Професорот ГаЧанг Жа од University of Miami College of Engineering разви нешто што може слободно да се нарече модерни едра за бродовите. Целта на нешто вакво секако е заштеда на енергија, односно намалување на загадувањето кое доаѓа од дизел моторите кај бродовите. Едрата на професорот се направени во форма на цилиндри кои не се движат и поместуваат, а можат да бидат спуштени доколку има потреба за бродот да може да помине под некој мост или на ...

За наредната верзија од One UI, која ќе биде направена на основа на Android 15, се најавува дека ќе биде најголемата надградба досега. Истата треба да донесе повеќе и очигледни промени кај корисничкиот интерфејс, а тука се и новините кои се дел од Android 15. Првата бета верзија за програмерите се очекуваше до крајот на минатиот месец, но истата не стана достапна. Според информациите, причината за тоа е работата на One UI 6.1.1, па овој месец ...

Google се на ред, оваа година доста порано, да ги претстават нивните најнови уреди на настанот „Made by Google“ кој се одржува денеска. Сите ќе можат да го следат во живо преку YouTube, а во Македонија започнува во 19:00 часот. Карактеристично за Google, дел од уредите кои ќе бидат претставени тие веќе ги прикажаа, па не моравме да размислуваме дали неофицијалните слики и информации се навистина точни. Google официјално ги прикажа, иако само во ...

Apple Intelligence функциите се’ уште не им се официјално достапни на корисниците, а тоа според информациите ќе биде случајот дури во октомври со iOS 18.1, iPadOS 18.1 и macOS 15.1 надградбите. Сепак, уште сега се најавува дека дел од тие функции нема да им бидат достапни на сите корисници, односно дека за нив ќе треба да се доплати. Информациите одеа дотаму дека месечната претплата ќе започнува од 20 долари, што секако не е мала сума. Според ...

Nova Launcher е апликацијата број 1 за корисниците кои бараат промена на изгледот на корисничкиот интерфејс на телефонот, најчесто кон поедноставно Android искуство. Со текот на годините потребата од вакви апликации се намали, поради фактот што производителите се „опаметија“, па ги поедноставија своите верзии од Android, но и поради ограничувањата кои ги воведе Google за ваквите апликации. Покрај ова, дека иднината на Nova Launcher не е баш ...

За нешто помалку од месец дена се очекува претставувањето на наредната генерација од iPhone. Како што веќе е познато, не се очекуваат некои поголеми промени, па iPhone 16 серијата во главно ќе изгледа како и претходните неколку години. Марк Гурман во неговиот најнов неделен билтен навлегува во што е тоа што може да се очекува од iPhone во септември, но и идната година. Тој потврдува дека iPhone 16 серијата нема да има некои посебни новини, а ...

Со оглед на новите функции кои Microsoft ги додаде кај старата и позната Paint апликација, воопшто не изненадува што од компанијата се одлучија да прекинат со развојот на Paint 3D, апликација која повеќето веќе ја имаат и заборавено. Paint 3D беше претставена во 2017 година како дел од Creators надградбата за Windows 10, а во тоа време истата делуваше како доста подобра во споредба со старата Paint. Корисничкиот интерфејс беше доста подобар и ...

Прикажувањето на сите инсталирани апликации преку Старт менито во Windows 11 моментално не остава впечаток дека баш некој го размислувал многу при развојот на ова мени. Апликациите се подредени по азбучен ред исто како што беше случајот со менито во Windows 10, па некако не одговара со новиот кориснички интерфејс на Windows 11. Дури сега од Microsoft покажуваат знаци дека ќе направат одредени промени кои се добредојдени. Новата можност е ...

Microsoft ја најави „Microsoft Store August 2024 update“ која ќе им стане прво достапна на корисниците на Windows Insider програмата во dev и canary каналите. За сите корисниците изгледа може да се очекува во есен со пуштањето на поголемата Windows 11 надградба за годината. Microsoft Store, продавницата за апликации на Windows 11 добива неколку новини кои иако се мали, се доста корисни и барани од страна на корисниците. Тоа посебно важи за една ...

Instagram го зголеми бројот на слики и видеа кои можат да бидат дел од една објава. Оваа бројка досега беше 10 слики и видеа, а сега се дуплира, односно корисниците ќе можат да објавуваат до 20 слики и видеа во една објава. Промената е веќе започната да им биде пуштана на корисниците, но се најавува дека истата ќе биде пуштана постепено. Тоа значи дека не сите корисниците веднаш ќе можат да објавуваат до 20 слики и видеа, но можат да ја ...

Марк Гурман го најавува првиот редизајн на Mac mini уште од 2010 година, кога Apple се’ уште беше под водство на Стив Џобс. Редизајнот ќе го направи новиот Mac mini најмалиот компјутер од компанијата досега. За тоа колку големо намалување е во најава се прави споредба со Apple TV уредот, кој е доста мал. Тоа значи дека Mac mini ќе биде дупло, па и повеќе од тоа намален од сегашните димензии. Се најавува и мало зголемување на висината на уредот, ...

По неофицијалната најава, сега Google официјално ја претстави наредната генерација од нивниот доста популарен Chromecast уред. Најновата верзија целосно го менува форматот и стилот, па наместо да претставува еден мал уред кој се поврзува зад телевизорот и го претвора во паметен, новата верзија доаѓа во форма на целосен „стриминг бокс“ кој се поставува пред телевизорот. Со ова Google влегува во директна конкуренција со Apple TV, а корисниците ...

Apple во најновата бета верзија од iOS/iPadOS 18 и macOS 15 пушти нова функција кај Safari за која досега можевме нешто да прочитаме неофицијално. Истата би ја нарекол како алтернативен пристап кон блокирањето на реклами кој овозможува тргање и на други делови од страните кои им пречат на корисниците. Типично за Apple, новата функција е направена доста едноставно и корисно, па корисниците се што треба е да ја вклучат преку прилагодувањата ...

Не знам од која причина, почетоците на „флип“ телефоните од пред неколку години беа повеќе насочени кон женската популација или барем тоа така беше пренесено од повеќе портали и „јутјубери“. Како и да е, Galaxy Z Flip серијата во својата шеста генерација дефинитивно не може да се каже дека има до толку ограничена „публика“, па телефонот дефинитивно прерасна во навистина корисна алтернатива за тие кои се подготвени да пробаат нешто различно. ...

„Ох, тој е прекрасен. Мислам, не можете да го симнете погледот од него. Неверојатно е харизматичен на екранот“, рече Ијан Ранкин, автор на оригиналниот роман и извршен продуцент, во интервјуто за главниот актер Ричард Ранкин, кој го игра ликот на Ребуси во новата криминалистичка серија Инспектор Ребус (Rebus) од 2024 година. По успехот на првата истоимена серија од 2000 година, на Pickbox NOW доаѓа и новото издание, што ќе ѝ овозможи на ...

Во годината кога СКОПСКО слави 100 години, активностите во рамки на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ продолжуваат со полна пареа. Па така, од вчера, 5 август, започнува новата инсентив програма во рамките на Екомак апликацијата, насочена кон наградување на корисниците за селекција на отпад (пластични амбалажи и лименки). Учесниците ќе добиваат по 5 зелени поени за секое парче селектиран отпад од ...

Не знам од која причина, почетоците на „флип“ телефоните од пред неколку години беа повеќе насочени кон женската популација или барем тоа така беше пренесено од повеќе портали и „јутјубери“. Како и да е, Galaxy Z Flip серијата во својата шеста генерација дефинитивно не може да се каже дека има до толку ограничена „публика“, па телефонот дефинитивно прерасна во навистина корисна алтернатива за тие кои се подготвени да пробаат нешто различно. ...

Со години читаме за можниот влез на Apple на пазарот на уреди на преклоп, односно уреди со екрани кои се превиткуваат. Како главна причина за константното одложување на оваа одлука се верува дека е неможноста да се направи екран кој нема линија на местото на превиткување, а доказот за тоа го гледаме кај уредите кои се веќе на пазарот. Главната гласина поврзана со Apple беше дека тие нема прво да претстават iPhone кој се превиткува, туку iPad, а ...

Samsung SDI ја објави нивната најнова батерија која е развиена да се користи кај електричните автомобили. Може да се каже дека ова е батеријата на која се чекаше, а секако од компанијата не се единствените кои работат на ваква технологија. Се работи за батерија со целосно цврста состојба која доаѓа со поголема густина на енергија која може да ја чува, а тоа се постигнува со помала тежина и големина од постојните батерии. Дополнително, оваа ...

Минатата недела Apple нестандардно ги пушти првите бета верзии за програмерите од iOS 18.1, iPadOS 18.1 и macOS 15.1. Со тоа ги потврди гласините дека Apple Intelligence нема да им стане достапна на корисниците со пуштањето на финалните верзии од системите и претставувањето на iPhone 16 серијата, туку неколку недели подоцна во октомври со .1 надградбите. Со овие верзии првпат по презентацијата во јуни ги видовме функциите кои доаѓаат со Apple ...

Полека се ближи септември кога Apple традиционално ги претставува новите генерации од нивниот iPhone. Оваа година на ред е iPhone 16 серијата, а како што се навикнавме, не очекуваме некои посебни промени во споредба со ланските, односно актуелните модели. Instant Digital, преку Weibo, најавуваат дека кај iPhone 16 Pro моделите може да се очекува зголемување на капацитетот на батериите за доволно голем процент за да разликата биде забележлива. ...

Доколку се погледне најновата состојба на Statcounter може да се забележи дека Microsoft Edge стабилно го држи второто место на пазарот на десктоп и има мало зголемување на уделот на 13,74%. Ова како информација од една страна на треба да изненадува, со оглед дека Edge е главниот прелистувач на Windows 11, но кога ќе се земат во предвид тактиките кои ги користи Microsoft, би очекувале дополнителен пад на популарност на нивниот прелистувач. На ...

Карактеристично за Google, предвреме ги прикажаа телефоните кои треба да ги претстават, оваа година порано од вообичаено, на 13 август на „Made by Google“ настанот. Тоа значи дека веќе го имаме официјалниот изглед на Pixel 9 Pro Fold, иако од компанијата не ги прикажаа баш сите детали. Тоа што секако не е објавено од страна на Google, сега го имаме како неофицијална информација, а се однесува на дебелината на уредот на преклоп, една од ...

Има уште доста време до претставувањето на наредната Galaxy S генерација, но како и секогаш месеците до претставувањето се полни со информации. Оваа информација доаѓа директно од Samsung, односно од потпретседателот на Samsung Mobile Experience Даниел Араујо. Тој за време на презентацијата на финансиските резултати на компанија, од каде дознавме и за новиот Exynos 2500, најавува доста големи надградби кај камерите и екранот на Galaxy S25 ...

Скопје, 01.08.2024 –Многу адреналин, неверојатна динамика и возбудливи предизвици кои никого не оставаат рамнодушен. Адреналинското шоу ТРИУМФ соборува рекорди на гледаност и секоја нова епизода на онлајн платформата GLEY или на јутјуб каналот LAZAROV се чека со нетрпиение. Публиката го препознава и го цени вложениот труд и освежувањето што ТРИУМФ го носи за домашната продукција. Натпреварувачите се соочуваат со екстремни услови и во секој ...

За голем дел од корисниците, можноста да се избере целосно црна боја за нивниот iPhone претставува доста привлечна и важна работа. Apple обично оди со темно сива нијанса, но изминатите години се немаат одлучено да им понудат на корисниците целосно црн iPhone. Тоа можно е да се смени со претставувањето на iPhone 16 серијата, поточно најголемиот и најскап iPhone 16 Pro Max. Овој модел изгледа ќе добие целосно црна верзија, покрај досегашните бела ...

Скопје, 31 јули 2024 г. – Загриженоста поради нарушувањето на приватноста и губењето на сопственоста на податоците станува сè почеста. Бидејќи технологијата продолжува сè повеќе и повеќе да се вклучува во нашиот секојдневен живот, нашата комуникација сè почесто се одвива онлајн, а тоа подразбира споделување на чувствителни и приватни информации преку Интернет. Тешко може да се дознае вистинскиот начин за справување со овој предизвик. На пример, ...

Неколку месеци по претставувањето на нивниот прв смартфон од средната класа, Nothing претставија и нешто посилна верзија од истиот. Nothing Phone (2a) сега добива Plus модел, односно достапен станува Phone (2a) Plus. Со оглед на близината на претставувањето на двата модели, а и додавката „плус“ во новиот модел, би се очекувало дека двата уреди ќе имаат нешто поголема разлика, обично таа се гледа кај големината на екранот. Сепак, Phone (2a) Plus ...

Македонски Телеком го продолжи трендот на раст и испорача силни финансиски резултати во првото полугодие на 2024 година. Успешното работење се должи на стратешките инвестиции во развој на мрежата и нови технологии, коишто доведоа до супериорни услуги и корисничко искуство. Нето добивката е во пораст од 7,4 проценти, а приходите од продажбата се зголемени за 2,5 проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 5.965 ...

За време на презентација на финансиските резултати за втората четвртина од 2024, Samsung го споменува, а со тоа и го потврди претставувањето на наредната генерација од нивниот Exynos чип, Exynos 2500. Изминатите години корисниците не се баш среќни кога ќе го прочитаат името Exynos, а тоа посебно важи за корисниците од Европа. Причината за тоа е вградувањето на овој чип, наместо тој од Qualcomm за корисниците во Европа, со што тие реално добиваа ...

Скопје

10ᴼ/10ᴼ
4.12
58%
1020

Белград

6ᴼ/5ᴼ
2.57
87%
1021

Софија

8ᴼ/7ᴼ
3.6
69%
1019

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
7.97
52%
1015

Љубљана

9ᴼ/5ᴼ
1.03
95%
1020

Атина

20ᴼ/16ᴼ
1.03
65%
1013

Тирана

9ᴼ/9ᴼ
1.03
100%
1017

Подгорица

12ᴼ/7ᴼ
4.63
54%
1019
Currency

61.5333

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.841

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.59418

Currency

0.38477

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $