Игор Џамбазов и босанскиот рокенрол бенд „Забрањено пушење“ ќе настапат на фестивалот С.О.С., кој ќе се одржи на 15 јуни на ракометното игралиште во Битола од 20 часот. Сараевскиот бенд, кој сега го предводи пејачот, гитарист и композитор Давор Сучиќ попознат како Сејо Сексон, годинава одбележува 40 години од својот прв албум. Игор Џамбазов ќе биде придружуван од Гуру Харе и неговиот бенд. Фестивалот ќе го отвори диџејот Рутбој Селектор со ...

Од тактовите на првата песна, евровизиската „Од нас зависи“, публиката во Велешки театар синоќа (27 април) пееше и танцуваше со песните на Каролина. Таа одржа концерт во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, прв солистички во Велес, откако во два наврати настапи на отворено на Питијадата. Распродадената сала и публика желна за забава беа инспирација за Каролина да ги испее нејзините хитови. „Вечерва сме во театарот, досега во Велес имам ...

Скопското панк трио „Дисиз“ (Disease) оди на нова европска турнеја, на која ќе има 29 настапи. „Дисиз“ ќе го придружува американскиот бенд „No Fucker“ на турнејата насловена „Annihilate Your Desperation“, која ќе трае од 30 април до 30 мај. Серијата концерти почнува во Берлин, а покрај Германија, во следните 30 дена ќе помине и низ Шведска, Норвешка, Данска, Холандија, Белгија, Франција, Шпанија, Италија, Швајцарија, Австрија, Словачка и ...

Хрватскиот кантавтор Петар Грашо сношти во Филхармонијата го одржа вториот од трите закажани концерти во Скопје. Она што настанот го направи посебен е акустичната изведба на Грашо и неговиот бенд, во придружба на камерен гудачки оркестар. Грашо е мајстор за комуникација и топол однос со публиката, што освен песните, го прави добредојден во целиот регион. Пеејќи ги своите најголеми хитови од 1996 до денес, пејачот од Сплит традиционално го ...

Хрватскиот кантавтор Борис Новковиќ ќе одржи концерт во Скопје на 17 мај во Филхармонијата, објави организаторот „Вајб продукција“. Борис Новковиќ, кој е син на познатиот композитор на поп музика Ѓорѓе Новковиќ, се прослави на самиот старт на неговата кариера со првиот албум „Каде одат изгубените девојки“ (Куда иду изгубљене девојке) од 1986. Насловната песна, која многумина ја викаат „Тамара“, до денес остана еден од неговите најголеми ...

Некогашниот фронтмен на „Пинк флојд“, Дејвид Гилмор, кој често истакнува дека е среќно пензиониран, го најави својот нов соло албум, прв по девет години пауза. Насловен „Luck and Strange“, тој ќе биде достапен за слушање од 6 септември. Како најава на албумот, Гилмор вчера ја објави песната „The Piper’s Call“. Петтиот соло албум на Гилмор ќе содржи девет песни, од кои една ќе биде обработка. Гилмор го снимал албумот за период од пет месеци во ...

Ол-стар бенд на македонски џезери ќе настапи на вечерашното затворање на петтото издание на џез фестивалот „Крај Вардарот џез“, чиј основач беше и неодамна починатиот Мирко Попов. Македонската јавност првпат ќе има можност да го слушне во живо осумчлениот состав „Маседонијан фри сосаети“ (Macedonian Free Society), составен од музичари од лејблот „ПМГ Џез“, Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ, Нинослав Спировски, Владан Дробицки, Васко Бојаџиски, ...

Српскиот бенд „С.А.Р.С.“ ќе биде главната ѕвезда на музичкиот настан „Скопје се лади“, што ќе се одржи на 8 јуни на стадионот на АРМ во Градски парк. „Скопје добива нова форма на музичко изразување и ноќ посветена на љубителите на добрата музика со три концерти кои истовремено ја оживуваат енергијата со драм ен бејс, рап, реге и балкански звук“, вели организаторот „44 ЕвентМк“. Како што вели и името на настанот, ќе има три концерти во една ...

Проектот „Македонисимо“ на пијанистот Симон Трпчески и пријателите синоќа (25 април) доби долги аплаузи од софиската публика, на концертот со Софиската филхармонија во салата „Бугарија“. Како што велат од „КултурОп“, квинтетот „Македонисимо“ настапи во оригиналниот состав: Трпчески на пијано, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки, а со Софиската ...

Еден од најуспешните британски бендови од 1980-тите, „Пет шоп бојс“, го објави својот 15. албум и најави дека следната турнеја би можела да му биде проштална. Електро-поп дуото, во кое веќе 43 години членуваат пејачот Нил Тенант и клавијатуристот Крис Лоу, вели дека новиот албум „Nonetheless“ бил напишан за време на карантини во ковид пандемијата. „Ова е еден од најмелодичните албуми што сме ги снимиле досега. Не е толку за танцување како ...

На 30 април во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи Велигденскиот концерт во организација на Охридско лето. Женскиот хор „Менада“ од Тетово ќе изведе православна духовна музика под диригентство на Ивица Зориќ. „Со овој концерт ја заокружуваме програмата која веќе трета година ја реализираме надвор од традиционалната фестивалска рамка 12 јули-20 август. Имавме прекрасни концерти преку цела година со кои ја потврдивме големината на ...

Властите на Венеција беа обвинети дека го претвориле градот во тематски парк откако на сила стапи наплатата на влезници за еднодневните туристи. Венеција е првиот поголем град на светот кој воведе ваква шема. Градоначалникот Луиџи Бруњаро изјави дека влезницата од пет евра има за цел да го заштити градот од прекумерниот туризам и да ги одврати еднодневните посетители од доаѓање, со цел градот повторно да стане погоден за живеење. Сепак, ...

Изложбата на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ), „Цртеж, експериментален цртеж”, ќе се отвори денеска (25 април) во 20 часот во Куќата на Борко Лазески (ул. Отон Жупанчич бр.15) во Скопје. Изложбата се организира по осми пат. „Изложбата има за цел да овозможи простор за презентација на дела каде што границите на традиционалниот цртеж се поместуваат, повлекуваат и преобликуваат во нови изразни форми. Оваа изложба го слави иновативниот дух на ...

Македонија за првпат би можела да добие жена за претседател откако Гордана Сиљановска-Давкова оствари убедлива победа во вчерашниот прв круг на претседателските избори. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ освои 362.682, односно 40,08% гласови, двојно повеќе од актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој доби поддршка од 180.306 избирачи (19,93%). Тие ќе се соочат во вториот круг на 8 мај, кога паралелно се одржуваат и парламентарните избори. На ...

Хард рок легендите „Дип парпл“ го најавија излегувањето на својот нов, 23. студиски албум. Насловен „=1“, тој официјално ќе биде објавен на 19 јули. Последниот албум со оригинална музика „Дип парпл“ го издаде во 2020, а следната година сними албум со обработки. „На ‘=1‘, ‘Дип парпл‘ уште еднаш соработува со легендарниот продуцент Боб Езрин и го канализира звукот што првпат го стави на музичката мапа пред повеќе од 50 години, но без да се ...

Омилените јапонски возови „Шинкансен“ добиваат уште една надградба. Од 2026, некои возови на линијата Токаидо, која ги поврзува Токио, Нагоја и Осака, ќе имаат приватни соби со врати во делот на високата класа. Според соопштението на Јапонската железница, собите се додаваат со цел да се задоволат потребите на клиентите поради промените во животниот и работниот стил. Во вакви соби деловни луѓе ќе можат да одржуваат состаноци преку интернет и ...

На 30 април од 13 часот, во паркот Ибни Пајко во Скопје ќе се одржи осмото издание на целодневниот џез хепенинг со македонски, регионални и светски музичари. Настанот е по повод Меѓународниот ден на џезот, кој се слави во целиот свет. Ќе настапат септетот на Сашко Николовски, „Фани поса квартет“ со музичари од Унгарија, Србија и Германија, Гоце Стевковски со „Богданци реунион квартет“, „Лана Јањанин квартет“ од Хрватска, Џијан Емин и ...

„Врзете ми ги рацете” е новата песна на Дарио, која излезе вчера. „Искрено, уживав додека ја пишував и снимав. За мене и за вас“, напиша кантавторот на социјалните мрежи. Како и претходните синглови што ги промовираше во изминатиов период, тој е автор на музиката и текстот на песната, а аранжер е Кристијан Габровски. Дарио вели дека му е драго што снимил песна без никакви компјутерски ефекти. „Ова е класична љубовна песна инспирирана од ...

Единаесет необјавени песни што Џони Кеш ги снимил како демо верзии во 1993, но никогаш не ги довршил конечно ќе излезат во јавност. Тие ќе се најдат на албумот „Songwriter“, што ќе биде објавен на 28 јуни, а беше најавен со синглот „Well Alright“. Музичари кои претходно имаат свирено со Кеш ги имаат довршено и снимено песните, на што е додаден вокалот на Кеш од демо верзиите. На албумот гостуваат кантри пејачот Винс Гил и рок групата „Блек ...

Селин Дион зборуваше за животот со ретката невролошка состојба синдром на вкочанетост, велејќи: „Ништо нема да ме спречи“. Во интервјуто за француски „Вог“, канадската пејачка рече дека е добро, но дека има уште многу работа. „Одам ден по ден. Се надевам дека ќе се најде чудотворен лек за состојбата што влијаеше на моите пеење и секојдневен живот, но работам на прифаќање на ситуацијата“, вели Дион. Синдромот на вкочанета личност се ...

Продажбата на електрични и хибридни возила ќе достигне нови рекордни бројки оваа година, и покрај забавениот раст на некои пазари, предвидува Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА). Според неа, 17 милиони вакви возила ќе бидат продадени во 2024, што е над 20% повеќе во споредба со лани. ИЕА вели дека најголем дел електрични автомобили ќе чинат исто колку бензинците до 2030, бидејќи цените паѓаат. Автокомпаниите се пожалија дека растот на ...

Колумбиската дизајнерка Ненси Гонзалес е осудена на 18 месеци затвор откако се изјасни за виновна за шверц на чанти направени од кожа на заштитени рептили. Гонзалес (71), која правеше чанти и за серијата „Сексот и градот“ и за Бритни Спирс, прекрши меѓународен договор со илегален увоз на чанти направени од кајмани и питони. И Колумбија и САД се потписници на Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора ...

На 17 мај во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица, Каролина Гочева ќе одржи концерт со репертоар со најголемите хитови, објави „Авалон“. Поп-ѕвездата одржа серија концерти низ Македонија, во клубови и во домови на култура, која започна на 1 март во Скопје. „Последниве години повеќе пораки добивам на 1 март отколку на мојот роденден“, рече Каролина на почетокот на скопскиот концерт, алудирајќи на нејзиниот хит „Први март“. 27 април во ...

В петок (26 април) од 20 часот, во бифето на Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе се одржи поетско-музичка вечер во чест на Светскиот ден на џезот. Настанот ќе биде уметничка фузија на музиката и пишаниот збор. Поезија ќе читаат студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а џез ќе свират музичари од Факултетот за музичка уметност. Настанот е поддржан од Европска куќа во Скопје. Поетско-музичката вечер е во рамките на ...

Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ е вечерва (23 април) на програмата на Танц фест Скопје, а ќе се изведе од 20 часот во Националната опера и балет (НОБ). Со оваа претстава завршува програмата „Паралели”. Претставата е инспирирана од истоимениот циклус поезија на Ацо Шопов. Потписници на кореографиите се Ивана Коцевска, на музика на Дарија Андовска за првиот дел под наслов „Раѓање“, Адријана Данчевска-Ровчанин, на музика на Александар ...

На 26 април излегува првата епизода од документарецот за американската рок група „Бон Џови“, насловен „Благодарам, добра ноќ“, во продукција на „Дизни“. Во фокусот е и ненадејното заминување на гитаристот Ричи Самбора од бендот, но фронтменот Џон Бон Џови вели дека нема проблеми со него. Всушност, тие заедно ја гледале серијата. „Само да бидам јасен поради историјата, никогаш немаше никаква борба. Никогаш не беше отпуштен. За жал, имаше некои ...

Култниот сараевски бенд „Бијело дугме“ на 11 мај тргнува на турнеја во чест на својот 50. роденден. Турнејата симболично ќе започне во Домот на млади во Сараево, каде што бендот го имаше првиот настап во 1974. Групата предводена од Горан Бреговиќ ќе свири 50 концерти во 50 градови. Во поставата ќе бидат Бреговиќ, двајца од тројцата пејачи Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ-Тифа, Ѓиѓи Јанкелиќ, Огњен Радивојевиќ и Зоран Реџиќ. Жељко Бебек, првиот ...

Битолскиот камерен оркестар ќе одржи концерт насловен „Рок симфонија“ на 28 април од 19 часот во Битола, во спортската сала „Боро Чурлевски“. Најголемите светски рок хитови во придружба на оркестарот ќе ги пеат Дани Димитровска, Ружица Милошевска-Брчиоска од групата „Ареа“, Јасна Димитровска, Ана Петановска и Сашо Паркет. Билетите се во продажба од денеска на повеќе локации низ Битола. Камерниот оркестар на Битола има организирано сличен ...

Италијанската техно ѕвезда Дебора де Лука ќе настапи на годинашниот Д фестивал, што ќе трае од 28 до 30 јуни. Тоа ќе биде нејзино прво гостување на овој фестивал. Де Лука потекнува од Неапол и е едно од заштитните имиња на издавачката куќа „Соламенте“. Комбинирајќи звуци на техно и минимал, Де Лука денес настапува по клубови и фестивали низ цел свет. Д фестивал полека ја оформува својата листа учесници, на која веќе се потврдени Лил Памп, ...

Стотина деца од градинката „Младост“ во Тетово се собраа на градскиот плоштад за да го одбележат Денот на планетата Земја. Во изминатите денови, тие изработија најразлични маски од отпадни материјали. „Отпадот не е ѓубре“ беше и мотото на годинашново нивно одбележување на овој значаен ден, со што упатија порака до луѓето повеќе да се грижат за својата околина и дека сметот може и креативно да се употреби. „Со оваа манифестација сакаме да ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
70%
996
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
84%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.31
98%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
94%
996
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
79%
1001
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
997
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
91%
996
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

53434.54

Алуминиум

3.07

Цинк

3.33

Сребро

2457.28

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Бакар

11.66

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Калај

48.47

Иридиум

221848.72

Злато

157055.75