Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Ниту по последната средба на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија не е постигнат напредок. Состанокот, одржан на 5 и 6 ноември во Скопје, завршил без конкретни резултати, објави бугарската новинска агенција БТА. Според објавените информации, претставниците на двете земји повторно не постигнале договор за начинот на кој Охридската архиепископија треба да биде ...
Иран планира во соработка со Русија да изгради гасовод чиј капацитет на долг рок би достигнал 110 милијарди кубни метри гас, изјави иранскиот амбасадор во Москва, Казем Џалали. „На долг рок е планирана изградба на посебен гасовод меѓу Иран и Русија, со предвиден капацитет од 110 милијарди кубни метри, додека во првата фаза, во период од две до три години, капацитетот би изнесувал 55 милијарди кубни метри“, изјави Џалали за иранската државна ...
Познат како „Ангелот на Рим“, тој е единствениот кастрато чиј глас е снимен на звучни записи. Во само неколку минути зачувано пеење, се исткајува сведоштво за една фасцинантна уметност, но и за нејзината темна цена. Името Алесандро Морески за многумина денес не значи ништо, но малкумина знаат дека зад ова име стои единствениот изведувач од некогаш познатата традиција на машки сопрани чиј глас е зачуван на звучни ленти . Благодарение на ...
На 1 октомври 1968 година, телото на непознат маж беше пронајдено на депонија во близина на Еланкур, западно од Париз. Било завиткано во пластична кеса, врзано и фрлено меѓу ѓубрето. Главата му била тешко повредена. На почетокот, полицајците помислиле дека станува збор за уште една конфронтација меѓу луѓе од дното на општеството, смрт која веројатно нема да привлече многу внимание од јавноста. Сепак, два детали не се вклопуваа во таквата ...
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки од Реформската агенда 2024–2027 година, кои се однесуваат на политиката за дроги и усогласувањето на домашното законодавство со прописите на Европската Унија, информира министерот за здравство Сашо Клековски. Тој соопшти дека денеска учествувал на координативен состанок за Реформската агенда, на кој биле разгледани активностите на Министерството во оваа област. „Формирана е работна ...
Четири борби, четири победи и ниту една загубена рунда – со ваков учинок македонската таеквондистка Душица Брсалиева стигна до златниот медал на меѓународниот турнир „Грција опен Е1 2026“. Репрезентативката на Македонија, која настапува за ТК Штип, триумфираше во јуниорска конкуренција во категоријата до 55 килограми, оставајќи одличен впечаток со доминантните настапи против домашните натпреварувачки. На патот до највисокото место на ...
Дваесет учесници годинава се претставија на традиционалната „Валандовска ракијада“, која по 26. пат се одржува на Градскиот базен во Валандово. Со домашно валандовско грозје, кое одлежува околу 21 ден според традиционалната постапка за ферментација, учесниците го започнаа процесот на подготовка на познатата домашна ракија. Првото место за најдобра ракија годинава им припадна на Лазар Димов и Трајче Зајков. Второто место го освоија Дени ...
Хакери поврзани со режимот во Северна Кореја го извршија најголемиот грабеж во историјата на криптовалутите, украдоа дури 6,3 милијарди долари од платформата Binance користејќи само еден лаптоп. Најголемата светска платформа за тргување со криптовалути , Binance, претрпе невиден кибернапад во кој беа украдени дури 6,3 милијарди долари дигитални средства , објави BBC. Компанијата ги уверува корисниците дека самите ќе ги надоместат сите ...
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на украинската државна нафтена и гасна компанија „Нафтогас“, соопшти вршителот на должноста претседател на Управниот одбор на компанијата, Сергиј Федоренко. – Синоќа непријателот трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централниот дел на Украина. Како резултат на нападите, оштетени се постројките – напиша Федоренко на Фејсбук. Тој посочи дека во погодениот објект избувнал голем пожар, но ...
Агентите за недвижности и економистите анализираат дали овој земјотрес може да ги намали цените на квадратните метри во Белград и Нови Сад. Банкротот на Алта банка го отвори прашањето за судбината на парите на клиентите, но и последиците врз пазарот на недвижности, од плаќање кирии до купување станови . Руските граѓани кои вршеле финансиски трансакции преку оваа банка беа особено погодени. И додека некои предупредуваат на неизвесност, други ...
На 61-годишниот маж осомничен за физичкиот напад врз македонскиот бизнисмен Зоран Азманов му се определени три мерки на претпазливост, потврдуваат од Кривичниот суд. Прифатен е предлогот за одземање на патната исправа, редовно јавување кај надлежен орган и забрана за приближување. Мерките следуваат по инцидентот што се случи на 6 ноември во Основниот граѓански суд во Скопје, каде што Азманов, директор и претседател на Надзорниот одбор на ...
Фасцинација со забранетиот свет, адреналин, провокација, бунт, привлечност на моќ и луксуз – ова се некои од причините зошто сакаме да слушаме песни инспирирани од андерграунд. Создадовме неколку, а зад некои од нив се крие подлабока порака. Песните отсекогаш биле создавани од потребата на човекот да се разбере себеси, своите емоции, но и светот околу него. Но, што се случува кога нивниот примат на создавање го презема описот на животот од ...
Извршниот комитет на Движењето за силата на Србија едногласно одлучи да го предложи српскиот тајкун Богољуб Кариќ на главниот комитет на движењето за кандидат на претстојните избори за претседател на Србија, пренесоа српските медиуми. Движењето чиј основач е Кариќ ѝ честиташе на Студентската листа за победата на парламентарните избори и изрази почит кон демократски изразената волја на граѓаните. Во соопштението, движењето наведува дека ...
Француските власти очекуваат до 60.000 луѓе да учествуваат на демонстрациите во Париз на 7 ноември , како знак на протест против падот на куповната моќ на населението, објави BFMTV. Полицијата се подготвува и за евентуално присуство на до 400 радикали на митингот. Според Лоран Нуњез , висок функционер на француското Министерство за внатрешни работи, на социјалните мрежи веќе се појавуваат повици за уништување на владини згради и ограбување ...
Меланија Трамп имаше тешкотии да изговори неколку англиски зборови за време на нејзиниот говор во Белата куќа во четврток. Првата дама на САД (56) се сретна со руската и украинската делегација и повика на долгорочен прекин на огнот во Украина, по шестдневното примирје во Херсонската област. Заглавен на неколку зборови за време на говорот За време на нејзиното обраќање до медиумите, Меланија прочита подготвен говор, но неколку пати се сопна ...
Ава Карабатиќ неодамна даде застрашувачки тврдења за злоупотребата што ја претрпела. Покрај тоа, таа сподели серија вознемирувачки фотографии кои сведочат за тешки физички повреди. Ава Карабатиќ трагично го загуби животот вечерва малку по полноќ во Загреб, потврдија нејзините најблиски пријатели на социјалните мрежи . Неодамна, старлетата се бори со сериозни ментални проблеми, а во медиумите постојано го обвинуваше својот партнер Лазар за ...
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности и спроведувањето на предвидените реформи. -Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи – овјави Мицкоски на Фејсбук. Тој посочи дека посветеноста на реформскиот процес ...
Honor официјално го претстави изгледот и функционалноста на своите паметни телефони од серијата 700, а сите модели имаат втор екран на задната страна. Ова ново семејство уреди вклучува три различни варијанти: основниот Honor 700, помоќниот Honor 700 Pro и моделот Honor 700S. Она што е заедничко за сите овие модели е специфичен, квадратен секундарен екран кој е паметно интегриран во задниот дел од куќиштето, веднаш во склопот на камерата. ...
Новиот модел на вештачка интелигенција веќе покажа значајна примена во реалниот свет со откривање на голем број ранливости во јадрото на Linux. Во август, OpenAI го претстави GPT-5.6 Cyber заедно со неговите нивоа на пристап Daybreak Red и Blue за истражувачите на безбедност. Оттогаш, OpenAI го објави својот водечки GPT-6 Astra, како и попристапните модели GPT-6 Sol и Luna. Сега, OpenAI откри дека нивниот внатрешен модел пронашол речиси ...
Во изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на Македонија лишиле од слобода 17 лица, а со уште едно лице бил извршен службен разговор поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Според информациите од МВР, десет лица управувале возила без положен возачки испит. Меѓу нив бил и 14-годишен малолетник од Виница, кој изгубил контрола над мопедот и паднал. Службен разговор бил извршен и ...
Жена од Гостивар била измамена од непознат маж кој по телефон и побарал да му уплати на сметка 10.000 денари наводно по барање на син и кој бил во затвор. “Син ти бара 10.000 денари уплати ги на оваа сметка”, ја довел непознатиот во заблуда жената која ги уплатила парите мислејќи дека се за синот, објавија од СВР Тетово. Подоцна истиот пак и се јавил но сега барал пари со закани. И барал на гостиварката да уплати 10.000 денари. Жената ...
На 12. Хуманитарен пикник на „Алкалоид“ беа собрани речиси 2,2 милиони денари наменети за набавка на современа медицинска опрема за Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“. Хуманоста и солидарноста отсекогаш биле дел од традицијата на „Алкалоид“. Во септември 2011 година, по повод 75-годишниот јубилеј на компанијата, овие вредности добија уште еден израз со започнувањето на корпоративната хуманитарна ...
Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој. „Алкалоид“ годинава го бележи своето 23. учество на CPhI (Convention on Pharmaceutical Ingredients), водечки глобален настан кој ги поврзува чинителите од целиот фармацевтски синџир. ...
Во најновото издание на емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24, универзитетскиот професор и поранешен студентски лидер Филип Петровски направи детална геополитичка дисекција на актуелниот бран насилни протести што ја тресе Западна Европа, новите глобални поместувања и нивните рефлексии врз Балканот и Македонија. Клучни поенти од разговорот: Координирана паневропска мобилизација: Актуелните протести во Франција, Германија, Италија, ...
Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина. „Алкалоид“ АД Скопје е добитник на меѓународно признатиот сертификат Top Employer 2026 за Македонија, доделен од реномираниот Top Employers Institute од Холандија, ...
Филип Петровски реагираше на настапот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по локалните избори во Брвеница. Во својата објава Петровски му припишува на Ахмети дека ја употребил формулацијата „господари на оваа земја“ и оценува дека таквиот речник е спротивен на принципот на еднаквост меѓу граѓаните. „Во современа суверена држава нема господари и нема раја. Има Устав, има закони и има граѓани“, напиша Петровски. Тој оцени дека постизборниот настап ...
По победата на Студентската листа на парламентарните избори во Србија, Јелена Карлеуша објави низа пораки на мрежата X, а во една од нив го спореди поразот на Александар Вучиќ со успехот на хрватскиот пејач Јаков Јозиновиќ. Студентската листа победи на предвремените парламентарни избори одржани во неделата, а Вучиќ го призна поразот. Карлеуша, која отворено ја поддржа листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“, ги коментираше ...
Науката одамна знае дека мажите почесто доживуваат оргазам во кревет отколку жените. Ново истражување, исто така, покажува дека задоволството на жените од нивниот сексуален живот е многу посилно поврзано со оргазмот отколку кај мажите. Истражувачи од Универзитетот во Торино анкетирале 579 хетеросексуални лица во Италија кои биле во стабилни врски. Учесниците биле на возраст меѓу 18 и 60 години, а повеќето биле на средна возраст, со високо ...
Сестрата на актерот Метју Пери, познат по улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, откри зошто се насмевнала за време на неговиот погреб, иако тој момент бил еден од најболните во нејзиниот живот. Миа Пери Бовик се присети на емотивното збогување со својот брат во новиот документарец за неговиот живот, во кој зборуваше за тоа како успеала да се справи со загубата, но и за необичниот момент што ѝ останал во сеќавање. Како што објави ...
Иако многу диети за слабеење вклучуваат исклучување на јаглехидратите, тие можат да бидат дел од балансирана исхрана. Нутриционистите особено ја истакнуваат киноата, храна богата со протеини и влакна што го продолжува чувството на ситост и може да помогне во контролата на тежината. Киноата содржи хранливи материи кои можат да придонесат за здравјето на срцето и регулирањето на шеќерот во крвта. Но, нејзината најголема придобивка за слабеење ...