Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Тренерот Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, беше видливо бесен по ремито 1-1 против Џирона, а неговото незадоволство беше насочено кон одлуката на судијата во последните минути од натпреварот, кога на Килијан Мбапе не му беше досуден пенал. Арбелоа остро го критикуваше судењето и недоследната употреба на ВАР технологијата на прес-конференција, велејќи дека ваквите ситуации се повторуваат против неговиот тим недела по недела. И покрај неуспехот во ...
Баерн Минхен не сака да се откаже од Мајкл Олисе и да го пушти да се пресели во Реал Мадрид. На крајот од вчерашниот ден, од Шпанија пристигнаа „бомбастични“ вести, во кои се наведува дека Реал Мадрид нема да штеди пари за да го доведе фантастичниот играч на Баерн во своите редови. Се вели дека Флорентино Перез е подготвен да плати помеѓу 160 и 165 милиони евра за Олисе. Баерн експресно му одговори на првиот човек на Реал. „Олисе во Реал ...
Кошаркарите во НБА го избраа својот МВП за оваа сезона, а според анонимната анкета спроведена од „Атлетик“. Во гласањето најмногу гласови добил Шеј Гилџус-Александер. Ѕвездата на Оклахома Сити Тандер освои 39% од гласовите, додека второто место му припадна на Никола Јокиќ од Денвер Нагетс со 21,4%. Во анкетата учествувале 159 НБА играчи, а третата позиција ја поделија тројца кошаркари. Тоа беа Џејлен Браун од Бостон Селтикс, Кејд Канингем од ...
Вест Хем оствари убедлива победа во натпреварот од 32-то коло од англиската Премиер лига, во кој ги победи последнопласираните Вулверхемптон со убедливи 4:0. Валентин Тати Кастељанос и Константинос Мавропанос придонесоа со по два гола во важната победа на „Чеканите“. Вест Хем освои исклучително важни бодови во борба за опстанок. Пред натпреварот беа на 18-та позиција, во зоната за испаѓање, а со оваа победа се преселија на „безбедното“ 17-то ...
По поразот од Баерн Минхен, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, Реал Мадрид доживеа уште еден шок на „Сантијаго Бернабеу“. Реал не успеа да ја победи Џирона (1:1) и речи испадна од борбата за шампионската титула. Реал сега има шест поени помалку од Барселона, а доколку утре Барса во градското дерби го победи Еспањол, разликата ќе биде девет бода. Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ започна енергично, Реал Мадрид ...
Џоел Ембиид, НБА ѕвезда и поранешен МВП, итно бил хоспитализиран и опериран, пред натпреварот со Хјустон. Како што објави американскиот новинар Шамс Чаранија, Ембиид бил хоспитализиран поради воспаление на слепото црево. Засега нема најави колку ќе трае неговата пауза. Ембиид стигна до осмата позиција во Источната конференција со Филаделфија, а бидејќи се очекува да паузира неколку недели, можно е сезоната да е завршена за него. Ембиид беше ...
Фудбалерите на Рома лесно ја победија Пиза (3:0) на отворањето на 32-то коло од Серија А. Натпреварот го одбележа Холанѓанецот Доњел Мулен, кој постигна хет-трик. Мален ја затресе мрежата на Адриан Шемпер во третата, 43-та и 52-та минута од натпреварот. Пиза исто така имаше свои шанси, а најдобрата ја пропушти Малте Хојхолт, кога Миле Свилар ја покажа својата голманска класа. „Волчицата“ останува шеста на табелата со 57 бода, додека Пиза е ...
По триумфот од 6-3 во дуелот против Турција, футсал репрезентацијата на Македонија обезеди место во главната рунда од квалификациите за учество на Светското првенство. Македонските репрезентативци одлично го отворија натпреварот и на половина од првото полувреме имаа предност од 3-0. Во последното коло противник ни е домаќинот на турнирот Литванија и за освојување на првото место потребен ни е најмалку нерешен резултат. Натпреварот се игра в ...
Македонската тениска репрезентација го претрпе и третиот пораз во групата Б во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот. На мечевите што се играат во Бања Лука, македонскиот тим загуби со 3-0 од селекцијата на Јужна Африка. Во првиот меч Јана Божиновска загуби од Изабела Кругер со 2-0 во сетови (6-0 и 6-1), а Сара Митевска загуби со 2-0 од Џени Ван Зилм, но пружи голем отпор во двата сета (7-6 и 7-5). Во последниот меч, на кој ...
Дидие Дешан е еден од главните кандидати за тренер на Реал Мадрид, тврдат француските медиуми. Сегашниот селектор на Франција ќе ја напушти својата позиција по 14 години, по Светското првенство, а медиумите веќе шпекулираат каде ќе ја продолжи кариерата. „Кралскиот клуб“ не успева да воспостави континуитет на добри игри и резултати, па затоа е во ситуација потенцијално да заврши уште една сезона без трофеј. Алваро Арбелоа, кој на почетокот ...
Италијанскиот тенисер, Матео Беретини го декласираше светскиот број 10 Данил Медведев во второто коло од Мастерсот во Монте Карло, победувајќи го со 6:0, 6:0 за само 49 минути. Дефинитивно ова е најтешкиот пораз во кариерата на рускиот тенисер, поранешен светски број 1. Медведев одигра катастрофален натпревар, што го потврдува и статистиката: направи пет двојни грешки, имаше само 36% од своите први сервиси и дури 27 неизнудени грешки. За прв ...
Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) воведува ново натпреварување, Трофејот на нациите, ново сениорско натпреварување што ќе биде значаен чекор во континуираната посветеност на развојот на спортот на секое ниво и во секој агол од светот, објави ИХФ. – Ова натпреварување е една од клучните иницијативи вклучени во четиригодишниот план на ИХФ од 2025 до 2029 година, нагласувајќи ја стратешката визија на Федерацијата да обезбеди ...
ЛА Лејкерс како гости го совладаа Голден стејт со резултат 119:103, а прво име на натпреварот беше Леброн Џејмс. Џејмс забележа 26 поени, 11 асистенции и осум скока, предводејќи ги Лејкерси до четврта последователна гостинска победа против Вориорс. Џејмс (41), чија иднина по 23 години во лигата и понатаму е неизвесна, шутираше 11 од 17 од игра, со три погодени тројки. Љубителите на кошарката останаа без дуелот на долгогодишните ривали, ...
Селекторот на женската ракометна репрезентација Кристијан Грчевски е задоволен после мечот со Германија. „Многу сум горд на моите девојки бидејќи играа добро на овој натпревар. Се справија со голем притисок и дадоа се од себе. Многу сум задоволен од тоа како играат девојките, бидејќи покажуваме дека имаме потенцијал да играме против секого“, изјави Грчевски после мечот. Македонија веќе е во Словенија каде на 12. април ќе го одигра последниот ...
Фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез, нема да игра во недела против Комо во натпреварот од 32-то коло од италијанската Серија А поради повреда на мускулот на левата нога. Капитенот на тимот од Милано има блаог истегнување, а следната недела ќе му бидат направени нови тестови, по што попрецизно ќе се знае колку долго ќе отсуствува. Мартинез е најдобар стрелец на Интер оваа сезона, постигна 20 гола на 36 натпревари во сите натпреварувања. ...
Барселона вложи жалба до УЕФА, по натпреварот со Атлетико Мадрид (0:2) во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Челниците на клубот и цела Каталонија не беа задоволни од судењето на Иштван Ковач. Независно од жалбата, УЕФА реши да го казни романскиот судија. По поразот од Атлетико на „Ноу Камп“, на сите ѕвона од Барселона објавија дека биле ограбени од судијата Ковач. УЕФА независно од поплаките, го казни Ковач, но поради одлука која била ...
Најголемата политичка партија во Италија поднесе предлог за откажување на продажбата на „Џузепе Меаца“ или „Сан Сиро“ на Интер и Милан, откако започна истрага за случајот со стадионот. По една деценија дискусии, презентирани, отфрлени и ревидирани проекти, двата клуба конечно го финализираа купувањето на земјиштето околу стадионот „Џузепе Меаца“ во населбата Сан Сиро во Милано. Во ноември 2025 година, клубовите потпишаа договор вреден 200 ...
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, потпиша нов договор со клубот. „Борусија Дортмунд го продолжи договорот со Ник Шлотербек (26) до јуни 2031 година. Германскиот репрезентативец потпиша нов договор овој петок“, се вели во соопштението на клубот. Шлотербек пристигна во Дортмунд од Фрајбург во 2022 година и оттогаш одигра 155 натпревари за „црно-жолтите“. Дефанзивецот постигна 10 гола и имаше 18 асистенции. Шлотербек одигра и 25 ...
Манчестер Сити ќе направи мала реконструкција во редот за врска, во летниот преоден рок. Капетанот Бернардо Силва заминува на крајот од договорот како слободен играч, сè уште не е познато каде, а исто така е неизвесно дали Родри ќе потпише нов договор, што би можело да доведе до негова продажба. Пеп Гвардиола не може да седи со скрстени раце, па затоа даде зелено светло клубот да се одлучи за Елиот Андерсон. Асот на Нотингем Форест е голема ...
Фудбалерот на Челзи, Енцо Фернандез и неговиот менаџер, му се извинија на клубот по изјавите што ги даде фудбалерот за аргентинските медиуми, за време на неговите репрезентативни обврски во Аргентина, објавија британските медиуми. Во интервјуто во Аргентина, Фернандес изјави дека би сакал да живее во Мадрид, со што ја остави отворена можноста да се пресели во Реал Мадрид веќе ова лето. Од Челзи порачаа дека немало дискусија за негова ...
Клубот официјално потврди дека Енди Робертсон, легендарниот лев бек и капитен на Шкотска, ќе го напушти „Енфилд“ по завршувањето на оваа сезона. По девет години исполнети со борбеност, спринтови по левата страна и многу трофеи, 32-годишниот Робертсон заминува како слободен агент по истекот на неговиот договор. Иако оваа сезона ја загуби стартната позиција од младиот Милош Керкез (започна само 6 меча во Премиер лигата), Робертсон сè уште е ...
Ноќта на „Камп Ноу“ донесе разочарување и гнев во таборот на Барселона, а најгласен по поразот од 0-2 од Атлетико Мадрид беше тренерот Ханси Флик. Германецот без задршка го критикуваше судењето, ставајќи ја под знак прашалник улогата на ВАР во натпревар обележан со контроверзниот црвен картон на Кубарси во завршницата на првото полувреме. Клучниот момент дојде по игра со рака во шеснаесетникот од Пубил, за која Флик сметаше дека требало да ...
Денвер нагетс ноќеска го победи Мемфис во натпревар од регуларната сезона на НБА со 136:119. Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл со 14 поени, 15 скока и 10 асистенции. Најефикасен во победничката екипа беше Џамал Мареј со 26 поени. Во поразениот тим се истакнаа Кауард со 27, Хендрикс и Вилијамсон со по 16 поени. Резултати на другите НБА-натпревари одиграни ноќта среда кон четврток: Кливелнд- Атланта 122:116 Детроит – Милвоки ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја мина првата пречка на ВТА 125 турнирот во Мадрид откако денеска ја Јапонката Сара Саито со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4) за 90 минути игра. Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Русинката Алина Корнеева (осма носителка), која со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3) ја победи Шпанката Марија Гарсија. На стартот од денешниот меч Ѓорческа и Саито загубија по два гема на свој сервис, а потоа македонската ...
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) официјално ги пушти во продажба билетите за претстојниот „Фајнал-фор“ (Ф4) турнир во рамките на Купот на Македонија. Овогодишниот ракометен празник ќе се одржи во Струмица, а салата „Парк“ ќе биде епицентарот на машкиот и женскиот ракометен крем. Љубителите на ракометот ќе имаат прилика со само еден купен билет да ги проследат сите полуфинални натпревари закажани за 17 и 18 април. Цената на билетот ...
Ракометарите на Вардар 1961 ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа Бутел со 42-27 во натпреварот од петтото коло на плеј-офот во Суперлигата на Македонија. Натпреварот кој се одигра во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ во целост му припадна на фаворитот кој беше убедлив. Најефикасен во таборот на Вардар беше Јака Малус со осум реализации, додека исто толку даде и Дејан Милосављевиќ кај Бутел. На вардарци до крајот на сезоната им се ...
Македонскиот кошаркарски вицешампион ТФТ прави голем чекор кон пласман во финалето на АБА2 лигата. Кошаркарите на ТФТ поведоа со 1:0 во победи во полуфиналната серија со црногорската екипа на Сутјеска. Тимот од скопско Тафталиџе, вечерва на гостувањето во Никшиќ славеше со 88-93. Најефикасен во победничката екипа на ТФТ беше макеоднскиот репрезентативец Виктор Ташовски кој постигна 28 пени, а додаде и шест асистенции. Реванш натпреварот во ...
Арсими триумфално се врати од Ѓорче Петрв, совладувајќи ја Македонија ЃП со минимални 0-1 во 26. коло од ПМФЛ. Со овој важен успех, гостите направија значаен исчекор на табелата и се оддалечија од опасната зона, искачувајќи се на седмата позиција. Клучниот момент се случи во 28.минута. По една долга топка зад одбраната, Фатјон Јусуфи одлично се снајде и прецизно погоди за водство од 0-1. Погодокот беше предмет на ВАР проверка, но по кратка ...
Роберт Левандовски, 37-годишниот полски напаѓач, му е понуден на Милан како засилување за следната сезона. Неговиот договор со Барселона истекува на лето, што значи дека би можел да пристигне на Сан Сиро без обештетување. Во време кога Милан бара силен напаѓач за да ги зголеми своите амбиции, доаѓањето на еден од најдобрите стрелци во неговата генерација претставува примамлива можност, пишува Gazzetta.it. По Борусија Дортмунд, Баерн и ...
ФИФА ги објави имињата на 170 судии кои во текот на Светскиот шампионат во САД, Мексико и Канада ќе бидат делегирани на вкупно 104 натпревари. Педесет и двајца ќе имаат статус на главни, 88 ќе бидат делегирани како помошни арбитри додека 30 ќе бидат ангажирани како дел од ВАР екипата. Поради зголемениот број на учесници, ФИФА мораше да избере рекорден број на судии кои доѓаат од шест континенти и 50 земји кои се членки на Светската ...