Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Дворот на Здружението „Комбо“ во скопска Железара вчера беше место на заедничарење. Ем сонце, ем тезги со предмети и облека од втора рака, ем нови и стари пријателства и афирмација на заедницата. „’Маалски бувљак’ нè предизвика да ги реобмислиме нашите навики кон стари предмети: дали можат повторно да се користат, реставрираат и повторно да се користат, наместо веднаш да ги фрлиме и да ги замениме со нови. Присутните имаа можност да истражат ...
Во Драмскиот театар во Скопје, на 9 април со почеток од 20 часот, Театар Пи хуманитарно ќе ја изигра претставата „Ние, луѓето“ во чест на настраданите и повредните во националната трагедија во Кочани. Приходот од продажбата на билети ќе биде уплатен на хуманитарна сметка за донации. „Следната светска војна веќе е во тек, авион се урива на непознат остров, при што група деца остануваат одделени од другиот дел од светот. Слободни се, слават ...
Професионалните новинари и медиуми треба да можат да работат во слободна медиумска средина без притисоци и закани за да се гарантира функционирањето на демократските процеси. Само безбедни и добро платени новинари и медиумски работници можат да продуцираат новинарство кое го штити јавниот интерес. Ова се истакнува во Декларацијата што вчера на прес-конференција ја претставија Меѓународната федерација на новинари (ЕФН) и Самостојниот синдикат ...
Поради „бранењето“ на непрописно паркираното „порше“ управувано од Срѓан Керим, за двајца припадници на обезбедувањето на претседателката Гордана Силјановска Давкова е отворена дисциплинска постапка во МВР. За седум дена ова е втор инцидент со припадници на 6-тата Управа односно Одделот за обезбедување на објекти и лица, во кои беа вклучени двајца припадници на обезбедување на претседателот и еден припадник на обезбедувањето на премиерот ...
Анализи на примероци од водите на Тораничка и Крива Река, земени по излевањето од рудникот Тораница, покажуваат алармантно високи концентрации на штетни материи, соопшти еколошката организација „О2 Иницијатива“ на својата Фејсбук-страница. Според еко-активистите, примероците земени веднаш по инцидентот, на 14 и 15 март 2025, покажуваат дека водата била од петта категорија – многу загадена и несоодветна за било каква употреба, со концентрации ...
Првото електронско пријавување за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година трае од 14 до 17 јуни, а второто е на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули, информираа од Министерството за образование и наука (МОН). Како и во изминатите учебни години, велат од таму, учениците ќе треба да достават хартиени документи до училиштата, а се прават напори од следната учебна година процесот ...
Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост и упатија јавен повик до Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, да не ги потпише Указите за измените на Законот за основно образование и Законот за учебници, кои според нив претставуваат закани за правата, безбедноста и здравјето на младите во државата. Во продолжение интегрално го пренесуваме писмото: „Минатата година, по повод Вашиот избор за ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) вчера ги додели традиционалните годишни награди, оддавајќи признание на најистакнатите новинари и медиумски професионалци. Комисијата за награди во состав Герман Филков, Душица Мрѓа и Сенат Зулбеари годинава ја додели наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ на Ѕвездан Георгиевски, како признание за неговиот траен придонес во македонското новинарство. Наградата за истражувачко новинарство ...
Имаш работи што постојано ги преместуваш, но никогаш не ги користиш? Облека која „моли” да ја носиш, но е заборавена и едноставно зафаќа простор? Распар чаши кои не виделе пијалок со години? Стари ЦД-а со музика која не е по твој вкус? Столче кое се крие во шпаизот? Време е да расчистиш!, велат од Здружението за креативна одржливост „Комбо“, кое во соработка со Јуроп Хаус утре (5, април) од 10 часот организираат Маалски буљак во својот двор. ...
Премиерата „Ифигенија за ништо“ ќе биде првата претставата реализирана согласно најавената Годишната програма на скопскиот Драмски театар за 2025 година. Претставата ќе се изведе во сабота на 5 април во 20 часот на големата сцена „Ристо Стефановски“. „Ифигенија за ништо“ е адаптација по текст и режија на Филип Петковски, кореографијата е исто така на Филип Петковски, сценографијата на Мартин Манев, а костимите се на костимографите Антонија ...
Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС УКИМ) денес реагираше на, како што велат, недоволната достапност и отсуството на поволности на меѓуградскиот превоз во земјава. Од таму посочија дека по Ковид-пандемијата, голем дел од автобуските и железничките линии беа укинати, а цените на билетите за оние кои останаа, пораснаа драстично, пренесува агенцијата Мета.мк. „Ова претставуваше, и сè уште ...
Министерството за внатрешни работи се јави во врска со видеото што кружи на социјалните мрежи, на кое се гледа непрописно паркирано возило со скопски регистарски ознаки на територија на Дебар Маало во Скопје. На видеото, се гледа претежно како млади лица бараат од луѓето што управуваат со „пајакот“ на Паркинзи на општина Центар (ПОЦ), но и од униформиран полицаец – да го соберат возилото бидејќи е паркирано буквално насред велосипедска ...
По понеделничката свирка со „Жен“, домашната самостојна издавачка куќа „Мртов коњ“ вечерва (петок, 4 април) продолжува со програмата за оваа пролет, овој пат со словенскиот состав „Својат“, кој ќе настапува во кафе-книжарницата „Буква“ од 21 часот. „’Својат’ ги земаат конвенциите на неконвенционална рок и пост-панк музика, ги фрлаат во машина за перење без омекшивач и резултатот го претставуваат на нивните експлозивни но весели и ...
Време е фиоките да се отворат, за да има вистинска правда, велат од Иницијативата НУЛА, кои упатија јавно писмо до Јавниот обвинител Љупчо Коцевски. „Скоро четири години по трагедијата во модуларната болница во Тетово, каде што животот го загубија 14 наши сограѓани, случајот сè уште нема правна разрешница. Ниту еден виновник не е изведен пред правдата, а постојат сериозни индиции за пропусти при изградбата, како што е германското вештачење ...
По обилните дождови во изминатите денови, од своето корито се излеа Маркова Река, при што се поплавени и делови по течението во Горно Лисиче во општина Аеродром. Општинарите велат дека по излевањето била ангажирана механизација што работела на одводнување на коритото на реката и на заштита од евентуални поплавувања на објектите за домување. „Воспоставен е контакт со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), МВР и АД Водостопанство, чии ...
Министерството за здравство информира дека еден пациент од повредените лица од пожарот во Кочани, кој беше хоспитализиран во медицински центар во Австрија, денеска (3 април)се враќа во државава, по што согласно протоколите, ќе биде задржан под 24-часовен надзор. Во државава се пристигнати и странски тимови за рехабилитација на пациентите. „Со тоа, во странските медицински центри се третираат 80 пациенти, од кои двајца се третираат ...
Платформата за родова еднаквост (ПРЕ) и Мрежата за заштита од дискриминација (МЗД) упатија остра реакција на последните законски измени со кои, како што велат, младите остануваат без здравствена едукација базирана на докази во основните училишта и се озаконува насилство врз децата. „Најостро реагираме на најновите измени и дополнувања на Законот за основно образование и Законот за учебници, со кои се озаконува дискриминацијата и насилството, ...
Промоција на македонското издание на романот „Спиј сега, ајде, спиј сега“ од наградуваниот малтешки автор Имануел Мифсуд ќе се одржи вечер (четврток, 3 април) со почеток од 20 часот, во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар ‒ Скопје. Книгата низ разговор со авторот ќе ја претстави Јулијана Величковска, која воедно е и преведувач на романот од англиски јазик. Изданието е на ПНВ Публикации, а неговата објава е поддржана од Малтешкиот ...
Коалиција Маргини се обрати во врска со најновите измени и дополнувања на Законот за основно образование и Законот за учебници, со кои, како што велат, се озаконува дискриминацијата и насилството, а се бришат темите за сексуално и репродуктивно здравје и родова еднаквост. Обраќањето на Коалиција Маргини го објавуваме во целост: „Додека умираат деца во рушевините на корумпираниот систем со децении, додека семејствата тагуваат, а луѓето ...
„Првата причина поради која се согласуваме и ја поддржуваме одлуката на Влада за набавка на 120 автобуси е тоа што парите за набавка се од буџетот, не се задолжува државата и не подига кредит за нивната набавка. Но, тоа што сметаме дека е неисправно е што ова се прави дури во април, тоа е веќе четвртиот месец од годината, а државниот буџет беше донесен уште на крајот на минатата година и се знаело дека има доволно финансии за да се набават ...
Сојузот на средношколци информира дека Министерството за образование и наука (МОН) и Државниот испитен центар (ДИЦ) го прифатиле нивното барање државната матура да се полага во поголемите училишни простории, како холови и фискултурни сали. Ако не ги исполнуваат просторните услови од Правилникот за државна матура – од типот на 1,5 метар распојание пред и зад ученик и од страна – во тој случај државната матура ќе се организира на факултетите. ...
Откако е потпишан Колективниот договор (КД) за култура во Република Македонија, секое поместување на минималната плата во месец март за вработените во културата претставува неизвесност дали ќе се почитуваат нивните права, реагираат од Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ). Од таму посочуваат дека членот 65 од КД за култура значи усогласување на платата согласно растот на минималната плата. Дополнително, нагласува Синдикатот, на ...
Во просториите наКСП Центар-Јадро во Скопје, вчерерва 2 април од 19 часот ќе биде промовирана новата и втора поетска збирка на Љубица Шопова „Надвор од единиците мерки“ во издание. Со авторката ќе разговара Катерина Шекутковска, а стихови ќе чита Ивана Јовановска. „’Надвор од единиците мерки’ е контемплативна и нежна поетска збирка во која Шопова ги истражува границите помеѓу материјалното и духовното низ поезијата, потсетувајќи нѐ на нештата ...
Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата од Министерство за транспорт за потреба од набавка на еколошки автобуси , откако единиците на локалната самоуправа испратиле писма со барање да се подобри јавниот превоз. „Имајќи ги предвид финансиските средства обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за транспорт за оваа намена, предвидена е набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк ...
Поради обилните врнежи од дожд се излеа Маркова река во Батинци, пред Драчево, каде се поплавени улици и домови. Вечерва на критичните точки се прават насипи, ангажирани е општинска и градска механизација, ЦУК, ДЗС, пожарна… Локалните власти пронозираа дека врнежите можеби нема да прекинат во текот на ноќта, и ги известиле и сите надлежни инистуциии дека ситуацијата може да ескалира. Ситуацијата се менува од час во час, а повеќе медиуми ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди локалните добавувачи на амбасадите и конзулатите на САД во странство, како и добитниците на американски грантови, дека мора да ја почитуваат забраната за програми за промовирање на разновидноста, еднаквоста и инклузијата, во спротивно ризикуваат да ги изгубат средствата што им се исплаќаат. „Американската амбасада во Шпанија, како и сите наши амбасади низ светот, ги ...
Во земјава 99,7 отсто од отпадот се депонира на депонии. Од 60 депонии, кои се управувани од општински комунални претпријатија ниту една не е во согласност со европските стандарди, освен скопската „Дрисла“, која донекаде исполнува дел од условите. Покрај овие депонии, низ целата земја регистрирани се и околу 1.200 диви депонии и ѓубришта, на кои се претпоставува дека во 2023 година завршил околку 30 отсто од вкупниот отпад создаден во ...
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) – институцијата што во отруена и масакрирана Македонија би требало да чувствува најголема одговорност и да биде најголем сојузник на граѓаните – нѐ блокирала на Фејсбук и ја исклучила опцијата за коментирање на нивните објави. Денес објавија само дел од информациите што ги баравме – едно решение од спроведен инспекциски надзор во рудникот Тораница, реагираат од граѓанската иницијатива Зелен ...
„Секогаш работиме на интересот на студентите. Воедно чекаме какви барања ќе произлезат од сите останати студентски здруженија и организации. Отворени сме за дискусија, размислуваме моментално за отворена трибина каде ќе ги повикаме сите страни, за да дискутираме на одредени предизвици што треба да се поправат. Секако, тука сме во добри времиња, но и во моменти на вакви трагедии (како во Кочани), со цел заедно да менуваме работи во системот“, ...
Властите дозволуваат изградба на хотел на ридот Горица во Охрид, иако тоа е спротивно на Конвенцијата за светско наследство, алармира иницијативата Охрид СОС. Од таму посочуваат на извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО, според кој, градилиштето е наводно отворено без претходно известување до Центарот за светско наследство, како што налагаат правилата. „Комитетот за светско наследство во јули 2024 јасно повика Македонија ...