Каков спектакл на отворањето на пролетниот дел од сезоната во Бундеслигата. Голеада во Франкфурт, во меч кој на крајот заврши без победник со тие 3:3. Супер интересен меч, се она што е најдобро од Бундеслигата го видовме вечерва. Веќе во 10.минута гостите со голот на Беиер поведоа со 0:1. Сепак во 22.минута со голот на Узун од пенал домашните дојдоа до израмнува. Овие 1:1 важеа се до 68.минута кога Нмеча одново носи водство за гостите, но ...

Убави вести за Едоардо Бове, некогашниот фудбалер на Фиорентина. Тој наскоро му се враќа на фудбалот. Фабрицио Романо тврди дека е блиску до приклучување кон Вотфорд од Чемпионшип тимот, 13 месеци откако се онесвести на теренот поради срцев удар додека играше за Фиорентина. За потсетување, во декември 2024 година, за време на натпревар од Серија А помеѓу Фиорентина и Интер, Бове колабираше, се онесвести на теренот и веднаш беше однесен во ...

Кошаркарот на Хјустон рокетс, Кевин Дурант, се искачи на седмото место по број на поени во најсилната лига на светот – НБА. Рано утрово на гостувањето кај Портланд во поразот од 105:111, Дурант постигна 30 поени. Вкупниот број на поени во кариерата на Дурант сега изнесува 31.420 со што го надмина легендарниот центар Вилт Чемберлен кој застана на 31.419. Пред Дурант се: Дирк Новицки (31.560), Мајкл Џордан (32.392), Коби Брајант (33.643), Карл ...

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, денес ќе разговара за враќање во клубот, објави „Sky Sports“. Солскјер би можел да го води клубот до крајот на сезоната 2025/26. Според британските медиуми, Мајкл Карик, кој е исто така кандидат за функцијата, веќе се сретнал со раководството на клубот. Солскјер го водеше Манчестер Јунајтед од 2018 до 2021 година, првично како привремен главен тренер, пред да ја преземе функцијата ...

Мароко го победи Камерун со 2:0 синоќа во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации. Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Брахим Дијаз, го отвори резултатот во 26. минута. Играчот од средниот ред на ПСВ, Исмаел Саибари, во 74. минута ја потврди победата на домаќините. Мароко се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп, каде што ќе се соочи со победникот од натпреварот Алжир-Нигерија. Бранител на трофејот од минатото издание на ...

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми. ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на ...

Калчолигашот Интер е заинтересиран за услугите на 18-годишниот крилен напаѓач на Сантос, Робињо Жуниор, кој е син на поранешниот бразилски репрезентативец Робињо, јавија денеска италијанските медиуми. Иако Интер досега не испрати официјална понуда до Сантос, медиумите наведуваат дека италијанскиот гигант е подготвен да плати 22 милиони евра за потписот на Робињо Жуниор, кој беше во Италија за време на божиќните празници и го посети тренинг ...

Јапонскиот фудбалски великан Казујоши Миура (58) изјави денеска дека речиси се откажал од враќањето во Џеј-лигата пред да потпише за Фукушима Јунајтед, изразувајќи надеж дека ќе придонесе со голови и асистенции во најновото поглавје од неговата кариера која им пркоси на годините. Миура, познат како „Кралот Казу“, минатиот месец потпиша договор со јапонскиот третолигаш, обезбедувајќи ја својата 41. сезона како професионален фудбалер. Овој ...

Грчките медиуми во последните денови повторно пишуваат за можноста легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ да се врати во редовите на кошаркарскиот клуб Панатинаикос. Панатинаикос моментално се наоѓа во резултатска криза во Евролигата, а некои грчки портали тврдат дека раководството размислува да го донесе Обрадовиќ, кој би можел да им донесе нов импулс и искуство на клупата. Обрадовиќ, кој важи за еден од најуспешните европски тренери со пет ...

Австралискиот тенисер Ник Кирјос го откажа настапот во сингл конкуренција на претстојниот Австралија Опен, а негово место со „специјална покана“ го доби Стан Вавринка (рангиран е како 156-ти тенисер) и на тој начин ќе ги прескокне квалификациите. – Не сум доволно подготвен за настап во Мелбурн и ќе се појавам само во конкуренција на машки двојки, каде ќе настапам со Танасис Кокинакис и ќе се обидеме како пред четири години да стигнеме до ...

Тренерот на Индијана Рик Карлајл стигна до 1.000-та победа во кариерата. Синоќа Индијана го совлада Шарлот со 114:112. Карлајл е 11.тиот тренер во НБА лигата што успеал да стигне до 1.000 победи. На таа листа се наоѓаат: Грег Попович, Дон Нелсон, Лени Вилкинс, Џери Слоун, Пет Рајли, Џорџ Карл, Фил Џексон, Лери Браун, Рик Аделман и Док Риверс. Карлајл во својата кариера бил тренер на НБА екипите: Детроит, Индијана, Далас и повторно Индијана. ...

Арсенал е апсолутен фаворит за титулата во Премиер лигата и има речиси 87 проценти шанса да стане нов англиски шампион, покажува најновата симулација на статистичката компанија Опта. Арсенал ремизираше 0-0 во четвртокот вечер во дербито со Ливерпул, но е лидер на табелата по 21 коло со шест бодови предност пред второпласираниот Манчестер Сити. Според Опта, Арсенал има 86,8 проценти шанса за освојување на титулата, додека Сити има 8,9%. Астон ...

Англискиот репрезентативец Букајо Сака се согласил на петгодишно продолжување на договорот со Арсенал, јави денеска „Скај Спортс“. Тековниот договор на Сака истекува во јуни 2027 година, но според британските медиуми, Арсенал му понудил нов договор со подобри услови што ќе го задржи во лондонскиот премиерлигаш до 2031 година. Дваесетичетиригодишниот Сака е производ на академијата на Арсенал и во изминатите осум сезони одигра 290 натпревари за ...

Фудбалерите на Сенегал се првите полуфиналисти на Африкански куп на нации, откако вечерва во мароканскиот град Тангер го совладаа Мали со 1-0. Голот за пласман во полуфиналето го постигна Илиман Ндијаје во 27. минута. Репрезентацијата на Мали во второто полувреме беше со играч помалку на теренот, поради исклучувањето на Ив Бисума. Во полуфиналето, Сенегал ќе игра против победникот од дуелот меѓу Египет и Брегот на Слоновата Коска. ФОТО: ЕПА ...

Македонската ракометна репрезентација попладнево го игра вториот дуел на „Јелоу куп“ во Швајцарија. Противник ни е селекцијата на Украина, а по вчерашниот триумф над Бахреин со 32:28, ова ќе биде нова можност за проверка на силите пред Европското првенство. – Имавме тежок натпревар за играње со Бахреин, како и што е вообичаено првиот натпревар има посебна тежина, но тоа е само подготвителен дуел. Очекувам од дуел во дуел да бидеме подобри, ...

Натпреварот од Бундеслигата меѓу Сент Паули и Лајпциг, кој требаше да се игра в сабота, е одложен поради обилен снег и мраз на теренот на стадионот во Хамбург, соопшти денеска Германската фудбалска лига. Германија е погодена од обилни снежни врнежи и температури под нулата во последните денови, кои се очекува да продолжат и во текот на викендот. Фудбалската сезона во Германија продолжува овој викенд, откако заврши тринеделната зимска пауза. – ...

Северна Македонија е меѓу Топ 50. светски извозници на фудбалери во последните пет години, покажува најновиот извештај на Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС). Овој статистички завод, со седиште во Швајцарија, го анализираше периодот од 2020 до 2025 година. Во тој период, вкупно 182 фудбалери родени во Северна Македонија играле во странство, од кои 180 во европските земји. Според податоците на ЦИЕС, Северна Македонија се наоѓа на ...

Манчестер Сити официјално го потврди денеска доаѓањето на репрезентативецот на Гана, Антоан Семењо од Борнмут во трансфер вреден околу 75 милиони евра. Тоа е рекорден трансфер во историјата на Борнмут, откако Сити ја активираше клаузулата за откуп во договорот на Семењо. Репрезентативецот на Гана потпиша договор со Манчестер Сити до 2031 година и ќе го носи дресот со број 42, со кој претходно настапуваше Јаја Туре. „Исклучително сум горд што ...

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, не го криеше своето разочарување по ремито 1-1 со Џенова. Според него, овој натпревар треба да биде лекција за зрелост за неговиот тим, кој мора да научи како да победува на вакви натпревари ако сака да се стреми кон поголеми цели. „Во фудбалот добиваш она што ти го дава резултатот. Мора да ги гледаме позитивните страни, и покрај тешкото прво полувреме. Тие трчаа, го чуваа Модриќ лично, а ние имавме две ...

Дерби дуелите секогаш имаат тензии, а така беше синоќа и на дуелот меѓу Арсенал – Ливерпул. Во еден момент настана турканица, а судијата Ентони Тејлор мораше да подели и неколку жолти картон. Во целата мешаница играчот на Арсенал Габриел Мартинели беше иницијаторот, откако бекот на Ливерпул Конор Бредли се повреди и остана во теренот крај аут линијата. Мартинели прво со топката го удри противничкиот играч, а потоа се обиде и да го истурка ...

Европскиот првак ПСЖ по изведувањето на пенали успеа да триумфира во францускиот Супер куп против Олимпик Марсеј. Фудбалерите на ПСЖ славеа со 4:1 во пенал серијата, откако натпреварот заврши 2:2. Со голот на најдобриот светски фудбалер Усама Дембеле во 13.минута ПСЖ поведе со 1:0. Но, Мејсон Гринвуд реализираше пенал за Олимпик во 76.минута за 1:1. Тимот од Марсеј поведе во 87.минута со 2:1 по автоголот на Вилијам Пачо, а на 2:2 изедначи ...

Кошаркарите на Индијана конечно ставија крај на „црната серија“ и по 13 порази од Шарлот на нивни терен. Тие во ноќешниот дуел против Шарлот победија со 114:112. Ова воедно беше и 1.000-та победа на Рик Карлајл во кариерата. Кај победничката екипа најефикасен беше Паскал Сијакам со 30 поени, додека на дуелот најпрецизен беше Ламело Бол со 33 поени. Тој воедно е незадоволен во Шарлот и за првпат по 30.јануари 2021 година не беше меѓу ...

Македонската ракометна репрезентација попладнево го игра вториот натпревар на „Јелоу куп“ во Швајцарија, а ривал ни е селекцијата на Украина. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на синоќешниот дуел против Бахреин остварија победа од 32:28, додека Украина загуби од Швајцарија со 38:27. Ова за македонските ракометари ќе биде нова можност за проверка на формата во пресрет на натпреварите од Европското првенство, каде за противници ќе ги ...

Тенисерката од Кина Чинвен Женг која играше во финалето 2024 во Мелбурн соопшти дека нема да настапи на годинашниов турнир Австралија опен. Турнирот во Мелбурн ќе се игра од 18. јануари до 1. февруари. – Според мислењето на мојот тим и медицинските совети, донесов одлука да се повлечам од Австралија опен. Носењето на одлуката беше исклучително тешка. Мелбурн е моето „среќно место“. Таму ја постигнав првата победа на главен турнир на Грен ...

Фудбалерите на Реал Мадрид се изборија за финале во шпанскиот Супер куп откако синоќа во второто полуфинале го совладаа градскиот ривал Атлетико Мадрид со 2:1. На тој начин тие се изборија за финалето против Барселона кое ќе се игра на 11.јануари во недела. Каталонците претходниот ден убедливо со 5:0 го совладаа Атлетик Билбао. Најзаслужен за победата на Реал е Валверде, кој во 2.минута донесе водство за својот тим, а во 55.минута му ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи Романката Сорана Кирстеа со 6:3 и 6:3 во натпреварот од третото коло на турнирот во Бризбејн. Мечот траеше 1 час и 20 минути. Дваесет и седумгодишната Белорусинка сервираше два аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 13 брејк топки. Нејзината противничка сервираше два аса, направи една двојна грешка и реализираше една од двете брејк топки. Следна противничка на Сабаленка ќе биде ...

Победа на стартот на „Јелоу куп“ за македонските ракометари, кои на отворањето го совладаа Бахреин со 32:28 (15:13). Утре во дуелот од второто коло од турнирот македонскиот тим ќе игра против Украина (почеток 17:45). Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во првиот дел имаа постојано водство, а на полувреме беше 15:13. На почетокот на вториот дел Бахреин го имаше и единственото водство од 20:19, но тоа како да беше сигнал за македонските ...

За првпат во својата кариера легендата на НБА лигата Леброн Џејмс може да остане без индивидуално признание. Тоа ќе се случи доколку пропушти уште само еден натпревар. Според регулативите за еден играч да биде во конкуренција за индивидуална награда мора да одигра 65 натпревари од 82. Леброн Џејмс го „пропушти“ дуелот со Сан Антонио и веќе има 17 „отсуства“, а тоа значи дека ќе мора да игра на сите натпревари до крајот на регуларниот дел од ...

Треј Јанг сака да ја продолжи кариерата во Вашингтон визардс. Се чини дека времето на Треј Јанг во Атланта завршува. Според инсајдерот Шамс Чаранија, играчот веќе го направил својот избор: доколку биде продаден, тој го гледа Вашингтон како најатрактивна опција за продолжување на кариерата. Атланта работи на размена на Јанг. Поради повреди, 27-годишниот плејмејкер одигра само 10 натпревари оваа сезона. Тој има просек од 19,3 поени и 8,9 ...

Машката македонска репрезентација вечерва ја има првата контрола на турнирот во Швајцарија. Противник на македонските ракометари е селекцијата на Бахреин. Репрезентацијата во Швајцарија веќе имаше два тренинзи, едниот вчера, а другиот денеска претпладне. – Имаме одлична атмосфера во тимот. Малку имавме време за одмор,а на утринскиот тренинг имавме активација и сметам дека сме подготвени за натпревар. Ќе пробаме некои тактички варијанти. Убаво ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1011
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
10.29
54%
1007
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
93%
1003
weather icon

Софија

8ᴼ / 3ᴼ
4.63
81%
1013
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.8
91%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
97%
1002
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
6.17
69%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
34%
1004
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
82%
1005
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
2.24
78%
1016
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
97%
1007
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.14
66%
1017
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.37

Бакар

12.10

Иридиум

221848.72

Паладиум

56617.46

Калај

49.78

Алуминиум

3.06

Злато

159322.70

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Родиум

339190.38

Платина

83354.78

Сребро

3663.67