Големата награда на Бахреин за 2026 година нема да се вози на Блискиот Исток, туку привремено се сели директно на легендарната патека „Сепанг“ во Малезија. Челниците на Формула 1 и ФИА официјално потврдија дека е постигнат уникатен договор меѓу владите на Бахреин и Малезија, со што се спасува одржувањето на трката. Настанот официјално ќе се вика „Формула 1 Галф Ер Голема награда на Бахреин во Малезија“ и ќе се одржи од 2 до 4 октомври 2026 ...

Шпекулациите за иднината на четирикратниот светски шампион, Макс Верстапен, не стивнуваат, иако неговиот договор со Ред бул важи до 2028 година. Според бројни информации, во договорот постои клаузула што би можела да му овозможи предвремено заминување доколку не бидат исполнети одредени резултатски услови. Како најсериозни негови можни дестинации се споменуваат Мерцедес и Мекларен, иако Тото Волф и Зак Браун засега тврдат дека немаат планови ...

Големата награда на Германија би можела да се врати во календарот на формула 1. Разговори за враќање на Ф1 на патеката во Хокенхајм се веќе започнати. Последната трка се одржа во 2019 година. Новите инвеститори се подготвени за нови вложувања и патеката повторно да биде организатор на трка во формула 1. Последните години проширувањето на Ф1 надвор од Европа е поголемо. Голем интерес за организација на трки има во земјите од Африка, Азија, па ...

Европскиот автомобилски шампион Игор Стефановски – Иџе, започнува ново поглавје во својата богата тркачка кариера. По освоените европски титули и бројните успеси на најпознатите ридски патеки, оваа сезона тој ќе настапува со прототип болид, најмоќната и најпрестижната класа во ридскиот автомобилизам. Со овој историски чекор, Стефановски станува првиот македонски возач што ќе се натпреварува со прототип болид на официјални меѓународни ...

Никола Јокиќ наскоро може да стане сопственик на најголемиот договор во историјата на НБА. Според информациите на „ЕСПН“, се очекува управата на Денвер Нагетс да му понуди на српскиот центар петгодишно продолжување на соработката, вредно околу 359,5 милиони долари. Јокиќ има договор со Денвер до 2028 година, но веќе има можност за нова максимална соработка. Доколку потпише четиригодишна екстензија, таа би му донела околу 278 милиони долари, ...

Поранешната НБА-ѕвезда, Шекил О’Нил ја изложи целта на Леброн Џејмс за крајот на неговата кариера. Шекил верува дека импресивниот рекорд на Леброн Џејмс го мотивира да ја продолжи кариерата на 41 година. – Леброн ужива во тоа што е најефикасниот кошаркар во историјата на лигата. И еве што ќе ви кажам. Неговата цел е да го направи рекордот апсолутно недостижен, да го обезбеди засекогаш. Кога играв, гледајќи ја статистиката на Карим, си ...

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека по завршувањето на постапката за лиценцирање, како и по истекот на рокот за поднесување жалби во делот на исполнување на обврските поврзани со финансиската дисциплина, е констатирано дека еден клуб не ги исполнил условите предвидени со важечките акти на Федерацијата за настап во највисокиот степен на натпреварување во сезоната 2026/2027. Во согласност со одредбите од ...

Кошаркарката федерација на Македонија објави дека еден прволигаш не ги исполнил обврските и не ја добил потребната лиценца за настапување во највисок ранг за следната сезона. ТФТ и Маџари тоа го сторија, но не и екипата на Чаир која што и официјално не е повеќе дел од елитната македонска кошарка. Тимот од Скопје кој имаше долг беше убедливо најголем кога станува збор за трите спорни екипи не ги исполни барањата. Од друга страна пак, од КФСМ ...

Легендарниот Клеј Томпсон би можел да ја продолжи кариерата во Лос Анџелес Лејкерс, пренесуваат американските медиуми. Според информациите, искусниот шутер е блиску до разделба со Далас и наскоро би можел да стане слободен агент. Лејкерс важи за главен фаворит за неговиот потпис, Томпсон има уште една година од договорот вреден 17,4 милиони долари, а минатата сезона бележеше просек од 11,7 поени со 39 проценти успешност во шутот. Иако се ...

Торнике Шенгелија ја напушти Барселона и како што стојат работите, кариерата ќе ја продолжи во Дубаи. Кошаркаската секција на Барселона, летово влече нелогични потези. Голем број кошаркари си заминаа, стигнаа досега само тројца и новиот тренер, инаку селекторт на Словенија, Секулиќ. Ако по утрото денот се познава, Барселона нема да има конкурентен тим сезонава не само во Евролигата туку и во Шпанија. Поради тоа Шенгелија реши да замине. За да ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија со убедлива победа го започна настапот на ЕП од Б-дивизијата, кое се одржува во Гевгелија и Скопје. Избраниците на селекторот Дејан Стојановски ја совладаа селекцијата на Кипар со 82-63 и на најдобар можен начин го отворија шампионатот. Најефикасен беше Дион Шабани, кој одигра извонреден натпревар и запиша дабл-дабл учинок од 37 поени и 10 скока. Одлична поддршка доби од Александар Зунзуровски, ...

Македонската кадетска репрезентација со убедлива победа над Кипар го отвори настапот на ЕП од Дивизијата „Б“, а селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од пристапот и енергијата што ја прикажаа неговите избраници. Селекторот потенцираше дека има простор за напредок, особено во контролата на топката, и дека тимот веќе ги насочува подготовките кон вториот натпревар во групата, против селекцијата на Исланд. „Добар прв чекор. Како што кажав и ...

Новата управа на КК Пелистер продолжува на ангажманот на новите кошаркари. Притоа уште еден македонски младински репрезентативец во следната сезона ќе го носи дресот на Пелистер. Клубот од Битола постигна согласност со репрезентативецот до 20 години, Бојан Димитриев. 20-годишниот кошаркар, минатата сезона ја мина во дресот на Водно Санс. Во новата сезона на клупата на Пелистер ќе биде Тане Спасев, а нови играчи се Коста Кириловски, Виктор ...

Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија не успеа да ја забележи првата победа на ЕП од Дивизијата Б во Тулчеа, откако во неизвесна завршница загуби од селекцијата на Азербејџан со 73-75. Нашата селекција игра за разигрување за пласман од 17. до 20. позиција на шампионатот, а првиот натпревар од таа група го отвори со пораз од Азербејџанките. Најдобра кај Македонија беше Ива Колева со 18 поени, ја следеше Теа Трајковска со ...

Германскиот ракометен клуб Фленсбург го потврди ангажманот на португалските репрезентативци Мартим и Кико Кошта, кои потпишаа договори со клубот до 2032 година. Потписите на Мартим и Кико Кошта ја потврдуваат и долгорочната стратегија на Флензбург, кој сака да изгради конкурентен тим способен да се бори за сите трофеи во Германија и Европа во наредните години. Германскиот ракометен клуб Фленсбург го потврди ангажманот на португалските ...

Цепелинот на нашите ракометари против Франција се најде во листата на ТОП 5 најубави голови во првата фаза од натпреварите на ЕП за кадети во Белград. Делото е на Бобан Поповски кој постигна извонреден гол од цепелин кој се најде на третото место на ТОП 5 листата формиранаод ЕХФ за најубави голови на ЕП. The M18 #ehfeuro2026 preliminary round 𝗧𝗢𝗣 𝟱 𝗚𝗢𝗔𝗟𝗦 are here! 🔥 Which one is your favourite? 🤔 #followthefuture #handball ...

Македонската кадетска ракометна репрезентација ја забележа првата победа на Европското првенство кое се одржува во Србија, откако попладнево ја совлада Италија со убедливи 33-23 во воведниот натпревар во групата 1 во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски од самиот почеток на дуелот во Белград стекнаа водство од три голови разлика и на полувремето заминаа со предност од 17-13. Македонските ...

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација ја совлада попладнево Турција со 29-27 и со тоа ја забележа втората победа во групата 1. од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство во Белград. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски резервирано влегоа во дуелот, овозможувајќи им на турските ракометари да дојдат до почетно водство од 8-5. Македонските ракометари одговорија со серија од 6-2 за прво водство на ...

Македонскиот ракометен првак Вардар ги информира навивачите, дека има промени во распоредот во ЕХФ ЛШ. Домашниот натпревар од 2.коло против Нант, што ќе се игра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“, ќе започне во 18:45 часот. Промена има и за гостувањето кај Висла Плоцк во 4. коло. Натпреварот, претходно беше закажан за 15 октомври, но ќе се игра на 14 октомври, со почеток од 18:45 часот. Клубот дополнително ќе ги информира навивачите за ...

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа на ЕП 2026, откако денеска ја совлада селекцијата на Турција со 29:27. Нашата репрезентација го освои второто место во својата група од разигрувањето и како најдобропласирана второпласирана селекција обезбеди место меѓу најдобрите 16 репрезентации на шампионатот. Нашата селекција ќе продолжи да се натпреварува за пласман од деветтото до 16 место на ...

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација продолжува со настапите на ЕП во Белград, откако избори место во разигрувањето за пласман од 9. до 16 место. Следниот предизвик за македонските ракометари ќе биде селекцијата на Фарските Острови. Натпреварот е закажан за во четврток од 12:00 часот, а победникот ќе продолжи во борбата за деветтото место, каде ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Шведска. Во оваа фаза од ...

Иван Слишковиќ официјално ја заврши својата играчка кариера и се врати во Нексе Нашице како помошен тренер. Поранешниот хрватски репрезентативец реши да стави крај на активната кариера на 34-годишна возраст и веднаш да му се приклучи на стручниот штаб на клубот како асистент на главниот тренер Саша Баришиќ Јаман. Негов последен клуб како играч беше грчкиот Олимпијакос. Иван Слишковиќ запиша над 60 настапи за репрезентацијата на Хрватска. ...

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација ја совлада селекцијата на Фарски острови со 34:32 на Европското првенство што се одржува во Белград, Србија. Ова беше натпревар за пласман од 9-16.место. Утре македонската репрезентација во натпревар за пласман од 9-12 место ќе игра против селекцијата на Португалија, која ја победи Шведска со 32:28. Македонската репрезентација имаше постојано водство и на полувреме предноста изнесуваше ...

Селекторот на кадетската ракометна репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, не го криеше задоволството по победата над Фарски Острови на ЕП и пласманот во ТОП-12 кој донесе место на следниот Мундијал. Кузмановски истакна дека ова е голем успех, затоа што Македонија е дебитант на овој настан и им честита на играчите за постигнатото. „Честитки за играчите, се бореа иако е овој петти меч физички и карактерно покажаа дека можеме. Е, сега, ...

Поради тоа што официјалната понуда на Галатасарај од 35 милиони евра беше одбиена од Милан за Рафаел Леао, турскиот клуб го насочи вниманието кон друга цел за левото крило Арсенал Габриел Мартинели. Бразилецот е во последната година од договорот со лондончани, што значи дека може да си замине ова лето, за да не се ризикува неговото заминување без отштета наредната година. Иако главната цел на Галатасарај е трансферот на Леао, тоа изгледа ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, доби силна поддршка од членовите на Советот на организацијата и испрати јасен сигнал дека ќе се кандидира за уште еден четиригодишен мандат. По седницата одржана во Рабат, ФИФА соопшти дека „раководството едногласно стои зад актуелниот претседател“. Во соопштението се наведува дека членовите на Советот ја потврдиле довербата во Инфантино како лидер избран од сите 211 национални федерации, додека тој ...

По пристугнувањето во Реал Мадрид, Жозе Мурињо ја процени ситуацијата и веднаш воведе промени. Заклучи дека на клупскиот центар му се потребни построги правила и негов личен печат. Воведе построга контрола врз сите аспекти што влијаат на формата на играчите, од исхраната и закрепнувањето до точноста на пристигнувањата во кампот, објавува Ас. Неговиот пристап не се базира на сила, туку на решителност и јасни принципи, а тој смета дека ...

Поради огромна конкуренција, и потреба на играчот за поголема минутажа, тимот на Реал Мадрид и официјално го испрати аргентинскиот интернационалец, Франко Мастантуоно на позајмица во тимот на Фиорентина. Трансферот го потврдија и двата клуба, со што се става крај на шпекулациите околу судбината на младиот играч за следната сезона. Во своето официјално соопштение, Реал Мадрид ги прецизираше деталите од договорот: „Реал Мадрид и Фиорентина ...

Арсенал извиси за потписот на Винисиус Жуниор, па спортскиот директор Андреа Берта веќе наде нова цел. Англискиот првак е заинтересиран за Кенан Јилдиз, кој наводно е подготвен да побара да го напушти Јувентус. Турскиот интернационалец стана приоритет за тренерот Микел Артета откако пропадна можноста за доведување на Винисиус Жуниор, кој го продолжи договорот со Реал Мадрид. Информациите дека турскиот репрезентативец сака да ја продолжи ...

Тренерот Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го потврди ставот на клубот за иднината на Хулијан Алварез, ставајќи крај на шпекулациите за евентуален трансфер на аргентинскиот напаѓач. Иако Алварез изрази желба да замине ова лето, клубот е решен да го задржи во „Метрополитано“, пишува „Goal.com“. Барселона покажа најголем интерес за Алварез, а Реал Мадрид, Арсенал и Пари Сен Жермен беа споменати и како можни дестинации. „Ситуацијата е многу јасна. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
87%
1032
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
4.63
76%
1027
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
80%
1028
weather icon

Софија

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
54%
1032
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.53
83%
1032
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1028
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
4.47
58%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
70%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
3.13
58%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
72%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
88%
1031
Currency

61.626

Currency

54.969

Currency

73.835

Currency

38.092

Currency

39.24

Currency

67.265

Currency

8.2489

Currency

0.67207

Currency

0.34747

Currency

0.5235

Currency

1.0971

Currency

0.58416

Калај

46.54

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34