Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година, Горан Станиќ го објави списокот на повикани фудбалери за контролните натпревари против Белорусија и Азербејџан во турска Анталија. Станиќ повика 25 фудбалери, креирајќи го новиот состав на надежите кои преку двата пријателски натпревари ќе се подготвуваат за новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП. Младите репрезентативци ќе бидат од 17. до 26. март на ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде во најдобриот тим за 28. коло во италијанската Серија А. „Дијамантот“ повеќе од заслужено обезбеди место во ова друштво, затоа што повторно блесна на мечот во Парма каде го отвори резултатот во деветнаесеттата минута. Елмас прикажува извонредни партии откако пристигна во Торини и досега постигна три гола на четири натпревари, со што најавува дека враќањето во Италија за него е полн погодок. ...

Прославениот тренер Фабио Капело смета дека поради ароганцијата Гвардиола не освоил повеќе трофеи во кариерата. Гвардиола и Капело работеа заедно во Рома во сезоната 2002/03, кога Италијанецот беше тренер, а Шпанецот играч. „Не разговаравме за ништо додека бевме заедно во Рома. Тој дојде кај мене да ми каже како да си ја работам работата, а јас му реков прво да оди да трча, за подоцна да може даразговара со мене“, изјави Капело за „Ел Мундо ...

Митко Стојковски, стрелецот на решавачкиот гол во триумфот на Црвена звезда над Партизан во 100. вечно дерби, денес претседателот на битолски Пелистер, ги повика навивачите да го прослават 80-тиот роденден на клубот в недела против Спартак. „Среќен роденден на Црвена звезда. Клубот отсекогаш остана во моето срце. Црвено-белите не заслужуваат ништо помалку од полна „Маракана“ на 16 март. Очекувам навивачите да дојдат во што поголем број, изјави ...

Македонската машка ракометна репрезентација со многу поголема самодверба ќе ги прифаќа сите наредни предизвици во ракометна смисла, а причина за тоа е добриот настап кој го имаше нашиот национален тим на Светското првенство.Сега на ред се квалификациите за пласман на ЕП и дуелите со Словенија. Македонија ќе одигра два натпревари против Словенија во краток временски интервал, а првиот е на програмата во Скопје во среда. – Не очекуваат два тешки ...

Челниците на Манчестер јунајтед потврдија дека англискиот клуб ќе го напушти сегашниот стадион „Олд Трафорд“ и ќе го изгради нов дом, кој ќе може да прими 100.000 гледачи. Јунајтед ги помина изминатите 115 години на „Олд Трафорд“, култен стадион со капацитет од речиси 74.000 седишта. Новиот стадион треба да биде изграден на земјиште во сопственост на клубот во непосредна близина на „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми. Планот е новиот ...

Крилниот фудбалер на Баер Леверкузен, Жереми Фримпонг планира да го напушти клубот на крајот од сезоната, дознава „Скај Спортс Германија“. Фримпонг беше еден од клучните играчи минатата сезона, која Баер ја заврши непоразен во домашните натпреварувања и ги освои трофеите во Бундеслигата и Купот на ДФБ. Единствената титула што не ја освои тимот предводен од Чаби Алонсо е онаа наменета за победникот во Лига Европа, клубот од Леверкузен беше ...

Светската спортска јавност со голем интерес ги следи случувањата во случајот Манчестер сити. Клубот е обвинет за кршење на финансиските прописи. Неодамна дојде до значителен напредок во истрагата за 115-те обвинувања против клубот, а Премиер лигата е предупредена да се подготви за сите можни сценарија. Сити беше обвинет за прекршување на финансискиот фер-плеј од страна на управното тело на Премиер лигата, но клубот силно ги отфрла сите ...

Косопственикот на Манчестер јунајтед, Сер Џим Ретклиф, изјави дека некои играчи „не се доволно добри“ за клубот и дека некои од нив се „преплатени“. Ретклиф, спомна играчите како Касемиро, Расмус Хојлунд, голманот Андре Онана, Антони и Џејдон Санчо, кои се на позајмица во други клубови, како фудбалери кои неговото раководство ги наследи. Навивачите ги критикуваа овие играчи додека беа на „Олд Трафорд“. „Потребно е време да се оддалечиме од ...

Првотимецот на Интер, Пјотр Зјелински ќе отсуствува неколку недели поради повреда на листот на десната нога, соопшти италијанскиот клуб. Зјелински се повреди во саботата, при победата од 3:2 против Монца во Серија А. Тој влезе во игра во 70. минута, но мораше да го напушти теренот само три минути подоцна. „Состојбата на полскиот играч за врска ќе биде проценета за неколку недели“, се вели во соопштението. Зјелински сигурно ќе го пропушти ...

Инцидентот кој се случи по последниот судиски свиреж на мечот меѓу Силекс и Вардар, го чини Александар Васоски долга суспензија. Александар Васоски заработи црвен картон поради жестоки протести кон судиите, инцидентот се случи по крајот на мечот кога дојде до вербална расправија меѓу тренерот на Силекс и лицата кои ја делеа правдата. За овој испад Васоски доби суспензија од еден месец и ќе треба да плати парична казна од 200 евра. Во меѓувреме ...

Според англиските медиуми, на тренингот на Ливерпул дошло до судир меѓу Мохамед Салах и Трент Александер-Арнолд. Двајцата фудбалери во еден момент енергично се упатиле еден кон друг, додека Салах цело време имал насмевка на лицето, што предизвикало смеа кај повеќето соиграчи. Од друга страна, Александар-Арнолд остана сериозен, што додаде доза на неизвесност на ситуацијата. Со брзата реакција на Ибрахима Конате и Харви Елиот, потенцијалниот ...

Александар Зверев, светскиот број 2, се наоѓа во слободен пад откако во јануари го загуби финалето на Австралија опен. Зверев на четири турнири по ред доживеа елиминација во раната фаза. Доцна синоќа на Мастерсот во Индијан Велс, Германецот доживеа елиминацја во второто коло до Талон Грикспур. Зверев, поради суспензијата на Синер, имаше шанса даго преземе првото место, но по серијата лоши резултати тоа едноставно е невозможно. „Првично ...

Јеспер Мадсен, еден од најпознатите судии во ракометот, колабирал на натпреварот помеѓу Алборг и Холстебро. Oва е втор пат за нешто повеќе од две недели Мадсен да губи свест за време на натпревар. Пред нешто повеќе од две недели Мадсен колабираше на натпреварот Веспрем-Спортинг во Лигата на шампионите. Са разлика од овој натпревар, кога брзата помош на носилки го однесе во болница, Мадсен неколку моменти подоцна се освести. Сето ова предизвика ...

Лос Анџелес Клиперс го совлада Сакраменто со 111:110 по продолжение на домашен терен во Инглвуд. Клиперси го забележаа третиот последователен триумф во НБА лигата. Најефикасен во тимот на Клиперс беше Џејмс Харден со 29 поени, 11 асистенции и девет скока. Хрватскиот центар Ивица Зубац додаде 22 поени и 14 скока, додека Дерик Џонс Јуниор постигна 17 поени, исто како и Каваи Ленард, кој го постигна победничкиот кош во последната секунда од ...

Џос Верстапен на социјалните мрежи ги отфрли најновите шпекулации дека неговиот син Макс Верстапен го напушта Ред Бул за да се приклучи на Мерцедес. Темата се појави во емисијата „Рејс кафе“ на ТВ каналот „Зиго спорт“, со коментар на новинарот Џек Плоих. Претходно стана јасно дека авионите на Макс Верстапен и Тото Волф полетале еден по друг на аеродромот во Ајндховен, што предизвикало гласини дека тие двајца можеби договориле средба. Плоих ...

Кшиштоф Пјатек, напаѓачот на Башакшехир, откри дека во минатото Реал Мадрид покажал сериозен интерес за него, на крајот трансферот му го расипал Лука Јовиќ. Во сезоната 2018/19 Јовиќ и Пјатек блескаа на „стариот континет“. Јовиќ за Ајнтрахт, постигна 27 гола на 47 натпревари, Пјатек беше на насловните страници во Италија. Играјќи за Џенова и Милан постигна 30 гола на 42 натпревари. „Сега можам да ги откријам деталите. Реал Мадрид избираше меѓу ...

Фудбалскиот клуб Јувентус очигледно бара замена за Тиаго Мота. Мота ја нема најдобрата сезона откако пристигна од Болоња, а тешкиот пораз во Торино од Аталанта (4:0) дополнително „под лупа“ ја стави неговата позиција како шеф на стручниот штаб. Покрај тоа, Јуве беше елиминиран од Лигата на шампионите од ПСВ, а потоа и од Купот на Италија од Емполи. Италијанските медиуми веќе наголемо шпекулираат со името на можниот наследник. Најновите ...

Во пресрет на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Баерн, најдобриот играч на Баер, Флоријан Вирц, заработи повреда на колкот што ќе го оддалечи од терените неколку недели, потврдија од клубот од Леверкузен. Изминатиот викенд беше ноќна мора за тимот на Чаби Алонсо. Загубија на домашен терен од Вердер Бремен (0:2) и останаа без најдобриот играч, кој теренот го напушти со патерици. Баер потврди дека нема да може да смета на него ...

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген е во центарот на вниманието на медиумите во Шпанија, но овојпат причината не се неговите голмански квалитети. Германскиот интернационалец остро реагираше на социјалните мрежи на шпекулациите дека разводот е резултат на неверството на неговата сопруга Даниела. „Почитувани, Шокиран сум и разочаран од лошото водење и недостатокот на контрола во „Catalunya Ràdio&Grupo 3Cat“, кои шират лажни вести и ги ...

Лидерот на табелата во Премиер лигата и веројатно новиот англиски шампион, Ливерпул ја прекина соработката со компанијата „Најки“. По 13 години гермскиот гигант „Адидас“ се враќа на „Енфилд“. Финансиските детали од договорот не се обелоденети, но локалните медиуми успеаја да „ископаат“ дел од договорот. Ливерпул на социјалните мрежи објави дека потпишал долгорочен договор со спортскиот бренд „Адидас“ кој ќе стане официјален партнер на клубот. ...

Нов член на „најбрзиот циркус“ од 2026 година ќе биде познатиот американски „Кадилак“, соопшти Формула 1 организацијата. Светската автомобилска федерација (ФИА) и Ф1 дадоа конечно одобрение за тимот на Кадилак да им се приклучи на Ферари, Мекларен, Ред Бул и други, а тимот, поддржан од TWG Motorsports и General Motors, ќе влезе во натпреварувањето во 2026 година. ФИА и управата на натпреварувањето објавија дека новиот тим ги исполнил сите услови ...

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти искажа пофални зборови за настапот на напаѓачот Килијан Мбапе на натпреварот од 27. коло од Ла Лига против Рајо Ваљекано (2:1). – Винисиус и Мбапе постигнаа два импресивни гола. До 70. минута играа многу добро и имаа шанси да го направат резултатот 3:1. Мбапе одигра брилијантно, постигна спектакуларен гол. Се бореше, падна да ја земе топката. Голот дојде затоа што тој отиде да ја прими топката во средниот ...

Арсенал освои бод на „Олд Трафорд“, но со тоа дополнително во генералниот пласман ја зголеми негативата зад Ливерпул, што значи дека надежите на „топчиите“ за освојување на титулата сега се речиси згаснати. Реакцијата на Артета по натпреварот најдобро го отсликува разочарувањето во редовите на лондонскиот тим. Проблемите со повредите и лошата форма го мачат Арсенал веќе подолго време, а не успеваат да победат ниту против десеткуваниот Јунајтед. ...

Легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ (39) е вистинска икона и легенда на Реал Мадрид, со кој освои сè што може да се освои, и во Шпанија, и на европско и светско ниво. Иако на свои 40 години, Хрватот сè уште игра на високо ниво. Вистински лидер е на теренот, па многу се зборуваше дека ќе добие уште една година договор. Меѓутоа, ситуацијата изгледа е целосно поинаква и Модриќ од летото нема повеќе да биде член на Реал. По натпреварот во Ла ...

Медиумите од Саудиска Арабија објавија дека српскиот напаѓач, Александар Митровиќ, бил пренесен во болница откако се пожалил на срцеви проблеми. Офанзивниот фудбалер неодамна се врати на терените после повреда на тетивата, а веднаш по натпреварот со Ал-Фејха се пожалил на забрзана срцева работа и морал веднаш да замине во болница. Докторите утврдиле тахикардија и аритмичана работа на највиталниот орган, по што препорачале целосно мирување во ...

Аргентинскиот фудбалер Леандро Паредес изјави дека откако во една прилика го навредил фудбалскиот клуб Барселона, неговиот сонародник Лионел Меси не сакал да разговара со него цели три месеци. Меси играше за Барселона 23 години, каде што се прослави, освојувајќи 10 титули во шпанската лига, четири трофеи во Лигата на шампионите и седум трофеи во Копа дел Реј. Постигна 672 гола, со што стана рекордер за каталонскиот клуб. Тој го напушти клубот во ...

Луис Хамилтон, новиот возач на Ферари, тврди дека е целосно подготвен за почетокот на новата сезона во Формула 1. Во четвртокот илјадници фанови на Ферари се собраа на Пјаца Кастело во Милано и имаа можност да уживаат во возењето на Луис Хамилтон и неговиот нов тимски колега, Шарл Леклер. Хамилтон го возеше SF-21 од 2021 година, додека Леклер го возеше SF90, болидот со кој го освои своето прво Гран При во 2019 година. ...

Заврши фазата по групи во ракометната Лига на шампиони. Директен пласман во четвртфиналето изборија Веспрем и Спортинг Лисабон од А групата, односно Барселона и Олборг од Б групата. Македонскиот првак, Еурофарм Пелситер, со три победи, две нерешени и девет порази, заврши на претпоследното место во Б групата. Пелситер осум бодови, полош учинок остварија само Загрен и Фредериција. Европската ракометна федерација во објави костурот за пнатамошниот ...

Фудбалерите на Аталанта на Јувентус му одржаа фудбалска лекција во Торино, кој изгледаше како тим кој се бори за опстанок, а не како да се наоѓа на четвртото место на табелата. Конечниот резултат беше 4:0 за Ла Деа. По 28. рунди во Серија, Аталанта е трета на табелата со два бода помалку од Наполи и три од лидерот Интер. Многу работи ќе бидат појасни во борбата за титулата веќе во следното коло кога Аталанта ќе го пречека Интер. По првиот дел ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
33%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
39%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
3.09
57%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
34%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
0.43
38%
1018
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
5.14
50%
1020
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
6.17
40%
1019
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
45%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
42%
1019
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
7.2
36%
1013
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
62%
1022
Currency

61.53

Currency

54.25

Currency

70.9542

Currency

33.8663

Currency

39.1097

Currency

66.5283

Currency

7.41638

Currency

0.65217

Currency

0.37783

Currency

0.52538

Currency

1.4325

Currency

0.63007

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15015.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.45

Сребро

1038.03

Злато

104051.10

Бакар

9.15

Паладиум

28999.97

Платина

29939.28

Родиум

174417.80

Цинк

2.65