Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Американската милијардерка Марта Стјуарт (84) му се придружи на својот пријател, раперот Снуп Дог како малцински сопственик во велшкиот фудбалски клуб Свонси. Клубот не ги објави финансиски детали, а сопствениците на Свонси доцна синоќа ја пречекаа Стјуарт. „Со задоволство потврдуваме дека Марта, која изгради долга и успешна кариера како водечки американски експерт за домаќинство и животен стил, тргна по стапките на Снуп и Лука Модриќ и стана ...
Фудбалерите на Тунис ја совладаа Уганда со 3:1 во вечерашниот дуел од купот на африкански нации. Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато одигра 83-минути, но немаше некои посериозни шанси да го загрози голот на Тунис. Формалните домаќини многу подобро влегоа во натпреварот и уште од првата минута го притиснаа противникот. Стрелци на головите за Тунис беа Шкири во 10-тата и Ачури во 40-тата и 64-тата минута. Почесниот погодок за Уганда го постигна ...
Фудбалерот на Тотенхем, Мики Ван де Вен му се извини на Александар Исак за повредата што му ја нанесе. Напаѓачот на Ливерпул, кој на натпреварот со Тотенхем минатот викенд влезе како резерва веднаш по паузата, постигна гол по паузата, но во моментот на постигнувањето на голот, глуждот на Швеѓанецот заврши меѓу нозете на дефанзивецот на лондончани, кој направи старт. На Швеѓанецот му беше дијагностицирана повреда на глуждот, вклучувајќи ...
Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, изјави дека е опседнат да обезбеди пласман на Светското првенство 2026, откако Италија ги пропушти двата последни мундијалски турнири. Италија не успеа да обезбеди директно место на Светското првенство 2026, но ќе има дополнителна можност преку европските плејоф натпревари. Избраниците на Гатузо во март во Бергамо ги очекува натпревар против Северна Ирска, а во другото ...
Тренерот на премиерлигашот Тотенхем, Томас Франк, застана зад својот дефанзивец Мики ван де Вен, откако стратегот на Ливерпул, Арне Слот, го обвини дека со неодговорен старт тешко го повреди напаѓачот Александар Исак. „Очигледно не се согласувам, зборуваме за дефанзивец кој ќе направи сè за да спречи тимот да прими гол. Топката се лизна на негова страна и тој прави сè што може за да го блокира ударот“, им рече Франк на новинарите. „За жал, ...
Фудбалерите на лондонски Арсенал се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп откако синоќа го совладаа градскиот ривал Кристал Палас на пенали со 8-7 во четвртфиналниот дуел на стадионот „Емирати“. Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1-1, а прашањето за победникот беше решено дури во осмата серија пенали. Трагичар во редовите на Кристал Палас беше Максенс Лакроа чиј удар од белата точка го одбрани Кепа Аризабалага, а ...
Ансу Фати со години не е тоа што требаше да биде како некогаш најголемиот светски талент.Од најголемиот талент во светот и „десетката“ на Барселона, тој дојде до точка каде што тимовите повеќе не го сакаат во својот состав. 23-годишниот офанзивен играч пристигна на позајмица од Барселона во Монако минатото лето. Не изгледаше лошо на теренот, постигнувајќи шест гола на 14 настапи, но клубот одлучи дека повеќе не го сака во своите редови. ...
Италијанскиот прволигаш Милан успеа по неколкумесечни преговори да издејствува спогодбен раскин на договорот белгискиот напаѓач Дивок Ориги (30), јавија денеска италијанските медиуми. Ориги пристигна од Ливерпул без обесштетување во летото 2022 година, но во дресот на Милан одигра само 36 натпревари во сите конкуренции, постигнувајќи два гола. По разочарувачката прва година во дресот на Милан, сезоната 2023/24, ја мина на позајмица во ...
Младиот напаѓач на Реал Мадрид, Бразилецот Ендрик Фелипе Мореира де Соуса, попознат како Ендрик (19), ќе го мине остатокот од сезоната на позајмица во Лион, објави вечерва францускиот клуб на социјалните мрежи. Ендрик ќе остане во Лион до јуни 2026 година, а францускиот тим нема да има опција да го откупи договорот. Како што е објавено, според договорот, Лион ќе плаќа 50 проценти од платата на играчот. Оваа сезона Ендрик одигра само три ...
Претседателот на шпанската фудбалска лига, Хавиер Тебас, го обвини денеска Реал Мадрид и неговиот претседател Флорентино Перез за поттикнување тензии во домашниот фудбал. „Мислам дека тензиите не ги поттикнува Барселона, ниту кој било друг клуб. Реал Мадрид е против сè – против Барселона, против судиите, против апсолутно сè“, рече Тебас во изјава за шпанскиот весник Спорт. Тебас оцени дека Реал пристапува на несоодветен и погрешен начин и ...
Раководството на актуелниот европски првак ПСЖ сака да потпише доживотен договор со тренерот Луис Енрике, објави шпанскиот весник „АС“. Шпанскиот стратег го презеде парискиот клуб во летото 2023 година и има договор до 30 јуни 2027 година. Под водство на 55-годишниот Енрике, францускиот клуб освои шест трофеи во 2025 година, вклучувајќи ги Лигата на шампиони, Суперкупот на УЕФА и Интерконтиненталниот куп на ФИФА. По 16 натпревари оваа сезона ...
Италијанскиот прволигаш Милан успеа по неколкумесечни преговори да издејствува спогодбен раскин на договорот белгискиот напаѓач Дивок Ориги (30), јавија денеска италијанските медиуми. Ориги пристигна од Ливерпул без обесштетување во летото 2022 година, но во дресот на Милан одигра само 36 натпревари во сите конкуренции, постигнувајќи два гола. По разочарувачката прва година во дресот на Милан, сезоната 2023/24, ја мина на позајмица во ...
Наполи заработи 9,5 милиони евра со освојувањето на Суперкупот на Италија, додека Болоња, која беше поразена во финалето во Ријад, ќе инкасира 6,7 милиони евра, јавија денеска италијанските медиуми. Воедно, Наполи ќе заработи дополнителни 1,5 милиони евра од пријателскиот натпревар што треба да го одигра против освојувачот на Суперкупот на Саудиска Арабија. Наполи во понеделникот вечер ја победи Болоња со 2-0 во финалето на италијанскиот ...
Големото име на македонскиот фудбал и легенда на Вардар, Васил Рингов, почина денеска на 70-годишна возраст по кратко боледување. Роден во Струмица, кариерата на Рингов почна во младинските категории на Беласица, а своите најблескави моменти ги доживеа во дресот на Вардар за кој настапуваше од 1977 до 1983 и од 1984 до 1986 година. За најтрофејниот македонски клуб одигра повеќе од 200 натпревари во поранешната прва и втора југословенска лига, ...
Некогашниот репрезентативец на Македонија Гоце Седлоски ќе ја има втората авантура како селектор, прва како главен тренер. Во претходниот мандат, Седлоски беше в.д. селектор, има една победа на еден меч. – За мене ова е голема чест и најголема одговорност во кариерата. Свесен сум за очекувањата и за потенцијалот што го поседува репрезентацијата. Моја цел ќе биде да изградиме систем и селекција што ќе се бори за секоја топка и ќе го дава ...
Претставници на Кошаркарската федерација на Македонија одржаа работен состанок помеѓу раководните претставници на ФИБА Европа. Од страна на нашата федерација учествуваа потпретседателот Младен Ѓуроски и генералниот секретар Томче Стојчевски. На состанокот беше истакната високата оценка за досегашната соработка помеѓу ФИБА Европа и Кошаркарската федерација на Македонија, која беше оценета како успешна и континуирана. Притоа беа анализирани ...
Првиот човек на ФФМ Масар Омерагиќ ја коментира одлуката изборот да падне на Гоце Седлоски. -Јавно да се заблагодарам на Боби Милевски за досегашните резултати, но промените се случуваат во фудбалот и имаме нов селектор. Дојдовме до заклучок дека на репрезентацијата ѝ е потребна нова енергија, за да го оствариме пласманот на Светското првенство. За нас учеството во баражот е успех, имавме и подобри шанси додека беа мечевите во квалификациите, ...
Некогашниот фудбалски репрезентативец Горан Пандев му честиташе на Седлоски за новата функција и истакна дека токму тој е вистинскиот избор за селекторската клупа на Македонија. -Најпрво, сакам да му честитам на Гоце Седлоски што е именуван за нов селектор. Исто така благодарност на Благоја Милевски за се што направи за Македонија и за македонскиот фудбал. Седлоски го знам многу години, сме играле заедно. Го знам како карактер, како човек и ...
Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски, денеска ја имаше првата прес-конференција. Воедно ова беше негова промоција на новата позиција, на која го наследува Благоја Милевски. – Голема чест и одговорност во кариерата. Го знам потенцијалот што го има репрезентацијата. Треба да изградиме систем и секој да се бори за секоја топка. Нема да бидеме фаворити на некои натпревари, но тоа не ни го одзема правото да се ...
По повредата здобиена во саботата на дуелот со Тотенхем при постигнувањето на голот фудбалерот на Ливерпул Александер Исак мораше итно да биде опериран во текот на вчерашниот ден. Играчот беше веднаш заменет по само неколку минати на терен и истиот го напушти во придружба на медицинска екипа. По направените снимки и дијагнозата беше потврдено дека станува збор за повреда на глуждот со фрактура на фибулата. Рехабилитацијата Исак ќе ја мине во ...
Жоан Пенароја е промовиран како нов тренер на кошаркарскиот клуб Партизан. Тој ќе го наследи легендарниот Жељко Обрадовиќ, кој поднесе оставка. Пенароја доаѓа како слободен тренер откако претходно доби отказ во Барселона. Покрај „каталонскиот клуб“ тој беше тренер и во Бургос, каде имаше успех во ФИБА Лига на шампиони, како и во екипите од Евролигата Валенсија и Басконија. Шпанскиот тренер беше пречекан од спортскиот директор на Партизан ...
Поразот од Астон Вила (2-1) донесе двојна болка за навивачите на Манчестер Јунајтед. Покрај загубените бодови, тимот остана и без својот лидер Бруно Фернандеш, за кого менаџерот Рубен Аморим потврди дека се соочува со повреда на мекото ткиво на десната нога. Аморим подоцна додаде дека Фернандеш сигурно ќе пропушти „неколку“ натпревари, што создава огромна главоболка во пресрет на дуелите со Њукасл (26 декември) и Вулверхемптон (30 декември). ...
Репрезентацијата на Египет со победа го стартуваше настапот на АФКОН (Африкански куп на нации) откако синоќа во натпревар од групата Б го совлада Зимбабве со 2:1. Голот за победа го постигна Мохамед Салах во 90+1 минута. Инаку, Зимбабве поведе во 20.минута преку Принс Дубе, а во 64.минута изедначи Омар Мармуш. На вториот дуел од групата Б Јужна Африка ја победи Ангола со 2:1. Вчера се одигра и вториот натпревар од првото коло од А групата ...
Актуелниот МВП во НБА лигата, Шеј Гилџес-Александер ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Оклахома го победи Мемфис со 119:103, Шеј натпреварот го заврши со 31 поен. Гилџес-Александер стана само вториот играч во историјата на НБА кој постигнал 20 или повеќе поени во 100 последователни натпревари. Тој го заврши натпреварот со 31 поен и покажа зошто се смета за најдобар стрелец во лигата во изминатите неколку години. Единствениот човек кој ...
Српскиот кошаркар во дресот на Денвер Никола Јокиќ на ноќешниот натпревар против Јута го „запиша“ својот 178 трипл-дабл во кариерата. Тој сега има само три помалку од легендата Оскар Робертсон. Јокиќ реализираше 14 поени и по 13 скокови и асистенции. Денвер ја совлада Јута со 135:112. Најефикасни на дуелот беа Џамал Мареј со 27 поени, Пејтон Вотсон и Кем Џонсон реализираа по 20, а Јонас Валанчунас постигна 12 поени и 11 скокови. На другите ...
Екипата на Наполи каде настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го освои Супер купот на Италија. Во финалето што се играше во Ријад, Саудиска Арабија ја совладаа Болоња со 2:0. Стрелец на двата гола беше Давид Нерес во 34.минута и во 57.минута. Елмас беше дел од стартните единаесет на овој натпревар, а на теренот мина 68.минути. За Наполи кој има четири шампионски пехари, ова беше трет освоен Супер куп. Фото: ЕПА МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...
Поранешниот селектор на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ, официјално е назначен за нов тренер на Баерн Минхен. Како што вечерва е објавено на веб-страницата на Баерн, 76-годишниот Пешиќ ќе го предводи германскиот тим до крајот на сезоната. Баерн го раскина договорот на Гордон Херберт со заедничка согласност во саботата. Пешиќ во својата кариера веќе беше тренер на Баерн во периодот од 2012 до 2016 година. „Светислав го ...
Искусниот српски тренер Светислав Пешиќ би можел да се врати на клупата. Тој е меѓу најсериозните кандидати за пополнување на празното место откако Баерн го отпушти Гордон Херберт. Пешиќ во својата кариера веќе беше тренер на Баерн во периодот од 2012 до 2016 година. Ако двете страни не се договорат Пешиќ и Баерн, постои шанса на клупата на Баерн да седне Јанис Сферопулос, тренер кој сезонава ја почна во Црвена Звезда Баерн има серија слаби ...
Плановите за одигрување на натпреварот од италијанската фудбалска лига меѓу Милан и Комо во Австралија се откажани. Италијанската лига и локалните организатори денеска заедно објавија дека два клуба нема да играат во Австралија. Претседателот на Серија А, Ецио Симонели, изјави дека Азиската фудбалска конфедерација неодамна издала неприфатливи барања што го оневозможиле организирањето на натпреварот. Милан бара алтернативно место за одигрување ...
Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид е водечки клуб во Ла Лига според остварени приходи од телевизиските права минатата сезона, објави денеска весникот Марка. Вкупниот износ распределен меѓу шпанските прволигашки клубови во минатата сезона изнесувал 1,29 милијарди евра, од кои Кралскиот клуб инкасирал 157,92 милиони. На второто место е актуелниот шампион Барселона со 156,45 милиони евра, додека Атлетико Мадрид е на третото место со 108,17 ...