Порано од стандардно, исто како и минатата година, Google вчера вечер го одржа нивниот Made by Google настан на кого беше претставена наредната генерација од Pixel телефоните. Pixel 10 серијата претставува и јубилеј за компанијата, а како дел од истата се дури четири телефони, односно Pixel 10, Pixel 10 Pro, Pixel 10 Pro XL, како и третата генерација од Pixel Fold, Pixel 10 Pro Fold. Трите нови Pixel 10 телефони претставуваат мала надградба од ...

Реакциите за новиот дизајн на корисничкиот интерфејс кај iOS, iPadOS, macOS, watchOS и tvOS се поделени. Едно е јасно, ретко кој немаше реакција за Liquid Glass дизајнот, а Apple привлече дополнителна дискусија со неколкукратното менување на нивото на „стакленост“ кај елементите во системот. За програмерот Крег Хокенбери не е до крај јасно зошто од Apple се имаат одлучено за овој дизајн, кој според него никој го нема барано. Споредбата ја прави ...

Spotify најави нова и интересна функција за своите Premium претплатници која за почеток е со бета ознака. Истата доаѓа под името и новото копче „Mix“, а во основа на корисниците ќе им овозможи да бидат диџеи и да ги направат поинтересни нивните листи со музика. Како што може да се заклучи и од самото име, Mix на корисниците ќе им овозможи да додадат посебни преоди помеѓу песните во нивните листи, а покрај можноста истото да биде направено ...

Made by Google се одржува денес, а тоа значи дека ќе бидат претставени телефоните од компанијата, односно Pixel 10 серијата. Настанот како и секогаш ќе може да се следи во живо, а ќе започне во 19:00 часот по македонско време. Покрај Pixel 10 серијата, на настанот ги очекуваме и наредната генерација од Pixel Watch, како и Pixel Buds слушалките. Со оглед на тоа дека Google не ги „крие“ производите како другите, веќе знаеме што ќе биде ...

Според SamMobile, Samsung планира да користи нов OLED екран кај Galaxy S26 Ultra идната година кој ќе ја користи вештачката интелигенција за прилагодување на аголот од кој ќе може да се гледаат работите. Овој екран беше презентиран оваа година во рамките на MWC, па не е целосно сигурно дека навистина од компанијата ќе почнат уште следната година да го користат. Како и да е, целта на прилагодливоста на екранот е подобра приватност за корисниците, ...

Оваа промена до пред некоја година немаше да биде нешто посебно важна, но со подобрувањето на Microsoft Store, а со тоа и доста подобрата достапност на апликации, корисниците почесто се решаваат да ги инсталираат своите апликации преку оваа продавница. Оваа бројка верувам дека сѐ уште не е до толку голема, иако ги немам точните бројки, па сигурно повеќето корисници се решаваат за стариот и познат начин за инсталација на апликации на Windows. За ...

Уште од минатата година читаме за претставување на доста потенка верзија од iPhone, која би требало да го замени „+“ моделот од четирите модели кои ги претставува Apple секоја година во септември. Како еден вид на потврда дека вакво нешто ќе биде претставено, може да се земе претставувањето на тенка верзија од Galaxy S 25 серијата од страна на Samsung, наречена Galaxy S25 Edge. Претставувањето на iPhone 17 Air се очекува за 9 септември, за кога ...

Пишувањето за плановите на Apple обично е од неофицијални информации, поради фактот што стилот на компанијата е да не открива ништо пред време. Сепак, неколку извори на информации се имаат покажано прилично точни, па можеме да анализираме врз основа на нив. Иднината на ИТ секторот, кратко кажано, веќе е јасно дека е тесно поврзана со вештачката интелигенција, поточно генеративната ВИ и големите јазични модели. Покрај очигледните знаци, во кој ...

OpenAI пред околу две недели го претстави нивниот GPT-5 голем јазичен модел, а од тоа што го најавија за моделот, ова требаше да биде одлична вест за корисниците на ChatGPT. Сепак, корисниците имаа негативни реакции, барем доволно голем дел од нив, а главната жалба им беше дека GPT-5 е многу формален и ги дава одговорите директно, додека GPT-4o бил многу повеќе пријателски настроен. Поради ова, OpenAI ја додаде можноста за избор на јазичниот ...

Јасно е дека Firefox нема шанса да остане „имун“ на трендот на додавање на вештачка интелигенција скоро секаде. За одреден број на корисници ова е проблем, па гледаме како и поради други причини изминатиот период Firefox досега губи од популарноста. Како и да е, работите се такви какви што се, а од Mozilla сепак сѐ уште тврдат дека остануваат на старите принципи при развојот на прелистувачот. Можноста за креирање на групи на „табови“ со помош на ...

Што може да се очекува од Windows оперативниот систем, односно во кој правец се очекува дека ќе оди развојот ? Одговорот на ова прашање најверојатно е многу лесен и претпоставувам дека повеќето би одговориле дека системот ќе оди во правец на се поголема интеграција на вештачката интелигенција, заедно со сите функции кои одат заедно. Дека ова е правецот во кој се движи Microsoft, може да се заклучи од следење на компанијата изминатите година, а ...

Apple стандардно ги „освежува“ своите уреди во неколку периоди во годината, зависно од уредот, а за што е тоа што може да се очекува можевме да прочитаме повеќе шпекулации. Сега слободно може да се каже дека шпекулациите се потврдени, па ги имаме сите уреди кои ги планираат од компанијата во месеците што следат. Оваа листа е повеќе интересна поради тоа што не се работи само за класични нови верзии од MacBook компјутерите или од iPad, па има ...

Gboard на Android наскоро ќе добие, веќе е во тест фаза, вградена можност за пополнување на лозинките кои се зачувани со Google Password Manager, односно во Google сметката на корисникот. Ова треба да овозможи посигурно пополнување за кое не ретко се случува да не биде препознаена потребата од „autofill“ активност. Ова е нешто што на Android сѐ уште не е решено како на iOS, па директното вградување во Gboard ќе донесе голема предност. Autofill ...

По информациите дека Apple веќе ја тестира понапредната верзија од Siri, сега се достапни дополнителни информации, секако сѐ уште неофицијални. Од компанијата наводно конечно успеале да направат доволно голем напредок во развојот на сопствените големи јазични модели, па дури и Крег Федериги на вработените им кажал дека биле надминати очекувањата. Ова би значело дека напредната верзија од Siri, која требаше да стане достапна оваа пролет, ќе ...

Google официјално пушти нова функција во Search, која досега се тестираше, поврзана со резултатите кои се прикажуваат кога корисниците пребаруваат вести. За почеток оваа новина им е достапна на корисниците во САД и Индија, но се очекува дека наскоро ќе биде пуштена во целиот свет. Новината е наречена „преферирани извори“, а во основа истата им овозможува на корисниците да изберат од кои веб страни ќе им бидат прикажувани повеќето од резултатите. ...

Nvidia сѐ уште има забрана за извор на најновите чипови во Кина, но нешто послабиот и постар H20 чип можеше слободно да се продава во земјата до оваа година. Трамп го забрани извозот и на овој чип, но после доволно аргументација и лобирање од страна на Nvidia, чипот повторно стана достапен за извоз во Кина. После загуба на повеќе милијарди поради ваквата одлука, сега Nvidia повторно има проблем за враќање на кинескиот пазар. Според информациите, ...

Windows 10 требаше да престане да постои во октомври оваа година, но со пуштањето на програмата за продолжена поддршка, Microsoft го продолжи животот на овој систем за уште три години. За првпат од компанијата програмата ја овозможија и за приватните корисници кои можат да добијат една година продолжена поддршка, а истото ќе ги чини 30 долари или најавување со Microsoft сметка. Тоа значи дека огромниот број на корисници на Windows 10, кои станаа ...

Елон Маск е познат по користењето на терминот „најдобри“ и „најпопуларни“ кога се во прашање неговите апликации и јазични модели. Тоа секако не е толку далеку од вистината, но потребни ни се точни бројки за да знаеме колку е точно тоа што го кажува. Ситуацијата во App Store од Apple не ги прикажува баш вака тврдењата на Маск, па тој излезе со обвинување дека Apple ги фаворизира OpenAI, па ниту една друга апликација за вештачка интелигенција не ...

По рекламата, со која Google прикажа дел од еден од моделите од Pixel 10 серијата, преку која ги повикува корисниците на iPhone да не чекаат до пуштањето на Apple Intelligence, сега Google им уште една реклама. Со оваа реклама од компанијата продолжуваат со неколку годишниот стил на предвремено прикажување на нивните уреди, а сега на ред е Pixel 10 Pro Fold. Како и претходната реклама, не се открива целосно уредот, па само се добива мала ...

Според информации од The Wall Street Journal, Perplexity дале понуда до Google за купување на нивниот Chrome интернет прелистувач. Сумата која е понудена е поголема од вредноста на компанијата и изнесува 34,5 милијарди долари, за кои наводно Perplexity има договорено соработка со други компании. Кога ќе се земе во предвид важноста на Chrome за бизнисот на Google, јасно е дека од компанијата не би ни размислувале за можна продажба да не беше ...

Во јуни оваа година можевме да прочитаме дека Apple наводно планира да додаде уште еден лаптоп во MacBook серијата, кој би дошол со најниска цена од сите. Главната карактеристика на овој поевтин MacBook би бил чипот од А серијата, односно чип на кој работат iPhone телефоните. Веднаш може да се заклучи дека еден ваков MacBook би имал за цел да им конкурира на поевтините на пазарот, како на пример Chromebook уредите и поевтините Windows лаптопи ...

Пуштањето на новиот GPT-5 јазичен модел и реакцијата на дел од корисниците, откри нешто што беше очекувано и сигурно познато за доста луѓе. Корисниците се приврзуваат со ChatGPT и промената на јазичниот модел, која донесе промена и во стилот на давање одговори, претставуваше проблем, поради што OpenAI ја врати можноста за избор на GPT-4o. Директорот на компанијата, Сем Алтман, кој веќе имаше не толку кратка објава на X, вчера излезе со уште една ...

Microsoft го купи GitHub во 2018 година за 7,5 милијарди долари и во периодот што следеше сервисот остана прилично независен, односно продолжи да функционира под истата организација како дотогаш. GitHub e сервисот број 1 во светот за програмерите, а како што се истакнува досега се додадени повеќе од 1 милијарда репозиториуми и копии од доработен код, а сето ова е направено од страна на повеќе од 150 милиони програмери. Сервисот сепак веќе нема ...

Стриминг платформите и VOD (Video on demand) услугите веќе одамна се првиот избор на гледачите, коишто сакаат да имаат пристап до што повеќе содржини, на што поедноставен начин. Водејќи се токму според овој тренд, Македонски Телеком како водечка дигитална компанија, во соработка со првата македонска стриминг платформа GLEY, овозможи единствено интегрирано решение со кое корисниците ќе дојдат до содржините кои ги бараат, со само еден клик. ...

Како што е веќе одамна познато, Windows 10 официјално останува без поддршка од 14 октомври оваа година. Поради огромниот број на корисници кои сѐ уште го користат системот Microsoft сепак овозможи можност за дополнителна година на поддршка, а истото може да се добие и бесплатно. За корисникот на Windows 10 компјутери, Лоренс Клајн, ова не е доволно и тој смета дека Microsoft треба да овозможи поддршка за системот се додека него го користат ...

OpenAI минатата недела го претстави нивниот најнов јазичен модел, GPT-5. Овој модел треба да донесе доста големи подобрувања од претходните верзии, подобрувања кај брзината на одговорите, разбирањето на корисниците, точноста, како и во генералната способност. Кратко кажано, овој модел треба да е подобар од претходните и тоа треба да е очигледно, а од тестирањата кои може да се видат, ова тврдење навистина е точно. Сепак, нешто што е стандардно ...

Apple го најави влезот во светот на генеративната вештачка интелигенција уште во јуни 2024 година со претставувањето на Apple Intelligence. Една од понапредните функции на Apple Intelligence беше нова и понапредна верзија од Siri, кој требаше да биде пуштена оваа година, но како што знаеме, од компанијата не успеаја да го направат тоа. Очекувањата сега се насочени кон идната пролет, повторно со .4 верзиите од системите од компанијата, па според ...

Samsung ја претстави најновата генерација од нивниот уред на преклоп пред околу еден месец, а Galaxy Z Fold7 е сигурно најдобриот Fold досега кој мислам дека првпат може вистински да се препорача како главен телефон. Една од „најслабите“ точки кај ваквите уреди е секако механизмот за превиткување на екранот, па можни се одредени проблеми после повеќе илјади превиткувања. Samsung прави тестирања кај ваквите уреди, а за Fold7 се истакнува дека би ...

OpenAI во текот на вчерашниот ден го претстави нивниот нареден голем јазичен модел наречен GPT-5. Овој нов модел ги обединува сите досега достапни различни модели, односно, за разлика од нив, GPT-5 се прилагодува на прашањата и ги користи потребните ресурси и ниво на „размислување“ кои е потребно во моментот. Ова значи дека OpenAI веќе нема да има различни модели кои се користат за „размислување“ или за обични одговори, па сите овие способности ...

Уште од претставувањето на Microsoft Recall минатата година се постави прашањето зошто воопшто од компанијата работеле на една ваква функција, која прави слика од екранот на секоја секунда, со цел корисникот во иднина да може да пребара што правел. Веднаш е јасно какви се потенцијално можностите за загрозување на приватноста и безбедноста на корисниците, а интересно е што Microsoft за една ваква функција не воведе доволно добри заштити, па дата ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
74%
1009
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
6.69
82%
1011
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.33
90%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.0
97%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
92%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1005
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
7.72
85%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
86%
1011
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.5874

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Злато

135322.28

Платина

53106.37

Алуминиум

2.89

Кобалт

55.67

Иридиум

145787.60

Сребро

1837.41

Паладиум

45879.12

Цинк

3.24

Калај

40.11

Никел

471972.96