Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Чудесни ситуации се случуваат на фудбалските натпревари, но вистинско чудо е тоа што се случи на дуелот меѓу Уганда и Нирегија на АФКОН. Репрезентацијата на Уганда се најде во непријатна ситуација и тројцата голмани на оваа селекција беа актери на дуелот со Нигерија. Во 46.минута поради повреда мораше да биде заменет првиот голман Денис Оњанго. Неговата замена Магула 11 минути потоа доби црвен картон поради играње со рака надвор од ...
Лидерот на Премиер лигата Арсенал во најтешкиот период од сезоната се соочува со проблем – отсуството на еден од најдобрите играчи Деклан Рајс. Репрезентативецот на Англија имал лекарски прегледи по дуелот со Брајтон и засега не е позната природата на неговата повреда. Се очекува негово отсуство од неколку дена, но густиот распоред може да значи и неколку натпревари. Тој веќе го прескокна дуелот од 19.коло против Астон Вила на домашен терен, ...
Формула 1 сè уште не влегла во 2026 година, но новите правила за погонскиот склоп веќе ја втурнаа во рани контроверзии. Според германските медиуми, Хонда, Ферари и Ауди поднеле официјална жалба до ФИА, тврдејќи дека Мерцедес и Ред бул пронашле начин да го заобиколат ограничувањето на компресијата пропишано со новите прописи. Срцевината на спорот лежи во односот на компресијата, кој е ограничен на максимум 16:1 за 2026 година, додека мерењата, ...
Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, не успеа да постигне хет-трик во една календарска година, за прв пат по 16 години. Последниот пат кога ова се случи беше во 2009 година, кога Португалецот играше за Реал Мадрид. Во 2025 година, Роналдо постигна 41 гол. На 28 декември, напаѓачот беше прогласен за најдобар фудбалер на Блискиот Исток за сезоната 2024/25 на доделувањето на наградите „Глоуб Сокер“. Четириесетгодишниот Роналдо досега има ...
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Бенџамин Шешко, ја продолжи својата серија без голови на осум натпревари. Напаѓачот, купен за 85 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, има два гола (кон крајот на септември и почетокот на октомври) и една асистенција во 16 натпревари за клубот. Дваесет и двегодишниот Словенец го одигра целиот домашен натпревар синоќа во 19. коло од Премиер лигата против 20-топласираниот Вулверхемптон и не успеа да постигне ...
Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, даде свое видување на ремито 1:1 со Вулверхемптон синоќа во 19. коло од англиската Премиер лига. – Беше чуден натпревар. Знаевме дека ќе биде сосема поинаков меч во споредба со оној со Њукасл. Денес требаше да бидеме покреативни во создавањето шанси. Се мачевме во првото полувреме. Се обидовме, но ни недостасуваше квалитет. Треба да ја собереме нашата сила за следниот натпревар. Нема да го ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на стартот од новата сезона ја очекува настапот на Австралија Опен во Мелбурн. – Во јануари е почетокот на сезоната и не може да се има поубав старт од Австралија опен. Се подготвувам за успешен настап. Еднаш бев многу блиску и се надевам дека сега ќе го скршиме мразот и ќе изборам пласман на главниот турнир, изјави Ѓорческа за официјалниот сајт на Македонската тениска федерација. Ѓорческа трета ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги сумираше впечатоците за постигнатото во 2025 година. „Топчиите“ синоќа ја победија Астон вила со 4:1 во 19. коло од Премиер лигата. – Годинава беше одлична и лично и професионално. Начинот на кој овие играчи, Арсенал и персоналот ме тераат да уживам во мојата работа секој ден е фантастичен. Знаеме што сакаме во 2026 година. Ќе мора да работиме навистина напорно за тоа секој ден, но мислам дека сме на ...
Најдобриот кошаркар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, го повреди левото колено на три секунди пред полувремето ноќеска на гостувањето кај Мајами хит. Србинот со куцање го напушти теренот и не се врати во второто полувреме. Првичните прогнози во американските медиуми се дека станува збор за сериозна повреда. Лидерот на Денвер денес ќе оди на магнетна резонанца. -Тој веднаш знаеше дека нешто не е во ред. Тоа е дел од НБА. Секоја ваква повреда е ...
Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ, ја заврши својата фудбалска кариера на 35 годишна возраст. „Нема да играм повеќе. Се откажав. Сега живеам во Дубаи и веќе не сум фудбалер. Јас сум татко на мојот мал син и тој е мојот приоритет“, рече Пјаниќ во интервју за новинарот Николо Скира. Пјаниќ во кариерата настапуваше за гигантите Барселона и Јувентус, а беше дел и од Рома, Мец, Лион, Бешикташ и ЦСКА Москва, која ја ...
Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, ја одложи својата свадба за да биде целосно подготвен да игра за Италија на Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето, изјави денеска неговиот менаџер Енцо Рајола. Италија ги пропушти последните две светски првенства, 2018 во Русија и 2022 во Катар, и сè уште не се квалификуваше за Мундијалот 2026, но ќе игра во плејофот во март, против Северна Ирска, а потоа доколку победи против ...
Екипите на Тотенхем и Кристал Палас постигнаа договор за трансфер на Бренан Џонсон. За сума од 35 милиони фунти, Џонсон ги напушта „Петлите“ и заминува во клуб кој што реално му гарантира далеку поголема минутажа одколку што реално ја имаше досега. Џонсон пристигна во Тотенхем пред три години од тимот на Нотингем Форест за сума од 48 милиони, а сега си заминува што се вели на мала врата. Од него во тимот од Лондон имаа големи очекувања, а ...
Се чини дека некои работи во Манчестер Јунајтед, се менуваат, посебно кога станува за преодните рокови. Јасно е дека на Рубен Аморим му се потребни засилувања, тој тоа не го крие, ама не сака да ја повтори грешката од минатото. – Секогаш сме во разговор, не е само затоа што е јануари. Секако, преодниот рок ќе биде отворен, мора да сфатиме што можеме да направиме, не само за да видиме кои играчи можеме да ги доведеме, туку и да знаеме што ќе ...
Тоа е вистински професионалец кој и тоа како ги респектира фановите на својот клуб. На неодамнешниот отворен тренинг на Барселона на стадионот „Јохан Кројф“, еден играч остави траен впечаток кај навивачите. Жил Кунде, иако тренингот заврши, одлучи да остане повеќе од 30 минути за да им се посвети на своите навивачи. Иако сите други играчи веќе го напуштија теренот, Кунде не брзаше. Тој остана да дава автограми, да се фотографира со навивачите ...
Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Вардар своите подготовки за настап на вториот дел од сезоната ќе ги одржи во Турција каде ќе одигра шест контролни натпревари. Тренерот Гоце Седлоски ќе го означи стартот на подготовките по новогодишните и божиќните празници, по што тимот на 13 јануари ќе замине за Анталија. Предвидено е Вардар да одигра контролни натпревари против руските екипи Ахмат Грозни и Динамо Махачкала, ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти денеска дека ќе формира комисија која ќе спроведе ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци издадени од Едукативниот центар на ФФМ. Во рамки на ревизијата ќе се утврдува и начинот на кој со ПРО лиценца се стекнал и поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски. -Ревизијата ќе опфати проверка на тоа дали се почитувани роковите, процедурите и критериумите за ...
Портланд го победи Далас во рано утрово со 125:122 на свој терен во натпревар од НБА-лигата. Дени Авдија со 27 поени, девет скока и 11 асистенции ги предводеше домаќините до победата. Макс Кристи со 25 поени беше најефикасен кошаркар кај Маверикс. Портланд има скор од 14-19 (победи-порази) и се наоѓа на 10. место на табелата во Западната конференција. Далас (12-22) е на 12. место, откако го загуби својот трет натпревар по ред. Резултати на ...
Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на денешната седница, донесе одлука за поведување дисциплинска постапка против поранешниот претседател на федерацијата, Муамед Сејдини. Постапката, како што е соопштено, се поведува поради основано сомнение за измама и доведување во заблуда на членовите на Управниот одбор, поврзано со авансна исплата во износ од 700.000 евра кон фирмата-изведувач задолжена за изградба на ...
Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB) има намера да разгледа измени во правилата за офсајд на состанок во Лондон на 20 јануари, објави „AS“. Доколку бидат усвоени, правилата ќе стапат на сила од сезоната 2026/27. Промените ги иницираше поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, кој е раководител на одделот за глобален развој на фудбалот во ФИФА. Тој предложи офсајд да се суди само ако целото тело на играчот што може да постигне ...
Македонската машка ракометна репрезентација вечерва претрпе пораз во контролниот дуел со Хрватска (подмладен состав) во Пореч со 26:23 (14:11). Ова беше првиот подготвителен дуел за македонските ракометари за Европското првенство 2026. По изедначениот почеток резултатот последен пат беше нерешен 7:7 во 15.минута, а потоа Хрватска направи серија од 5-1 и во 24.минута резултатот беше 12:8. На стартот од вториот дел противникот ги имаше и ...
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, верува дека тимот сè уште не го сфатил целосно влијанието на своите големи трошоци за трансфери поради низа повреди. – Мислам дека многумина веќе коментираа за сумите што ги потрошивме. Но, за жал, не сето тоа беше ефикасно, а тоа се должи на повредите на овие играчи, изјави Слот за ESPN. Моментално на листата на повредени кај „Црвените“ се: 26-годишниот шведски напаѓач Александар Исак, 19-годишниот ...
Порталот „Трансфермаркт“ ги именуваше фудбалери со најголем пад на својата цена во 2025 година. Фил Фоден, играчот од средниот ред на Манчестер сити, забележа најголем пад на вредноста. Неговата пазарна вредност на почетокот на годината беше 140 милиони евра, но до декември неговата вредност падна за 60 милиони евра. Клупскиот колега на Фоден, Родри, е втор на оваа листа, откако неговата вредност се намали за 55 милиони евра, од 130 милиони ...
Рома има најмногу победи меѓу тимовите од Серија А во календарската 2025 година – вкупно 26. Ова е четврти пат Рома да постигне повеќе од 25 победи во една календарска година во најсилната италијанска лига. Претходните 26 победи беа во 2006 и 2016 година, а 28 во 2017 година. Во 2025 година, Рома освои 82 бода, Интер 77, а Наполи има 75. Во сезоната 2025/26, Рома е четврта на табелата во италијанското првенство со 33 бода по 17 натпревари. ...
Тренерот на Џенова, Даниеле Де Роси, го критикуваше својот тим за прикажаното на синоќешното гостување во Рим. Џенова загуби со 3:1 од Рома во 17. коло од шампионатот во Серија А. – Лут сум и разочаран бидејќи не ми се допадна претставата што ја одигравме. Ова чувство останува и покрај поддршката од моите навивачи, моите поранешни навивачи, моите поранешни играчи. Тие ќе го стореа истото и со нерешено, победа или пораз, но ќе беше малку ...
Фудбалерот од средниот ред на Бетис, Иско, во текот на вчерашниот ден беше подложен на операција на десниот глужд на 29 декември, објави прес-службата на клубот од Севилја. Триест и тригодишниот Шпанец првично доби конзервативен третман со инјекции. Сепак, како што беше планирано, во случај на неповолен исход, играчот, во соработка со своите лекари, одлучи да го забрза процесот на заздравување со оперативен зафат. Времето за закрепнување на ...
Екипата на Лос Анџелес клиперс рено утрово го победи Детроит пистонс со 112:99. Најзаслужен за триумфот на домаќините беше 34-годишниот Кавај Ленард со 55 поени и 11 скока. Тој го израмни рекордот на Џејмс Харден за најмногу поени во еден натпревар во историјата на Клиперси, поставен на 22 ноември. Воедно ова беше рекорд за Ленард во својата кариера за постигнати поени на еден натпревар. Американецот е со Клиперси од 2019 година. Претходно ...
Рома ја победи Џенова со 3:1 синоќа на свој терен во натпревар од 17. коло од Италијанското фудбалско првенство. Римјаните трите гола ги постигнаа во првото полувреме, а стрелци беа Матијас Суле, Ману Коне и Еван Фергусон. За Џенова погоди Џеф Ечатор, кон крајот на второто полувреме. Џенова го претрпе третиот последователен пораз. Тие се на 17. место на табелата со 14 бода по 17 натпревари. Рома има 33 бода и се искачи на четвртото место во ...
Турскиот прволигаш Фенербахче е заинтересиран за напаѓачот на Милан, Кристофер Нкунку, објави новинарот Екрем Конур. Според истиот извор, турскиот клуб е заинтересиран да го донесе 28-годишниот Французин на позајмица или да понуди меѓу 30 и 35 милиони евра за неговите услуги. Нкунку е во Милан од летото оваа година и има договор со италијанскиот клуб до крајот на јуни 2030 година. Оваа сезона, напаѓачот има 15 настапи во сите натпреварувања, ...
Тешките денови за кошаркарскиот клуб Партизан продолжуваат. По заминувањето на тренерот Жељко Обрадовиќ, ситуацијата само делумно се смири со победата над големиот ривал Црвена Звезда во Евролигата. Сега на ред се заминувањата на играчи и според најавите тоа ќе го направат: Тајрик Џонс, Стерлинг Браун и Џабари Паркер. Како нивни дестинации се споменуваат екипи од Евролигата. Ова три на кошаркари би можеле да направат трансфери во Олимпијакос, ...
Францускиот фудбалски прволигаш Ница официјално објави денеска дека 64-годишниот Клод Пуел се враќа на тренерското место во клубот. Пуел ја предводеше Ница од 2012 до 2016 година, а се враќа во клубот во обид да ја прекине негативната серија резултати во француската Лига 1. Ница има шест порази на последните шест натпревари, а ги загуби и сите шест натпревари во групната фаза во Лига Европа. Пуел е поранешен тренер на Монако, Лил, Лион, ...