Во Ракометната Федерација на Македонија попладнево беа извлечени двојките за завршницата од Купот на Македонија што ќе се одржи од 17 до 19 април во салата „Младост“ во Струмица. На фајналфор турнирот ќе учествуваат четирите првопласирани од Супер лигата, а бранител на трофејот е Вардар. Во полуфиналето ќе играат: ГРК Охрид – Еурофарм Пелистер (17 април почеток 17 часот) Алкалоид – Вардар (17 април почеток 20 часот). Фото:миа Поврзани вести: ...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Паркен стадионот во Копенхаген играат бараж дуел со Данска за настап на Светското првенство 2026. Како и на сите гостувања така и на ова македонските фудбалери ќе ја имаат поддршката од македонските фанови, кои веќе се во главниот град на Данска. За таа цел организиран е и фан зона за македонските навивачи, од каде заеднички сите ќе се упатат кон стадионот. Бројката на македонски навивачи се ...

Тимот на Мерцедес го прилагоди дизајнот на предното крило за да се усогласи со прописите. Ова интервенција доаѓа по жалбата од Ферари. Според „RacingNews365“, тимот изјавил дека аномалијата за време на етапата во Кина е поврзана со сигурноста, а не со намерно подобрување на перформансите. На 15 март, возачот на Мерцедес, Кими Антонели од Италија, победи на трката за Големата награда на Кина. Неговиот колега Џорџ Расел од Велика Британија ...

Европскиот и француски шампион ПСЖ успеа во својата намера и го одложи дерби дуелот со Ленс од домашното првенство. Овој натпревар од 29. коло на Лига 1 ПСЖ треба да го игра викендот (11. април) меѓу двата дуела од Лигата на шампионите со Ливерпул. Натпреварот го одложија првите луѓе на Лига. Но, противникот на ПСЖ, Ленс не сака да се согласи со одложување, особено што натпреварот може да го реши и прашањето на првак на Франција за оваа ...

Данска е противникот на македонскиот фудбалски тим во првиот бараж дуел за пласман на Светското првенство 2026. Секоја репрезентација има за цел да избори пласман на Мундијалот, а во европската зона се 12 селекции, кои ќе се борат за четирите преостанати места. Селекторот Данска, Брајан Ример во пресрет на вечерашниот дуел истакна: – Да успееме да се квалификуваме тоа би било голема работа за нас. Ние (Данска) сме мала земја. Имаме ...

Фудбалерот на Арсенал и германски репрезентативец, Каи Хаверц, смета дека густиот распоред на Арсенал на три турнири ќе биде идеална платформа за негово враќање во националниот тим и на Светското првенство подоцна оваа година. – Поминав низ тежок период. Не беше лесно. Мојата прва повреда се случи минатиот февруари, бев надвор од игра три и пол месеци, потоа се вратив, а потоа имав пад поради повредата на коленото. Сега се чувствувам целосно ...

Родри: Моето време во Атлетико нема да ме спречи да размислувам за Реал Манчестер, 26 март 2026 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, коментираше за неговото можно враќање во Ла Лига. – Моето време во Атлетико Мадрид нема да ме спречи да размислувам за Реал Мадрид. Не можете да кажете НЕ на најдобрите клубови во светот. „Сантијаго Бернабеу“ секогаш има посебна атмосфера. Би сакал да се вратам во Ла Лига – сè уште ја ...

Тотенхем е подготвен да го отпушти дефанзивецот Кристијан Ромеро во друг тим во летниот преоден рок во 2026 година. Според „Фудбал Инсајдер“, ставот и посветеноста на 27-годишниот Аргентинец во последните натпревари со тимот се опишани како срамни. Во последните месеци, капитенот на Тотенхем јавно го напаѓаше тимот, кој, заедно со серијата лоши настапи, не направи ништо за да помогне. Ромеро во сезоната 2025/26, постигна шест гола и имаше ...

Поранешниот советник на Ред Бул, Хелмут Марко, рече дека не е задоволен од начинот на кој се одвиваат трките во Формула 1 откако шампионатот се префрли на нови технички прописи и промените во дизајнот на автомобилите и моторите. Според Марко, со ретки исклучоци, во моментов нема интересни настани што се случуваат во трките во Формула 1. – Сè оживува, а потоа умира само поради шоуто на Ферари на почетокот на трката. Ако ги одземете стартовите ...

Евертон размислува за правна постапка поради санкциите на Премиер лигата против Челзи за финансиски малверзации, објавува Гардијан. Според британскиот медиум, претставниците на Евертон се подготвуваат да побараат објаснување на суд зошто Челзи избегна сериозни спортски казни, ако што тоа беше случај со нивниот клуб. Челзи беше казнет со 10,75 милиони фунти и доби условна забрана за трансфери откако доброволно откри претходно непријавени ...

Азиската фудбалска конфедерација (AFC) ја одложи жрепката за финалето на Азискиот куп во 2027 година. Настанот првично беше закажан за 11 април во Ријад. АФЦ појасни дека одлуката за одложување на ждрепката е донесена од безбедносни причини. Завршницата на АФЦ Азискиот куп е закажана за периодот 7 јануари – 5 февруари 2027 година во Саудиска Арабија. Претходно, поради ситуацијата на Блискиот Исток, натпреварите од Азиската лига на шампиони ...

Се појавија нови информации во врска со можните деловни интереси на Леброн Џејмс. Деловниот партнер и претставник на Леброн Џејмс, Маверик Картер, од „Фенвеј Спортс Груп“, минатата година советуваше група инвеститори за можноста за организирање алтернативна НБА кошаркарска лига во САД, но во еден момент објави дека го напуштил проектот. Картер деновиве сега неочекувано се приклучи на одборот на директори на новата организација. „Проектот Б“, ...

Американската тенисерка Коко Гоф ја ноќеска ја победи Швајцарката Белинда Бенчиќ во четвртфиналето на турнирот во Мајами. Мечот траеше 2 часа и 15 минути и заврши со резултат 6:3, 1:6 и 6:3. Дваесет и двегодишната Американка сервираше шест аса, направи пет двојни грешки и реализираше четири од 13 брејк топки. Нејзината противничка сервираше три аса, немаше двојни грешки и реализираше четири од пет брејк топки. Гоф ќе се соочи со Чехинката ...

Актуелниот светски првак, Марк Маркез, победи во спринт трката во Бразил. Шпанецот до победата дојде пред Фабио Диџанантонио од ВР46 тимот и Хорхе Мартин од Априлија. За шампионот од 2024 година, ова е прв пласман на подиумот од последната трка во Малезија во 2024 година кога ја освои титулата. Спринтот во Бразил, кој беше одоѓен за 90 минуит, на патеката донесеголема борба. Диџа го задржа првото место на стартот, а зад него се наде ...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ги негираше извештаите дека медицинскиот персонал на клубот по грешка го третирал здравото колено. Новинар од францускиот „RMC Sport“, пред два дена објави дека во декември 2025 година, Реал Мадрид не успеал да открие делумно кинење на лигаментите на левото колено на играчот, бидејќи наместо тоа го скенирале неговото здраво десно колено. Мбапе одигра три натпревари за тимот пред конечно да му биде ...

Ракометарите на ГРК Охрид ги привршуваат подготовките за гостувањето претстојниот викенд во Атина каде ќе го играат првиот натпревар од четвртфиналето во ЕХФ Европскиот куп против домаќинот Олимпијакос. Хрватскиот интернационалец во редовите на ГРК Охрид, Анте Иванковиќ, во изјава за клупскиот сајт посочи денеска дека македонскиот тим го очекува тежок натпревар против квалитетен противник. „Нè очекува тежок натпревар против Олимпијакос во ...

Кошаркарот на Мемфис, Џа Морант, нема да игра до крајот на сезоната во НБА лигата поради повреда на левиот лакт, потврди неговиот клубот. Дваесетишестгодишниот Морант се повреди на крајот на јануари. Мемфис во клупското соопштение изрази надеж дека Морант целосно ќе се опорави за почетокот на следната сезона. Морант одигра само 20 натпревари за Мемфис оваа сезона, со просек од 19,5 поени по натпревар. ФОТО:миа Кошаркарот на Мемфис, Џа ...

Предводена од новиот селектор Гоце Седлоски, македонската фудбалска репрезентација вечер во Копенхаген ќе се соочи со Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2026. -Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е квалитетен и респектиран противник, но и ние сме тука со причина. Во тимот гледам енергија, концентрација и ...

Иранската фудбалска репрезентација тренираше денеска во јужна Турција, подготвувајќи се за двата претстојни пријателски натпревари пред Светското првенство, иако сè уште не е јасно дали Иранците ќе настап на мундијалскиот турнир што ова лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Иранскиот тим одржа тренинг сесија во Белек, одморалиште во близина на Анталија, со строго ограничен пристап на медиумите, бидејќи официјалните лица изјавија оти ...

Денвер нагетс го победи Феникс санс со 125:123 рано утрово на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата. Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, го предводеше својот тим до триумфот. Србинот оствари трипл-дабл постигнувајќи 23 поени, 17 скока и 17 асистенции. Во домашниот тим, се истакна Девин Букер со 22 поени, три скока и осум асистенции. На другите натпревари играни ноќта вторник кон среда постигнати се следниве резултати: ...

Легендарниот фудбалер на Ливерпул и поранешен селектор на македонската репрезентација, Џон Тошак (77), боледува од деменција, јавија денеска британските медиуми, пренесувајќи изјава на неговиот син Камерон. „Тоа е ужасна болест. Сега станува збор за краткорочна меморија, разговарам со него речиси секој ден и ако разговараме попладне, можеби нема да се сети дека разговаравме наутро. Но, ако го прашам за деновите во Ливерпул, (Реал) Сосиедад и ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски вечерва на официјалната прес конференција во Копенхаген ги изнесе своите очекувања од утрешниот натпревар против домаќинот Данска во рамки на полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство 2026. „Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е квалитетен и респектиран ...

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди со оптимизам го очекува утрешниот натпревар против Данска во Копенхаген во полуфиналето од мундијалскиот бараж. „Добро ги анализиравме и ги подготвивме сите детали. Свесни сме против кого играме и што не чека, но и ние имаме свои адути“, изјави Барди на вечерашната официјална прес конференција во Копенхаген. Македонскиот капитен истакна дека мотивацијата во репрезентацијата е на ...

Властите во Чешка подигнаа денеска обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари. Станува збор за натпревари од првата лига, како и од младинските категории. Обвиненијата следуваат по полициските рации во седиштето на Чешката фудбалска асоцијација и неколку клубови, вклучувајќи го и прволигашот Карвина. Обвинителот Радим Драгун прецизираше дека обвинетите се товарат за учество во криминална организација, измами, корупција и перење ...

Селекторот на Данска, Брајан Ример, потврди попладнево на официјалната прес конференција дека напаѓачот на премиерлигашот Брентфорд, Микел Дамсгард, ќе биде во составот за утрешниот дуел против македонската репрезентација во рамки на полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство 2026. „Тој тренираше денеска добро и е подготвен. Само требаше да видиме дали ќе може да го издржи тренингот.“, изјави Ример. Данскиот селектор не ...

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години со пораз ги почна квалификациите од елитната фаза за пласман на Европското првенство, откако попладнево загуби од Германија 2-1 (2-0) Избраниците на селекторот Влатко Колев конфузно влегоа во натпреварот, дозволувајќи и на фаворизираната Германија веќе на самиот почеток да дојде во водство со голот на Мирза во третата минута, а во 26 минута Велт ја удвои предноста на противникот. Македонските ...

Барселона го гледа дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, како приоритетна цел за летниот преоден рок, објави новинарот Фабрицио Романо. Според Романо, евентуалниот трансфер би зависел од преговорите меѓу клубовите, но конечната цена на договорот сè уште не е потврдена. Самиот играч наводно е запознаен со интересот на каталонскиот клуб. Дваесет и шестгодишниот Италијанец има 35 настапи во сите натпреварувања оваа сезона, постигна два гола ...

Раководството на Барселона сака да го продаде напаѓачот Феран Торес во летниот преоден рок, објави „ЕСПН“. Тековниот договор на фудбалерот истекува во 2027 година. Дваесет и шестгодишниот Торес се приклучи на Барселона од Манчестер сити во 2022 година. Тој одигра 198 натпревари за Каталонците, постигна 60 гола и имаше 21 асистенција. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 50 милиони евра. Каталонскиот клуб, исто така, сака да го ...

Во кошаркарската Евролига вчеравечер се одиграа осум натпревари од 33.коло. Лидерот Фенербахче загуби како гостин во Белград од Макаби. Израелскиот тим му го нанесе десеттиот пораз на тимот од Истанбул. Постигнати резултати: Макаби – Фенербахче 94:89 Жалгирис – Баерн 78:71 Монако – Милано 90:85 Дубаи – Панатинаикос 104:107 Барселона – Ефес 78:71 Валенсија – Олимпијакос 85:84 Партизан – Лион 79:78 Реал Мадрид – Хапоел Тел-Авив 92:83. Колото ќе ...

Фудбалерот на Арсенал, Еберечи Езе, ќе биде надвор од терените следните четири до шест недели поради повреда, објави „Би-би-си“. Дваесет и седумгодишниот Англичанец заработи повреда на листот на ногата во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баер Леверкузен. Езе го пропушти финалето на англискиот Лига Куп против Манчестер Сити (0:2) и не е вклучен во составот на Англија за пријателските натпревари во март. Фудбалерот ќе ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
78%
1013
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.81
78%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.34
69%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
83%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.24
84%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
77%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9707

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

166450.52

Бакар

12.06

Платина

64172.89

Алуминиум

3.57

Кобалт

45.39

Паладиум

48883.97

Сребро

2840.84

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Цинк

3.35

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09