени извори на критични суровини, домашните експерти сметаат дека Македонија треба да се позиционира во новата економска и индустриска ...
Музичката икона Доли Партон почина на 81-годишна возраст, оставајќи зад себе неверојатна кариера и приказна за трајна љубов. Бракот на легендарната Доли Партон, која почина на 81-годишна возраст , и Карл Томас Дин , кој траеше речиси шест децении, се сметаше за една од најстабилните врски во Холивуд. Тие се запознале во 1964 година пред перална во Нешвил, а се венчале во тајност две години подоцна, во 1966 година . Иако Доли станала светска ...
Дваесет и три лица поминаа околу три часа заробени на рингишпил со синџири во Хамбург, откако атракцијата ненадејно запре на висина од 30 метри. Инцидентот се случи доцна синоќа за време на популарниот саем Зомердом. На терен веднаш излегоа силни полициски и противпожарни екипи за да организираат спасувачка акција и да спречат паника кај заглавените посетители, јави германската новинска агенција ДПА. Посетителите висеа на височина од околу ...
Повеќе пожари остануваат активни низ целиот регион, додека пожарникарите, војската и другите агенции вложуваат напори да го локализираат пожарот и да го спречат неговото ширење. Ситуацијата во Требиње е сè уште најтешка, објави РТРС. Градот е покриен со чад од неколку делови од противпожарната линија во близина на градот. Требињешките пожарникари и волонтери се борат со преостанатите гранки од пожарот, кој претходно се спушти по ридот ...
Откако неколкупати ѝ укажавме на Весна Јаневска дека студентскиот оброк останал закован на 140 денари од 2023 година, министерката реши да оди чекор подалеку и сега соопшти дека не планира ни да го зголеми, бидејќи, замислете, „студентите не се пожалиле“, велат од Левица. „Ова веќе го оценуваме како кулминација на дрскоста. Министерката од нас беше јавно предупредена дека постои законска обврска за усогласување, пред носењето на буџетот, а ...
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека процесот на оптимизација на образованието во општината е успешно завршен, при што, како што посочува, ниту едно подрачно училиште нема да биде затворено, а ниту еден наставник нема да остане без работа. Проданоски вели дека главен приоритет при процесот бил зачувувањето на училиштата и животот во населените места. „Ниту едно подрачно училиште нема да биде затворено и ниту ...
Доколку сте забележале дека често добивате грчеви во нозете, не грижете се, бидејќи овој проблем е многу почест во лето. Грчевите, како што објаснуваат физиотерапевтите, се јавуваат поради дехидрација, губење на електролити поради потење, седење подолг временски период, а со тоа и поради лоша артериска или венска циркулација. Грчењето придружено со болка трае неколку минути и често е знак за недостаток на магнезиум, калиум и калциум во ...
Утрово во 03:00 часот завршија теренските активности за вонредно прскање против комарци на територијата на општина Гази Баба, информира градоначалникот, Бобан Стефковски. Во текот на ноќта екипите поминаа низ Керамидница, Смилковци, Црешево, Стајковци, Сингелиќ, Ченто, Инџиково, Маџари, Триангла, Хиподром, Ергеле, Трубарево, Раштак, Булачани, Виниче, Брњарци, Гоце Делчев, Јурумлери, Идризово, Дрма, Колонија, Кирил Петрушевски, Автокоманда и ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ...
Израелскиот пратеник од крајната десница, Зви Сукот, и неколку негови соработници вчера наутро со чекани го скршија споменикот на убиените Палестинци, меѓу кои и терористи, во селото Мадама на Западниот Брег. Тие го обиколуваа селото под придружба на израелската армија, а инцидентот беше осуден и од израелската армија и од политичарите. На видеото прво објавено од палестинските медиуми, се гледа војник како стои до Сукот, член на партијата ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на прес конференција во Бергамо официјално беше претставен како ново засилување во редовите на италијанскиот прволигаш Аталанта. „Не морав двапати да размислувам кога се појави оваа можност бидејќи Аталанта е врвен клуб и го докажа тоа низ годините, вклучително и со освојувањето на Лигата на Европа“, рече Елмас на промоцијата, која дојде два дена по неговото официјално деби во дресот ...
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека Украина добила потврда од Велика Британија дека може да продолжи со производството на ракети со долг дострел SCALP, пренесува Анадолија. Зборувајќи на прес-конференција во Киев, заедно со естонскиот претседател Алар Карис, Зеленски рече дека Франција, исто така, потврдила укинување на ограничувањата и издавање лиценци за ова оружје. „Добивме потврда од Велика Британија во врска ...
Тригодишно девојче се здобило со сериозни повреди откако вратите од лифтот одеднаш се отвориле, а потоа повторно се затвориле додека се возела со својата мајка и други деца во станбена зграда во населбата Радишани во Скопје. Инцидентот се случил на 22 август околу 18:15 часот, а бил пријавен во полиција два дена подоцна. Според пријавата на мајката, 30-годишната Е.З. од Скопје, несреќата се случила кога вратите од лифтот нагло ја смениле ...
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност и европскиот столб на НАТО бидејќи светскиот поредок се менува, изјави денеска претседателот на хрватското Собрание, Гордан Јандроковиќ, на конференцијата на хрватските амбасадори, конзули и воени аташеа, предупредувајќи дека соседна Србија набавува офанзивно оружје, пренесува Н1. „Србија се вооружува не само со одбранбено, туку и со офанзивно оружје, а тоа треба да им биде посочено на нашите ...
„Благодарение на брзата интервенција на кавадаречките пожарникари, огнот којшто излезе надвор од депонијата покрај Кавадарци бргу беше совладан, со што беа заштитени околните лозови насади“, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Пожарникарите продолжија цело попладне да фрлаат тони и тони вода врз депонијата. Таа е делумно изгасната, но се уште има внатрешно согорување. За поголем ефект ангажирани се и два БТР-и на ДЗС којшто со ...
Манчестер Јунајтед официјално го потврди доаѓањето на камерунскиот играч за врска Карлос Балеба од Брајтон. Прославениот англиски клуб плати фиксна сума од околу 76 милиони евра (65 милиони фунти), додека целиот договор би можел да се зголеми за дополнителни шест милиони евра со бонуси. 22-годишниот фудбалер потпиша повеќегодишен договор со „Црвените ѓаволи“ откако успешно ги заврши медицинските прегледи. Доаѓањето на Балеба претставува ...
Денеска се одржа конститутивната седница на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на која присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски. На седницата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба како и за идните активности и приоритети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Како што се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на седницата се разговарало за изработка на нова програма ...
Научниците предупредуваат дека светот, поради затоплувањето на планетата и сè почестите екстреми, се приближува кон уште поразорни климатски настани отколку што веќе се евидентирани во последните години. Долгорочните предупредувања за посилни топлотни бранови, бури, поплави и суши повеќе не се сметаат за далечна фикција, туку за реална можност. Климатологот Даниел Свејн од Калифорнискиот институт за водни ресурси рече дека проблемот е што ...
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските Игри во Таранто. Денеска во финалната програма на натпреварите во борење слободен стил во женска конкуренција, бронзен медал за Македонија обезбеди Вероника Консевиќ. Таа во малото финале во категоријата до 57 килограми славеше над Милица Петровиќ од Србија со 7:5 и успеа да го освои бронзениот медал. Македонија освои уште еден медал на Медитеранските Игри во Таранто. Денеска во ...
Астролошките предвидувања за август носат зголемена романтична енергија, а два знака особено би можеле да направат чекор кон нова љубовна врска. Овен – Нова љубовна искра За Овните, крајот на август би можел да донесе интересно познанство или неочекувана романтична можност. Според астролошките прогнози, периодот е поволен за нови почетоци во љубовта, особено ако се подготвени да покажат што чувствуваат. Водолија – Некој би можел да ви го ...