Ве известуваме дека вечерва, со почеток од 19:30 часот во Паркот на поезијата во Струга, под мотото „Гледајте филмови, нема каде да се бега“ се отвора деветтото издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“. Фестивалот ќе се одржи од 7 до 10 август на повеќе локации во Струга. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен. Програма за 7 август ...

Instagram најави неколку новини кои стануваат дел од нивната мрежа, па корисниците можат да ги очекуваат веднаш или наскоро во деновите и неделите што следат. Првата новина е можеби и најдобра и најважна, а истата ја донесува можноста за споделување на веќе објавена содржината на мрежата. Со „reposts“ корисниците ќе можат да ги споделат јавно објавените објави и reels видеа, а истите сега ќе бидат достапни и како уште еден посебен дел на ...

Microsoft објави видео, кое изгледа ќе биде дел од серијал на видеа, наречено Windows 2030 Vision, во кое говори Дејвид Вестон, корпоративен потпретседател за бизниси и безбедност. Ова не е класично видео преку кое се говори за дизајн промените или некои други нови функции кои можеме да ги очекуваме во Windows. Во овој видео се говори за целосна промена на начинот на којшто ќе ги користиме компјутерите, а во главно поради развојот на вештачката ...

Доволно неофицијални информации и слики можевме да видиме изминатите месеци да скоро е сигурно дека iPhone 17 серијата ќе дојде со делумно нов дизајн. Главните промени се концентрирани на модулот за камерите, па истиот сега ќе биде по целата ширина на уредот, со што сензорите ќе бидат поместени повеќе кон десната страна. Како еден вид на потврда за оваа промена во дизајнот доаѓа слика од човек кој изгледа дека користи „неофицијален“ iPhone. Иако ...

Apple можеби „почека“ додека се реши да стави OLED екран кај iPad Pro уредите, но затоа кога тоа го направи, го направи во нивниот препознатлив стил. iPad Pro со М4 не дојде со обичен OLED екран, па истиот е направен со два OLED слоја и е наречен Tandem OLED. Ваквиот екран овозможува доста посилна светлина, нешто што е слабост на OLED екраните, а со тоа и поистакнати бои. Оваа предност се добива заедно со помала потрошувачка на енергија. Според ...

Proton, швајцарската компанија која е позната по своите производи кои приватноста на корисниците ја имаат како главна карактеристика, претстави уште еден производ, кој додава на оваа нивна политика. Proton Authenticator е едноставна апликација која е наменета да генерира кодови за најавување на сервисите со дво-факторска автентикација. Ова е нешто што се користи одамна, па по внесувањето на лозинката, корисниците внесуваат уште еден, најчесто ...

Microsoft Edge ќе стане прелистувач со многу поголема интеграција на вештачката интелигенција, а тоа е нешто што е очекувано со оглед на тоа во кој правец се движат работите. За почеток, поголемата интеграција на ВИ доаѓа преку посебен режим во Edge, наречен Copilot Mode. Корисниците ќе можат да го вклучат и да добијат целосно ново корисничко искуство, а исто така ќе можат и да го исклучат доколку не им се допаѓа и да се вратат на класичниот ...

Google ќе ја претстави Pixel 10 серијата, заедно со уште неколку други уреди, на 20 август, а во стандарден стил за компанијата, тие веќе го прикажаа делумно изгледот на еден од телефоните. Сега од компанијата пуштија реклама за Pixel 10 серијата која директно е насочена кон корисниците на iPhone. Во рекламата се истакнува „некоја“ функција поради која корисниците купуваат телефон, но таа доаѓа наскоро, а тоа наскоро станува цела година. На ...

Популарноста на ChromeOS и Chromebook лаптопите во образовните институции направи да и Microsoft се обидат да влезат во овој дел од пазарот. Во 2021 година од компанијата го претставија Windows 11 SE заедно со Surface Laptop SE, замислени за образовните институции и конкуренција со Google. Главната карактеристика која Windows 11 SE ќе мора да ја има е малите ресурси кои се потребни за функционирање, а со тоа и можноста да функционира на поевтин ...

YouTube веќе ја користи вештачката интелигенција со цел да процени дали корисниците на сервисот се под или над 18 годишна возраст. Ова се прави со цел да се заштитат помладите корисници, кои не секогаш го ставаат нивниот точен роденден. Проценката на возраста ќе се прави преку интерпретирање на повеќе сигнали, како што се видот на видеа кои корисникот ги пребарува, категориите на видеа кои ги има гледано, како и должината на постоење на ...

Подгответе се за највеселото, најшареното, најурбаното и најнепредвидливото летно доживување – Баскерфест караванот 2025 одбројува до моментот кога ќе тргне на пат низ Македонија. После неколкугодишна пауза, фестивалот повторно се враќа меѓу луѓето, во срцето на градовите, на плоштадите и булеварите што на неколку дена ќе станат сцена на радост и смеа, на изненадувања и аплаузи. Од 25 август до 6 септември, на 13 локации во 9 градови, ќе се ...

Можноста за објава на видео во живо на Instagram веќе нема да им биде достапна на сите корисници. Истата ќе биде недостапна за тие кои имаат помалку од 1.000 следбеници. Информацијата за ова им е пуштена на корисниците со јавни профили кои се обиделе да објават видео во живо, по што биле информирани дека само јавните сметки со над 1.000 следбеници ќе можат да го направат тоа. Од Meta оваа одлука ја објаснуваат со целта да се овозможи подобро ...

По најавата на Apple Intelligence минатата година, едно беше јасно, а тоа е дека од компанијата не планираат да пуштат на пазарот уште еден конкурент на ChatGPT. Функциите со вештачка интелигенција во главно се планира да бидат интегрирани во апликациите и сервисите, а тука е сѐ уште незавршеното унапредување на Siri. Сепак, година дена подоцна, како и со се поголемите шанси да мора да заврши договорот со Google за Search, Apple изгледа дека ...

One UI 8 донесува една новина која ќе стави крај на практика која беше многу повеќе популарна порано. Се работи за можноста за отклучување на таканаречениот „bootloader“, по што се добива можност да се направат повеќе измени на уредот, меѓу кои и инсталирање на целосно друг систем. Иако има неколку причини за ваквото отклучување на системот, една од најпопуларните беше можноста за инсталација на друг систем. Порано доста познати беа ...

Неофицијалните информации од пред две недели се покажаа како точни, па Apple Pay сега и официјалнот станува достапен во Македонија. За корисниците на Apple тоа ја донесува можноста за користење на iPhone и Apple Watch за бесконтактно плаќање, како што тоа го имаат Android корисниците со години веќе. Засега сервисот не е официјално најавен, па тоа може да се очекува наскоро, а некои од банките веќе овозможуваат додавање на картичките во Apple ...

Чиповите развиени од страна на Samsung не добиваат баш најдобри оценки изминатите години, а една од поважните информации кои ги чекаме со најавата на нови телефони е дали тие доаѓаат со Exynos чип или преферираниот Snapdragon. Кратко кажано, Exynos доста често се покажа како побавен од Snapdragon алтернативата, со послабо менаџирање на топлината, а на крајот тоа резултира и со полоша ефикасност, односно полошо траење на батеријата. Од Samsung ...

Со особена чест и задоволство ве покануваме на деветтото издание на фестивалот „Дрим Шорт“ кое ќе се одржи од седми до десетти Август на повеќе локации во Струга. Придружете ни се во четиридневна, инспиративна филмска програма и „Гледајте филмови, нема каде да се бега“. Главните проекции ќе се реализираат во Паркот на поезијата, додека останатата програма ќе биде распределена во Јуроп Хаус Струга, кафе-бар Дуќан, мезе бар Барабар и мезе бар ...

Apple оваа недела ги пушти јавните бета верзии од нивните оперативни системи. Овие бета верзии постојат изминатите неколку години, а се наменети за сите корисници, односно не само за програмерите како порано. Сепак, уште на почеток да ве предупредам, се работи за бета, тест верзии, па можни се одредени проблеми, иако се ретки, па не би препорачал да ги инсталирате на некој уред кој секојдневно го користите за работа и комуникација. На страна ...

Додавањето на можноста да се исклучи делот со вести во панелот за „виџети“ во Windows 11 беше една од најдобрите одлуки за оваа функција, покрај додавањето на поддршка за „виџети“ од трети страни. Меѓутоа Microsoft не се откажува од овој дел кој мислам дека скоро никој не го користи, па сега тестираат прикажување на вести преку нов дел наречен Copilot Discover. Очекувано беше дека од компанијата ќе го заменат изворот на вести од MSN со таков кој ...

„Макпетрол“ и оваа година ја реализира исплатата на регрес за годишен одмор, обезбедувајќи нето износ од 48.000 денари за своите вработени. Со оваа практика, која прераснува во континуирана поддршка, компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање стабилна, мотивирана и продуктивна работна средина. Дополнително, „Макпетрол“ исплати средства по основ на учество во добивката за деловната 2024 година, односно, секој вработен ...

Како што беше најавено во мај оваа година, Microsoft Authenticator од почетокот на идниот месец целосно ќе ја изгуби поддршката за чување на лозинки, а со тоа и ќе се врати на основата со која започна оваа апликација. Процесот на тргање на оваа функција од апликацијата започна уште во јуни, кога беше тргната можноста за додавање на нови лозинки, а продолжи овој месец со тргањето на можноста за автоматско пополнување на лозинките. Од август ...

Brave, кои целиот бизнис го градат на основа на приватноста која им ја овозможуваат на своите корисници, ја доби можноста за блокирање на една од најлошите функции кај Windows 11 кога е во прашање приватноста. Функцијата е наречена Microsoft Recall, a Brave прелистувачот ќе ја блокира автоматски, со можност корисниците да го исклучат блокирањето доколку сакаат. Recall е една од главните новини кои Microsoft ги најави со претставувањето на ...

Nothing го претстави нивниот трет паметен часовник под брендот CMF, кој е бренд претставен од компанијата во 2023, иако и главниот бренд е прилично нов. Под CMF се претставуваат уште поевтини производи кои се препознатливи по уникатниот дизајн карактеристичен за Nothing. CMF Watch 3 Pro го продолжува интересниот стил на компанијата со изглед кој потсетува на класичен часовник и со портокалово ремче како боите на брендот. Како и за сите паметни ...

Корисниците на Windows 10, а не сум баш сигурен дали и колку Microsoft ќе прави разлика според начинот на „активирање“ на системот, можат да започнат да се приклучуваат на ESU програмата, односно Extended Security Updates. Оваа програма ќе ги чини приватните корисници 30 долари за уште една година поддршка, но од компанијата во јуни ја најавија и можноста оваа една година да се добие бесплатно. Корисниците на Windows 10 ќе треба да се најават со ...

Наредната генерација од Pixel уредите ќе биде претставена на 20 август. Google го закажа нивниот „Made by Google“ настан на кој покрај телефоните, можеме да очекуваме и нови генерации од часовниците и слушалките. Карактеристично за компанијата изминатите години, Google го прикажа изгледот на еден од Pixel уредите во нивната продавница, па сега имаме претстава што може да се очекува. Иако не е познато за точно кој модел се работи од Pixel 10 ...

Во најновите тест верзии од Windows 11 достапна е нова можност поврзана со пуштањето на аудио од компјутерот која засега може да се најде само на некои Android телефони. Функцијата е наречена „Shared audio“ и истата овозможува поврзување на компјутерот со повеќе од еден уред за пуштање на звукот. Ваквата можност е доста корисна поради можноста да се поврзат два пара на слушалки, на пример, по што корисниците можат да гледаат некој филм без ...

Иако веќе со години гласините го најавуваат „iPhone Fold“, кој веќе требаше да биде претставен, идната година изгледа конечно ќе биде таа кога Apple ќе влезе на овој интересен, но сѐ уште не толку голем пазар. Една од главните причини која се истакнува поради која Apple остави толку години да поминат за да го претстави нивниот прв уред на преклоп наводно и очекувано е линијата која се појавува на местото на превиткување на екранот. Овој проблем ...

По ланското големо доцнење со пуштањето на One UI 7 надградбата, која стана достапна дури оваа година, One UI 8 може да се очекува доста порано. По завршувањето на развојот на Android 16, Samsung веќе ја има завршено One UI 8 надградбата која е достапна уште од почетокот со новите уреди на преклоп од компанијата кои беа претставени овој месец. За разлика од претходната верзија, One UI 8 не е толку голема, а корисниците можат да ја очекуваат на ...

OpenAI оваа недела ја претстави најновата способност на нивниот ChatGPT, наречена ChatGPT Agent и со тоа може слободно да се каже дека започнува наредната „ера“ на вештачката интелигенција, а тоа што беше достапно досега е еден вид на загревање. ChatGPT Agent спојува две достапни функции досега во една, односно ги спојува можноста за истражување и можноста за интеракција со веб страните во име на корисникот. Со ова спојување се доаѓа до една ...

Clean Up е една од не толку големиот број на функции со вештачка интелигенција кои ги пушти Apple како дел од Apple Intelligence, иако бројот на функции само по себе не е толку проблем. Познато е дека ваквите функции на Apple не добија некои добри оценки, а тука посебно треба да се истакне доцнењето со сопствените големи јазични модели за унапредување на Siri. Рекламата која од компанијата ја пуштаат дури сега, иако Clean Up е достапна уште од ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
74%
1009
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
6.69
82%
1011
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.33
90%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.0
97%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
92%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1005
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
7.72
85%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
86%
1011
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.5874

Калај

40.11

Цинк

3.24

Паладиум

45879.12

Злато

135322.28

Иридиум

145787.60

Никел

471972.96

Кобалт

55.67

Платина

53106.37

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.89

Сребро

1837.41