Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, го коментираше триумфот од 1:0 над Сандерленд синоќа во 26. коло од англиската Премиер лига. -Беше многу важно да победиме. Повторно покажавме колку добро можеме да играме со топката, создавајќи многу шанси. Карактерот што го покажавме во текот на целиот натпревар беше многу добар и затоа го напуштаме овој стадион со победа, изјави Слот за „BBC“. Тој објави дека играчот од средниот ред Ватару Ендо би можел да ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го извози најбрзиот круг во утринската сесија на првиот ден од претсезонските тестирања на Формула 1 во Бахреин. Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец го возеше својот најдобар круг со време од 1 минута и 35,433 секунди. Оскар Пјастри од Мекларен заврши втор, со заостанување од 0,169 секунди. Џорџ Расел од Мерцедес заврши трет, со заостанување од 0,675 секунди. Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, со ...

Во Брисел вечер од 18 часот ќе бидат извлечени групите за Лига на нации сезона 2026/7. Македонската репрезентација се наоѓа во четвртиот шешир сегмент -Б заедно со репрезентациите на Шведска, Северна Ирска и Косово, против кои не можеме да се падне. Потенцијали ривали на „црвено-жолтите“ се: Прв шешир: Шкотска, Унгарија, Полска и Израел. Втор шешир: Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина. Трет шешир: Словенија, Грузија, Република ...

Лацио ја победи Болоња синоќа на пенали (1:1, 4:1 пенали) во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Италија. По овој натпревар одредени се сите полуфиналисти на турнирот. Лацио ќе се соочи со Аталанта, која го победи Јувентус, додека Интер ќе игра против Комо. Во четвртфиналето Комо го елиминара Наполи, а Интер го победи Торино. Првите полуфинални натпревари ќе се играат на 4 март, а реваншите на 22 април. Фото: ЕПА МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...

Македонската ракометна репрезентација напредуваше четири места на најновото рангирање на Европската ракометна федерација. „Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 15. Место. Прогресот се должи на добрите настапи на ЕХФ Еуро 2026 во јануари. Водечки на ранг-листата на ЕХФ се Данска, Франција и Германија. Во ТОП 10 се и селекциите на: Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка и Словенија. Пред македонската репрезентација се и: ...

Интер Мајами одлучи да го одложи пријателскиот натпревар против еквадорскиот Индепендиенте дел Вале поради повреда на напаѓачот Лионел Меси. Триесет и осумгодишниот Аргентинец ја претрпе повредата на 8 февруари во пријателскиот натпревар против еквадорската Барселона (2:2), на кој постигна гол и асистираше. – За жал, почувствував истегнување на мускулот на последниот натпревар, но навистина се радувавме да ве видиме, па заедно со клубот ...

Завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ ќе се одржи во спортската сала во Куманово од 13 до 15-ти февруари, годинава, соопштија на денешната прес-конференција организаторите и од кошаркарската федерација на Македонија на која учествуваа тренерите и капитените-играчите на осумте екипи-учесници на финалниот турнир во Куманово. Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски е задоволен што во Куманово е домаќин на престижниот ...

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави вечерва дека постигнала договор со Реал Мадрид за прекин на тековната битка околу формирање Суперлига, откако мадридскиот клуб остана единствен поборник за ова натпреварување. Главниот ривал на Реал Мадрид, Барселона, минатата недела објави дека се откажува од проектот Суперлига, а сега и Кралскиот клуб одлучи да го стори истото. „По повеќемесечни разговори водени во најдобар интерес на ...

Лидерот Вардар со победа стартуваше во вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево во Скопје триумфираше убедливо над Арсими со 5-1 (4-0) во рамки на 17. коло. Воведните три голови за домашниот тим ги постигнаа новите зимски засилувања во редовите на „црвено – црните“. Стефан Цветковиќ го отвори резултатот во 5. минута, а Бобан Николов (18 минута) и Дарко Велковски (35) беа прецизни во продолжението ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со пласманот во полуфиналето на ИТФ турнирот Порто 50 и новите 20 поени направи скок на денеска објавената ВТА листа. Таа сега со 387 поени се наоѓа на 182.место. Ѓорческа има одиграно 25 турнири, според кои го има овој ранг. Со успешните резултати македонската тенисерка е сè поблиску до својот најдобар ранг 170.место што го имаше на 12.јуни 2017 година. Таа следниот настап треба да го има на турнир во ...

Тренерот на Тотенхем хотспур, Томас Франк, доби отказ, објави новинарот Дејвид Орнштајн од Атлетик. Според Орнштајн, клубот од Лондон моментално активно истражува опции за замена на 52-годишниот Данец. Вчеравечер Тотенхем загуби со 2:1 од Њукасл во 26. коло од Премиер лигата. Тотенхем се наоѓа на 16. место во Премиер лигата со 29 бода. Во тековната сезона Тотенхем заврши на четвртото место на табелата во Лигата на шампионите и стигна до ...

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА-лигата, Леброн Џејмс го пропушти натпреварот на Лос Анџелес лејкерс против Сан Антонио спарс. Џејмс поради артритис на левото стапало не настапи ноќеска, а тоа отсуство повеќе не е подобно за избор во Ол-НБА тимот и други големи индивидуални награди оваа сезона. Во својата 23-та сезона во најсилната кошаркарска лига во светот, Леброн остана без шанса за 22-ро последователно вклучување во една ...

Андреа Кими Антонели, возачот на Мерцедес, учествувал во сообраќајна несреќи, но не е повреден и, според планот, ќе учествува на предсезонскиот тест на Формула 1 оваа недела во Бахреин. Непосредно пред да замине за Бахреин, Антонели доживеал несреќа на патот во Серавале. Според извештајот на сообраќајната полиција, неговиот автомобил излигал на патот, удрил во заштитната ограда. Во сообраќајната несреќа не биле вклучени други возила. ...

Гренд слем шампионка Американката Серена Вилијамс, која има 23 титули на големите турнири, ги прави чекорите за враќање на професионалниот тенис. Една од најдобрите тенисерки на сите времиња го мина шестмесечниот период во антидопинг системот, што е еден од главните услови за враќање на спортот по пензионирањето. Серена Вилијамс последните настапи ги имаше во 2022 година. Таа нема да го има притисокот за настапи на турнирите, а можно нејзино ...

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, даде свој коментар за големиот број повредени фудбалери во текот на целата сезона. – Која е причината за бројните повреди во Наполи? Треба да одиме во црква и да се молиме! Кога неколку играчи се надвор со сериозни проблеми, сте принудени постојано да ги играте истите. А потоа и тие добиваат помали повреди, а тоа води до понатамошни загуби, изјави Конте за италијанските медиуми. Наполи синоќа загуби од Комо ...

Сан Антонио ги победи Лос Анџелес лејкерси утрово на гостински терен во натпревар од НБА-лигата со 136:108. Виктор Вембањама, центарот на гостинскиот тим, го предводеше својот тим до триумфот со дабл-дабл постигнување од 40 поени и 12 скока. Во домашниот тим не настапија Лука Дончиќ, Леброн Џејмс, Остин Ривс и Маркус Смарт. Резултати на другите три НБА-натпревари играни ноќта вторник кон среда: Њујорк – Индијана 134:137 (по продолжение) ...

Новиот тим во Формула 1, Кадилак, го претстави својот автомобил за време на Супербоулот помеѓу Њу Ингланд и Сиетл. Презентацијата на автомобилот се одржа ноќта помеѓу 8 и 9 февруари на Тајмс Сквер во Њујорк. Автомобилот на Кадилак има пригушена сребрена и црна шема на бои. Кадилак ќе дебитира во Формула 1 во сезоната 2026. Возачите на американскиот тим ќе бидат Финецот Валтери Ботас и Мексиканецот Серхио Перез, кои потпишаа повеќегодишни ...

Францускиот фудбалски клуб Марсеј објави дека ја прекинува соработката со главниот тренер Роберто Де Зерби по меѓусебен договор. По разговорите меѓу сопственикот, претседателот, спортскиот директор и тренерот, беше одлучено да се смени главниот тренер. Ова беше тешка, колективна одлука, донесена по внимателно разгледување и во најдобар интерес на клубот, со цел да се справат со спортските предизвици во последниот период од сезоната, објави ...

Кошаркарот на Минесота Џо Инглс изјави дека пости можност неговиот поранешен соиграч од Барселона и сегашен тренер на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус би можел да седне биде тренер на клуб во НБА лигата. Искусниот играч смета дека Литванецот ги има сите предиспозиции да се обиде да биде тренер во НБА лигата. – Мислам дека може да биде тренер во НБА лигата. Не е за изненадување и дека има одбиено некои понуди и дека сака да работи и да се ...

Натпреварот помеѓу Шарлот Хорнетс и Детроит Пистонс требаше да биде еден од подобрите натпревари изминатата ноќ, со оглед на тоа што Шарлот влезе во натпреварот со девет последователни победи, додека Детроит е на првото место во Источната конференција. Сето тоа падна во втор план поради големата тепачка што се случи во текот на третата четвртина и целосно го обележа натпреварот. Инцидентот се случи на малку повеќе од седум минути пред крајот ...

Хем ремизираше 1:1 со Манчестер јунајтед синоќа во 26. коло од англиската фудбалска Премиер лига. Натпреварот се одигра на „Лондон Стадион“. Во првото полувреме немаше голови. На почетокот на второто полувреме, напаѓачот на Вест Хем, Томас Соучек, го отвори резултатот. Во 63. минута гостите постигнаа гол преку Каземиро, но VAR системот го поништи погодокот поради офсајд. Сепак, Манчестер јунајтед се спаси од пораз во судиското продолжение, со ...

Фаворитот Наполи е елиминиран во четвртфиналето на Купот на Италија. Комо беше поуспешен во пресметката со наполитанците, откако синоќа победи на пенали со 7:6 (1:1 по основните 90 минути). Фудбалерот од средниот ред на Комо, Мартин Батурина, реализираше пенал кон крајот на првото полувреме за да го отвори резултатот. Веднаш по паузата, Антонио Вергара го постигна израмнувачиот погодок. Играчите на Комо беа попрецизни во изведувањето на ...

Оваа седмица носи важен момент за македонскиот репрезентативен фудбал, ждрепката за новото издание на Лигата на нации, која ќе се одржи во Брисел. Националниот тим на Македонија, предводен од селекторот Гоце Седлоски, за првпат ќе биде дел од Лига Б, чекор што го потврдува нашиот квалитет и резултатите од претходниот циклус во натпреварувањето. Лига Б: Прв шешир: Шкотска, Унгарија, Полска, Израел Втор шешир: Швајцарија, БиХ, Австрија, Украина ...

Еден од најдобрите тренери – менаџери последните три децении Жозе Мурињо од лето можно е да има нов ангажман. По завршувањето на Светското првенство од селекторската позиција на Португалија заминува Роберт Мартинез, а од фудбалската федерација на Португалија се подготвуваат оваа работа да му ја понудат на Мурињо. Тој сега е актуелен тренер на Бенфика, но искусниот тренер напомена дека на крајот од кариерата би сакал да биде и селектор на ...

НБА-лигата почна истрага за Оклахома Сити откако тимот објави дека 10 играчи отсуствуваат поради повреди на натпреварот против Сан Антонио, кој се емитуваше на национална телевизија, објави Ден Војке, новинар на „Атлетик“. Натпреварот Оклахома Сити – Сан Антонио спарс на 5 февруари беше емитуван на „ESPN“. Почнувајќи од 2023 година, правилата на НБА бараат од тимовите да обезбедат учество на „ѕвездени“ играчи во натпреварите и турнирите во ...

Екипите на Шкендија и на Тиквеш остварија победи во првите два натпревара од вториот дел од шампионатот (17.коло). На дербито во Тетово, Шкендија дури во финишот го „скрши“ отпорот на второпласираниот тим Струга со 2:0. Триумфот на тетовчани го најави Себастијан Спахиу во 78.минута, а воедно беше асистент на вториот гол кој го постигна Фахд Нзенгуе во 88.минута. На вториот дуел Шкупи „формално“ беше домаќин во Кавадарци и беше поразен со ...

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го Тотенхем со 2-0. Потоа, Карик рече: – Сите четири натпревари беа малку поинакви, и ние ги држиме главите горе. Не седам тука размислувајќи: „Сè е одлично, ја откривме тајната.“ Мора да уживате во чувството на победа, затоа ...

Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец. Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро. Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од ...

Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници. Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех. Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го ...

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, би можел да го преземе Њукасл по истекот на неговиот договор со репрезентацијата, објави „TEAMtalk“. Договорот на 52-годишниот фудбалски стручњак е со важност до крајот на Светското првенство во 2026 година. Сегашниот менаџер на Њукасл, Еди Хау, веројатно ќе замине на крајот од сезоната. Ова се должи на незадоволството на навивачите од моменталните резултати на тимот. Њукасл е ...

Мајтапчии

37 минути - Civil Media
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
50%
1015
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
5.66
59%
1016
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
53%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
53%
1017
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.4
84%
1018
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
71%
1012
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
54%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
47%
1014
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
7.2
79%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
5.66
56%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
89%
1011
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04

Паладиум

44753.84

Иридиум

258288.78

Бакар

10.65

Калај

43.91

Злато

144593.23

Кобалт

3.86

Цинк

0.00

Родиум

353658.21

Алуминиум

3.19