Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Манчестер Сити го победи Арсенал со 2-1 во клучната трка за титулата во Премиер лигата. Головите на Рајан Черки и Ерлинг Халанд им донесоа на „Граѓаните“ возбудлива победа, додека Каи Хаверц постигна гол за Арсенал. Сити го намали дефицитот на -3 со натпревар помалку. Халанд го постигна победничкиот гол и го прослави својот триумф со стил по натпреварот. 😅 Erling Haaland'ın keyfi yerinde… #PL pic.twitter.com/a80oMvlgJo — beIN SPORTS Türkiye ...
Кошаркарите на ТФТ го совладаа попладнево МЗТ Скопје Аеродром со 93-91 во дерби натпреварот од второто коло во ТОП 6 фазата на „МТЕЛ“ Супер лигата. ТФТ до триумфот дојде со фуриозна игра во четвртата четвртина во која надомести негатива од 14 поени, триумфирајќи со тројка на Ташовски во последниот напад. Ташовски со 27 поени беше најефикасен во редовите на ТФТ, додека на другата страна Војдан Стојановски и Меквин реализираа по 18 поени. ...
РК Вардар го освои 18.. трофеј во Купот на Македонија во клупската историја откако вечерва во супердраматично финале „црвено-црните“ славеа над Охрид со 24-23, за одбрана на трофејот освоен лани, вкупно петти куп трофеј што Вардар го освојува во последните шест сезони од мак-ракометот. Охриѓани имаат за што да жалат, ако се знае дека во вториот дел имаа „плус три“, а во самиот финиш и напад за изрманување со играч повеќе, но непотребно ...
Вардар 1961 го освои 18-тиот Куп на Македонија со победа над Охрид (23-24). По финалето беа доделени и индивидуалните награди: Јака Малус беше најдобар стрелец и МВП на турнирот, додека за најдобар голман беше избран Кристијан Пилиповиќ од Охрид. Малус блесна со вкупно 17 гола на мечевите против Алкалоид и Охрид. Поврзани вести: Вардар 1961 го освои 18-тиот Куп на Македонија со победа над Охрид (23-24). По финалето беа доделени и ...
Експертот за Ф1 ТВ и поранешен возач на Формула 1, Џолион Палмер, се осврна на ситуацијата во Ред Бул по најавеното заминувањето во 2027 на Џанпјеро Ламбиазе, тркачкиот инженер во тимот. – Целата куќа се промени. Зградата е иста, но мебелот е различен. Верстапен сè уште доаѓа на работа во Милтон Кинс, но се збогува со различни луѓе од различни области. И не само тоа, тој не се бори за титулата и не ужива во возењето на сегашните болиди. ...
Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Арсенал со резултат од 2:1 во натпревар кој може многу да влијае на шампионската трка во Англија. Атомски фудбал на „Етихад“, одлични шанси, стативи, жестоки дуели, една ужасна грешка на Донарума и еден магичен потег на Шерки. Сити со оваа победа дефинитивно се врати во трката за шампионската титула. На врвот Арсенал има натпревар повеќе, позитива од три бода и два гола подобра гол-разлика. Магичниот ...
ЖРК Ѓорче Петров ја продолжи доминацијата во Купот на Македонија кај дамите. „Лавиците“ дојдоа до 19. пехар во ова натпреварување, трет по ред, откако во финалето славеа против Спартак 30-33 (14-18), кој пак не успеа да приреди ново изненадување. Со по седум гола во таборот на победничките се истакнаа репрезентативките Емилијана Ризоска и Марија Гугуљанова, како и Армина Исиќ. Кај Спартак со 12 гола најдобра беше Сузана Зечевиќ, а десет даде ...
Реал Мадрид веќе бара наследник на Алваро Арбелоа, кој нема да ги предводи „кралевите“ следната сезона. Јирген Клоп, Маурицио Покетино и Дидие Дешамп се меѓу имињата што се поврзуваат, како и Жозе Мурињо. Според португалското издание „Рекорд“, враќањето на „Специјалниот“ на „Бернабеу“ не е исклучено. Засега нема разговори меѓу двете страни, но сегашниот тренер на Бенфика е позитивен во врска со можното враќање. Мурињо беше главен тренер на ...
Фудбалерите на Баерн го победија Штутгарт со 4:2 и станаа национални шампиони по 35-ти пат. Тимот на Винсент Компани четири кола пред крајот е недостижен за ривалите, имаат 15 поени повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд. До рајот на сезоната Баварците ќе се борат за уште два трофеи, во Купот на Германија и во Лигата на шампионите. Во недела, пред преполната „Алијанц“ Арена, откако гостите од Баден-Виртемберг поведоа во 21-та минута ...
Работнички го совлада Арсими со 2-0 на домашен терен, додека Струга извојува гостинска победа над Башкими од 4-0 над Башкими во двата завршни натпревари попладнево во рамки на 28 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Скопски Работнички извојува важна победа во битката за опстанок со головите на Мухарем (54 минута) и Хоџа (90+4). Струга извојува убедлив триумф на гостувањето во Куманово со головите на Кампаоре (45+2), Бојку (80), ...
Раководството на англискиот премиерлигаш Тотенхем ги осуди расистичките напади на социјалните мрежи врз дефанзивецот Кевин Дансо (27) по неговата грешка на натпреварот со Брајтон, повикувајќи на полициска акција. Дуелот во саботата меѓу Тотенхем и Брајтон заврши 2-2, а гостите израмнија во судиското продолжение по грешка Дансо. „Кевин Дансо е жртва на одвратна расистичка злоупотреба на социјалните мрежи. Однесување кое без сомнение е ...
Македонската ракометна репрезентативка Ана Марија Коларовска одигра уште еден маестрален натпревар во Хрватска, за својот тим Брод, кој во крајно драматична завршница беше поразен со 35:36 од фаворитот Сесвете. Уште од стартот на средбата, Коларовска покажа дека ќе биде една од клучните ракометарки во својот тим, започнувајќи со одлични продори да погодува и да и прави немир на противничката одбрана. Коларовска погоди и за 35:35 на минута до ...
Во Струмица овие денови се одржува завршницата на годинашното издание на ракометниот Куп на Македонија во двете конкуренции. Денеска на програмата се финалните натпревари, по кои ќе бидат доделени првите трофеи за сезонава. Први на теренот во салата „Парк“ ќе истрчаат ракометарките. Во мечот за куп трофејот пријатното изненадување Спартак ќе го предизвика бранителот Ѓорче Петров. „Лавиците“ од Ѓорче ќе го играат своето трето последователно ...
Денеска во Скопје се одржа состанок на кој учествуваа ракометни сојузи и релевантни клубови на кој беше постигна значаен исчекор кон унапредување на соработката и развојот на ракометот. РФМ излезе со соопштение со своја реакција на оваа тема: “Претставници на ракометните сојузи и релевантни клубови од регионот одржаа состанок на кој беше постигнат значаен исчекор кон унапредување на регионалната соработка и развојот на ракометот. На ...
Фудбалерите на Ливерпул го победија Евертон со резултат од 1:2 на стадионот „Хил Дикинсон“ во 33-то коло од Премиер лигата. Се чинеше дека Ливерпул ќе се задоволи со бод против своите најголеми ривали. Речиси беше така, а потоа се појави Вирџил ван Дајк и тоа во десеттата минута од судиското продолжение кога стрелаше за 1:2 и за победа, секако и за радост на „црвениот“ дел на Ливерпул. Голема победа на „Редси“, слатка победа на тимот на Арне ...
Милан ја победи Верона како гостин со резултат од 1:0 во натпревар од 33-то коло од италијанската Серија А. Тимот на Макс Алегри не се истакна денес, но сепак, неговите играчи славеа значајна победа против “фенерџијата“, по двата болни порази во домашното првенство. Не видовме многу од тоа во поголемиот дел од првото полувреме на стадионот Бентегоди, гостите не успеаја да ја наметнат иницијативата на теренот, додека екипата на Паоло Самарко ...
Чешката тенисерка Маркета Вондрушова, шампионка на Вимблдон во 2023 година, се соочува со суспензија до четири години откако беше обвинета за кршење на антидопинг правилото поради одбивање на тест. Спорниот инцидент се случил во декември за време на ненајавено тестирање надвор од тениските терени. Вондрушова тврди дека по 20 часот непознато лице заѕвонило на нејзината врата, одбило да се идентификува и побарало итен примерок од урина. Во тој ...
Работнички повторно се врати на победничките патеки откако на домашен терен со сигурни 2-0 го совлада тимот на Арсими, со што ја задржа надежта за опстанок во прволигашкото друштво. По серијата од четири врзани победи, „романтичарите“ беа запрени со поразите од Шкендија и Вардар, но по тешките пресметки со фаворитите, сега повторно освоија значајни бодови. Работите се променија во вториот дел. Само девет минути по паузата, Работнички дојде ...
Екипата на Челзи загуби четири последователни натпревари во Премиер лигата без да постигне гол, за првпат по повеќе од 28 години. Вчера, лондончани загубија со 0-1 од Манчестер Јунајтед на домашен терен. Претходно, загубија од Њукасл (0-1), Евертон (0-3) и Манчестер Сити (0-3). Според Би-Би-Си, во целата историја на настапи на клубот во англиското првенство, Челзи само еднаш доживеал подолга слична низа – во ноември 1912 година кога на пет ...
Во првото полуфинале на женскиот ракометен Куп на Македонија, ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров не дозволија изненадување и лесно го совладаа вечерва младиот состав на битолски Пелистер со 37-15. Бранителот на трофејот од самиот почеток доминираше на паркетот во салата „Парк“ во Струмица и веќе на полувремето имаше недостижна предност од 14 голови. Ѓорѓиевска со девет голови беше најефикасна во редовите на ЖРК Ѓорче Петров и воедно на ...
Во последниот меч од саботната програма, во рамките на 33-то коло на англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Челзи во Лондон со 1:0 (1:0). Во натпревар со многу тактичко надмудрување, помеѓу двајцата менаџери, не видовме многу возбуда ниту шанси, се до 43-та минута кога мрежата на Челзи ја тресеше, Куња. Челзи реши да оди на „сè или ништо“ во второто полувреме, не доби ништо, иако беа многу блиску до израмнување кога Лиам Делап ...
Фудбалерите на реал Сосиедад се освојувачи на Купот на Кралот во сезоната 2025/26. На „Ла Картуха“ во Севилја, тие го победија Алтико Мадрид по изведувањето пенали со 4:3, во регуларниот дел и продолженијата натпреварот заврши 2:2. Реал Сосиедад четврти пат во клупската историја го освои Купот на Кралот, додека Атлетико ќе почека на 11-от трофеј, последниот го освоија пред 13 години. Апсолутен херој на Сосиедад е голманот Мереро, кој ги ...
Фудбалерот на Баерн Минхен Серж Гнабри, заработил повреда која практично ја завршува неговата сезона и сериозно ги доведува во прашање шансите да настапи на Светско првенство 2026. „Баерн Минхен ќе мора да се справува без Серж Гнабри подолг временски период. Офанзивниот играч за врска има лезија на адукторниот мускул на десната нога, што го покажаа прегледите извршени од медицинскиот тим“, објавија од клубот. Гнабри се повредил на последниот ...
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, испрати јасна порака пред големото дерби со Манчестер Сити, дека неговиот тим нема да излезе на терен со цел да брани бод, туку исклучиво да оди на победа. Лондонскиот клуб влегува во овој дуел со шест бодови предност во однос на актуелниот шампион, но и со одигран натпревар повеќе, што ја прави ситуацијата на врвот на табелата дополнително неизвесна. Дополнителен фактор е и променливата форма на Арсенал ...
Шпанските медиуми вечерва сензационално пренесуваат дека раководството на Реал Мадрид веќе донело одлука на крајот од оваа сезона да му се заблагодари на Алваро Арбелоа и да тргне во потрага по нов тренер. „Кралевите“ и втора сезона по ред нема да освојат трофеј, секако доколку не се случи чудо и завршат пред Барселона во Ла Лига, но „каталонците“ во моментов имаат предност од девет бода. 43-годишниот Шпанец го предводеше Реал Мадрид на 21 ...
Ракометаерите на Вардар 1961, в недела ќе се борат за 18-от пехар во Купот на Македонија. На Завршниот турнир во Струмица, лидерот во Супер лигата го победи Алкалоид со 33:28 (18:16). Противник на црвено-црните, в недела, ќе биде дебитантот во финалните натпревари ГРК Охрид. Охриѓани, во првото полуфинале, чесно го победија Еурофар Пелистер со 26:19 (13:7). Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Алкалоид, кој играше без Марко Митев ...
Македонската женска фудбалска репрезентација попладнево претрпе висок пораз на гостувањето во Фалчут од домаќинот Унгарија со 7-0, во четвртото коло од квалификациите во Групата Ц3 за пласман на Светското првенство во 2027 година. Како и на првиот дуел во вторникот во Битола на кој загубија со 5-0, избраничките на селекторот Александар Андов беа немоќни и во реваншот да му се спротивстават на унгарскиот состав. Почетниот резултат стоеше на ...
Здружението на професионални кошаркарски новинари го избра кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, за добитник на наградата „Меџик Џонсон“ за сезоната 2025-26. Ова признание му се доделува на НБА играч кој најдобро ги комбинира одличните настапи на теренот со соработката и коректниот однос кон медиумите и навивачите. „И покрај огромното внимание и очекувања со кои се соочува секојдневно, Виктор секогаш им пристапува на интервјуата ...
Фудбалерите на Тотенхем и Брајтон ремизираа 2:2 (1:1) во натпреварот од 33-то коло од англиската Премиер лига. Тотенхем, сè уште актуелен победник на Лига Европа, очајнички се бораи за опстанок во елитните редови на англискиот фудбал, а вечерва добија уште еден „шлаканица“, откако без победата останаа во 95-та минута. Неверојатно звучи податокот дека Тотенхем нема победа во Премиер лигата во 2026 година. Поведоа, тешко, но заслужено, ...
Лидс Јунајтед го победи Вулверхемптон со 3-0 во 33-то коло од Премиер лигата. Лидс сега има две последователни победи во англиската Премиер лига, откако го победи Јунајтед во последното коло, додека Вулверхемптон е во серија од два порази. Борнмут, пак, го победи Њукасл со 2-1 на „Сент Џејмс Парк“, израмнувајќи се по број на бодови со Челзи и Брентфорд, кои се на шестото и седмото место, соодветно. Поврзани вести: Лидс Јунајтед го победи ...