Легендарниот рок бенд „Кис“ ѝ го продаде својот музички каталог на шведската компанија „Попхаус ентертејнмент“ за околу 300 милиони долари. Таа исто така ги купи имиџот и брендот на групата, што следува откако таа минатата година ја заврши својата проштална светска турнеја и објави дека веќе нема да настапува. Купувањето на целиот бренд „Кис“ ќе му овозможи на „Попхаус“ да создава содржини со вештачка интелигенција, како дигитални аватари на ...

На 11 април од 19:30 часот, во Чифте амам ќе биде отворена изложба на уметнички медали и други дела на Надја Розева. Медалните скулптури се создадени помеѓу минатата и оваа година. Ова е прва изложба од ваков вид во Македонија со цел да го насочи вниманието на јавноста кон жанрот на уметничкиот медал. Розева во својата изложба вклучи еден од архитектонските и културните симболи на Скопје, Старата пошта со идеја да го насочи вниманието на ...

Сношти во Скопје, во трговскиот центар „Дајмонд“ се одржа третата вечер од Скопскиот моден фестивал. Гостите гледаа модни ревии на Александра Стамениќ, Милан Зејак, Блерта Османи, и „Шифт“. На дел од нив видовме летни модели во живи бои. Како музички гости настапија Калина Александар, Јана Јовиќ, Јана Мрческа, Тамара Грујеска, и диџеј Марио Трампет. Ова е четвртото издание на модниот фестивал кој започна на 3 април, а се претставија повеќе ...

Чоколаден оскар е еден од заштитните знаци на Гувернерскиот бал, ексклузивната забава која следува по церемонијата на доделување Оскари. Таа ќе се одржи в понеделник наутро по македонско време. Главен готвач на овие вечери веќе 30 години е Волфганг Пук, чиј тим за кетеринг мора да опслужи 1.500 гости. За да се нахранат сите се трошат 90 килограми чаден лосос, пилешко и говедско, речиси 75 литри соја сос, 27 килограми печурки, 18 килограми ...

Првото издание на метал фестивалот „Килд бај дет“ (Killed by Death) во Скопје ќе се одржи на 13 април во клубот „Станица 26“. Најавени се четири учесници, од кои три домашни и еден од Хрватска. Македонската метал сцена ќе ја претставуваат „Гаргојлс“, „Стагнатор“ и „Ренд“, додека од Хрватска доаѓа „Лефт ту старв“ (Left to Starve), слаџ бенд од Карловац кој ќе биде на минитурнеја низ Балканот. Влезниците се по цена од 400 денари. Фото: Од ...

Музичкиот свет засекогаш се промени откако на 8 април 1994 се прошири веста за смртта на 27-годишниот Курт Кобејн, фронтменот на „Нирвана“ и икона на гранџот. Тој беше пронајден мртов во својот дом во Сиетл и дополнително беше утврдено дека се самоубил три дена порано. Иако сними само три албуми, влијанието на „Нирвана“ врз музиката се чувствува и денес. Кобејн ја основал „Нирвана“ во 1987 со средношколскиот пријател Крист Новоселиќ и бргу се ...

На 11 мај во Филхармонијата од 12 часот ќе се одржи детскиот концерт „Симфонија од дивината“ (Wild Symphony), чиј автор е светски познатиот писател Ден Браун. Ова е проект базиран врз новата, илустрирана детска книга на Ден Браун, најпродаваниот автор според „Њујорк Тајмс“, кој се прослави со романите „Кодот на Да Винчи“ и „Ангели и демони“. Американскиот писател ја напиша и музиката за симфониски оркестар која е инспирирана токму од детската ...

Иако психологијата е нејзината вистинска професија, Ана Петановска е една од нашите најдобри млади поп-рок пејачки. Гостинка е на речиси сите концерти во Операта последниве години: Василичарскиот, концертите на битолскиот Камерен оркестар со Ем-Ти-Ви хитовите, а публиката ја воодушеви и ја крена на нозе на гала концертот со оскаровските хитови во февруари. „Концертите станаа еден голем дел од мојот музички пат во последниве месеци, а ...

На 5 април од 19 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје ќе биде претставен стрипот „Скрши што судбината гради“ од Гаја Смилевска. Промоцијата ќе биде во вид на разговор на авторката со визуелните уметници Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш. Стрипот „Скрши што судбината гради“, во издание на издавачката куќа „Флип Бук Букс“, црпи инспирација од историски средновековни настани и Византиската империја која владеела на овие простори. ...

Четвртото издание на Фестивалот на грчки филм во Скопје ќе се одржи од 7 до 9 април во Кинотеката, а од 8 до 10 април во Битола во киното Манаки. Го организираат Амбасадата на Грција и филмскиот фестивал Киненова. Секоја од трите вечери од 20 часот ќе има проекција на еден краток и на еден долгометражен филм. Отворањето е на 7 април со краткиот филм „Тишината на рибата што умира“ на Василис Кекатос, а потоа следи проекцијата на ...

Новиот албум на „Суперхикс“ ќе биде промовиран на 16 април. Насловен „Сила и нервоза“, тој првпат ќе може да се чуе на отворената слушачка промоција во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во скопската општина Кисела Вода, која ќе се одржи од 12 часот. „Сила и нервоза“ е шести студиски албум на еден од најпопуларните македонски бендови, а доаѓа седум години по „Андерграунд евергрини“. Фронтменот Петар Младеновски најави дека на албумот има ...

„Ворнер брос“ објави дека ќе се снима нов, петти дел на „Матрикс“, чиј сценарист и режисер ќе биде Дру Годард. Засега нема информации дали ќе глумат Кијану Ривс, Кери-Ен Мос, Лоренс Фишбурн, Хуго Вивинг или Џејда Пинкет-Смит. Тоа ќе биде првиот филм од сајберпанк серијалот во кој нема директно да бидат вклучени неговите креатори Лана и Лили Вашовски. Годард, кој беше номиниран за Оскар за најдобро адаптирано сценарио за „Марсовец“ во 2016, ...

Модната дизајнерка Ивана Кнез прослави 15 години работа со нејзината ревија „Да живее драмата“ (Viva La Drama) во рамките на Скопскиот моден фестивал. Модниот фестивал почна сношти и ќе трае до 6 април во трговскиот центар „Дајмонд“. Ивана Кнез прикажа оригинални креации на богато модно шоу кое гостите го проследија носејќи маски, а маската беше заштитен знак на дел од нејзините претходни креации. „Инспирирана сум од пет култни филма кои ...

Белата куќа сака НАСА да создаде нова временска зона за Месечината, наречена Координирано лунарно време. Поради различната сила на гравитационото поле на Месечината, времето таму поминува побрзо во однос на Земјата, за 58,7 микросекунди секој ден. Тоа можеби не изгледа многу, но би можело да има значително влијание при синхронизирањето на вселенски летала. „Фундаменталната теорија за гравитацијата во нашиот универзум има важна последица дека ...

Поп-пејачката Мијата ќе одржи концерт во Скопје на 15 мај во малата сала на Филхармонијата во рамките на Скопскиот градски фестивал, објави „Баги комуникации“. Во јуни минатата година, кантавторката Наташа Крстевска-Мијата одржа концерт на својот роденден во Куршумли ан и го промовираше новиот албум „Вида“. „Музички, овој албум е една нова зрелост за мене. Го задржувам форматот од 13 песни, како и на претходниот албум, но овојпат, искреноста ...

Популарната црна комедија од 1980-тите „Војна на розите“ (The War of the Roses) ќе добие римејк, а во главните улоги сега ќе бидат Бенедикт Камбербач и Оливија Колман. Студиото „Срчлајт“ објави дека новата верзија ќе ја прават режисерот на „Остин Пауерс“, Џеј Роуч и сценаристот на „Кутрите“, Тони Мекнамара. „‘Војна на розите‘ е многу смешна, но длабоко човечка приказна. Со Џеј, Бенедикт, Оливија и Тони имаме тим од соништата кој ќе ја оживее ...

Популарната хрватска електропоп група „Ниплпипл“ ќе одржи концерт во Скопје на 20 април, во организација на „Авалон продукција“. Концертот ќе биде во клубот „Пјур“, каде што Каролина Гочева претходно имаше два распродадени настапа. „Ниплпипл“ е дуо основано во 2008 година и неговите членови настапуваат маскирани, зашто, како што велат, сакаат нивната музика да биде во прв план. Бендот не објавува албуми, туку синглови. Последниот настап во ...

Како во старите добри времиња, кога победувал на македонските и на југословенските фестивали, Драган Мијалковски одржа емотивен концерт сношти во Операта со ревиски оркестар. Концертите, вчерашниот и вториот кој ќе се одржи вечерва, се славење на 60 години на сцената на легендарниот пејач, а на оваа идеја се сетија радио „Буба мара“ и неговиот сопственик Ранко Петровиќ. Водителката Ирена Спировска на почетокот од концертот ги наброја сите ...

Новата хит-серија на „Нетфликс“, „Проблем со три тела“ (3 Body Problem), заснована врз романи на кинескиот автор Лиу Цишин, е инспирирана од вистинска научна загатка во астрономијата и математиката. Таа опишува зошто често е тешко да се предвиди долгорочната траекторија на планетите, месечините и ѕвездите. „Проблем со три тела“ е првата книга од научно-фантастичната трилогија на Лиу Цишин „Remembrance of Earth’s Past“. ТВ-серијата следи ...

Велешката авторка Лила Арсова денеска, на Светскиот ден на литературата за деца, ја промовираше нејзината осма книга „Детски мечти“. „Сите мои дела се наменети за децата и младите, иако книгата нема возрасна граница. Уживам додека ги пишувам, уживам додека ги читам, уживам додека ги раскажувам“, кажа Арсова, која е одделенски наставник во подрачното училиште на ОУ „Васил Главинов“. Книгата „Детски мечти“ е наградена на конкурсот „Пелистерски ...

Набргу по големиот триумф со „Кутрите“ (Poor Things), оскаровката Ема Стоун и режисерот Јоргос Лантимос ја најавија својата следна соработка, вкупно трета досега. Студиото „Срчлајт“ објави трејлер за новиот филм на Лантимос насловен „Kinds of Kindness“, кој ќе излезе на 21 јуни. Покрај Стоун, во филмот играат уште двајца актери од „Кутрите“, Вилем Дефо и Маргарет Квали, како и Хонг Чау, Џо Алвин и Џеси Племонс. Лантимос го напиша сценариото ...

В четврток (4 април) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот насловен „Светлина“. Како солист ќе настапи виолинистот Станко Мадиќ од Србија. Мадиќ ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр. 1 насловен „Далечна светлина“, кој во 1996 го напиша летонскиот композитор Петерис Васкс. Диригент на концертот „Светлина“ ќе биде маестро Оливер Балабурски, кој долги години живее и работи во Канада, а со Македонската филхармонија ќе ...

Сите кои имаат дарба за цртање и уметност, но и оние на кои тоа не им е силна страна, можат да се пробаат во уметничката работилница на Ѓоргина Спасевска во Скопје. Ѓоргина, која од хоби почнала да слика, а сега зад себе има неколку самостојни и групни изложби, реши уметноста да ја доближи до секого преку часовите „Исповеди на платно“ во нејзиното студио. Вели дека идејата е инспирирана од комбинација на лични искуства, страст и креативна ...

Еден од најнеобичните мостови на светот поврзува две големи држави, САД и Канада, а со својата должина од само десет метри е и најкраток меѓународен мост на светот. Се протега меѓу два острова на реката Сент Лоренс, кои се дел од архипелаг долг 32 километри, поделен помеѓу Њујорк во САД и Онтарио во Канада. На канадскиот остров Завикон има само една куќа, плажа и неколку дрвја. Не е познато кој е сопственик на оваа мала оаза. Постојат ...

Групата „Кафе де Анатолија“ сними видео од настапот во Сули ан во Скопје. Настапот е микс од повеќе песни и најава за новиот албум на Били Естебан. „Во соработка со Факултетот за уметности, овој посебен настап ги обединува познатите уметници Маџнон од Турција, Били Естебан од ‘Кафе де Анатолија‘, Александар Јовевски и Емра Кантуровски“, велат од „Кафе де Анатолија“. Продукциската куќа „Кафе де Анатолија“ е меѓународно позната. Ја основаа ...

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ ќе учествува на интернационалниот мандолински фестивал во Анкара, кој ќе се одржува на 6 и 7 април. Ќе диригираат Ерхан Шукри и неговиот татко Рамадан Шукри, основачот на Мандолинскиот оркестар, од кого учеле многу генерации. Во октомври, Ерхан Шукри, кој е виолинист, професор и диригент, одржа славенички хуманитарен концерт во Националната опера и балет наречен „Првите мои 20 во 30“. Тој тогаш прослави 30 ...

Канадскиот регион Нијагара прогласи вонредна состојба во пресрет на целосното помрачување на Сонцето кога се очекува стотици илјади луѓе да се соберат околу популарните водопади за да уживаат во спектаклот. Шефот на регионот Џим Бредли изјави дека прогласува вонредна состојба од претпазливост. Светски познатите водопади, кои се наоѓаат на американско-канадската граница, ќе бидат на патот на помрачувањето на 8 април и многумина резервирале ...

Симон Трпчески со својот квинтет и со оркестарот „Ајга“ ја разнежи и ја крена на нозе целата публика сношти во Филхармонијата, на првиот од двата концерта со кои ја промовира оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“. Македонскиот пијанист со светски успеси рече дека е најголема одговорност да се свири дома и се обиде да ја долови светската премиера на оваа верзија на проектот, која се одржа во престижната сала „Музикферајн“ во Виена. ...

Ѕвездата на наградуваната серија „Мечка“, Џереми Ален Вајт, е во преговори да го глуми Брус Спрингстин во нов филм за снимањето на неговиот легендарен албум „Небраска“. Насловен „Deliver Me from Nowhere“, сценариото и режијата ќе бидат на Скот Купер, кој го сними оскаровецот „Лудо срце“. Филмот ќе се фокусира на снимањето на албумот „Небраска“ од 1982 година, кој Спрингстин денес го смета за своето најдобро дело. Спрингстин ги создал десетте ...

Еден од најдобрите џез вокали на сите времиња, двократниот добитник на Греми награда, Курт Елинг ќе настапи во Скопје со Националниот џез оркестар (НЏЗ). Концертот, како што објавија од Џез оркестарот, е закажан на 15 мај во Македонскиот народен театар (МНТ) во 20 часот. Ќе диригира Џијан Емин. Елинг, според „Њујорк тајмс“ е „извонредниот машки џез-вокал на нашето време“, а според „Вашингтон пост“: „Од средината на 1990-тите, ниту еден ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
75%
997
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
98%
1000
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
95%
998
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
81%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.25

Калај

46.91

Платина

67162.91

Сребро

2460.50

Бакар

11.69

Кобалт

64.04

Злато

159231.39

Родиум

336779.07

Паладиум

546.56

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.03

Рутениум

45750.51