Во денешно време нормално е да се очекува повисока цена кај смартфоните, а посебно кога се бараат и подобри перформанси и карактеристики. Samsung Galaxy A56 5G се појавува како освежување за оние кои бараат баланс помеѓу цената и перформансите. Карактеристично за Samsung, оваа класа на телефони им овозможува на корисниците да користат уред кој е доста блиску до високата класа, но со доста поприфатлива цена. Како и секогаш, јас ги користам ...

Ентони Меки патува низ времето Замисли си филм што комбинира патување низ времето и други димензии и драма за созревање и ќе го добиеш Synchronic. Не дека оваа комбинација е катастрофа по дифолт, звучи дека може да излезе нешто интересно од таа идеја (Back to the Future?). Ама Synchronic го прави тоа на најлош можен начин. Случајно наидов на филмот, видов дека во главна улога е Ентони Меки, па си викам ајде да му дадам шанса. Филмот е еден колаж ...

The Midnight Sky е филм режиран од Џорџ Клуни, во кој самиот Клуни ја има главната улога. Тоа е негова прва улога после 2016 година, па филмов имаше некој хајп зад себе (цело време го даваше на Нетфликс на предна страна) и постојано ме канеше да го гледам со убавите визуелизации, иако имав впечаток дека се работи за „бајкаста“ приказна, па затоа го одлагав толку долго. Очигледно со добра причина сум го правел тоа, затоа што филмот е двочасовна ...

Откако заврши авантурата на Одмаздниците со Endgame, се почувствува празнина во тој универзум. Прашањето беше каде ќе тераат сега Марвел после кулминацијата на она што го градеа една деценија, уште од првиот Ајрон Мен во 2008 година. Во меѓувреме, искочија повеќе трејлери и серии што најавија почеток на нова ера. The Eternals е нешто што се најавува како нова збирштина на суперхерои кои ќе добиваат и свои филмови во иднина. Наскоро ќе излезе и ...

Нема потреба за посебно интро, за разлика од сиромашното лето 2020, ова лето ќе може да гледаме повеќе интересни работи. Candyman (27 август) Римејк на истоимениот филм од 1992 година, идејата зад овој хорор трилер е едноставна: ако кажеш Candyman пет пати во огледало, истиот се материјализира во собата каде што си и те убива. Нормално, многу луѓе го пробуваат тоа, и не завршуваат добро. Интересно е што дел од тимот на сценаристи на овој филм е ...

Првпат го гледав Moneyball кога излезе пред десетина години. Тогаш не ми остави којзнае каков впечаток, само се сеќавам дека имаше доста галама околу филмот. Мене не ми беше ништо посебно, уште еден филм за бејзбол. Дури ми беше малку досаден колку што се сеќавам. Кога пак го гледав пред некој ден, ми стана јасно дека тогаш не сум бил спремен за филмов. Одличен е. Повеќе од одличен. Ептен ми се свиѓа кога некој филм ми ги „отвора“ очите кога ќе ...

Првпат го гледав The Big Short (2015) по грешка, кога наместо на The Revenant, улетав на проекција на филмов во Кино Милениум. Не си поминав лошо тогаш, ама па не ми беа јасни многу фрази, жаргони со кои се расфрлаа ликовите. Филмот ја прикажува економската мега-криза од 2008 година, ама низ очите на неколку личности кои ја предвидоа оваа криза неколку години претходно. Тие дури се обложуваат дека кризата ќе дојде, надевајќи се дека барем ќе се ...

Во последно време филмовите што ги гледам се од претходната декада, дури се вратив и до 2010. Moneyball ми беше пријатно изненадување, а кога налетав на The Town, си реков зошто да не. Се сеќавам кога го гледав на времето, ми остави одличен впечаток. Потсеќа на Heat (со примеси на The Departed), има добри глумци, брз и возбудлив филм. Ама на второ гледање, сфатив дека сум грешел. Просечен е филмов. Како прво, споредбата со Heat е само заради тоа ...

Го немав гледано Седум (1995) од почеток до крај многу години. Толку долго што не можев да одлучам дали филмот е толку добар како што памтам. После новата дружба, ми се разјаснија работите. Седум е ремек дело од филм. Ако не си го гледал, направи си услуга и гледај го што поскоро. Секогаш постои некоја тежа што те оддалечува од гледање на филмови постари од некоја година, камоли филмови како Седум што искочиле во 1995 година. Во филмскиот свет, ...

A Quiet Place (2018) беше откровение за хорор жанрот. Во тоа време истиот беше преполовен со медиокритети или бесконечни продолженија на филмови што имале каков таков успех претходните години. Се штанцаа по формула (со исклучок на некои одлични филмови како Хередитари). Се додека „Џим од Офис“ (Џон Красински) не одлучи да преземе нешто во врска со тоа. Уште од старт идејата на Тивко место беше оригинална. Монструми што ловат луѓе, но само по ...

Ја немам гледано верзијата на Дина од 1984 од почеток до крај. Само поединечни сцени, кои се толку кринџ што не би ни помислил да трошам два саати за на крај да ми чкрипи мозокот. Уште кога најавија фактори ресет на се што било во минатото и снимање нов филм во режија на Дени Виленеув, имав чувство дека Дина ќе ја добие екранизацијата што и тоа како ја заслужува. Уште од самиот старт, Виленеув те вовлекува во универзумот како што само тој умее. ...

СОЗДАВАМЕ ПОДОБРА ИДНИНА, ЗАЕДНО Пред една година, започнавме заедничка мисија да ја создадеме „Националната развојна стратегија (НРС)“ за Македонија, стратешки документ којшто ќе нѝ ја даде потребната јасност и визија за развојните цели и патека на нашето општество. За остварување на оваа стратегија, ќе биде потребно да вложиме напор и придонес сите ние, заедно, за нашата држава. Токму поради тоа дизајниравме процес којшто е инклузивен, ...

Во декември 2024 година, пазарот на криптовалути првично се искачи на рекордни 3,91 милијарди американски долари. Ова беше поттикнато од регулаторниот оптимизам, институционалното усвојување и новото историски највисоко ниво на Биткоин од 108 илјади американски долари, што беше предизвикано од вклучувањето на MicroStrategy во Nasdaq 100, како и од континуираните аквизиции на БТК. Релито попушти кон крајот на декември кога Федералните резерви ги ...

Подгответе се за највеселото, најшареното, најурбаното и најнепредвидливото летно доживување – Баскерфест караванот 2025 одбројува до моментот кога ќе тргне на пат низ Македонија. После неколкугодишна пауза, фестивалот повторно се враќа меѓу луѓето, во срцето на градовите, на плоштадите и булеварите што на неколку дена ќе станат сцена на радост и смеа, на изненадувања и аплаузи. Од 25 август до 6 септември, на 13 локации во 9 градови, ќе се ...

Ве известуваме дека вечерва, со почеток од 19:30 часот во Паркот на поезијата во Струга, под мотото „Гледајте филмови, нема каде да се бега“ се отвора деветтото издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“. Фестивалот ќе се одржи од 7 до 10 август на повеќе локации во Струга. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен. Програма за 7 август ...

Во понеделник, од Расадник во скопската општина Кисела Вода, ќе започне Баскерфест 2025, обележувајќи го почетокот на јубилејното 15. издание на еден од највозбудливите и најпрепознатливи улични фестивали во Македонија. Под мотото „Побарај ја забавата“, после неколкугодишна пауза, фестивалот повторно ќе ја оживее уличната сцена, носејќи ја уметноста меѓу луѓето, на плоштадите, улиците и јавните простори. „Ме радува што по неколкугодишна пауза, ...

Скопската општина Кисела Вода вчера беше центар на уличната уметност, каде што започна 15. издание на Баскерфест. Стотици граѓани уживаа во настапите на над 20 интернационални артисти, жонглери, акробати, илузионисти кои ја освоија публиката со несекојдневни вештини, хумор и интеракција што внесе живот во вечерната атмосфера. Децата беа воодушевени од шарените костими и забавните точки, а ниту возрасните не го криеја воодушевувањето од ...

Кинотеката на Македонија од 13 септември 2025 ја започнува новата Филмска училница, едукативна програма наменета за ученици од основното образование (11 до 14 години) кои сакаат да ја откријат магијата на филмот и да ги совладаат првите чекори во создавањето на сопствени кратки филмови. Филмската училница ќе се одвива секоја сабота, во текот на десетина последователни викенди, до почетокот на декември. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат ...

Има посебна убавина во најава на овој настан….ТЕГЕТ. Нашите Благојче Томевски – бас кларинет, Нинослав Спировски – тенор и сопран саксофон, Филип Букршлиев – гитара, Влатко Јаневски – бас гитара, Дарио Циевски – тапани, Дориан Јовановиќ – бас, Никола Коџабашија – клавијатури, Александар Поп Христов – коментаристичка гитара, Пано Панче Бујуклиев – електроника. Од сите страни на светот, секој со својот инструмент, секој со својата оргиналност и ...

Со последната фестивалска вечер одржана на 6 септември на плоштадот во Гевгелија, заврши јубилејното 15. издание на Баскерфест – најголемиот уличен фестивал во Македонија и еден од највозбудливите и најпрепознатливи културни настани во регионот. Под мотото „Побарај ја забавата“, Баскерфест оваа година, по неколкугодишна пауза се врати посилен и повозбудлив од кога било досега, носејќи ја уметноста директно до граѓаните и претворајќи ги ...

Набргу по премиерата на неговиот последен Нетфликс-специјал, светскиот стендап-комичар со своето најново шоу пристигнува во Скопје на 5 декември. Настапот е закажан во големата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“, каде што ќе се претстави со својот најнов материјал насловен „Son of a Carpenter“ („Син на еден Столар“), како дел од неговата успешна 40-дневна европска турнеја. Со интелигентни рутини што опфаќаат секојдневни теми и кариера ...

Утре (22 октомври) ќе се одржи дванаесетчасовен мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“ (House of 3) на три сродни и препознатливи локации во центарот на Скопје — во „Три Кичен&Бар“ и во ноќните клубови „Клуб 1212“ и „Станица 26“. Почнувајќи во 18 часот, па сè до 6 часот наутро, ова трето издание на фестивалот, нуди настапи на интернационални гости и локални диџеи, винил маркет, поп-ап шоп со локални брендови и вкусна храна. Организаторите на ...

Вечерва на Телма ќе започне да се емитува првото балканско реално шоу посветено на претприемачи и стартапи, The Founder Games. The Founder Games ги следи основачите на 40 стартапи од 13 земји. Снимањето траеше пет месеци. Камерите беа вклучени во моменти кои обично остануваат затворени за јавноста, ги регистрираа непријатните разговори со инвеститорите, планирањето на буџети, несогласувањата меѓу ко-основачите, обидите за спас на производот и ...

Фестивалот на европски филм Синедејс, во соработка со престижните европски маркетинг агенции Alphapanda и Luckytime, го објавува повикот за учесници на дводневниот хакатон за филмски маркетинг кој ќе се одржи од 4 до 6 декември во Младинскиот културен центар во Скопје. Настанот е наменет за млади автори, продуценти, студенти и професионалци од областа на филмот, комуникациите и маркетингот, како и за сите љубители на визуелни приказни кои сакаат ...

Скопје, [21.11.2025] – Во Младинскиот културен центар – Скопје, на 28 декември (недела) со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи специјално издание на детската предновогодишна забава KIDSDISCO, наменета за деца од 2 до 12 години. Настанот носи современа, возбудлива и безбедна детска забава, инспирирана од традицијата на популарните дискотеки за деца од 90-тите, кои токму во МКЦ имаа свој препознатлив дом. Идејата за KIDS DISCO се роди од желбата ...

Живееме во време на огромна достапност на информации, но по некое чудо луѓето се можеби најмногу дезинформирани од било кое време порано. Информациите можеби се достапни, но луѓето ретко ги читаат како што треба, а посебно проблем прави барањето на потврда на сопственото верување, наместо дознавање на што е точно. Изминатите неколку години со корона кризата, војната во Украина сега, па и најновите случувања на политички план во Македонија, ја ...

Windows 11 покрај одличниот редизајн, дојде и со неколку нови функции, како на пример Widgets делот кој во некоја од наредните верзии од системот, ќе добие поддршка за „виџети“ од трети страни. Доколку сте корисник кој повеќе претпочита да ја користи тастатурата, наместо глувчето, во продолжение ви споделуваме неколку кратенки за тастатурата. Со овие кратенки некои од работите може да се направат без потреба од користење на глувчето, а ова е ...

Неодамна Samsung ја претстави новата генерација паметни часовници Galaxy Watch5 и Galaxy Watch5 Pro, холистичка здравствена иновација опремена со паметни можности за следење на спиењето, персонализиран дизајн и подобрена издржливост што ги обликува секојдневните навики за здравје и благосостојба. Па како да го извадиме максимумот од секојдневните фитнес активности? Одберете ја вашата омилена боја, персонализирајте ги функциите и следете ги ...

Microsoft ја воведе Delivery Optimization функцијата уште во Windows 10, а истата овозможува надградба на системот користејќи и други компјутери како извор, не само серверите на компанијата. Ова е нешто што ја намалува оптовареноста на серверите на Microsoft, но исто така може да е одлично за компаниите кои може да ја намалат количината на симнати податоци инсталирајќи ги надградбите без потреба да се симнат истите датотеки на сите компјутери. ...

Бројот на Американци кои работат на далечина е тројно зголемен од 5,7 на 17,9 отсто помеѓу 2019 и 2021 година. За некои тоа значеше работа во удобноста на домот, додека други избраа постимулативни средини. Според неодамнешното истражување на BDG Studios/OnePoll на над 1.000 членови на генерацијата Z низ Соединетите Држави, речиси 10% од испитаниците рекле дека омиленото место за работа надвор од канцеларијата е кафуле или ресторан. Имаше ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
74%
1009
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
6.69
82%
1011
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.33
90%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.0
97%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
92%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1005
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
7.72
85%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
86%
1011
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.5874

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.89

Злато

135322.28

Кобалт

55.67

Паладиум

45879.12

Никел

471972.96

Сребро

1837.41

Родиум

255598.44

Бакар

10.76

Платина

53106.37

Калај

40.11